English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

ЕДЕН Picture PDF Печати Е-пошта
Напишано од Administrator   
Сабота, 19 Април 2008 00:00

 

 

 Зошто Еден. Еден е Бог, Еден е Рајот на англиски јазик, еден е првиот број, сите други броеви се мултиплициран еден, освен нулата но нулата не е број, таа е отсуство или додаток за потенцирање на бројот еден.

Целиот модерен свет се базира на развојот на дигиталната технологија во која постојат еден и нула. Има и нема, да и не, добро и зло, ден и ноќ, Јанг и Јин.

Овој свет е создаден како двоен, бинарен, добро и зло, Бог и ѓавол, но да согледаме што е во основата на двојството.

Светлината е кога има нешто (светлина), а темнината е кога го нема тоа. Светлината постои, а темнината е отсуство на светлина. Светлината Е.

Секогаш кога сликовито се преставува двојството има ознака за Едното и отсуството на едното, како светло и темно, но тоа е затоа што нашиот ум е поделен и многу му е тешко да ја сфати Едноста. Во санскрит се користи Адваита или не е двојно или пак зборот Самади кој ако го преведеме точно би бил Сам сум.

Кога ќе бидам во Самади или кога СУМ сам (Со УМ), тогаш сум Едно, а тоа Е-Дно или извор на сите нешта.

Секое утро кога се Буда-м имам можност да Бидам Буден или среќен или да не Бидам среќен. Мој избор е каков ќе бидам. Јас одбирам да Бидам Среќен. Откако ќе од-берам, не дозволувам ништо да ми ја наруши мојата среќа.

Секое утро кога ќе се Разбудиш имаш избор, после тоа немаш право да се жалиш дека не си среќен или среќна.

Не очекувај дека некој друг ќе те направи среќен или среќна, не очекувај некој друг да му даде значење на твојот живот.

Животот е во тебе, но дали си ти во Животот?

Кога си Едно со себе, тогаш си Едно со Се.

Автор на текстот: Гого

Целта на овие страници е да го побудат тоа чувство на едност, чувството на поврзаност, да донесат информации кои ги има малку или воопшто ги нема на овие простори, да понудат опции, да поттикнат на размислување, да си поиграат со она што се смета за реалност...

Целта ни е да ги испровоцираме Вашите лимити, да поттикнеме креативна дискусија и изнесување на Вашите размислувања околу темите кои се чудни, мистериозни, забранети, религиозни, езотерични, провокативни, околу научните откритија кои со години се чуваат по фиоки, за теориите кои ако некој ги изнесе во јавност веднаш го губи работното место, за вистините кои ни се наметнуваат како вистини преку институции на кои им веруваме и на тој начин забораваме да размислуваме со своја глава и се претвораме во конзументи на “fast food“ наука, а нормално е после таква “храна“ да не боли стомакот (или нешто друго)...

Целта ни е да се забавуваме и да не бидеме премногу сериозни, зошто на тој начин би чекореле по стапките на оние кои ни продаваат “fast food“ наука, религија, историја итн. во сендвич во кој сериозноста е кечапот, а исклучивоста на било кој облик на поинакво мислење – мајонезот...

Добредојдовте во ЕДЕН нов свет во кој се е можно, а лимитот го одредува само лимитот на вашето срце.

 

 





Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 16:04 )
 
Коментари (3)
Ad maiorem Dei gloriam
3 Недела, 02 Август 2009 14:25
Zabegalitis (Inter alia)
A be vie skroz ste zabegale. Redno e da odite da se pregledate, za sekoj slucaj Shocked smiley Vi curi glavata. I dont know
Браво
2 Сабота, 04 Јули 2009 22:11
Exlex
Одлична страна со одлични информации ... одлични текстови ...
имам слични/исти сознаниа и црпам вероватно информации од слични/исти места ... само напред .. добра работа правите ..
Cel
1 Петок, 20 Февруари 2009 09:22
Altiparmak
odlicno. obicno vakvite stranici gi kreiraat i odrzuvaat onie lugje i organizacii bas protiv koi i bi negoduvale ovde.
kako segde vo svetot verovatno i ovde toa e slucaj, bez navreda. sepak ke vredi ako samo eden covek, kolku i da e seto ova lazno, dobie idea i custvo deka ne e sam i deka i drugi se trudat da najdat podobar sistem od postoeckiot. za site.
i da me znaat i da me pratat i da me lividiraat, jas nemam od sto da se plasam zosto nitu lazam nitu kradam.

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: