English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Предавања - Вовед во конспирација Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 5
НајлошоНајдобро 
Напишано од Administrator   
Понеделник, 16 Февруари 2009 20:39

Станете свесни! Вистината е таму некаде.
 

      Вовед во конспирација - е насловот на новата серија предавања на групацијата “Едни Македонци“ која ќе се одржи во градската библиотека Браќа Миладиновци.

     Проекциите на документарните филмови по кои ќе следи кратко предавање и дискусија на темата ќе започнат во среда 18 2 2009 во 19 часот, а ќе продолжат понатаму секоја среда и четврток во текот на следните два месеци.

     Овој пат темата е нешто сосема поинакво од предходните предавања кои за тема ги имаа меѓучовечките односи.

     Низ оваа серија од документарни филмови и дискусии Едни Македонци ќе се обидат да дадат глобална слика за настаните кои се случуват во светот и ќе се обидат да ја одредат позицијата на МКД во глобалната драма која ни предстои, а во која светот тукушто зачекори.

     Авторите на предавањата се потрудија повеќето од филмовите да бидат со превод, но за жал еден дел од нив ќе одат во својот оргинал доколку библиотеката не успее да обезбеди симултано преведување.

 


Who Killed the Electic Car
 

Who killed the electric carсо превод

18 2 2009 во 19 часот

      Овој документарец е вовед во т.н. “голем заговор“ и е само врв на големиот леден брег на конспирациските теории. Тоа е вистинска приказна за законот кој на почетокот на деведесетите (минатиот век) бил донесен во Калифорнија за постепено намалување на автомобилите на бензин и нивна замена со електрични автомобили и за тоа како тој закон е урнат од големите нафтени корпорации, кои всушност и ја имаат вистинската моќ во Америка.

 


Zeitgeist 1

 

Zeitgeist 1 со превод

19 2 – 2009 19 часот

Документарецот на групацијата Zaitgaist од Америка кои дигнаа голема врева во светската јавност разобличувајки ја светската пирамидална штедилница и мрежата на должничко – доверителските односи преку кои банкарските лоби - групации управуваат со светот и го држат во ланци.

 


Zeitgeist 2

 

Zeitgaist 2 со превод

25 2 – 2009 во 19 часот

      Вториот дел на истоимениот филм во кој авторите предлагаат можен излез од глобалната катастрофална ситуација преку проектот Венус кој предлага комплетно преоѓање на обновливи енергетски ресурси.

 


End Game - with Alex Jones

 

End game без превод

26 2 – 2009 во 19 часот

      Филм на Алекс Џонс водечкиот американски новинар кој се бави со глобалната конспирација. Во филмот има шокантни сцени од тајните состаноци на познатите светски фаци кој се членови на познатата Билдерберг групација.

Во филмот ќе видите како за моќниците дури ни уставот на САД не значи ништо. Во филмот ќе го видите и “славниот“ документ на Хенри Кисинџер за редукција на човечката популација на 500 милиони луѓе со цел да се постигне, според нив, одржлива економија на планетава.

 


Protocols of Zion

 

Сионските протоколи – без превод

4 3 – 2009 во 19 часот

      Филм на познатиот американски  History chanal во кој авторите ќе се обидат да не убедат дека познатите списи од состаноците на сионските мудреци се измислица.

 


Na rubu Znanosti со Kresimir Misak

 

GMO ( Na rubu znanosti ) на хрватски

5 3 2009 во 19 часот

      Емисија на хрватскиот новинар Крешимир Мишак во која со еминентни гости од САД ќе ни укаже на катастрофалните последици од користењето генетски модифицирана храна.

 


In Lies we Trust

 

In lies we trust без превод 

5 3 2009 во 19 часот

      Приватно финансиран документарец на познатиот и оспоруван американски експерт кој алармира за глобалната конспирација околу употребата на вакцините. Филмот тврди дека нивната примарна функција не е заштита на човекот, туку негова редукција.

 


The Royal Rife story

 

The Royal Rife Story без превод

11 3 2009 во 19 часот

      Нискобуџетен документарец снимен од почитувачите на животот и делото на Ројал Раиф - американскиот пронаоѓач кој е единствениот човек на светов кој во педесетите години од минатиот век пријавил патент за успешно лекување на најтешката болест – ракот и на кој начин тој негов пронајдок полека е истиснат од страна на фармацевтските корпорации и е тотално заташкан.

 


Вода - Руски документарен филм

 

Вода (руски документарец) со превод

12 3 2009 во 19 часот

      Филм за чудесните особини на водата и како таа делува исцелително на човечкиот организам. Одличен документарец кој ни покажува дека од човештвото е сокриено многу големо знаење, а кое е суштинско за нашиот пат кон духовната еволуција.

 


Ufo Hidden evidence

 

UFO – hidden evidence – без превод

18 3 2009 во 19 часот

      Познатиот новинар анализирајки ги НЛО доказите излегува со теза дека на човештвото му се сервира застарена и примитивна технологија додека вистинската софистицирана технологија се крие и развива во тајност.

 


Dan Aykroyd - Unpluged (U.F.O)

 

Dan Aykroyd – unplaged ( U.F.O ) без превод

19 3 2003 во 19 часот

     Познатиот глумец - и самиот сведок на НЛО феноменот не води во светот на уфологијата.

 


David Icke

 

David Icke (Na rubu znanosti)хрватски

19 3 – 2009 во 20 часот

      Кралот на конспирациските теории Дејвид Ајк како гостин во емисијата на Крешимир Мишак ни ги објаснува своите теории за човечко – гуштерските вонземни хибриди кој владеат со планетава од древните времиња до денес и дека познатите светски политичари се од крвната линија на овој човечко- демонски хибрид.

 


What the bleep! Down the rabbit hole
 

Down the rabbit hole со превод

25 3 – 2009 во 19 часот

      Втор дел од познатиот документарец - What the blip do we know - кој Едни Македонци го презентираа во библиотеката Б.М. за време на своите први предавања.

     Тука, помеѓу другото ќе ги видите квантно-механичките основи за феноменот “синхроницитет“ кој пак е тема во следниот филм – Тајната (The Secret).

 


The Secret.
 

The Secret со превод

26 – 3 – 2009 во 18 часот

      Тајната - е документарец кој ја обработува темата на волно предизвикување синхронични настани. Ова е клучен филм од  овие предавања и тој е вовед во вистинското езотерично знаење кое може да го избави човештвото од тоталната паднатост во која се наоѓа.

 


Sex - The secret gate to eden.

 

Sex - The secret gate to Eden без превод

26 3 – 2009 во 19 часот

       Завршниот филм и завршното предавање од овој циклус. “Сексот - Тајната порта кон рајот“, е филм за она што се нарекува алхемиско венчание или брак во вистинската смисла на зборот.

     Ова е контроверзен филм и овде очекуваме контроверзни дискусии, особено што филмот е во продукција на американската контроверзна гностичка црква – Телема.

 

 

Последно освежено ( Недела, 15 Март 2009 20:01 )
 
Коментари (2)
Телема
2 Четврток, 31 Март 2011 15:44
Heptagram
93
Само да поправам, Телема не е гностичка католичка црква (EGC), туку филозофско-религиозна матрица во која има место за секој и е религиозно-филозофска школа на О.Т.О. (Ред на Источниот Храм)!
Гностичката католичка црква е придружен ентитет на О.Т.О., а Телемата е она погоре за О.Т.О., во кратки црти.
93 93/93
Zeitgeist subtitles
1 Среда, 18 Февруари 2009 01:50
Vyatta
Pocnuvam so rabota na subtitle-ovi za Zeitgeist i Zeitgeist 2 na makedonski. Za zal nema da stignam navreme da gi zavrsam za predavanjata. Ako nekoj e zainteresiran da pomogne eve go mojot mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: