English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Возило соло PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Понеделник, 21 Април 2008 20:04

 

 

Основна цел во нашиот земен живот е да спознаваме. Основно нешто кое треба да го спознаеме е кои сме ние, поточно, кој сум јас.

Кога сум дошол на овој свет, од бескрајна способност, сум влегол во едно возило со една врата и пет прозори и сум ги ограничил своите способности на можностите на петте прозори. Низ вратата сум влегол и на крај ќе излезам кога ќе го напуштам ова земно тело. Целиот живот поминат во тоа возило, сите нешта ќе ги набљудувам преку прозорците. Најмногу нешто кое може да се доближи до мене е до некој прозорец. Некои нешта може да ги видам низ повеќе прозорци, некои низ еден, а некои нешта не можам да ги видам, затоа што прозорците имаат филтри низ кои поминува само дел од спектарот на она кое е пред прозорецот. Со возилото шетам по целиот свет, а всушност никаде не мрднувам, си седам во возилото и никаде не мрдам од него. Секојдневно го лицкам и му ставам гориво. Често имам проблеми со горивото затоа што шоферите од другите возила ме наговараат да ставам повеќе октанско и после тоа имам проблеми со „себе“ или поточно со возилото, па одам кај автомеханичари кои механиката ја знаат до најситни детали, ама немаат резервни делови, а од хемија немаат поим, па се ослонуваат на оние кои продаваат гориво, а тие бизнисот им цвета од продавање лошо гориво. Така наместо возилото да биде подобро после посетата на автомеханичарите, шетајќи од еден „специјалист“ до друг, почнувам да осознавам дека возилото почнува да лупа, да троши многу масло, послабо да оди и после секоја нова посета на специјалисти и стручњаци станува во се полоша состојба, а јас не смеам да го напуштам, затоа што уште како бебе ми нагласија дека само кога ќе умрам може да излезам од него, не смеам дури ни прозорец да отворам затоа што лоши гасови (духови) може да влезат и да ме задушат. Пред спиење уште како дете возило ми кажуваа приказни за тоа дека некои деца излегле од возилото и никогаш повеќе не можеле да се вратат, а и оние кои се вратиле веќе не биле исти и од тогаш никогаш веќе не можеле да се снајдат во овој реален свет на возилата.

Возилото друг го вози. Иако има команди во него, преку радиоприемникот кој е во автомобилот ми кажуваат дека јас треба само да седам и тие подобро од мене знаат каде треба да одам, јас само треба да бидам пасивен, да ги следам нивните команди, така најсигурно и најбезбедно ќе си поминам во животот. Тие ми кажуваат во што да верувам и дека најголем злостор е да не им верувам или да сакам да проверам дали е тоа вистина или не. Ме убедуваат да верувам во нивниот љубоморен Бог кој се одмаздува и за најмала ситница. Тој својот прв син го истерал од домот и 900 години не му простил а и на сите од неговото поколение само затоа што каснал една јаболка која била омилена на таткото. Тој својот омилен народ го масакрира на секој неколку години. Што финта му беше тоа? Ако тоа го прави со својот омилен, одбран народ, што ли им прави на останатите кои не се во неговата милост? Постојано се обидуваат да ми влеат страв до коски од нивниот Бог кој јас почнувам да го доживувам како крволочен волк со два нагласени заби очњаци.

Ова се случува со секој, ама буквално со секој кој доаѓа на оваа планета лудница. Овде лудоста ја поистоветуваат со среќата, па така новата година ја прославуваат како најлудата ноќ. Само на лудите им е дозволено да бидат среќни, тоа може да го видиме во секој филм, но затоа ги сместуваат во лудница и ги билкосуваат.

За да може светот да го доживее директно, човекот мора да излезе од возилото. Најчесто првото излегување му е спонтано или ненамерно. Кај најголем број луѓе, освен кај оние кои тоа го прават организирано или намерно, се појавува страв. УЖАСЕН СТРАВ!

Од што?

Од непознатото.

Тој страв не е случаен. Постојано низ звучниците на возилото ни пуштаат ужасни сцени од оние кои го истражувале непознатото. Дека постојат секти кои може да те извадат од возилото и да останеш во директен допир со непријателската околина која е опасна за тебе од разни вируси и бактерии до духови и зли сили кои може да ти го земат телото. Тие ти кажуваат дека само треба да ги служиш нивните свештеници кои пак не можат ништо да направат за тебе освен да го замолат нивниот господар (твојот Татко). Ќе ти кажат дека твојот Татко можеш евентуално малку да го придобиеш ако му дадеш дарови, имено тој многу сака да прима материјални подароци. Ако пак си многу грешен или ако имаш многу пари треба да направиш дуќан (црква) за свештениците, зошто Таткото знае како ти си ги заработил парите.

Еден ден, а најголемиот број единки никогаш, ако сфатиш дека сето ова е бесмислено и дека ти во возилото скапуваш, може да се обидеш да го отвориш едниот прозор. Тогаш ќе го осетиш вистинскиот воздух и откако ќе го совладаш првиот страв дека тој е отровен, ќе почнеш да согледуваш дека природниот воздух е многу по пријатен за дишење од оној кој ти го пуштаат преку вентилацијата на возилото и во кој ставаат разни опијати и непријатни миризби. Најголем број единки го затвораат веднаш прозорот и се тресат од страв во возилото. Страв да не бидат казнети затоа што се осмелиле да направат нешто кое е казниво со закон (никој не смее да практикува религија по свое, туку само официјални религии, така стои во законот, така или нешто слично).

Ако се осмелиш да прозборуваш со другите возила за твојот „злостор“, тие  или ќе се направат на удрени и ќе избегаат од тебе затоа што ти си „забегана“ овца, а постојано се потсмеваат на овците колку се глупи затоа што го следат својот овен (водач) и во провалија.

Други ќе те пријават на властите и твоето возило ќе биде паркирано во една установа наречена Душевна болница. Таму ќе ти даваат специјални горива кои ќе го оневозможат возилото да оди побргу од 10 километри на час, тие ќе ти ги блокираат системите за управување и ќе те држат таму додека не се „поправиш“ и додека не станеш покорна овца.

Трети на сто едно возило ќе се насмевнат и ќе ти кажат дека и тие некогаш го отвориле прозорот но после тоа си имале многу незгоди и сега внимаваат што прават, а ти препорачуваат и тебе да внимаваш.

 Четврти на илјада едно возило ќе ти кажат дека тие често си возат со отворени прозори но не зборуваат за тоа. Некои од нив дури и излегле од возилото, замисли го напуштиле возилото, сосема на кратко но излегле и не умреле. Неверојатно, чудо над чудата.

Петти едно на сто илјади или на милион возила ќе ти каже дека тие постојано излегуваат од возилото и дека тие не се возилото во кое се движат, туку тоа е само дом во кој престојуваат. Тие се бесмртни души кои постојано се во контакт со природата која не опкружува и тие се постојано среќни.

Шести најретки, ќе ти кажат дека возилото е илузија, нема дух, нема душа, се е Природа. Ќе ти кажат дека ти не постоиш и не можеш да постоиш како нешто одвоено од природата.

 

Да почнеме од почеток

 

Како сме заглавиле во ова?

Како толку да се поистоветиме со возилото па забораваме дури и да го возиме возилото?

Ние не го возиме сопственото возило, а сакаме да ги насочуваме другите возачи и возила. Цел живот во борба за доминација.

Сакаме да одиме на планина и одиме таму, но остануваме во возилото. Се насладуваме на убавините на околината но не се осмелуваме да станеме едно со неа, да се стопиме, барем само за миг.

Сакаме да одиме на море и одиме таму, но остануваме во возилото. Се насладуваме на убавините на морето и влегуваме со возилото но не излегуваме од него и воопшто не ја допираме водата.

Се чувствуваме осамени, гледаме други возила и некогаш некое возило ни е пријатно за очи. Настојуваме да возиме и да бидеме во близина на другото возило, но најчесто не го гледаме оној кој е во возилото па дури и не се ни трудиме да видиме кој е внатре, туку се одушевуваме на каросеријата. Се обидуваме да се закачиме со синџир за другото возило. Така некогаш и на некој пат ни е полесно заедно да возиме, но често тоа може да биде пречка, затоа што другото возило на некој крстопат сака да оди на друга страна и тогаш затоа што сме врзани имаме проблеми и тегнеме секој на своја страна настојувајќи нашиот пат да стане наш заеднички. Така тргајќи секој на своја страна синџирот може да попушти и тогаш одиме со претходно блиското возило по различни патишта и може да го чувствуваме како непријателско другото возило. Како никогаш да не сме се познавале. СТОП!

Точно, никогаш не сме се запознале туку секогаш допирни точки ни биле каросеријата или периферијата.

Секогаш сме тргувале со тоа колку даваме и колку примаме. Сакаме да бидеме обожувани, а никогаш не се покажуваме, не ги симнуваме прозорците, а камо ли да излеземе низ вратата. Кога би излегле, би сфатиле дека нема потреба да добиеме нешто, затоа што се имаме, ние сме и обожуваното и оној кој обожува, дека јас и облаците не само што сме едно туку и не можеме да бидеме нешто одвоено.

 

Ние во текот на животот постојано се потпираме на она што ќе го забележиме преку прозорите и она како ќе го обработи мозокот на возилото, а тој постојано, преку системите на образование, култура, религија и наука се насочува да се ослони на забелешките од прозорите и на она кое ни се наметнува здраво за готово преку тие системи. Сите тие забелешки ги складира и постојано се ослонува на „стекнатите“ и научените сознанија користејќи само еден мал сегмент од мозокот, оној кој постојано суди.

Затоа ако излеземе од возилото ние не можеме да се ослониме на забелешките од прозорите и сознанијата од мозокот, затоа што и прозорците и мозокот остануваат во возилото.

Секој од нас длабоко во себе е свесен, потполно свесен за тоа дека ние не сме возилото, а најчесто не сме ни возачот. Јас не сум тркалата, фаровите, прозорците, мислите, името, каросеријата. Јас сум неименуваното, она кое е било и ќе биде пред и после возилото.

Е, ова ментално го „знаат“ се повеќе луѓе, но колку од нив го живеат ова. Ако не го живеат, тогаш каква полза имаат од таквото знаење, кога тоа еве и мојот компјутер го „знае“, затоа што е запишано во него, но тоа не го прави по среќен. Ниту по среќен ниту по тажен, тој суди само она кое му е наметнато да го суди, пресметува, и обработува.

Најголемиот процент од луѓето токму така живеат како компјутери. Не како мојов затоа што тој постојано има нови сознанија и нови информации, нови вируси со кои борба водам да ги искоренам. Некои луѓе сметаат дека со завршување на образованието за професионална ориентација завршило нивното образ-ова-ние и тие стануваат без-образни, без-лични, без-животни и така „живеат“ до крајот на нивниот сон кој завршува со смрт.

Јасу кажува: Кога ќе ги соблечете вашите алишта и ќе ги изгазите, тогаш ќе влезете во царството небеско“. Нашите алишта се нашите идентитети или поистоветувања како со возилото така и со онаа каросерија која се трудиме да ја имитираме.

Ве канам на магично мистично патување вон возилото.

Оставете ја маската во возилото, таа не ви треба, затоа што ни прозорот наречен очи останува во возилото.

Заборавете го за миг вашето име, тоа е марката на вашето возило.

Само опуштете се симнете ја вашата маска и следете се себе, бидете во мир со СЕМИРОТ и со БОГА затоа што само преку мирот може да влезете во ЕДЕН.

Заборавете ги сите концепти престави.

Заборави за момент кој мислиш дека си за да се најдеш кој навистина СИ. Кога ќе се најдеш, тогаш живеј го тоа и БИДИ ТОА ШТО СИ !.

 



Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 14:35 )
 
Коментари (1)
Bravo
1 Недела, 23 Август 2009 03:42
FIlip
Ova prv pat na kratko go slusnav koa se zapoznav so edni telemi dodeka rabotev vo hrvatska,istava prikazna za voziloto,ama sepak na kratko,celiov tekst e sovrseno sklopen so toa sto metaforata te tera da razmislis sto saka da kaze avtorot i vsusnost da go svatis toa,go svativ ova koa migo kazaa prviot pat,ama sea e definitvno druga slikata,zalno e sto vo mojata okolina setam sam dodeka drugite se vozat,ama poveke mi se svigaat trnjata po nozete otkolku bolkite vo zadnikot od sedenje Very happy smiley

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: