English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Во потрага по нашиот вистински живот Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Напишано од Сашо   
Среда, 23 Април 2008 21:44

Знаење

 

     Сите се обидуваме да го живееме нашиот живот на што е можно подобар начин. Секој наш обид носи со себе отпори и проблеми што му се спротивставуваат. За да ги избегнеме постојано мислиме и размислуваме. Постојано акумулираме голем број на информации, кои треба да ни послужат што подобро да се снајдеме во многубројните шеми и лавиринти на животот. Тоа е нормално. За да може подобро да се снајде во животот, на човек му е потребно знаење кое ќе му го осветли патот по кој се движи. Така уште од најмала возраст ја започнавме трката по знаење. Со тоа сакавме да си обезбедиме поудобен и поисполнет живот. И нормално трката си продолжува годините си минуваат а ние и покрај толку знаење повторно не знаеме да живееме. Зошто?

     Како по рецепт, речиси кај секој од нас постои еден стандарден начин на живеење. Животот го поделивме надолж и попреку на периоди, активности, должности, квалитети, квантитети и т.н. Сите однапред точно знаеме кој период и која активност и должност не очекува во животот (училиште, факултет, работа, брак, пензија) и т.н. Речиси сиот живот размислуваме само за тие работи. За животот во целина многу ретко размислуваме, затоа што тој за нас е неразбирлив и апстрактен. Заради таа апстрактност ние бегаме од суштината (од себе), во секојдневните потреби и должности. Мозгањето на другите посуштествени теми им го препуштаме на мислители, филозофи, научници, свештеници и други. Тоа е така се додека нешто не не исфрли од колосекот на секојдневието. Тоа обично е болест, тага, моменти на одлуки, нечија смрт, или некое ново сознание. Тогаш повторно се чувствуваме слаби и незаштитени. Го креваме погледот во небесното синило или во океанот од ѕвезди, прашувајки се: Зошто живеам?, Кој сум јас?, Што сум? Зошто сум? И така постојано во круг од кој никако да добиеме одговор кој ќе не задоволи во целост. Одговор кој ќе не утеши, исполни и возвиши до небесното синило, до сјајните ѕвезди па ако е можно и оттаде.

     Како и секогаш одговорите ги бараме насекаде. Во книги, разговори, во другите, во природата. Многу ретко, речиси никогаш не ги бараме во нас самите затоа што не се познаваме доволно себе од премногу големата окупираност со учење на другите работи. Бидејки животот ни е насочен претежно на работи, надвор од нас и вредностите ни се насочени во тој правец. Затоа за многумина од нас подобриот живот, зависи од тоа колку повеќе поседуваме надворешни вредности. Но постојат и внатрешни вредности за кои малку сме свесни и за кои малку размислуваме. Тие некогаш ненадејно и неочекувано испливуваат од нас исполнувајки ни го живеењето со нова смисла и убавина. На пример љубовта. Таа е врвната тајна за подобрување на сечиј живот. Без неа животот е празен и монотон. Но со нејзиното појавување животот на секој од нас добива нови вредности, нови квалитети, цели. Таа има зачудувачка моќ на трансформација затоа што е чувство кое не обзема во целост, не оставајки место за рацио-логички размислувања. За неа не можеме да размислуваме затоа што оној момент кога ќе почнеме да размислуваме и коментираме за неа, ние веќе не сме во состојба на вљубеност, туку во состојба на интелектуализирање. Вљубеноста ќе потрае се додека сме во целосно единство, слеани и исполнети со објектот на нашата љубов. Во тој момент не нема, ние сме едно, целина, но штом се издвоиме од единството остануваме сами, без таа исполнетост.

     Мислењето, размислувањето е логичко-рационален процес кој зависи од степенот на нашето знаење, од нашите ставови, погледи, убедувања, предрасуди. Затоа и живееме во свет проткаен со разлики и спротивности. Не живееме за исти работи и немаме исти цели во животот. Но кога станува збор за чувствата, емоциите, за внатрешните вредности, тогаш веднаш се забележува дека постои единство помеѓу сите нас. Сите имаме исти потреби! Оние кои што го согледале тоа, имаат шанса да живеат во еден послободен и поисполнет свет. Трката за знаењето никогаш нема да можеме да ја добиеме, затоа што колку повеќе знаеме толку повеќе го согледуваме она што не го знаеме, односно што треба да го доосознаеме. Кај мудрите луѓе знаењето е секогаш поголемо од незнаењето затоа што желбата за знаење нема граници додека за незнаење има. Многу мудри луѓе ја согледале неограниченоста на знаењето која ја преточиле во своите искри на мудроста. Да се потсетиме на некои од нив како на пример: Конфучие (Конг Фу Це) рекол: " Да го знаеш тоа што го знаеш и да го знаеш тоа што не го знаеш е карактеристика на тој што знае ".

     Оној кој не знае дека не знае е будала, и треба да се избегнува, оној кој не знае и знае дека незнае е дете и треба да го научиме, оној кој знае и незнае дека знае, спие разбудиго, оној кој знае и знае дека знае е мудар следи го.

Знаењето е како светлина, во мали количества му помага на видот во големи го заслепува – рекол Рене Декарт.

     За да го направиме нашиот живот што подобар треба најнапред да се откриеме себе, нашите најдлабоки потреби и вредности. За тоа нема потреба да станеме доктори на науки, туку треба да погледнеме внатре во нас самите. Во нас демнее пропаст и спасение, рај или пекол, во зависност од тоа дали го слушаме и дали стануваме едно со внатрешниот глас на нашето битие. Ако го гушиме продолжуваме да живееме лажен и отуѓен живот дозволувајки му да си поигрува со нас како што морето си поигрува со лушпа од орев.

     Само нашето внатрешно битие точно го знае патот по кој треба да се движиме. Тој пат е специфичен, неповторлив, единствен за секој поединец и по него непогрешно не води длабокиот принцип на рамнотежа. Тоа воопшто не значи дека патот по кол се движиме е непроменлив, статичен. Тоа е една динамична неделива целина. На тој пат има многу отпори, пречки, проблеми. Тие не постојат за да не присилат и ограничат туку ни овозможуваат преку игра на спротивности да се спознаеме и трансформираме во нешто подобро и посветло. Спротивностите можат да не научат дека помеѓу нив се наоѓа златната средина или клучот на сите тајни. На сите ни е добро позната изреката дека добриот збор железни порти отвора. Но малкумина од нас знаат дека за да се каже добар збор и човекот што го кажува треба да е добар. Тоа повторно не води кон спознанието дека најнапред човекот треба да е во рамнотежа, хармонија со самиот себе за успешно да ја извршува својата работа. Зошто најчесто ние самите сме тие кои си ги создаваме отпорите и проблемите од незнаење. Нашата неискреност и неодговорност секогаш ја прикриваме со зборовите: ама јас не сум крив, не сакав, не знаев, извини.

     Хармонија е усогласеност на делови од една целина. Таа зависи од сите нејзини делови а сите нејзини делови зависат од усогласеноста на секој од нив посебно. Тоа е принципот се е едно,м а едно е се (сите за еден еден за сите). Само така можеме да живееме хармоничен, усогласен живот. Тоа значи дека треба да постои рамнотежа помеѓу нашето минато, сегашност и иднина. Хармонијата секогаш е во средината, односно во сегашноста. Ако постојано живееме во нашето минато или во нашата иднина, тогаш ја пропуштаме шансата за успех во сегашноста. Размислувањата секогаш ни се движат од минатото кон иднината или обратно. Постојано живееме некаде и некогаш. Нокогаш не не задржуваат во сегашноста. Сте се обиделе ли да размислувате за сегашноста (овде и сега)?. Ако се обидете тогаш ќе увидите дека тоа не е размислување туку доживување. Доживувањата во сегашен момент, се најголемиот креативен потенцијал, кој ни е достапен на патот на трансформација на сопствениот живот. Бидејќи само преку нив можеме да ги усогласиме нашите надворешни и внатрешни вредности во една целина. Зошто да страдаме поради тешкиот изминат живот, или да се фрустрираме за неизвесноста на иднината. Со тоа постојано си ја уништуваме сегашноста. Мудрите луѓе секогаш имаат став на благодарност кон минатото, одговорност пред иднината а служење на сегашноста. Тие постојано се надминуваат и победуваат самите себе. Со тоа ја изоструваат и прошируваат својата свест и свесност. Но за да може да стане мудар, човекот мора да донесе одлука да се менува. Тоа е првиот чекор...

Последно освежено ( Недела, 15 Март 2009 19:54 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: