English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Водно како инспирација PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Сашо   
Среда, 23 Април 2008 21:48

 Секој викенд дел од жителите на градот Скопје одат на прошетка на падините на планината Водно. Годините не се пречка за овие ентузијасти. Некои се сами, а некои со своите пријатели или најблиски. Сите тие полека без многу двоумење се искачуваат од подножјето на планината.

Колку повеќе се искачува човек од подножјето кон врвот на Водно толку повеќе е сведок на се поголемиот и поголемиот мир и тишина кои го опкружуваат. За само половина час одење се напушта големата врева и татнеж на цивилизацијата. Тука на дофат на нашите погледи постои место каде што се уште постои мир и тишина.

На човек малку време му е потребно за да излезе од својата секојдневност. Градската врева на модерниот, цивилизациски начин на живеење не зароби во својот лавиринт така што не сме свесни за нив. Но штом за момент се издвоиме од оваа средина веднаш стануваме свесни за огромниот татнеж на сообраќајот, фабриките, луѓето... Колку повеќе се оддалечуваме од тој вознемирувачки звук, толку повеќе не обзема смирувачката тишина на природата. Тука човекот се повеќе и повеќе го симнува оклопот и товарот што го носел со себе. Умот кој претходно работел со енормна брзина, разгледувајки ја убавата околина и слушајки го пеењето на птиците, забавува со својата работа. Колку човек се искачува повисоко и повисоко, толку повеќе чувствата и искуствата извираат од него. Можеби никаде не е толку забележливо единството на човекот со се како што е тоа во природата. Зборуваме, зборуваме и наеднаш молк. Не сме ни забележиле, а веќе сме станале едно со лисјата, дрвјата, земјата, ридовите, облаците-со се. Се се споило со нас. Веќе не размислуваме, туку само уживаме. Не обзема прекрасно чувство на среќа и исполнетост.

Ни се присторува дека и животот е како врв, бескраен врв по кој сите се искачуваме.

Штом ќе освоиме некоја висина, подобро ги согледуваме и разбираме работите отколку кога бевме подолу. Тогаш ќе здогледаме дека постојат уште поголеми и поголеми висини на кои треба да се искачиме за да стигнеме до своите цели.

Техниките на искачување за секој човек се индивидуални. Некои кои почесто се искачуваат имаат поголема кондиција и побрзо го прават тоа. Тие без многу напори и паузи речиси во еден здив се искачуваат на самиот врв. Оние пак кои поретко се искачуваат, прават паузи за да се одморат, па потоа полека продолжуваат до самиот врв. Има и такви кои се искачуваат само до средината и таму запираат и се одмараат. Тие не сакаат или, не можат да се искачат до врвот. Нивната глетка е ограничена, делумна. Оние кои се искачиле на врвот имаат прекрасна глетка пред себе. Пространство и широчина насекаде околу нас. Градот  долу е обвиткан со облаци од чад кои го прават мрачен и тежок додека горе грее прекрасно сонце чии топли зраци ве милуваат со чистиот воздух на ветрето. Така занесени помислувате колку е убаво и лесно да се живее на вакво место. Тука сме во сегашноста нема потреба од бекство! Се е едно! Со заоѓањето на денот завршува и престојот на врвот на планината. Како се симнувате така и чувството кое до пред малку било насекаде околу вас сега се смалува само во една мала точка на средината од вашите гради за да ве потсетува на убавините кои сте ги доживеале. Таа точка ве тера слободно да кажете: "викенд повторно ќе дојдам".

Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 16:00 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: