English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Арчимболдо де Сегирмонт PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Арчимболдо   
Сабота, 07 Јуни 2008 23:45
Индекс на артикл
Арчимболдо де Сегирмонт
Страна 2
Страна 3
Страна 4
Страна 5
Страна 6
Страна 7
Сите страници

            

Во средината на 19. век, при инспекција на една селска црква во јужен Тирол, во ѕидот се открива место кое звучи шупливо. Откако камењата од ѕидот се отстранети, се отвора заѕиданиот отвор, во кој се наоѓа заклучен и со железо окован ковчег. Ковчегот е однесен кај селскиот бравар, чиј чирак е познат по својата умешност при отворање на комплицирани брави. Според изјавите на чиракот, оној кој го конструирал механизмот на бравата бил вешт уметник кој ги предвидувал сите обиди и трикови за отворање на бравата. После недели и недели, малиот чирак создава механизам на минијатурни огледалца со кои навлегува во бравата за да ја истражува однатре, при што нејзината перфекција го фасцинира уште повеќе. Но тој не успева да го заврши својот изум со кој безбедно би го отворил стариот ковчег и со тоа би го поразил стариот мајстор кој ја осмислил бравата. Во текот на вдлабоченоста во проблематиката на бравата, малиот чирак е прекинат од упадот на селскиот свештеник и гости од Ватикан, кои и покрај бавноста на црковната администрација, слушнале за оваа мистерија. Му наредуваат, по цена на вечно проклетство, да го отвори капакот од ковчегот. При тој насилен чин, се активира еден механизам со кој се ослободува пламен кој разгорува во оган и ја запалува сета содржина во ковчегот. Стариот мајстор победи. Но сепак за неколку мига може да се видат ролни и хартии испишани со букви и цртежи. Над нив се наоѓа решетка, која спречува секаква интервенција огнот да биде изгаснат. Една од скиците прикажува куќа или друга просторија, со ходник на кој од секоја страна се наоѓаат редици други простории, а од последната просторија уште една дополнителна. Под тоа – редови испишани на непознат јазик. Откако овој лист се превиткува и претвора во пепел, под него се гледа друг, на кој е прикажан цртеж на три клучеви, слични на оние, кои малиот чирак речиси ги изработи. А кога и овој лист се собира, јаден од пламенот, за еден миг се гледа пресекот на еден замок, со чудесно кукасто вдлабување во долниот крај...

 

...Дваесет години подоцна, при една случајна експедиција низ еден од најдлабоките подруми на Ватикан, се случува несреќа. Разлабавените камења од ѕидовите на ходникот се рушат од вибрацијата предизвикана од чекорите на неочекуваните гости. Тунелот пропаѓа. Во урнатините се пронаоѓа втор ковчег, сличен на првиот. Неговата внатрешност само малку се разликува од таа на првиот. Во средината има дрвен преграден ѕид. Во десната половина се наоѓа, обвиен во темно кадифе, еден сад во форма на чинија, до негo неколку пергаменти. Левата половина на ковчегот содржи неколку ролни, повеќето од речиси распадната стара кожа. Покрај ролните една свилена папка, во неа испишани листови, а до неа само еден пергамент. Преку сето тоа лежи едно писмо, веројатно последно нешто ставено во ковчегот. Натписот е со украсени букви...

 

 

 

...На предната страна од писмото се читаше:

 

Ти, кој што ќе го скршиш печатот на ова писмо, знај: не те очекуваат богатства, туку страдања без крај, и живот исполнет со немир меѓу луѓето.

На задната страна, под црвениот печат, се читаше:

 

Мир со тебе, кој што доаѓаш во потрага по вистината: твојата намера и твојот труд нека се благословени, и ти ќе чекориш во заштитата Божја. Но ако твојата намера е, да ја сокриеш вистината, поради моќ за себе или на твоите претпоставени, да бидеш проколнат сега и засекогаш.

 

 

Самото писмо како и натписот се напишани на латински:

 



Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:19 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: