English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

БЕЗДУХОВНИ ЛУЃЕ Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 9
НајлошоНајдобро 
Напишано од Montalk   
Петок, 15 Јануари 2010 09:53

Фотографија од: Alexandra Venturanza Lapa

montalk.net »27 април 09

Празни луѓе. Луѓе кукли. Роботи. Органски портали. Личности од позадина. Зошто воопшто постојат овие термини? Морале да бидат измислени поради потребата на оние кои независно забележале еден ист збунувачки феномен, за кој не постои официјално име: на некои луѓе се чини дека им недостасува нешто многу важно внатре во нив. Иако не се нужно помалку интелигентни, успешни, или физички здрави од било кој друг, тие сепак, не покажуваат индикација дека поседуваат било какви повисоки компоненти на свеста.

Со текот на годините имам добиено писма од читатели кои дојдоа до истиот заклучок. Тие забележале дека некои луѓе се чудно еднодимензионални и шупливи од внатре. Оваа опсервација не е тешко да се пропушти, но лесно е да се рационализира, особено во современото општество кое е прилично со испран мозок од политички коректниот но, нереален концепт дека сите се сосема еднакви на секаков начин, што ги игнорира функционалните разлики како последица на животната средина, генетиката, и што е најважно, метафизичките фактори.

 

Позадина

Идејата за празните луѓе за првпат осамна во мене во 1999 година откако направив опсежни истражувања помеѓу социопатите и психопатите, нивната состојба е медицински позната како АРЛ или "Антисоцијално Растројство на Личноста." (APD“Antisocial Personality Disorder“ ). Мојот интерес за таа тема произлезе од тоа што бев принуден многу години да страдам од личност за која подоцна научив дека ги имаше сите знаци на социопат. Без срце и бездушен беа описни термини, но многу малку знев колку беа буквално точни. Забележав во оваа личност една празнина зад очите и многу плитка свесна суштина, што се чинеше дека е во коренот на однесувањето кое го набљудував.

Конечно сфатив дека овaa иста коренита состојба е присутна и во некои други кои не беа социопати однадвор, но чиј недостаток на срце беше маскиран со добро прилагоден социјален екстериер. Со други зборови, она што психијатријата го дијагностицира како АРЛ е само поекстремна, криминална, манифестација на состојба што поинаку се изразува себеси многу пошироко во општествено прифатлив и помалку инкриминирачки манир. Последново е она што може да се смета за тело на празните луѓе присутни во популацијата.

Но, што е поточно она што недостасува во нив? Одговорот е јасен ако го гледаме нивното заедничко однесување и квалитети на свеста.

Однесувањето и Психичките Карактеристики

Нивното однесување се стреми да биде плитко, егоистично, нарцисоидно, приземно, предаторско и материјалистичко. Понекогаш овие црти се камуфлирани со исполирана социјална надворешност, но секој со проникливо око може да види низ маската. Тие немаат индивидуалност, независно размислување и силно се приврзани кон менталитетот на стадо. Тие немаат разбирање за ништо надвор од материјалната сферата на петте сетила и немаат интерес за метафизичките области освен како блескави додатоци за зајакнување на нивната социјална слика. Тие, исто така се покажуваат целосно неспособни за емпатија, потрага по душата и саможртвување. Сепак, во присуство на други, можат да покажат блесоци на загриженост, болка, или на алтруизам за целите на социјалната манипулација, на пример, да леат крокодилски солзи за да изнудат симпатија, или да направат нешто убаво за друг само за подоцна да предизвикаат чувство на вина или да побараат контрауслуга.

Менталното скенирање на нивната свест открива нешто интересно. Постои одредена едноставност, монотоност и инертност на нивната суштина, дури и ако нивниот интелект е високо развиен. За разлика од другите луѓе, нивната свесна енергија е повеќе дифузна, тапа, непостојана и повеќе аморфна отколку цврста, искрива, кристализирана и концентрирана. Кажано на поинаков начин, нивните умови се повеќе како замоци од песок отколку како вистински замоци. Нешто анимално и рудиментирано пилотира со нивните тела. Се чини дека тие имаат свесност на ниво како што ја имаат растенијата и животните, но не и самосвест каква луѓето би требало да имаат. Постои важна разлика меѓу свест и самосвест.

Дух: Компонентата која недостасува

Факторот кој недостасува мора да е нешто што го дарува суштеството со самосвест, волја и капацитет да вреднува трансцендентни идеали. Ова важи не само за физичките фактори како што се непостоење на делови на мозокот, дефектна генетика или сиромашно воспитување, заради тоа што ова се само грешки во хардверот и програмирањето на биолошката машина, проблемот тука го вклучува свесното оперирање со машината. Наместо тоа, она што интуитивната или јасновидна перцепција го собира како информација за нивната свест ги вклучува метафизичките фактори.

Како да го нарекуваме овој дел на повисоката свест отсутен кај некои луѓе? Обично тоа се нарекува душа, но тоа предизвикало многу конфузија во минатото. На пример, случајни читатели незапознаени со исправното дефинирање на "бездушен" мислат дека значи "целосно лишен од свест", кога во реалноста тоа значи "лишен од индивидуализирана свест." Не, тие имаат некој вид на душевна енергија врз основа на тоа што се живи , но душата не е надарена со повисока искра на вистинско сознание и самосвест.

Затоа, јас ќе ја наречам оваа повисока искра "дух" и ќе ја дефинирам на следниов начин: дух е јадрото на индивидуализираната свест, постојан аспект на нечие суштествување претставувајќи го вистинското Јаство, кое акумулира искуства и духовна мудрост во текот на животот, кој ќе ја преживее физичката смрт и останува недопрен по реинкарнацијата за да продолжи да расте кон исполнувањето на својот потенцијал. Тоа е божествена -искра, седиште на слободната волја, на холографскиот фрагмент од Создателот кој живее во строгиот центар на вашето битие, "Јас" кое си ти, внатрешен свесен набљудувач, способен да го набљудува дури и сопственото само-набљудување.

Затоа тие немаат самосвест, индивидуалност, мудрост, емпатија, креативна интелигенција или совест. Она што дополнително ја потврдува оваа хипотеза е дека, како што ќе се дискутира подолу, може да се набљудува потполното отсуство на судбина, синхроницитет, симболични соништа, духовни лекции, душевен раст и карма во нивните животи. Ова може да се очекува, со оглед на тоа што тие немаат ништо постојано во нив што ја преживува смртта и се реинкарнира, затоа што само со присуство на дух овие работи можат да се остварат. Без дух, тие се привремени суштества чија свест се формира непосредно пред раѓањето и исчезнува кратко време по смртта. А ако е така, тогаш за нив, лекциите од духовниот живот немаат смисла, кармата од минатите животи не постои, не постои повисоко сопство кое делува како придружник, ниту пак имаат било каков вистински интерес во нешто што е надвор од нивната моментална смртничка егзистенција. Затоа треба да се очекува дека тие ќе бидат особено материјалистички настроени и приземни во нивните амбиции; набљудувањето го потврдува тоа исто така.

Други Компоненти

Со разбирање на различните компоненти и начинот на кој тие се комбинираат за да направат целина на битисувањето, можеме да ги сфатиме бројните разлики и сличности помеѓу духовните и бездуховните луѓе 1.

Покрај духот, другите компоненти се телото и душата. Душата е нефизичка енергија - интерфејс помеѓу телото и духот. Окултистите ја делат душата на етерично и астрално тело. Споменатите "празни" луѓе имаат тела и души, но не и дух. На овој начин, јасно е дека тие имаат некој вид на свесна енергија, но не и трајно јадро кое ќе го задржи континуитетот низ инкарнациите.

Душата се состои од две компоненти, етерична и астрална. Етеричната компонента е квантно поле кое го чува физичкото тело од ентропична дезинтеграција. Или поедноставено, тоа е енергија на животната-сила, која го чува телото од распаѓање. Астралната компонента е повеќе апстрактна и нематеријална. Таа функционира како седиште на свесно искусените чувства и страсти. Чувствата не се само хемиски реакции во мозокот, ниту се апстрактни мисли во умот. Напротив, тие се живи енергии кои живеат некаде помеѓу, и таа тампон зона помеѓу целосно физичкото и метафизичкото е астралната компонента на душата.

Телото и Егото

Телото е биолошки инструмент преку кој сме во интеракција со нашата животната средина. Телото доаѓа со свои наследни диспозиции, биолошки пориви и инстинкти и бихевиористички алгоритми запечатени во него преку социјалното програмирање. Овие детерминистички влијанија се спојуваат за да создадат вештачка интелигенција во личноста која, по правило, го води телото, како што компјутерот на автопиолотот го води авионот.

Оваа вештачка интелигенција, се нарекува "его". Нејзината основна цел е да обезбеди опстанок на телото со оптимизација на неговото однесување кон опкружувачката физичка и социјалната средина. Со други зборови, надворешното кондиционирање го програмира егото за да се обезбеди опстанок во животната средина од која што потекнува прилагодувањето.

Но егото нема вистинска свест за себеси. Тоа е само компјутер придвижуван од нервен (етеричен) хардвер кој симулира жив идентитет. Неговата главна предност е во тоа што, бидејќи се работи само за компјутер, има за задача само механички да пресметува и да реагира на ситуации, наместо длабоко и свесно да одразува и затоа не може да реагира побрзо на надворешните ситуации.

За духот, егото функционира како софтверски уред кој ги автоматизира интеракциите со другите луѓе и обезбедува маска на идентитет, програмирана од раѓање, соодветна на локалната средина. Нешто како аватар на играчот во компјутерската игра Sims, кој изгледа и делува како личност и се чини дека прави сопствени работи и кога не е управуван од играчот.

Проблемот е во тоа што егото е целосно производ на минатото, а духот е целосно надвор од линеарното време. Првиот е целосно детерминистички, а вториот е целосно недетерминистички. Првиот е појавна сопственост на материјата, вториот постојана кондензација на свесноста. Двајцата имаат импулси, кои честопати се дијаметрално спротивставени, едниот влече кон материјалност, другиот кон духовност. Нашата секојдневна свест, исто така позната како пониско сопство, е мешавина на двете, имено, дел од духот што сјае низ маската на егото и се идентификува со него, е аналоген на возач толку внесен во чинот на возењето што за него, автомобилот станува продолжување на сопственото тело 2.

Физички или духовни влијанија врз душата

Душата, која престојува меѓу телото и духот и посредува меѓу нив, е под влијание на двата. Ја превзема својата организација и функционирање во согласност со импулсите и од духот и од телото. На пример, астралното тело ќе одговори и на поттикнувањето на чувство на еуфорија низ телото преку една хемиска супстанца-дрога и на доброволното привикување на возвишениото чувство на духовна радост од страна на духот, иако ефектите врз астралот не се идентични.

Исто така, етеричното тело може да ја менува својата структура заради некоја повреда на физичкото тело, некои блокади или абнормалности во астралното тело да го пренасочат своето влијание долу врз етеричното ниво. Какви и да се влијанија извршени врз душата од страна на телото и духот, нивните ефекти продолжуваат да траат во душата, исто како што чајот продолжува да се врти откако ќе се промеша со лажицата. Затоа реков дека егото работи и на невронски и на етеричен хардвер. И покрај тоа што потекнува од физичкото ниво, егото го пренесува импулсот на своето кондиционирање врз етеричното ниво 3.

Последици на состојбата на недостаток на дух

Со претходното во ум, замислете што се случува кога некој има тело, его и душа, но нема дух. Прво и основно, целата нивна појавност ќе биде резултат на материјалните влијанија, како животната средина и генетиката. Седиштето на нивната појавна интелигенција ќе биде егото. И без контратежата од духот, нивното его ќе царува. Така, во согласност со функцијата на егото, таквите луѓе ќе бидат целосно посветени на материјалниот и социјален опстанок.

Забележете дека луѓето со дух кои се разбудени за своите духовни импулси често прават намерни избори кои не служат за никаква финансиска, социјална или егоистична добивка, кои одат спротивно на очекувањата на Дарвинистичките еволутивни принципи и дека им служат само на духовните завршетоци. Таквите импулси се отсутни кај бездуховните луѓе, така што тие се навистина оптимизирани за опстанок во физичкиот свет. Без совест, емпатија, или внатрешна битка помеѓу егото и духот кој го зауздува, тие можат побрзо и полесно да успеат во своите световни средини без оглед на цената што ја плаќаат другите.

За подобро да се разберат нивните метафизички разлики, треба да се земе во предвид она што се случува со бездуховните луѓе по физичката смрт.

Духот и душата вгнездени едно во друго, заедно го напуштаат физичкото тело. По некое време, етеричната компонента на душата се дезинтегрира, оставајќи го само духот вгнезден внатре во астралното тело. Астралното тело, потоа, исто така се дезинтегрира. Распаѓањето на етеричките и астралните тела, со значење на распаѓање или отфрлање на душата, во Христијанската Езотерија е познато како втора смрт 4. . Ослободениот дух тогаш продолжува напред во задгробниот живот пред да се реинкарнира.

Реинкарнацијата го вклучува духот кој формира околу себе нова душа, а потоа заедно се лизгаат во ново физичко тело. Во секвенцијалните реинкарнации, талентите, предиспозициите и нерамнотежата стекнати од претходните животи влијаат врз новата инкарнација.

Во случај на бездуховните луѓе, животот почнува на следниов начин. Откако фетусот ќе се вгнезди во утробата, душата се формира за прв пат (исто како што песокот од плажата добива форма на замок) и му се придружува на телото. Оваа комбинација произведува рудиментирана свест. Откако ќе се роди, таквата личност ќе стане ништо повеќе од производ на генетиката и животната средина како резултат на отсуството на духот. Без духовна контратежа, биолошките пориви и социјалното програмирање ќе станат нивни примарни импулси во животот.

По физичката смрт нивната душа го напушта телото можеби содржејќи задржан отпечаток на егото и по некое време се дезинтегрира и се реапсорбира во морето на енергии од каде што првично се формирала. Ништо од нивниот идентитет не преживува. За луѓе без дух, овој живот им е единствен. Тие се формираат при влегувањето и раствораат при заминувањето. Не може да биде поинаку ако немаат јадро на индивидуализирана свест.

Така, сето она што еден човек со дух го има благодарение на континуитетот на неговите или нејзините инкарнации, недостасува во животот на еден бездуховен човек. На пример, бездуховниот нема да има потреба за животни лекции или за учење преку духовни искуства. Што би била целта ако сето она што е стекнато исчезнува после смртта? Затоа бездуховните луѓе се оние кои не можат да научат духовни лекции, кои не можат духовно да профитираат од животните испити, кои не можат да го пренесат она што е стекнато врз нивните последователни инкарнации. И така, тие не се грижат за лекциите за смирение, емпатија, сочувство, разбирање или простување. Наместо да се менуваат како луѓето преку духовно созревање во животот, тие се менуваат единствено во смисла на подобро адаптирање на животот низ прилагодување. На пример, додека духовниот човек може да ја увиди грешката на неговиот начин на однесување и стане поскромен, бездуховниот човек едноставно ќе научи да не го фатат следниот пат.

Кармата е уште еден метафизички фактор отсутен од животот на бездуховните луѓе. Постојат многу заблуди околу кармата, па јас прво ќе го објаснам моето разбирање за тоа, пред да покажам како нејзиното отсуство влијае врз животот на еден бездуховен човек.

Кармата (негативниот тип) е само духовен долг или нерамнотежа стекната при нарушување на сопствената или туѓата слободна волја. Кршење на сопствената слободна волја се случува кога ќе се направи избор за време на состојба на незнаење, како кога човек се идентификува со егото и постапува по неговите импулси, што го нарушува изборот направен во текот на повеќе духовно трезвени состојби.

По нарушувањето на слободната волја, повисокиот духовен аспект на свеста жали за грешката и се посветува на справувањето со неа, дури и ако понискиот аспект на егото се обидува да го игнорира ова. Кармичкиот дисбаланс тогаш привлекува искуства што учат на лекција поправајќи го незнаењето, без разлика дали во овој живот или во следниот. Лекцијата која се учи е универзална и не бара сеќавање на оригиналниот избор кој ја предизвикал, едноставно разбирање на лекцијата. Кармичкото искуство само по себе не е судбинско, туку повеќе е учење, затоа кармата понекогаш може да се ублажи преку превентивно разбирање и простување без задолжително да треба да се научи на потешкиот начин, преку искуство.

Но, без дух, не постои вистинска слободна волја и нема вистинска лекција која треба да се научи. Затоа бездуховните немаат карма и наместо тоа целосно живеат според законот на случајноста и законот на џунглата. Со оглед на тоа што духовниот поединец може да биде роден со кармички хендикеп, за бездуховниот овие пречки ќе бидат чисто прашање на случајност или наследство и не и служат на повисоката метафизичка цел.Исто е и со времето и начинот на нивната смрт, со оглед на тоа што духовните луѓе имаат можност лабаво да го испланираат нивниот живот пред инкарнирнацијата, вклучувајќи го и начинот на кој ќе умрат, бездуховните луѓе умираат заради случајни околности, без цел или значење, освен ако нивната смрт на некој начин не игра важна улога во пред-инкарнирачкото сценарио на некој духовен поединец.

Другите фактори кои недостасуваат ги вклучуваат: значајните симболични соништа, синхроницитетите, повисокото интуитивно водство, како и нивната лична страна на судбината. Бездуховните луѓе не искусуваат ништо од ова, бидејќи ниту можат, ниту имаат потреба. Ова би требало да биде очигледно преку разбирањето на улогата на духот, но ќе го разработам ова како би било појасно.

Соништата со значење првенствено служат да ја предупредат личноста за духовната нерамнотежа која треба да се коригира, но бездуховната личност нема потреба од такви пораки. Тие, исто така, немаат во себе ништо повисоко што би испраќало такви пораки. Без постојано јадро на индивидуалност, тие немаат "Повисоко Јас", кое е усовршена идна манифестација на духот кој реагира назад низ времето, за да ја потпомогне екстензијата на себеси во линеарното минато. И без Повисокото Сопство, тие немаат интуитивно внатрешно водство кое би спровело одредени поттици и заштита во животот. Така, додека духовната личност може да искуси чудни синхроницитети и свиткувања на законите на реалноста за да биде спасена од ненавремена смрт, бездуховната личност на која и недостигаат такви насоки и заштита, ќе загине во согласност со случајноста.

Разлики во чакрите помеѓу духовни и бездуховни луѓе

Постои разлика меѓу духовните и бездуховните и во тоа кои чакри ги имаат. Чакрите се вортексни енергетски центри за поврзување на душата со телото, и го поврзуваат духот со телото преку душата. Секој центар според местоположбата се совпаѓа со големите жлезди во физичкото тело и секој има различна бихевиорална функција.

Долните чакри се поврзани со такви домени во однесувањето, како физичкиот нагон, сексуалните импулси, базните емоции, личната моќ и интелектуалната активност. Секој ги поседува овие. Бездуховните, сепак, немаат потреба од повисоките чакри, имено срцевата, крунската и чакрата на третото око, бидејќи тоа се оние чакри кои исклучиво се во врска со духот.

Срцевата чакра, центарот на повисоките емоции како што се сочувството, емпатијата, духовната радост, недостасуваат кај бездуховните, бидејќи не постои дух кој е присутен за да се поврзе со овие емоции. Крунската чакра, преку која повисокото интуитивно разбирање, оригиналноста, креативноста и поврзаноста со објективната вистина се манифестираат, исто така недостасува. Чакрата на третото око, лоцирана меѓу веѓите, вообичаено се користи за перцепција на феномени и концепти надвор од материјалното царство, а бездуховните луѓе ограничени во светот на петте сетила немаат потреба од неа исто така.

Како резултат на тоа, уште една разлика меѓу духовните и бездуховните е дека првите ги имаат сите седум чакри додека на вторите им недостасуваат трите повисоки, срцевата, крунската и чакрата на третото око 5. Ова дополнително и придонесува на интуитивната или јасновидна перцепција дека бездуховните луѓе се рамни и инертни внатре, без оглед на тоа колку се живи однадвор, бидејќи во спектарот на нивните етерички или аурични вибрации недостасуваат одредени бои и заради што се со пониска општа резолуција.

Сето погоре следи од еден едноставен постулат: дека некои луѓе немаат дух и дека ним, исто така, им недостасуваат повисоките чакри. Ако длабоко размислите што повлекува ова, ќе сфатите како овој постулат го објаснува целиот спектар на набљудувања што ги имаме во предвид со т.н. "празни" луѓе.

Разликата меѓу бездуховните и духовно заспаните луѓе

Во овој момент можеби се прашувате каква е разликата помеѓу бездуховните луѓе и духовните кои се духовно заспани во животот, или едноставно незрели. Впрочем, и едните и другите може да се световни во своите цели и целосно заробени во илузијата на "Матрикс"-от. И едните и другите може да не ги осознаваат соништата или синхроницитетите, ниту да покажуваат многу емпатија. На пример, постојат негативни луѓе кои се целосно под влијание на нивните ега и надворешните негативни сили, кои можат да извршат насилни злосторства, па дури и масовни убиства без да трепнат со око. Не сите од нив се бездуховни. Но, сите од нив се навистина без влијание на духот, кога станува збор за ангажирање во такво нечовечко однесување. Некои немаат дух, на другите духот им спие.

Разликата е во тоа што една духовна, но инфантилна / заспана личност сеуште има латентен духовен потенцијал. Така, тие се уште имаат, па дури и во мали количества, присуство на оние духовни фактори и динамики споменати погоре. Тие се уште може да страдаат од последиците на кармичкиот долг заради своите глупави избори, се уште можат да имаат симболични соништа кои се обидуваат да ги алармираат за духовната нерамнотежа во животот, дури и ако ги игнорираат и се уште можат да искусат синхронична помош во оформувањето на нивните животи дури и ако не можат да ја забележат.

На бездуховните луѓе тој потенцијал им недостасува целосно. Тие не можат да растат духовно. Ова не е теоретска декларација, туку болна лекција научена од односот со премногу такви лица кои никогаш не покажаа никакви знаци на раст или еволуција, без разлика колку помош и можност за подобрување да им беше дадена. Во најдобар случај се адаптираат, но повеќе заради прилагодување и калкулација отколку заради реално разбирање.

Постои уште една важна разлика. Духовно незрелите имаат животи соодветни на нивните духовни потреби. Значи постои коресподенција меѓу нивната духовна зрелост и начинот на живот. Незрелите духови ќе водат тежок живот, бидејќи основната егзистенција е се што им е потребно и било што повеќе би било премногу за да се справат или да добијат од животот. Во меѓувреме, бездуховните живеат живот каков што ќе им донесат околностите или според нивното сопствено лукавство, што значи дека можат да бидат просјаци, извршни директори или познати актери, сеедно. Без ограничувањата утврдени со духовните потреби, тие немаат духовни ограничувања или програми кои ги структурираат нивните животи. И ова е причината зошто "празните" луѓе не се само духовно успиени или инфантилни, бидејќи постои класа на луѓе која ги дели истите инертности, празнина зад очите без оглед на начинот на живот, социјална состојба, интелектуална моќ и физички изглед.

Психопати, социопати и нарцисоидни

Поекстремните манифестации на отсуство на духот во психологијата се познати како психопатски, социопатски или нарцисоидни растројства на личноста. Духовните луѓе кои се вклопуваат во овие состојби се заведени и заложници од страна на нивните ега, но тие можат да бидат рехабилитирани. Наместо недостаток на емпатија, нивната емпатија е или потисната или дислоцирана. Тоа не се вистински психопати, туку духовни луѓе со растројства на личноста.

Вистинските психопати и социопати, сепак, не можат да се излечат, бидејќи нешто е суштински погрешно во темелите на овие личности. Ним целосно им недостасува емпатија и каење, а тие квалитети не можат да се обноват бидејќи никогаш не ни постоеле. Неизлечивата природа на психопатот е прифатен факт во психологијата. Причината се верува дека е абнормалност во центарот за болка и страв во мозокот. Дури и на тој начин, без балансирачкото влијание на духот, таквите абнормалности би вовеле неконтролирани грешки во програмирањето на егото, кои тогаш без контрола би воделе неминовно до привлекување на вниманието на легалниот и медицинскиот систем. Она што медицинскиот систем може да го дијагностицира е само екстремна и неуредна манифестација на состојбата што е широко распространета низ голем дел од популацијата. Други бездуховни луѓе со ега кои правилно функционираат се подобри во криењето на нивниот недостаток на емпатија и каење камуфлирано со порафинирано социјално програмирање.

Зошто Бездушни? Што велат другите

Постојат теории за тоа зошто на некои луѓе им недостасува повисоката компонентата на нивната свест и за каква цел служат во поголемата шема на нештата. Бидејќи не сум прв кој го забележал ова, сега накратко ќе продискутирам за она што другите го имаат кажано за да можете да ги измерите достапните опции.

Џон Беинс(John Baines), пишува во својата книга Ѕвездениот Човек (The Stellar Man ) дека луѓето, како и сите животински видови, имаат колективна душа единствена на нивните видови. Ова колективно несвесно врши де-индивидуализирачко влијание врз луѓето, поттурнувајќи ги кон менталитет на толпа, менталитет на стадо и во следење на масата. Руперт Шелдрејк (Rupert Sheldrake) би го нарекол ова - човечко морфогенетско поле. Луѓето кои не ја развиваат сопствената свесна индивидуалност се ништо повеќе од автомати кои го следат успивачкото влијание на колективното несвесно, небаре се проширувања на умот на кошницата. Целта на езотеричната обуката е човек да се оддели од стадото, да развие сопствена волја и на тој начин да стане слободно битие.

Рудолф Штајнер (Rudolf Steiner), изрази слични чувства. Неговото фундаментално дело, Филозофијата на слободата (The Philosophy of Freedom) го посочува овој проблем. Штајнер вели, се додека луѓето им се покоруваат на надворешните авторитети, на нивните сопствени биолошки нагони или на анималистичките делови од себеси заедно со остатокот од човештвото, тие не се слободни суштества. Слободата доаѓа од изборот базиран на интуитивното разбирање на она што некоја опција го повлекува и значењето што го има тоа. Овој чин на слободна волја бара интроспекција и духовна проникливост како би се делувало од позиција на вистинско разбирање. Штајнер потврди дека не се сите интроспективни до степен неопходен да се направи интелигентен избор од база на слободната волја.

Г.И.Гурџиев (G.I. Gurdjieff) зборуваше на иста линија. Неговите предавања во Погледи од Реалниот Свет (Views from the Real World )ја сумираат неговата позиција. Луѓето се раѓаат како празен лист, како биолошки машини без самосвест. Во некој момент во животот, личноста или развива "Јас" или се разгранува кон спротивниот пат кон понатамошно механизирање и разложување. Значи, според Гурџиев, "празни" луѓе се оние кои никогаш не ја развиле нивната самосвест како што би требало, но ние сите започнуваме на еднаква основа. Не верувам дека ова е вистина, бидејќи има бебиња и деца кои несомнено имаат висока чувствителност зад нивните очи и очекувано однесување на самосвест, додека кај други бебиња и деца тоа недостасува, што укажува на факторот на реинкарнација кај некои луѓе и комплетното отсуство на дух вклучувајќи го тука и потенцијалот за дух, во други луѓе.

Борис Муравјев (Boris Mouravieff) најопширно има пишувано на тема на бездуховните луѓе. Видете ги неговите три тома од серијата Гноза(Gnosis), особено вториот и третиот том. Неговиот пристап се базира на Езотеричното Христијанство, тој користи многу извадоци од Писмата, а во исто време има многу заедничко со Четвртиот Пат од традицијата на Гурџиев, кој самиот се чини дека води трага назад до учењата на Суфистите. Според Муравјевата интерпретација на Книгата за Постанокот, луѓе постоеле уште пред Адам и Ева, но дека само Адам и следствено Ева и нејзините потомци добиле духовен здив од Бога. Така денес постојат две измешани под-раси на луѓе, пред-Адамична без дух, и Адамична кои го имаат духот. Муравјев објаснува дека пред-Адамитите служат за целите на собирање енергија од Адамитите како дел од космичкиот синџир на исхрана. Тој, исто така, ги истражува метафизичките разлики помеѓу двете, во однос на пред-Адамитите на кои им недостасуваат некои "центри", кои се аналогни на чакрите. Муравјев верува дека пред-Адамитите имаат групна душа уникатна за нивниот колектив и дека само по дополнителни еони на еволуција нивната колективна душа ќе се разложи во индивидуални духови, како што веќе имаат Адамитите.

Корпус Херметикум (Corpus Hermeticum), познатиот херметички и гностички текст напишан пред речиси две илјади години, исто така наведува дека не сите луѓе ја имаат искрата на божествениот ум (наречена Ноус) активна во нив и дека без Ноус човекот е повеќе како "ирационално суштество"(животно) во неговите мотивации, со ограничена перцепција и начин на живот. Би требало да се прочита целиот текст за да се разбе ова во правилен контекст. Погледнете го англискиот превод насловен Патот на Хермес: Нови преводи на Корпус Херметикум (Внатрешни Традиции, 2000)- The Way of Hermes: New Translations of the Corpus Hermeticum (Inner Traditions, 2000).

На крајот, Касиопејските транскрипти се обраќаат кон делата на Муравјев и овозможуваат клучен увид во материјалот. Канализираниот извор тврди дека некои луѓе се празни портали за други интелигенции да работат преку нив, дека имаат унифицирани аури меѓу нив, дека им недостасуваат повисоките чакри, а можат да бидат многу вешти во имитирањето, мимикријата на "душевните" (духовни) луѓе преку рефлектирање на нивната сопствена душевна енергија и дека во крајна линија тие служат како проводници од кои нашата енергија може да се претури, префрли за да биде собрана од негативните хипер-димензионални битија. Сето ова е во согласност со моите забелешки и пишувањата на Муравјев и Гурџиев, освен што е малку пореалистично од ставовите на овие двајца традиционалисти. Онаму каде John Baines вели дека некои луѓе се екстензии на човечката колективна душа, Касиопејците наместо тоа велат дека тие се продолжување на специфична анимална група души. Тие велат дека овие т.н. "органски портали" служат како мост помеѓу човечкото и животинското кралство, помагајќи да се пренесат повисоките човечки енергии кон овие анимални групни души за да им се забрза еволуцијата, но дека нивната функција е нападната од повисоки негативни сили како би се употребила за нивна сопствена енергетска берба.

Она што го зборувам во овој текст не е без преседан. Во периодот од 1999-2001 единствено го извршив набљудувањето на "празните" луѓе независно, а потоа го искружив низ различни лични шпекулации и постоечки теории пред да го средам онака како што е презентирано во овој натпис.

Верувам дека има неколку начини на кои луѓето завршуваат бездушни. Некои се родени на тој начин бидејќи духот никогаш не фатил корен, исто како што театарските седишта остануваат празни, бидејќи никој не купил билет за нив. Другите можеби започнале со дух но се одделиле од него во некој момент од животот. Можно е тој да се евакуирал при некаква злоупотреба или ненадејна екстремна траума, или постепено да испарил заради декади на рутина која ја убила душата. Не секој што умира мора да падне мртов. Луѓето можат да продолжат да егзистираат како шупливи школки, како ехо на нивното поранешно сопство, сега лишени од духот кој еднаш им дал искра. Постојат и други помрачни феномени како мртви луѓе кои се реанимираат од страна на вонземјани со напредна технологија, човечки клонови и други видови на вештачки хуманоиди на кои би им недостасувал дух, но тие се релативно ретки и затоа не вреди да се зборува за тоа во овој натпис.

Овде зборувам главно за поголемиот сектор на населението, на кои природно им недостасува дух, кои секогаш во текот на историјата и врз основа на нивната предаторска и световна природа гравитираат кон врвот на социјалната, економската и политичката хиерархија и го прават светот антагонистички настроен кон духовните импулси.

Придобивки од Разбирањето

Како што можете да видите, оваа идеја дека на некои луѓе им недостасува дух, објаснува многу за роботизираната, анималистичка, предаторска страна на човештвото. Толку многу од нас се под лажна претпоставка дека сите сме исти одвнатре, дека ако застанеме на нечие место ние целосно би ги разбрале неговите мотивации. Но, не сите нечовечки акти водат трага назад кон обичните варијабли на животните услови. Постојат случаи каде, дури и ако се ставиме себеси на нивното место, не би делувале на истиот чин. Тоа е поради причината што нивните мотивации не се последица на животните услови, туку се метафизички: отсуство на дух, како и ултимативното владеење на егото.

Оние кои ја игнорираат можноста за постоење на бездуховни луѓе ќе продолжат да си вртат со главите во фрустрираност од однесувањето кое тие едноставно не можат да го сфатат и мора или да го игнорираат, или да го рационализираат. Кога се занимаваат со бездуховен психопат, на пример, овие индивидуи лесно се манипулираат и залажуваат.

Само откако ќе се изгорат повторно и повторно тие сфаќаат дека некои луѓе се различен вид на животно, дека некои луѓе се непоправливи бидејќи делуваат целосно и здраво во согласност со нивната безуховна, предаторска природа. Ова е особено точно за психопатската елита која управуваа со оваа планета затвор, тие не можат да бидат рехабилитирани, натерани да ја увидат грешката на своите патишта, или убедени преку апелот за емпатија.

Претпазливост и Заклучок

Не би било паметно, сепак, да погледнеме надолу кон бездуховните со презир. Тие се она што се, живеејќи ги своите животи во согласност со нивната формација. Не треба да се третираат поинаку од тоа како некој се справува со диво животно кое дејствува според својата дива природа. Обидот да се одржи бездуховниот на повисоки духовни стандарди предизвикува само фрустрација. Без да се очекува премногу од нив и со разбирање зошто се однесуваат како што се однесуваат, фрустрацијата му отстапува пат на трезвениот увид.

Ниту пак е вредно да се обидете да утврдите кој е бездуховен, бидејќи во нејасните случаи најверојатно ќе згрешите и ќе влетате во параноја. Бидејќи однесувањето на бездуховните е подформа на однесувањето на духовните луѓе, само однесувањето својствено на духовните луѓе може да дозволи брза и точна идентификација. Посочувањето работи само во изборот на оној кој е навистина духовен, што се случува најлесно со духовниот поединец кој е на вашата бранова должина. Ќе го почувствувате животот во нивните очи, јасната и единствена енергија зад нивните зборови и оригиналноста и независноста зад нивните мисловни процеси.

 

 

Додаток I: Вообичаени прашања

 

Како да знам дека не сум бездуховен човек? - Ако имате искусено макар една уникатна духовна особина, тогаш не сте бездуховен. Самиот факт што си го поставувате ова прашање, дека сте несигурни и сакате да знаете за сигурно, покажува самосвест и интроспекција, што е уште една одлика на поседување дух. Без разлика, подобро е да се претпостави дека имате дух и да работите на развивање на своите квалитети како што е интуицијата, емпатијата и разумноста, отколку да бидете свесни за вашиот понизок егоистичен импулс и да продолжите да делувате според него.

Се сомневам дека мојот (другар, брачен другар, родител) е бездуховна личност, што можам да направам? – Оставете го настрана за момент прашањето дали тие се духовни или не и фокусирајте се само на тоа дали можете да продолжите да бидете со нив. Дали се тие толку манипулативни, исцрпувачки, груби или на друг начин штетни за вашата благосостојба што морате да избегате? Ако е така, тогаш не е важно дали тие имаат дух или не. Дали се тие пријателски настроени и толку лесно ви е со нив што ви е сосема пријатно да ги имате во својот живот? Ако е така, тогаш не е важно дали тие имаат дух или не. Значи, од практична гледна точка треба да бидете загрижени само од тоа дали можете да се справите со нив во вашиот живот. Таму каде што разликата меѓу духовните и бездуховните влегува во игра е во справувањето со психопатските луѓе, каде што дури и по ветувањата за промена тие продолжуваат со својот навредлив начин на однесување и тогаш во некој момент, наместо рационализирањето дека се заведени и само им треба уште повеќе време и внимание, подобро е да се заклучи дека тие се сосема во согласност со она што навистина се. Наивните луѓе кои мислат дека сите се подеднакво добри внатре, ќе продолжат со рационализирање и трпење на злоупотреба, но оние со повисоко разбирање ќе ги препознаат знаците на предупредување порано и ќе се спасат себеси од неволја.

Зарем овој концепт на бездуховни луѓе не е некако разединувачки, расистички, осудувачки и неетичен на идејата за еднаквост помеѓу луѓето, единство, хармонија и братство? - Ако теоријата е точна, дека на некои луѓе навистина им недостасува духот, тоа за име на вистината, не би требало да се игнорира заради политичка коректност. Кога правилно се применува, знаењето може да доведе до поголема стабилност и хармонија на подолг рок. На пример, секој обид за досегање на утописко општество не успеал затоа што бил формиран на наивната претпоставка за составот на граѓаните; себичните, психопатските, предаторски поединци на крајот ја корумпираат утопијата. Кога утопијата би можела да се заснова со целосно разбирање на овие типови луѓе, тогаш би можеле да се постават навремени мерки за да се спречи корупцијата. Исто така, теоријата не треба да биде обвинувана за последиците од нејзиното неправилно спроведување; оние кои неправилно ја применуваат ја користат како средство за задоволување на сопствените ега наместо да ја применуваат од спиритуална перспектива. Наместо да се отфрла теоријата поради неправилното спроведување, подобро да се направи напор за да се спречи нејзиното неправилно спроведување. И на крај, единството на сиот живот може да се препознае без жртвување на свесноста за функционалната разноликост од која се состои тој и само со правилно разбирање на секој дел од тоа единство целината може да биде препознаена во потполна јаснотија, наместо во неуко блаженство.

 

 

Додаток II: Споредбени извори

John Baines – The Stellar Man
Rudolf Steiner – Theosophy
Rudolf Steiner – The Philosophy of Freedom
Rudolf Steiner – Outline of Occult Science
GI Gurdjieff – Views from the Real World
PD Ouspensky – In Search of the Miraculous
Clement Salaman, et al…The Way of Hermes (Corpus Hermeticum)
Dion Fortune – Psychic Self-Defense
Boris Mouravieff – Gnosis, Volumes I-III
LKJ, et al…The Cassiopaean Transcripts
Amit Goswami – The Self-Aware Universe


.

Додаток III: пермутации на метафизичките компоненти

За да се покаже неопходноста од постоењето на концептите за дух, тело, етер и астрал, еве ја листата за тоа како овие компоненти се комбинираат за да формираат различни видови на субјекти. Како што ќе видите, разликата меѓу овие ентитети не може да се објасни со помалку од овие компоненти.

Елементарна материја:
тело
Кристали и растенија:
тело | етерично тело
Животни:
тело | етерично тело | астрално тело
Бездуховни луѓе:
тело | его | етерично тело | астрално тело
Духовни луѓе:
тело | его | етерично тело | астрално тело | дух


Духовни луѓе по изборот да се инкарнираат, прва фаза:
астрално тело | дух
Духовни луѓе по избор да се инкарнираат, втора фаза:
етерично тело | астрално тело | дух
Духовни луѓето непосредно пред раѓање:
тело | етерично тело | астрално тело | дух
Духовни луѓе по детството:
тело | его | етерично тело | астрално тело | дух
Духовни луѓе по физичка смрт:
его | етерично тело | астрално тело | дух
Духовни луѓе по "втората" смрт, во текот на задгробниот живот:
дух


Бездуховни луѓе по формирањето на ембрионот:
тело | етерично тело
Бездуховни луѓе непосредно пред раѓање:
тело | етерично тело | астрално тело
Бездуховни луѓе по детството:
тело | его | етерично тело | астрално тело

Бездуховни луѓе по физичката смрт:
его | етерично тело | астрално тело
Бездуховни луѓе по "втората" смрт:
(ништо)


Вештачки хуманоиди:
тело | его | етерично тело
Етерични мисловни форми и астралната „дивина“:
етерично тело | астрално тело
Ангелски суштества:
астрално тело | дух
Демонските суштества:
его | етерично тело | астрално тело
Духовни астрални проекции:
его | астрално тело | дух
Етерични вонземјани и трансцедентни луѓе:
етерично тело | астрално тело | дух

 

 

Забелешки

1 Во случај некој да се запраша зошто ни се воопшто потребни термини како дух, душа, астрално и етерично, тоа е затоа што тие го претставуваат наједноставниот модел кој го објаснува големото тело на познатите опсервации, во согласност со Окамовата острица (Occam's Razor). Луѓе кои ја исмеваат неопходноста на таквите метафизички разлики и веруваат само во тело, или само во тело и душа, занемаруваат одредени клучни опсервации. Сепак, моделот мора да се прошири и да ги вклучи опсервациите на јасновидците, проникливите увиди и сите кои имаат искуство со паранормалното. Притоа, дополнителните концепти на духот, душата, астралното и етеричното треба да се внесат во сликата. Верувам дека ова се минималните компоненти потребни за да се објаснат бездуховните луѓе. Но, ова објаснува многу повеќе, само видете го Прилогот III. Овие термини, сепак не се само ad hoc објаснувања. Наместо само да се теоретизира, етеричните и астралните тела се директно искусувачки преку астралната проекција и видливи за јасновидците. ↩

2 Амит Госвами (Amit Goswami) со голем увид објаснува колку недетерминирачката свесност стекнува детерминистички црти преку прилагодување на физичкото тело, како квантните системи можат да се стекнат со класични карактеристики. Види ги поглавјата 13 и 14 од неговата книга Самосвесен Универзум (The Self-Aware Universe). ↩

3 Што значи тоа дека егото остава траги врз етеричната компонента на душата? За почеток, тоа многу се врзува за она што Rudolf Steiner напишал во врска со етеричниот двојник, второто јас, онаа мистериозна темна страна на самите нас која е антагонистички настроена кон нашата духовна благосостојба. Исто така се врзува и со Штајнеровото споменување дека во Азија, каде што култот кон предците е вообичаен, демонските ентитети можат да ги облечат отфрлените етерични школки на починатите лица, а со тоа да ја примат при себе сета психичка енергија предадена на тој идентитет за време на обожувањето. Понатаму, егото кое продолжува по смртта во етерична форма може да објасни одредени видови на духови, како и проблемот на астралните / етерични измамници во канализирањето каде негативните ентитети можат прилично точно да имитираат починат роднина. Сите овие феномени укажуваат на тоа дека некој дел од световниот идентитет на личноста (егото) ја преживува смртта и затоа што не може да биде преку физичкото тело, таа мора да биде преку следната најблиска работа: етеричната компонента на душата. И на крај, кога станува збор за вистинската вештачка интелигенција во квантните компјутери и кибернетичните суштества, треба да се очекува дека тие ќе бидат придружувани од етерично поле, исто како што растенијата имаат етерично поле, кое ќе и помага на вештачката интелигенција да има одредено ниво на "живот", а не да биде само детерминистичка машина со псевдо-случаен output. ↩

4 Терминот "втора смрт" е Библиски. "Кој победува, втората смрт нема да му нанесе штета." Откровение 2:11. "А смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро. Тоа е втората смрт. И кој што не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро." Откровение 20:14-15. Борис Муравјев и Касиопејците би го толкувале ова на следниов начин: 'победува' значи да се има развиен дух, "втората смрт" е распаѓањето на етеричните и астралните компоненти на душата и "огненото езеро" ја претставува неиздиференцираната групна душа во која душата се раствора. Што прави друго огнот освен да топи и претвора во пепел, да ги отстранува сите траги од поранешните идентификации? Втората смрт се случува по првата смрт. Ако првата смрт е смрт на физичкото, тогаш втората треба да е смрт на нефизичкото. Верувам во ова толкување затоа што има смисла. ↩

5 "Повисоко" значи повисоко по функција, а не повисоко поставено на телото, па грлената чакра не е повисока чакра зошто е поврзана само со говорот и интелектуалните функции. Во системот на Четвртиот Пат (Fourth Way system) е во корелација со "понискиот интелектуален центар". Таа најверојатно се развила или еволуирала заедно со човековите капацитети за апстрактно мислење и говор, нешто што кај животните недостасува. Тоа е причината зошто бездуховните луѓе имаат грлена чакра и зошто тие можат да имаат остар интелект и да немаат граници во нивните говорнички способности. Така, тоа е една од пониските во однос на функција чакри.

Последно освежено ( Понеделник, 17 Мај 2010 12:00 )
 
Коментари (1)
Prashanje
1 Недела, 16 Мај 2010 12:53
Balto
Kade mozam da gi nabavam knigite od Mouravieff Boris na srpskohrvatski jazik?

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: