English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Орбело PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 10
НајлошоНајдобро 
Напишано од P.O.T.H   
Вторник, 15 Јуни 2010 12:46

Пред два месеци од печат излезе романот Орбело од двајца млади автори Гонев Ѓоре и Трајков Петар. Читачката публика во Македонија доби домашен роман со езотеричка тематика.

 

Романот Орбело е вистинско изненадување за љубителите на езотеријата затоа што е сплетен во современ трилер.

Авторите се обиделе да изработат своја парадигма за Македонија изразена со симболите на јазикот на окултизмот и метафизката. За да биде прифатена, парадигмата мора да биде функционална. Да ги објаснува тековните настани и да ги предвидува оние што доаѓаат. Македонија е на мегданот меѓу Бехемот и Левијатан, меѓу светот на копното и морето, додека Орбело е пресвртница после која се чекори сигурно.

Пред неколку илјади години кога во Египет исчезнала големата тајна, еден свештенички род се преселил во Македонија во долината на реката Струма. Изградиле храм чија локација и ден денес не е утврдена со сигурност. Можеби овде го пронашле она што во Египет било изгубено. Биографот на Александар Велики запишал дека во тој храм се посветиле само Александар и Цезар.
Врз таа точка авторите ја градат приказната за судирот на илуминатите. За да се создаде повторно голем светски владетел мора да се влезе во храмот. Но местото ја бара својата крвна жртва. Трагата води кон четири мали дечиња.
Читателската публика во земјава преку овој роман ќе ја запознае содржината на термините подземна пирамида, ормус, оргон, црно сонце кои се дел од светската езотеричка литература додека кај нас се експолатираат без да се пратат светските текови во таа материја.
Кога храмот се отвора рептилоидите се пресретнати од чистотата на детската душа и нивната вера го руши храмот, а под неговите урнатини остануваат двете македонски илуминатски семејства. Се случува обратното наместо минатото преку сегашноста да и пречи на иднината, иднината преку сегашноста се судира со минатото.
Овој интересен роман двајца автори го започнале како дел од блогосферата во 2005 година истражувајќи локални легенди. Но неговото излегување го одложило трагичното загинување на Ѓоко Гонев во сообраќајна несреќа во Штип 2007 година. На инсистирање од неговите родители романот е довршен и објавен во 2009 година.
Терминот Орбело веќе не се користи како топоним на Балканот. Но соседните Бугарија и Грција го употребуваат како нешто кое се наоѓа на нивна територија. Отсега и во нашата земја Орбело има свое место.
Можете да го најдете романот во книжарниците на Табернакул и Култура ( кај Ристикиева Палата) во Скопје.

 

Последно освежено ( Вторник, 15 Јуни 2010 15:01 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: