English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Најтајното од сите тајни учења Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 11
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Сабота, 19 Април 2008 18:45


Златен сооднос


Фрактал од низата на Фибоначи

 

Постојат безброј тајни учења кои се пренесуваат од учител на ученик и тогаш тој станува учител се додека не го најде својот вистински ученик.

Има една поговорка која вели дека е тешко да најдеш вистински учител, но многу е потешко да најдеш вистински ученик.

Една друга кажува дека кога ученикот е спремен, учителот доаѓа.

Гого кажува:

Кога ќе станам совршен ученик, јас станувам совршен учител.

Ова изгледа совршено јасно, но сепак треба да го појаснам.

Секојдневно ние добиваме илјадници знаци, но ако само неколку од нив успееме да ги препознаеме и да се усогласиме според нив, нашата мудрост ќе се зголеми многукратно.

Некои умни луѓе сметаат дека е мудро да знаеме.

Мојот компјутер знае многу повеќе детали од мене и со многу поголема точност, но тоа не го прави ни најмалку по мудар од мене, затоа што не знае дека секој програм кој е вграден во неговата меморија е со некоја цел и кога би можел сам да ги активира и да работи со тие програми, тоа би било знак на мудрост. Според ова нај интелигентни и најмудри се програмите наречени вируси, тројанци и други не посакувани програми кои може да ги закачиме од некаде.

За да можам да препознам некој знак, најпрво треба да бидам буден.

Со оглед на фактот дека за да биде буден човек треба да биде во посебна состојба, затоа што вообичаено е заспан, а човекот во сонот е последица.

Кога е последица нема или ретко кој има можност да одбере што ќе сонува, а со тоа и да биде активен чинител.

Ако пак не одбира, тогаш работите му се случуваат.

За да излезе од тој магичен круг, човекот треба да смени нешто, а за да смени, треба да ја смени пасивната состојба. Ако вообичаената заспана состојба ја смени со будна, тогаш има шанси и да го креира сопствениот живот. Значи се почнува со будноста.

Преку нашите сетила ние ја менуваме свеста, секако ако сме будни. Магијата е во Словото. Магија е промена во свеста, а словото е специфично завибриран сегмент од апсолутот. Во пишаните документи, слики, графикони и сликовни формули Словото се состои, но тоа нема никаков ефект, ако го немаме клучот за дешифрирање, а тој најчесто се пренесува устно. За жал или поточно за среќа и тоа не е доволно. За жал, затоа што тоа не е идеално пренесување, а за среќа затоа што не може да го разбере и примени некој кој не се потрудил.

Ние во кујната може да имаме се за да направиме добар ручек, но ако не знаеме рецепти тешко дека ќе излезе нешто вкусно. Ако пак некој ни каже рецепт ни тоа не е доволно, затоа што треба да знаеме да ги употребуваме водата, огнот, воздухот и материјалите со кои треба да направиме јадење. Разликата во оној кој знае и оној кој не знае е во резултатот кој ќе се добие. Ако го правел врвен мајстор, тогаш ќе добиеме извонредно јадење, но истовремено тоа јадење ќе содржи многу по суптилни компоненти. Преку него ќе биде пренесен духот.

Ако јадењето е направено механички или од неук, тогаш тоа можеби ќе ја задоволи нашата глад, но само на животното во нас.

Разликата меѓу обичните од волшебните или лекувачките пијалаци е во магијата.

Во Библијата Јасу кажува парабола за семето и почвата, а се однесува на учениците и учењето. Ако фрли семе на камен тоа нема да никне од сонцето и ветерот.

Ако фрли семе во трње и жбун, тие ќе го задушат.

Ако фрли семе на сиромашна почва ќе никне, но нема да даде плод.

Само ако фрли семе во добра почва тоа ќе никне и ќе даде многу плодови.

Јасу тоа го зборувал за учениците и затоа постојано нагласувал: „Кој има уши нека чуе“.

Во денешно време на огромна експанзија на разни знаења, станува уште потешко да се оддели какол од доброто семе. Ако јадеме какол мозокот ќе ни чури и само ќе се отруеме. Ако јадеме лоша храна и во големи количини ќе се здебелиме. Ако читаме лоша литература и во големи количини, само егото и гордоста ќе ги зголемиме, а животот и понатаму ќе ни остане пекол.

Мене, секој ден до раце или до очи ми доаѓаат десетици книги. Кога би ги прочитал сите, најпрво тоа не е можно, а сепак кога би можел да ги прочитам, само ќе се збрлавам уште повеќе. Јас многу внимателно одбирам што ќе читам и тоа најчесто не го читам во целост, туку само тоа што ме интересира. Сакам тоа што ќе го прочитам добро да го сварам. Повеќе сакам помалку да знам отколку да знам се, а површно. Секој ден среќавам луѓе кои знаат многу работи но тие само ги прочитале и усвоиле, без да имаат свои заклучоци и надградба.


Последно освежено ( Недела, 15 Март 2009 19:51 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: