English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Суптилна способност Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Понеделник, 21 Април 2008 14:02

                                             

 

Ентитети се суптилни творби кои човекот или луѓето ги создаваат на еден суптилен план и тие се бестелесни. Ангелите се бестелесни и имаат својства. Тие својства не се широки туку во една насока или „специјализација“. Ангелите и Серафимите се колективни ентитети.

     Ентитетите најчесто се создаваат без потполна свесност, па затоа тие се некако матни не дефинирани и најчесто човекот не може да оперира со нив. Тие претежно се на границата меѓу субјективниот и објективниот универзум и многу често се филтри кои спречуваат реалноста да биде перципирана или осознаена од субјектот. Може просто да ги наречеме програми, престави, а порано биле нарекувани ларви, духови или некои други помалку соодветни имиња.

     Кога човекот ќе доживее директно искуство, тогаш за момент тие филтри се распаѓаат.Тие како ролетни се подигаат и човекот има директнен контакт со реалноста, такава каква што е. Директно искуство или просветление е состојба во која субјектот (јас) и објектот се во директен контакт. Тогаш Јас сум Тоа Што Сум.

     До пред педесетина години тоа беа многу длабоки мистични искуства, за кои беше потребно некогаш и цел живот да се работи и тежнее, а и тогаш можеби без успех да се има едно такво искуство. Во Зен Будизамот има случаеви во кои учители станале со едно или две кеншо искуства. Кеншо е искуство кое најголемиот процент од учесниците го доживува на Интензив и што е најбитно, тие учители биле многу ефикасни во подучување и во својата мудрост. Денес младава генерација тоа го прави со таква леснотија како да се случил квантен скок, па директното искуство е можно и се случува со светлосна брзина, НО затоа тоа е многу помалку ценето од истите и многу помали промени во нивниот живот донесува едно директно искуство. Така останува маргинализирано самото просветление, губејќи ја својата магичност и почит од оној кој го искусил. Ако нешто лесно стекнеме, не го цениме. Човек многу помалку го цени наследството или ако добие на коцка (лото, спортска прогноза), од она кое го стекнал со работа, залагање, ангажирање, затоа што додека го стекнувал, поминувал низ некои состојби и искуства. Тоа не значи да се измачува до бесвест додека стекне нешто, но тоа треба да биде токму по мерка, да го цени, а да не биде ни претешко ни прелесно постигнато.

     Директното искуство може да биде екстатично катарзично или мирно. Катарзичното искуство го споредуваат како експлозија или удар од гром, а мирното како голуб да слетал на нас.

     Исто како сообраќајот и електронскиот пренос на информации, така и директното искуство е многу полесно да се доживее, но истовремено другите занимации игри и итрини (и-трина=и-трици).

     Светот се повеќе наликува на песочна пустина, нема цврсто тло или основа, се е брзо менливо, лесно може човек да пропадне или да се изгуби и ситниот песок на најмал ветер не заслепува и не можеме да дишеме (да се инспирираме). Јасу уште во негово време кажал: дека нема каде уморен човек главата да ја наслони. Кога ќе се издигне песокот по дејство на некоја Сила, некое време лета, но кога Силата (ветерот) ќе престане да ја одржува вис(Т)ината, песокот паѓа по силата на гравитација.

     Многу нешта го одвлекуваат вниманието од насочување во нашата сакана насока, почнувајќи од најблиските кои имаат зацртано по некоја улога за нас која најчесто не соодветствува на она кон кое ние тежнееме. На работното место ние треба да сме модерни робови кои немаат никакво право освен да работат, дури и кога е тоа апсурдно. Во нашата преубава „самостојна“ држава луге работат и по неколку години без да бидат платени за тоа, тоа за некои други времиња се нарекувало робување. Во медицинските домови (ама домови), тие се нарекуваат волунтери или ако знаеме дека зборот унтер на германски значи под, тогаш тие се под нивото на волот).

     Вестите на магичните кутии како теле визија (теле=кажува) или радио (дио=Бог, Ра), во најголемиот дел од времето ја поттикнуваат паранојата, а како забава шизофренијата. На реклама за Диско клуб се фалат дека тие се најдобри во бегство од реалноста. Најпосетениот Диско клуб е полн со ноеви. Тоа е легло за создавање неработници и храна за пониските сфери на живот. Да не го споменувам користењето на хемиски додатоци за поттикнување на тоталната зашеметеност. Денес секс со телефонска слушалка е скапо платено е... во мозок. Денес младите си го чурат мозокот и од него прават чварка со мобилната телефонија.

     Нашето внимание се диспензира или троши на многу нешта, а најмалку ни останува за себе. Како со раѓањето да сме ги задолжиле сите и се и сега треба да живееме за нив за да им се оддолжиме. Црквата ни кажува дека Исус се жртвувал за мене и сега јас треба да сум кулучар кај поповите за да му се оддолжам на Исус. Државата смета дека живеам во неа и должен сум и што ми овозможува вака мизерно да живеам, па тоа сака и да ми го наплати како да ми направила не знам каква услуга. Све вампир до вампира. Како тогаш да украдеме дел од времето и да си го посветиме себе за само развој или да правиме нешто кое што навистина ги сакаме. Ако не се избориме за тоа никој нема да ни го овозможи или додели, затоа примарно во твојот живот си ти. Јас не кажувам да се живее раскалашно, туку да се развиваат своите способности и проширување на свеста како неопходна храна .

Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 16:03 )
 
Коментари (2)
Итрина
2 Вторник, 16 Февруари 2010 12:42
Сор
Штотуку првоверив и е добра информација
Trena is a Latin term meaning "triple" and sometimes is used in reference to the Trinity. "И" е како негација на тројството. Или како изигрување можеби на истото...
sekogas prasanje
1 Среда, 02 Декември 2009 02:24
del od univerzumot
'Денес младава генерација тоа го прави со таква леснотија како да се случил квантен скок, па директното искуство е можно и се случува со светлосна брзина'

Na koj nacin go dostignuvaat toa mladite? So narkotici mozda?
I jas pripagam na mladata generacija ,ama nemam dostignato iskustvo na prosvetluvanje (odvojuvanje od teloto duri nitu toa).Kako go postignuvaat zatoa prasuvam dali so narkotici?
Porano lugeto so duhovna Disciplina i meditacija ...Zanimlivo ne znaes koj kolku znae i mnogu e tesko koga ti ne znaes zosto nikoj ne ti kazal i sega se prasuvam tie sto uspehot im odel polesno (vo sredno na primer dodeka se mladi i neiskusni kako site ostanati) dali nivnite bliski imale iskustvo od takov vid pa im go prenele znaenjeto sto Samo gi informiralo,megutoa dovolno da gi spasi od mnoguu neprijatni migovi,zabludi i blamazi kako rezultat.
Poslednovo e samo edno moe glasno razmisluvanje a odgovor na prasanjeto na pocetokot ke mi bide dobredojden.Blagoarnost odnapred Angel

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: