English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Постоење PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Понеделник, 21 Април 2008 16:05

 Секоја точка во историјата остава печат во Етерот. Тоа е вибрација која е матрица и се запишува во книгата на Постоењето и книгата на Непостоењето. Тоа е непоимлива количина на информации, но всушност се запишуваат само оние нешта кои оставаат силен печат врз емотивните и менталните сфери. Она кое не е свесно, не постои, тоа е лажно, па она кое не постои тоа не може да се запише во книгата на Постоењето, освен ако не стане дел од свесното живеење. Ако знам дека најголемиот дел од дејствата и животот на човекот е неосвестен или несвесен, тогаш она кое е запишано во Етерот или Азотот (в-Аз-Дух) е суштината на сите нешта. Еден човек во својот животен век живее свесно од 0 (нула), до неколку години. Во многу ретки случаи свесноста поминува 5 години.

Како што се запишува свесноста, така се запишува и глупоста или неосвестените нешта и тоа се нарекува Карма. Како и свесноста, така и кармата го врзува вниманието. Така неосвестените акции и дела се запишуваат во книгата на Непостоењето (кармички долг).

Некои го нарекуваат колективно Свесно и колективно Несвесно, а некаде заедно Акаша.

Луѓето се стремат кон проширување на свесноста или нагоре, а оние кои немаат таква тенденција, по пат на слободен пат, тонат се подлабоко во Живот пес-ок. Често кажувам дека гравитацијата ги привлекува.

           Мојата задача е освестување во насока на освестување на Словото. Често тоа го правам или се обидувам да го направам преку пренесување на Духот. Тоа е инспирирање на оние кои имаат такви потреби и желби. Кај останатите тоа го правам кон она кое е за нив пожелно, најчесто преку нивната потреба за здраво тело. Ако тие истите понатаму имаат тежнение кон проширување на свесноста, тогаш се обидувам да ги инспирирам кон духовноста. Јас не ги оздравувам туку им укажувам на патот како тие да си го направат тоа, затоа што ако добиеме милион евра, нормално е да се надеваме дека ќе добиеме и уште еден милион. Ако некој ме направи мене потполно здрав, тогаш јас нема да внимавам и лошо ќе се однесувам кон телото, па пак ќе се разболам, надевајќи се дека оној кој предходно ме изцелил, постојано тоа ќе го прави. Тоа е како да се сереме кај стигнеме и очекуваме и се надеваме дека некој друг ќе го исчисти тоа. Некои луѓе имаат став дека плаќаат и со тоа може да го купат здравјето. Најчесто прекасно разбираат дека здравјето не се купува, туку се гради.

           Кога некој ќе дојде кај мене јас најпрво настојувам да ги согледам неговите интереси и да согледам до каде е дојден во својот развој.

           Многу често духовноста луѓето ја поистоветуваат со моќ или со нешто магловито и нејасно и немаат поим зошто служи. Дел од нив зборот духовност ги плаши и тие однапред ја отфрлаат. Обично тие се врзани за некоја догма која ги ограничува слободно да размислуваат, а камоли да делуваат.

Духовноста е храна со која се храни духот в нас. Ако не го храниме и негуваме што се случува? Гурџиев кажува дека многу малку луѓе имат дух. Навистина ако не го храниме телото ќе умре, а што се случува ако не го храниме духот?

За среќа со секое вдахновение шансата да проживее Духот во нас постојано ја имаме затоа што вдишуваме или в-дух-уваме. Некои личности (личина-маска) вдахновението им е дим од цигари. Да сум на местото на духот, јас би одбегнувал таква една маглива и отровна средина.

Храна на Духот е чистите чувства и свеста. Чистите чувства за Духот се груба храна, свесноста е неговата најнеопходна храна.

Лажењето го искривува просторот и се појавува хало ефект (како магла околу секој објект). Некој умен би помислил дека е тоа аурата. Можеби е токму така. Особено ако знам дека свеста се шири во сите насоки, но таа е кохерентна, поларизирана или ако повеќе сакаш, насочена.

Лагата како императив е вградена во уставите на сите народи на Земјинава топка, особено кога се однесува за човековите слободи, за неговата религиозна определба и уште многу, многу бул шидови и повраќаници. Обвивката на земјата се повеќе наликува на Лагосфера, наместо на Атмасфера (атма-душа). Ако некој те лаже сака да те контролира, а ако сфатиш дека некој сака да те контролира, сигурно и ќе те лаже.

Јас сум Бог по својата суштина, Не само дека сум, туку и не можам да не бидам објективно, иако субјективно јас може да живеам во илузија дека сум нешто издвоено, самостојно или нешто посебно. Неприфаќањето на оваа вистина не прави повеќе да страдаме затоа што се одрекнуваме од самите себе како највисока суштина. Значи во остварувањето на повисоките цели не треба нешто да направам или да се оспособам (о-сп-особа-м), туку спротивното, треба да освестам издвоеноста и илузијата дека сум одвоен од Едното и да престанам да глумам или имитирам мајмун. Кога правиме зло, правиме зло на Едното. Не сакам да кажам дека себе си правиме зло, затоа што многумина нема да разберат дека со тоа му прават зло на највисоката суштина во нас и во се. Значи не е доволно да му правиме на друг она кое сакаме да ни го прават нас, туку треба да го одбегнуваме да го правиме она кое тој или таа не сака да му го прават. Секој си има свои афинитети, потреби, насоки и не изживеани импресии и ние колку и апсурдни да се, ако не загрозуваат други суштества немаме право да се мешаме или ако го правиме тоа треба да биде ако е во можност, во согласност со потребите на оној на кого влијаеме. Овие теми и патишта се многу лизгави и потребно е многу внимателност, затоа што лесно може да излетаме од патот. Се додека сме свесни дека сме дел од Бога, но и дека и сите други и се е дел од Бога ништо помалку по важни од нас, тогаш тоа е здраво резонирање.

Во моите „разговори“ најчесто јас се обидувам да комуницирам со Бог, без оглед на формата во која е. Тоа не го правам затоа што сметам дека сум нешто посебно, туку затоа што сакам да чинам Богу угодни нешта. Постојано нагласувам дека не само што не сум нешто посебно, туку не сум ни посебно, мене ме нема само Бог постои. Во овој случај кога зборувам низ јас, тоа е само затоа што комуникацијата е ограничена на личности и тела кои комуницираат, а јас не само што не сум тело, туку и нема јас во мене. Ова не значи дека некогаш нема некому да му делува ова како г(о)рдост, но гордоста е ексклузивност, а јас немам ама баш никаква ексклузивност, ниту особеност, јас сум или барем во најголем дел Сум.


Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 14:06 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: