English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Еволуција на знаењето PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Напишано од Сашо   
Понеделник, 05 Мај 2008 11:30

 

Еволуција на знаењето. Сопственост на знаењето. Чие е знаењето? На кого му припаѓа? Чување на знаењето.

 

 

Во Хитопадеша е запишано: "Од сите богатства на светот, знаењето е најдобро. Тоа не може да се купи, ниту да се дидаде, ниту да се продаде, тоа останува засекогаш твое кога еднаш ќе го стекнеш".

Omnia mea mecum porto- Сето свое со себе го носам. Вака им одговорил филозофот Биаз на своите сограѓани кои што бегајки избезумено пред непријателот го запрашале зошто не спаси дел од своето богатство пред да го ограбат.

Богатството на знаењето му припаѓа на секој оној кој ќе го пронајде, спознае, создаде. Но како и секое богатство и тоа е безвредно ако не се примени и сподели со другите.

Зборот еволуција се состои од зборовите еве ја луција или еве ја луција, светлината. Еволуцијата е патот кој што го изминува светлината или патот на свеста движејки се од назнаење кон знаење.

Илјадници и илјадници генерации и поединци го давале својот допринос во тоа што можеме да го наречеме развој или еволуција на знаењето.

Замислете колку би му било тешко на Никола Тесла да ги открие своите откритија ако ги немал пред себе откритијата од своите претходници и ако не ја набљудувал природата. Како би изгледал светот без неговите откритија?

Знаењето еволуира и циркулира од поединец до поединец, од група до група, од народ до народ, од цивилизација до цивилизација.

За разлика од историјата "учителката на сите науки"?, која што ја испишуваат победниците, еволуцијата се одвива по природен пат, по правило на критична маса. Кога доволен број на поединци ќе осознаат нешто, тоа почнува да се остварува.

 

Во своите дела Натуралс Куешчнс, 7 кн., стр.1, Сенека вели: ..."Ќе настапи време кога внимателните истражувања водени низ долгите временски периоди ќе го изнесат на светлина на денот тоа што сега лежи скриено. Еден единствен животен век, дури и кога сиот би се посветил на небото, не би бил доволен да се проучи нешто толку пространо...

... И така знаењето ќе се расцвета дури после долга низа од епохи. Ќе дојде време кога нашите потомци ке бидат вчудоневидени дека ние не сме ги знаеле нештата кои на нив самите од себе им се јасни... Многу откритија се сочувани за времињата кои штотуку доаѓаат, кога сеќавањето за нас ке избледи.

"Нашиот свет би било ужасно место ако нема на секоја епоха да и понуди нешто за истражување".

Природата не ги открива сите свои тајни одеднаш и на сите.

 

Бидејки знаењето е еволутивен процес и бидејки природата не ги открива сите свои тајни одеднаш и на секого, тоа се чува за идните генерации. Чувањето на знаењето е нужна и корисна работа, но во исто време е и начин на манипулирање со луѓето. Во науката постои термин наречен, "откривање на топла вода", кој означува дека тоа што е откриено веќе е откриено од некој друг. Луѓето ги научија да велат: не откривај топла вода тоа е веќе откриено!. Таквиот пристап кон знаењето е погрешен. Како да се продолжи со развојот на знаењето ако не се повторат сознанијата кои довеле до тоа откритие. Ако сакаш да стигнеш подалеку од патот што некој го поминал, потребно е да го изминеш тој пат и да продолжиш понатаму. Што има лошо во тоа да се пронајде топла вода. Можеме да ја искористиме за многу корисни работи. Преку процесот на чување и учење на знаењето без проверка и повторување на начините кои довеле до тоа знаење се создаваат учени луѓе кои се добри професори, теориски предавачи но кои што неможат практично да го применат своето знаење. Со тоа се создаваат теоретичари а не практичари. Се создаваат, копиранти, следбеници, имитатори а не иноватори и творци, креатори.

Другиот начин на ограничување на знаењето е кога откритијата се откупуваат од помала група на супер богати луѓе т.н. елита која што профитира од туѓите спознанија. Некој ќе открие нешто, ќе му дадат пари за тоа откритие и ке му ги откупат правата на тоа откритие. Потоа истото ќе го стават во банка на податоци на откритија и ке го ограничат правото на негова употреба преку, лиценци или дозволи за користење на тоа знаење.

Со тоа се создава огромен дисбаланс на планетава, па така имаме, делови од планетава кои работат на населување на други планети и светови и делови кои што умираат од сиромаштија, глад и страдања. Со знаењето се манипулира исто како и со парите.

Знаењето можеме да го замислиме како водотек. Тоа мора да тече, да се усовршува од поединец до поединец, од генерација на генерација. Ако се ограничи и присвои само за себе или за мала група на луѓе станува мртво, лажно, знаење слично на водата која стои во бара. По извесно време во неа се акумулира правот и таа започнува да смрди. Елитизмот и присвојувањето на знаењето, постоел, постои и понатака ке постои се додека ние луѓето не еволуираме во нешто повеќе. Нееднаквоста во знаењето доведува до борба помеѓу оние што знаат и оние што несакаат другите да знаат. Оваа древна борба се нарекува борба помеѓу синовите на светлината и синовите на темнината. Синовите на темнината се оние кои што го кријат или уништуваат знаењето и кои што ги одржуваат другите луѓе да веруваат во догми кои неможат да се докажат или проверат. Синовите на светлината се тие кои што знаат и кои што сакаат да живеат во свет во кој што сите ке знаат. Борбата помеѓу нив сеуште трае. Таа треба да престане. Зошто се работи за две крајности, спротивности. Еволуирањето доведува до нивно помирување, прифаќање. Зошто да живееме во крајности кога можеме во златната средина на прифаќањето на спротивностите.

Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 16:11 )
 
Коментари (1)
Прекрасно
1 Среда, 03 Декември 2014 15:26
Прекрасно
Прекрасно е Rose Heart Very happy smiley

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: