English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Злосторство против човештвото, употребата на аспартам Picture Film PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Напишано од Антитрп Богумилски   
Понеделник, 06 Октомври 2008 15:00

 

     Постојано ни кажуваат дека белиот шеќер е отров и треба многу внимателно да се конзумира. Ако побараме замена ќе наидеме на аспартам, вештачки засладувач, но внимавајте, тој е многу по отровен од шеќерот.

      Како е можно, се прашувам како е можно тоа? Како може отровни производи да се продаваат легално. Па нели е со закон забрането да се продаваат отровни производи, а да се рекламираат?! Контролата на медиумите во некое друго време кога немаше интернет беше пречка да се дознае вистината, но во денешно време употребата на отровни производи се граничи со лудило, а алчноста е безгранична. Оние што ги одобруваат таквите производи треба да се најдат зад решетки како масовни убијци. Тие убиле повеќе луѓе од воените злочинци. Да не зборувам за осакатените.

Нелегални акции спроведени со ФДА одобрувањето

     ФДА (Администрацијата за храна и лекови) го одобрила новиот молекул на генетскиот инжињеринг во 1974 година подлегнувајќи на принудата на криминално дело од Г.Д. Сеарл, фармацијата. Ова одобрение ја анулира претходната забрана на користење затоа што една од компонентите на аспартам (дикетопиперазин) прдизвикува мозочни тумори. Тестовите се фалсификувани после 1981 година после доаѓање на Реган како претседател на Америка кога го поставува новиот директор на ФДА Др. Артур Х. Хејс. Во 1984 Хејсовата кацеларија ја одобрува употребата на молекулот во адекватен раствор (во лесни пијалоци и т.н.) и три месеци подоцна Др. Хајс ја напушти позицијата во владата и отиде да работи за Nutra Sweet како портпарол за 1000 долари на ден.

 

Ако овде доволно не ви мириса или смрди на расипано јајце да ви нагласам што предизвикува апартам во лабораториски услови:

 

Тумор на мозокот

 Тумор на Гради

 Тумор на матка

 Тумор на панкреасот

 Укоченост

 Смрт

 Аспартам ја менува ДНК

 Во тестовите од трета генерација кучиња на кои се испитувала аспартатската киселина (компонента на аспартам) родени се:

 Прекумерно дебели

 Сексуално нефункционални

 

Компонентите на аспартам и неговите штетни продукти може да наштети на мозокот и централниот нервен систем на децата и возразните кои го конзумираат.

Забележани психолошки симптоми:

 

Самоубиствена депресија

 Панични напади и вознемиреност – Манија

 Пореметување во спиењето

 Длабоко пореметување во однесувањето (гнев, промена на расположението)

 Мозочно хемиска нерамнотежа

 Пореметување на личноста

 Халуцинации

 Ненормално однесување

 

 

Аспартам е познат како засилувач или предизвикувач на напади при следниве медицински состојби:

 

Епилепсија

Паркинсон

Алцхајмер

Мултипла склероза

Лимфома

Фибромиалгија

Ментална ретардација/ Дефекти при раѓање

Диабетес / Хипогликемија

Срце

Бели дробови

Црн дроб

Бубрези

Тумор во мозокот

Артритис

Слепило

Тинитус

Пред менструални болки

Карпал тунел

Лиме болест

Муниерова болест

Други: Поретко / тешки за дијагноза болести

 

Аспартам е наречен „системски“отров, а тоа значи дека буквално може да делува на функцијата на секој орган во телото. Ефектите се „кумулативни“ и не се покажуваат при краткотрајни тестирања.

 

     После земањето на аспартам само за половина час може да се активира херпес. Ако знаеме дека херпесот се активира кога имунитетот е слаб, тогаш следи дека... Можеби затоа децата не може никако да заздрават кога ќе видиме дека во нивните сирупи против кашлање има производ кој го руши имунитетот, во мастиките за џвакање, во сокчињата кои им ги даваме затоа што се „здрави“ за пиење, во шумливите витамини, во .....

 

     Чудно ни е зошто се повеќе се зголемува насилството меѓу децата и нешто како епидемија на хипер и хипоактивните деца, како и користењето синтетички дроги како лекови за ублажување на таквите состојби. Многу ме интересира што би рекол Алберт Ајнштајн кој после првата проба на атомската бомба изјавил:

„Само две нешта знам дека се бесконечни, универзумот и човековата глупост. За првото не сум сигурен“.

 

Да видиме кои се компонентите на аспартам за да ни стане појасно зошто е толку штетен.

 

     Фенилаланин 50% - го намалува тонусот. Предизвикува ментална ретардираност во некои случаеви. Го блокира производството на Серотонин (клучен невропренесувач кој го контролира: Расположението, нормалното спиење, глад. Се култивизира во Е-коли бактерија во лабораторија.

 

     Аспартатска киселина 40% - Предизвикува повреди или дупки во мозоците на лабораториските животни. Пренадразнетост (ги дразни мозочните клетки до смрт), амино киселина. Предизвикува моторно нервни болести во тестираните случаеви.

     Метанол 10% - Исто така познат како метил алкохол. Тој го оштетува црниот дроб и очите. Две лажичиња за кафе може да бидат смртоносни за човек. Не делува исто на луѓето и животните па така лабораториските тестови не го покажуваат вистинскиот полн ефект на труењето. Метил алкохолот се разложува во формалдехид (течност за балсамирање) и формичка киселина (мравја киселина) на температува од 30 степени целзиусови. Предизвикува дефекти кај новороденчињата и фетален алкохолен синдром кај новородените доенчиња. Како содржина на друга храна во природата метил алкохолот доаѓа со етил алкохол кој ги неутрализира отровните ефекти на метанолот во метаболизмот на телото. За жал нема етил алкохол во аспартамот, така метанолот во него е во „слободна форма“ и веднаш се апсорбира во крвотокот. На секој молекул аспартам по еден молекул од метанол се ослободува. Класичните знаци од труење со метанол вклучуваат: летаргија, конфузија, грчеви во нозете, болки во грбот, тешки главоболки, стомачни болки, тежок говор, истоштеност, губење на видот/слепило, тешко дишење.

 

     Дикетопиперазин (DKP) – Предизвикува тумори во мозокот во лабораториски тестови. Кај тринаесет од 320 лабораториски животни се појавиле тумори во мозокот на тестирањето. Аспартам ја оштетува и поминува низ крвно мозочната бариера и го оштетува мозокот.

 

Аспартам и безбедноста во Авиосообраќајот:

 

     Многу воени и комерцијални пилоти им е одземена дозволата за летање од медицински причини, базирани на напади кои се појавиле затоа што земале аспартам. Гранд мал напади (епилептичен напад) се забележани во пилотските кабини.  

 

Во 1985, G.D Searle и Nutra Sweet Co. станаа единствени сопственици на Monsanto Chemical во Сент Луис. Контроверзниот Судија на Врховниот Суд, Clarence Thomas е поранешен Монсанто адвокат.

 

 

Монсанто ги продава неговите оддели за производство на засладувачи на J.W. Partnership.

1998 Monsanto поденсува во ФДА одобрение за огромен молекул „базиран на аспартам формулата“ со додаток: 3-dimethylbutil (на списокот на ЕПА како најризичен во целиот список). Така Neotame станува 13.000 пати по сладок од шеќерот.

 

На 5 јули 2002 Neotame, Монсатовиот супер био манипулиран молекул (најновиот лажен засладувач) е одобрен од ФДА по шаблонот на веке регистрираниот Аспартам. Долгорочните ефекти врз луѓето не се познати.

 

 

Диабетес и Аспартам / Неотам

 

Диабетичарите се најмногу излажани, затоа што им е кажано дека аспартамот е нивниот доживотен придружник кон добро здравје, а тоа е токму спротивното од вистината. Запомнете дека аспартамот предизвикува панкреатитни тумори во лабораторијата. Диабетичарите може да го видат вистинскиот ефект на аспартамот врз нивото на шекерот во крвта со овој тест на проверка на крвта:

Забележи колкаво е нивото на шеќерот дали е во нормални граници. Ако е, тогаш продолжи. Испиј 2 – 3 чаши диетална кока кола или пепси (лајт), пијалок кој содржи аспартам наеднаш без пауза. Тогаш почни да го мериш шеќерот во крвта еден час после тоа, на тој начин може да се потврди штетниот ефект на аспартамот. Овој тест НЕ се препорачува на оние кои не пијат барем 2 диетални пијалоци дневно. Шекерот после пиењето на пијалок со Аспартам се зголемува, значи уште една лага дека им помага на диабетичарите.

 

Децата се 4 пати по подложни на аспартам труењето затоа што нивниот централен нервен систем е во развој. Ако прочитате Фенилаланин (phenylalanin), немојте да го купувате. Настојувајте во медицинскиот картон на вашето дете да влезе дека на вашето дете да не му се препишува лек кој содржи фенилаланин (тие секогаш се дел од аспартам и неотам). Аспартамот е мулти милијарди долари бизнис со повеќе од 7000 производи, мастики за џвакање, во детските антибиотици и лекови, во детските витамини и лековите против болки за деца. Во лабораториите аспартамот предизвикува трагични проблеми со новороденчињата.

 

Аспартам се продава и се консумира од повеќе луѓе од било кој друг вештачки производ во историјата. Во 1992 година 6,4 милиони килограми.

 

           

 

 

Накратко за Аспартам

 

Го има во: Антиобиотските сирупи, во витамините за џвакање и шумливите таблети, во храната, диететските напитоци, кармини за уста и во многу места каде не е означен. Нема забрана за употреба во храната.

 

Состав: Метил алкохол (10% од тежината) аспартат и фениланин.

Се разложува или претвора во: Формалдехид и формичка киселина.

 

Сроден е со: Моно содиум глутамат. Аспартатите и глутаматите се разликуваат по една метил група и имаат слични несакани ефекти.

 

Отровни ефекти: Аспартатите и глутаматите се стимулирачки амино киселини. Кога во прекумерна количина се присутни во мозокот тие делуваат како невротоксини уништувајќи  ги нервните ќелии.

 

Фенилаланинот кога се комбинира со аспартатската киселина од аспартатот и метил алкохолот го исцрпуваат серотонинот од мозокот.

 

Големо ниво на фенилаланин асоцира со ненормална работа на мозокот и негово оштетување. Нивото може да се зголеми за 30 – 40 пати поголемо од нормалните вредности.

 

Таков зголемен додаток во тестовите кај мајмуни предизвикува гранд мал напади (тешки епилептични напади) за 218 денови користење.

 

Ако страдаш од: Заборавеност, депресија и раздразливост, шумење во ушите, треперење вртоглавица, треперењето предизвикува епилептични активности, укоченост, ослабување на видот, вртоглавица, зголемен апетит. Можна е исто така и периферна невропатија, болки во зглобовите, истоштеност, оштетување на црниот дроб, а во екстремни случаи може да предизвика самоубиствени намери. Оштетувањето на мозочните клетки може да предизвика симптоми на Алцхајмер и Хунтигнова хореа, тогаш ова може да е предизвикано од користење на Аспартам.

 


 

Ако видите „sugar free“ на етикетата од некој производ или лек, НЕМОЈТЕ ДА ГО ЗЕМАТЕ. Во Соединетите Американски Држави владее епидемија на мултипла склероза и системски лупус, а нив на конгресот за „Светско опкружување“ 2001 година се изнесени како причина е користењето на аспартам во исхраната. Труењето со метанол е тригер или активатор на мултиплекс склерозата.

 

За време на предавањето е кажано:

 

„Ако употребувате Аспартам и страдате од фибромиалгија, грчеви, боцкачки болки, трпки во нозете, вкочанетост, вртоглавица, главоболка, тинитус, болки во зглобовите, депресија, напади на вознемиреност, тежок говор, проблеми со видот или проблеми со меморијата, најверојатно страдате од БОЛЕСТА АСПАРТАМ“. Некои луѓе за време на предавањето сколкале и кажувале дека ги имаат симптеомите и веднаш прашувале дали има лек за тоа. Предавачот им нагласил дека ако не користат понатаму аспартам, симптомите се повлекуваат.

 

Забележано е дека сите зависници од производите кои содржат аспартам кај сите се забележани симптоми на МС. Ова не е коинциденција.

 

Овие диететски производи ја зголемуваат потребата од јаглено хидрати, а формалдехидот се таложи во масното ткиво, а особено околу колковите.

На предавањето Др. Робертс во неговите лекции кажува дека имал пациент кој за кратко време откако престанал да користи вакви производи ослабел 10 килограми.

 

Аспартамот е особено опасен за диабетичари. Откривме дека предизвикува ретинопатија (од метил алкохолот). Аспартамот го подига шеќерот во крвта вон контрола. Така диабетичарите страдаат од акуктно губење на меморија, затоа што аспартатската киселина и фенилаланинот се невротоксични кога се самостојни и кога не се заедно со другите амино киселини како што е природно во протеините. Така ги предизвикува симптомите кои ги нагласив понагоре. Постои оправдано сомневање дека Заливскиот синдром кој се јавува кај америчките војници да е предизвикан од аспартам.

 

Др. Роберт предупредува дека може да предизвика дефектни деца т.е. ментална ретардација ако се зема за време на зачнувањето и во раната бременост. Децата се посебна ризична груба за невролошки пореметувања и НЕ треба да им се даваат вештачки засладувачи. Јас наоѓам поврзаност во различни случаеви кога децата имаат епилептички напади и други неправилности предизвикани од аспартам. За жал не е секогаш лесно да се убедат мајките дека аспартамот е виновник за болестите на нивните деца. Само преку проби и успеси ќе ги уверат за да ги предупредат другите мајки да им помогнат на своите деца.

 

Стевиа можната замена а особено затоа што не е адиктивна (не доведува до зависност) и која би била идеална за дијабетичарите.

 

 

Може да ги погледате книгите: EXCITOTOXINS: THE TASTE THAT KILLS - written by Dr. Russell Blayblock (Health Press 1-800-643-2665) and DEFENSE AGAINST ALZHEIMER'S DISEASE - written by DR H. J. Roberts

 

Последно освежено ( Сабота, 21 Февруари 2009 15:25 )
 
Коментари (1)
Vestacki zasladuvaci
1 Петок, 26 Јуни 2009 15:21
Goce
Dali mozete nesto da napisete i za Ksilitol, Sorbitol, Manitol
Blagodaram

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: