Флуор ![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Напишано од Антитрп Богумилски | |||
Понеделник, 06 Октомври 2008 17:39 | |||
Деновиве почнаа да го „збогатуваат“ млекото на децата со флуорирање, па да Ви преставиме некои работи кои може да ве образуваат во таа насока. Флуорот е отров кој спречува кариес, а патем ги убива луѓето. Оние кои нема да ги убие, ги прави зомби. Секојдневно нё бомбардираат на телевизијата дека пастите за заби содржат флуор, а тој спречува појава на кариес. Зошто тие силни потплатени стручњаци не ни кажат за флуорични заби или коски, а тоа е многу, навистина многу посериозно од кариес. Еве што најдов на интернет за ова:
„Забелешка за стоматолозите“
Стоматолозите не се во незнаење кое се граничи со глупост. Ова може да изгледа така од нивните акции. Стоматолозите убиле повеќе луѓе од 1950 наваму, во однос на сите војни заедно во историјата. Стоматолозите се опијанети и измамени од Естаблишментот. Тие се употребени како пиони да ја пљачкосаат и убијат нашата цивилизација во име на нивните поддржувачи во Естаблишментот преку скриена операција наречена Флуоридна измама. Стоматолозите знаат од нивните студии по биохемија дека флуорот е најсмртоносниот отров познат на човештвото.“ Јас би додал дека уште, замислете си, уште употребуваат метал Жива кој е најотровниот метал и ни го вградуваат во пломбите, заедно со уште еден отровен материјал Сребро. Да не зборувам за помалку отровните, но не и штетните бакар и останати метали употребени во стоматолошката пракса. Пред десетина години бев на една гатачка која сите ја славеа. Сакав да го видам тоа чудо, и, еден ден отидов до кај неа и ја прашав што ќе ми каже. Таа ми кажа дека еден мој роднина нагазил нешто или поминал, поминува на место каде што има некој друг фрлено жива. Јас се насмеав и ја прашав, а што е со сите други кои поминуваат на тоа место. Таа уште пошироко се насмеа и рече дека сите што поминуваат од таму ќе бидат затруени, но најмногу тој на кого му е направена магијата. Кога се насмеа во нејзината уста „прекрасно“ беа сместени неколку црни пломби. Јас уште посилно се насмеав и не можев, а да не и` кажам: - И тебе ти направил некој црна магија ама тоа не можеш да го видиш. И тоа многу посилна од таа на мојот роднина. - Што зборуваш глупости, момче? - Не, бабе, не зборувам глупости. Сигурен сум во тоа. - Сакаш да кажеш дека и ти си гатач и тоа подобар од мене? - Не, туку сакам да кажам дека јас го гледам тоа. - Како можеш ти да видиш нешто кога јас сум заштитена од сите магии? - Просто, бабе, со очи. Во твојата уста има толку жива да отруе стотина луѓе или да им се направи магија. Твојот забар е поголем магичар од тебе. Образложението на забарите е дека таквите пломби се потрајни, подобро лежат и не паѓаат. Поголема глупост од ова не е ни флуорот и флуорирањето на водата, како и флуорните капсули во школите, и оние за трудниците.
Повеќе од половината жители на Соединетите Американски Држави пијат флуорирана вода која доведува до рак и артритис. „Ракот на крвта води до флуоридот во десетгодишното истражување од Националната Токсиколошка Програма од УС Департментот (Министерството) за Здравје и Човечки Услуги“. Оваа сензационална вест е откриена во ексклузивниот извештај на Медицинскиот Гласник (?Medical Tribune?), на 28. Декември 1989., но постојано се занемарува/пренебрегнува (игнорира) од јавните гласила (медиумите). Исто така, Проктер и Гембл изработувачот на Крест (флуорната паста за заби) преставил студија на U.S. Public Health Service, покажувајќи дека флуорот е тестиран позитивно како предизвикувач на рак употребен и во најмала концентрација. Чарлс Елиот Перкинс истражувач хемичар пратен во Германија за да се погрижи за I.G. Farben Chemical Industries после Втората Светска војна, кажува дека доза на флуор е употребена да ги направи луѓето послушни, смирени и покорни на владата. Тој пишува: „Од десната страна на тилот од левата страна на мозокот има мала зона на мозочно ткиво кое е одговорно за индивидуалната сила на спротивставување на доминација. Повторувајќи ги дозите на флуор со време, малку по малку ја намалува индивидуалната сила за отпор со бавно труење, опијанувајќи ја оваа зона на мозочно ткиво и правејќи го потчинет на оние кои сакаат да владеат со него. Овој план ми го кажа германски хемичар кој беше службеник (официјален) во I.G. Farben Chemical Industries и во врвот на Нацистичкото движење од тоа време.
(The Fact Finder, Box A Scottsdale, AZ 85352)
Извадоци од книгата „Контрола на свеста“ од Џим КИТ "Consciousness control" of Jim Keith, edition J. M. ISBN 3-89539-290-1
„Внимвавајте при користење на флуорот“
Треба да се забележи нешто интересно, подоцна на научниците од ЦИА, од одделот КОНТРОЛА НА СВЕСТА, употребуваат како нацистите сигурни целни групи за нивните експерименти. Тие се спроведувани на етничките малцинства, странците, душевните пациенти, затвореници, луѓето со сексуални пореметувања, зависници и неизлечиви болни. Се забележува врската на нацистите и Британската хемиска контрола на свеста. Чарлс Елиот Перкинс е еден од најпознатите индустриски хемичари во САД. Тој е пратен од Владата на САД да помогне во преземањето на германскиот индустриски џин И.Г. Фарбен после Втората Светска војна. Во писмото кое Перкинс го напишал на 2. Октомври 1954. година до Ли донацијата за здравствена заштита и истражување во Милвоки, Висконсин, тој вели: „Идејата за флуорирањето на водата е донесена од рускиот комунист Креминов од Русија во Англија. Во триесетите години Хитлер и германските нацисти ја гледале иднината на светот контролиран од нацистичата филозофија и Пангерманизмот ... Германските хемичари направиле план на долг период за масовна контрола, тој е предаден на Германскиот генералштаб и прифатен од нив. Овој план ја разгледува можноста за контрола на населението на сите полиња преку додавање на хемикалии во водата за пиење.. На овој начин тие може да го контролираат населението во сите подрачја, како психолошка, здравствена и контрола на раѓање (жените ги прави јалови, неплодни, стерилни) и т.н. Во овој план на масовна контрола, натриумфлуоридот зазема значајно место. За да биде прифатена флуоризацијата, најдобро е да се посочи дека таа е за доброто на децата и нивните заби. Ако постои вистинска мамка, полесно ќе биде прифатена. Вистинската причина за флуоризацијата е да се намали отпорот кај масите против контролата и губењето на слободите... На тилот на левата половина (хемисфера) од мозокот постои мал дел на мозокот, кој е одговорен за силата на индивидувалниот отпор за доминација. Повторувани дози на многу мали количини на флуорид после некое време го намалуваат отпорот за доминација со бавно труење и анестезирање на овој дел од мозокот. Човекот го прави подложен на контрола ... Овој план ми го раскажа германски хемичар кој во тоа време бил соработник во хемиската индустрија и почитуван член на Нацистичката партија. Го забележав ова заради неговата сериозност и искреност на научник кој зад себе има 20 годишен период на истражување во областа на хемијата, биохемијата, психологијата и патологијата на флуоридите. Секој кој ќе пие флуорирана вода една година или повеќе, никогаш повеќе нема да биде истиот, ни ментално ни физички.“ Prof. Dr. Abderhalden: „Најголемиот број на болести се резултат на неправилната работа на ензимскиот систем. Флуорот може докажано да направи штета кај 24 ензими. „ Dr. W. Oelschlaeger, Universitaet high home: „Концентрацијата на 1,2 ппм планираната концентрација на флуор кај питката вода е многу висока. Оштеување на здравјето, особено кај децата, кај старите и кај болните, не може да биде исклучена, затоа треба да се отфрла флуоризацијата на водата за пиење.„
|
|||
Последно освежено ( Сабота, 21 Февруари 2009 15:29 ) |
Поздрави на сите и не користете соди и такви работи.
Nie ziveeme vo ludo vreme, vo ludilo, vodeno od kriminalno bolni umovi i idioti za nivna eksploatacija.
Beli tragovi na zabite e prviot znak deka ima hronicnost na trovanje so fluor. Ova e poznato kako Dental fluorosis. Fluoridot najprvo go pravi zabot cvrst, potoa krsliv, a istoto toa se slucuva i na koskite.