English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Циркусот наречен вакцина против рак на матка Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Напишано од Антитрп Богумилски   
Петок, 17 Октомври 2008 10:06

 

Деновиве во нашата убава земја гостува циркусот наречен вакцина. Да вакцина замислете вакцина против рак на матка! Вашки-гени-за-циа или гулф синдром.

Браво, браво, одамна не сум видел ваков циркус, ниту ваква реклама, па и посетеноста на истиот е огромна. Бројот на булетите е ограничен, само ограничени бројни луѓе може да ја примат (печатна грешка). Циркус кој годишно заработува 1 милијарда зелени шушки. Иако имаат девалвација, тоа и понатаму е прилично добра сума.

Истовремено деновиве е објавена и Нобеловата на-града за медицина која ја добиле три европски научници за откритието на HPV вирусот и HIV вирусот и тоа го поврзуваат со вакцината.

Чекај, Чекај овде нешто мириса на расипано јајце или мене нешто не ми е јасно. Колку мене ми е познато не измислиле патување низ времето за да се вратат и да ја направат вакцината пред да го најдат вирусот на рак.

Вакцината е направена неколку години пред да е најден вирусот, и тоа во Ав-стра-лија, а Нобелова награда добиваат наученици од Јуроп, како е тоа можно? Се, апсолутно се е можно во нашиов серкус и тоа дека вирусот на популарната забавна емисија наречена СИДА се знаеше многу години пред да се открие вирусот и се тестираа мајмуните, пардон луѓето. Исто како и HPV кој се тестисира многу години пред да се пронајде вирусот.

Овие нешто се трудат да не збунат па се прават на луди, знаете онаа изрека за лудиот и збунетиот.

Еве што за тоа вели Др. Меркола. Тој е лекар кој ги напаѓа глупостите кои ги прави медицината и обелоденува нечистите игри кои ги игра естаблишментот за да се намали популацијата на Земјината топка со убивање на 4/5 од населението, за полесна контрола на она кое ќе остане.

            „Гардасил е исто толку опасен колку и не проверен

Мерковиот Гардасил вакцина треба да ги заштити младите девојки од добивање рак. Сега ФДА (Америчката администрација за храна и лекови), потврдува за најмалку два случаи за појава на рак кај вакцинирани (а на интернет има многу повеќе). Дали воопшто вакцината може да заштити од било кој тип на рак апсолутно е непознато.

Во меѓувреме Vaccine Adverse Events Reporting System до јули оваа година примил 9700 пријави за проблеми од вакцината иако таа се користи од 2006. Се пријавува парализа, фатеност, абортирање на бебиња. Има повеќе од 20 смртни случаи иако владата не ги поврзува за сега.

Вакцините се во основа развиени да ги заштитат луѓето од екстремно заразните болести кои примарно се пренесуваат преку воздухот. Сега опасни и непроверени вакцини се даваат задолжително во надеж дека ќе заштитат од болести за кои е потребен многу интимен контакт за пренос“

Др. Меркола

Тоа го кажува Др. Меркола а јас прашувам: Кој има корист од оваа вакцина за вака да се  промовира, многу повеќе од било кој рок концерт?

И наводно е бесплатно, замислете без-платно. А дали знаете дека само сирењето на стапицата за глувци е бесплатно, а во фармацијата ни еден отров не е бесплатен. Сакаат да речат дека не го плаќаме, а да прашам кој го плаќа?

И кој ја плаќа рекламата за вакцинацијата? И од чии пари? А? А?

Абе има ли некој писмен овде, користи ли некој интермец?

Тамо фино на Вашата цевка (You Tube) (узми шипката и работи) пишува еден куп работи, па дури и филмчиња за неписмени има што прави истата оваа вакцина и за нејзините ефекти, па ако не разбирате Енглисх гледајте картуни (слики).

Читајќи го ова веројатно се прашувате како може некој да се шегува со вака сериозни нешта. Слушнав деновиве во една здравствена установа дека сите или барем повеќе доктори биле против употребата на оваа вакцина затоа што не е проверена, затоа што не се знаат последиците од неа, затоа што имаме многу вакцини кои ги примаат децата, но откако им е нагласено дека „тоа така мора да биде“, единствено што можеа докторите да направат е своите блиски да не ги вакцинираат. Исто така слушнав дека во една друга здравствена установа ќе се потепале кој да дојде на ред за да пријави некој негов близок.

Како и да е сметам дека треба да се обрне многу повеќе внимание на промискуитетот кај младите и негување на здравиот начин на живот, како и здрави односи. Вака како сега стојат работите само се заплашуваат.

„Модерново“ време носи „модерни“ односи и „модерни“ болести. Како тргнале работите за десетина години децата нема да се зачнуваат на „стариот“ начин туку на „модерен“ вештачки начин, натаму оди работава, особено ако на децата им бутнат уште некоја вакцина, уште некој лек и уште некои новини во животот како чурење на мозокот со мобиљки (тоа е ин) и лажен морал и лажна загриженост за младите па и постарите за нивното здравје. Докторите не ги интересира здравјето туку болестите, затоа што нивната работа не е здравјето туку болеста, затоа никогаш до сега во историјата на оваа позната цивилизација, луѓето не биле по болни иако толку многу се „грижат“ за нивното здравје. Аман бре луѓе, оставете не на мира, немојте да се грижите толку за моите болести, оставете ме да оздравам од отровите што ми ги давате за да ја убиете мојата болест. Колку повеќе Смртокс (превод за антибиотик) ми давате толку по болен станувам а на бактериите јас им станувам фитнес клуб. Денес не гледам една болест која со „модерните“ начини на „лекување“ се лекува, туку само ублажување и продлабочување на проблемот.

 

Д(ома)р. Антитрп Богумилски

 

Последно освежено ( Понеделник, 02 Март 2009 14:36 )
 
Коментари (2)
VAERS резултати
2 Петок, 03 Февруари 2012 17:20
Zoran-za-VAERS
VAERS кажува нешто друго, не тоа што текстот погоре го тврди. Најдобро да се прочита изворот:

http://www.cdc.gov/vaccinesafety/vaccines/hpv/gardasil.html
ne moze da postoi vakcina protiv rak
1 Сабота, 23 Јануари 2010 16:00
tinazvezda
sepak ima D-ri koi se grizat za svoite pacienti i se borat protiv ovaa stetna vakcina,na svoj nacin.

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: