English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Опасни вакцини тестирани на бебиња во БиХ PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Напишано од Administrator   
Петок, 06 Март 2009 13:19

 

 

 

Светската здравствена организација(СЗО) дозволила во БиХ употреба на вакцината за хепатитис Б со име "euvaks B" во периодот од 2002. до 2007. година врз здрави новородени бебиња без претходни тестови.

Ова за "Glas Srpske" го изјавила директорката на “СОС телефонот 1209“ Јагода Савиќ, додавајќи дека последиците од една таква неодговорност на СЗО денес се видливи на бебињата, на кои таа им помага заедно со нивните родители. Никогаш, истакнува, не е востановен степен на ризик од тие вакцини по здравјето на бебињата.

Таа тврди дека користењето на вакцините "euvaks B" е запрено во текот на 2002. година, но дека нивниот увоз во БиХ продолжил преку Индија и дека се користени  се до минатата година.

Савиќ поседува и фотографии на бебиња на кои се воочливи големи деформитети заради вакцинирањето со овие вакцини.


Хепатитис Б е многу серизна болест на црниот дроб, но нејзиното ширење нема епидемиски карактер. Болеста се пренесува воглавно преку крв, игли и телесни течности па од неа заболуваат ризични групи на наркомани, хомосексуалци, луѓе кои многу патуваат, здравствени работници кои доаѓаат во контакт со носителите на вирусот.  


Савиќ изјавува дека до СЗО минатата година испратила четири прашања во врска со вакцината "euvaks B", но не добила одговор, освен куртоазно писмо дека “ќе ги земат во предвит информациите во идните истражувања“. 


-
Од СЗО барав одговори на тоа дали се извршени претходни тестови на вакцината врз здрави новородени бебиња и дали е изменето правилото за најдобра имунизациска пракса. Министерствата за здравство на 18 земји во Европа ми одговорија дека децата ги вакцинираат во шестата или седмата година, а новороденчиња се вакцинираат само во земјите познати како зони на жариште. Ниедна здравствена установа во БиХ не даде одговор зошто во БиХ треба да се вакцинираат новородени бебиња во првите 24 часа на живот, пред вакцината БСЖ – вели Савиќ.

Таа ја прашала СЗО дали постои список на земји во кои е користена вакцината "euvaks B" со лиценца пред употрбата во БиХ, како и тоа зошто не се извршени според законот задолжителните тестови на вакцината врз глувци кои се однесуваат на влијанието на вакцината врз репродуктивната способност.


-
Членот на Федералната комисија за отрови ми кажа дека таквите ефекти на вакцините се долгорочни и дека се гледаат дури по 15 до 20 години, кога генерацијата која е вакцинирана ќе дојде во возраст за раѓање – истакнала Савиќ.      

Таа истакнува дека генералната директорка на УНИЦЕФ за Европа во Женева, Марија Каливис во 2005.година ветила дека ќе испита за што се работи, но никогаш не го исполнила ветувањето.

 

Фондацијата Гејтс заинтересирана за случајот со вакцините во БиХ

За проектот GAVI наменет, помеѓу останатото и за истражување и примена на вакцината "euvaks B", собрани се дури три милијарди долари.


-
Од тоа Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс издвоила повеќе од 1,5 милијарди долари, а заради користењето сомнителни вакцини во БиХ за тој случај неодамна се заинтересирале и адвокатите на таа фондација. Се сомневам во големи сплетки од страна на СЗО со цел Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс да не дознае за овие факти и нашите прашања упатени кон СЗО на кои никогаш не е одговорено – вели Савиќ.

 


СЗО ги исфрлила податоците од извештајот за осиромашен ураниум

Началникот на Службата за хигиена при Институтот за заштита на здравјето на РС Милорад Балабан изјавил порано за “Глас“ дека никој од СЗО до денес не реагирал ниту во случајот на осиромашен ураниум со кој НАТО ја бомбардираше РС 1995. година


Тоа не се случило, иако експертите од Обединетите нации за заштита на животната средина (UNEP), по истражувањето спроведено 2002. година за штетноста на осиромашениот ураниум, ги проследиле резултатите до СЗО.


Во април и поранешниот службеник на СЗО, британскиот физичар Кит Баверсток, изјавил дека СЗО под влијание на САД од извештајот на ОН 2001. година го исфрлила податокот дека оружјето со осиромашен ураниум, кое е користено за бомбардирање на СР Југославија 1999. година, е опасно по здравје и канцерогено.


Портпаролот на европската канцеларија на СЗО Љуба Негру изјавила за "Glas Srpske"  дека регионалниот директор на СЗО за Европа Марк Дансон рекол дека “СЗО се држи до извештајот за осиромашен ураниум од 2001. година и дека врз никого не е извршен притисок при пишувањето на тој извештај.“

 

Текстот е превземен од следниов линк:

http://www.banjalukalive.com/rs-i-bih/opasne-vakcine-testirali-na-bebama.html

Последно освежено ( Недела, 15 Март 2009 19:58 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: