English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Турмерик Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Среда, 17 Февруари 2010 12:52

Turmeric (Curcuma longa), познат исто така и као куркума, извадок од корен кој што е активно жолт зачин употребуван често во индиските специјалитети. Турмерик потекнува од Индија и некој делови на Азија, потпаѓа на родот на кардамомот и џинџерот или ѓумбир. Денешните билкари и натуропати  сметаат дека турмерикот е еден од најсилните  антиоксиданси на денес. Турмерикот успешно може да помогне во лекувањето на разни состојби на воспаленија вклучувајќи катаракт, артритис, рак и срцеви заболувања. Исто така се користи како третман и за (скабиес) красти и дигестивни проблеми, забрзува зараснување на рани и го зајакнува имуниот систем.

 

Западната медицина дури неодамна започна да го истражува турмерикот. Како и да е овој зачин има долга историја на употреба повеќе од 2500 години во Индиската медицина Ајурведа и во традиционалната Кинеска медицина за лечење разни инфекции, проблеми со жолчниот меур, дизентерија, артритис и проблеми поврзани со црниот дроб. Неколку студии направени од индиски научници подржаа многу од традиционалната употреба на турмерикот за борба против разни воспаленија, лоша дигестија и болести поврзани со црниот дроб и срцето.

 

Турмерикот содржи куркума и куркумоноиди, кој што се силни фитохемикалии против воспаленија и дејствуваат како природни (КОX-2) инхибитори во телото и ја запираат продукцијата на простагландините кои  предизвикуваат воспаленја и оток. Индиските научници открија дека турмерикот делува олеснувачки и ги намалува во голема мера болките во зглобовите и отоците кај луѓето со артритис како и кај оние на кои што препишале не стероидни лекови против воспаленија (НС АИДС) без никакви споредни ефекти како стомачно крвавење и проблеми со стомакот.

 

Турмерикот е природен антиоксиданс а со тоа и го заститува телото од оксидативни оштетувана. Лабораториските студии пронајдоа дека турмерикот го запира развивање на катаракт, рак на градите, рак на дебелото црево и туморот. Во едно испитување пушачите кој што зимаа само една чајна лажичка на турмерик дневно во течение на 30 дена имаа значително намалување создавање на канцерогени мутагени. Во друга студија, само 500 милиграма од куркума секојдневно значително им го намалил нивото на холестерол на учесниците во времетраење од само 10 дена. Некој истражувања посочуваат на способностите на турмерикот да го намалат холестеролот така сто можат да ги обезбедат истите заштитни својства кој сто се во корелација со ѓумбирот, вклучувајќи превенција на згрутчувањата на крвта и намалување на крвниот притисок.

 

Турмерикот помага при чистење на телото од отрови, и го штити црниот дроб од штетните дејства на алкохолот, токсичните хемикалии и дури некој од фармацеутските лекови. Турмерикот го стимулира лачењето на течностите од црниот дроб кои сто се потребни за да се разложат маснотиите. Турмерикот исто така го чува стомакот убивајќи ја салмонела бактеријата која сто може да создаде пролив.

 

Препорачаната доза на турмерик е 500мг. во капсули или 1 чајна лажичка од екстрактот три до пет пати дневно. По можност да се внимава турмерикот да се зима на празен стомак 15, 20 минути. пред оброк. Исто така како додаток за дигестивниот тракт може да се измеша и 1 чајна лажичка со чаша млако млеко.

 

Еве 20 причини за употреба на куркумата во вашата исхрана:

 

1. Тоа е природен антисептик и антибактерицид, корисен кога има рани и изгореници.

2. Кога се користи во комбинација со каранфилче, спречува појава на рак на простатата и го запира растењето ако веќе има рак на простатата.

3. На глувци е тестирано дека спречува ширење рак на гради да се прошири на белите дробови.

4. Може да спречи меланома и предизвикува меланома клетките да се уништат.

5. Го намалува ризикот од детска леукемија.

6. Тоа е природен чистач на отровите од црниот дроб.

7. Може да ги спечи метастазите од различни видови постоечки рак.

8. Ја намалува прогресијата на Алцхајмер болеста отстранувајќи ги наслагите на амилоид во мозокот.

9. Тој е силен природен против воспаленија и делува подеднакво ефикасно како против воспаленија лекови само овој нема несакани ефекти.

10. Покажува намалување на развојот на мултипл склерозата кај глувци.

11. Тој е природен лек против  болка и кокс-2 инхибитор.

12. Може да помогне во метаболизмот на мастите и за проблеми со тежина.

13. Има многу вековна употреба во Кинеската медицина во лекување на депресијата.

14. Поради анти воспалителните способности тој е природен лек за артритис и реуматоиден артритис.

15. Ги засилува ефектите на хемискиот лек paclitaxel и ги намалува споредните ефекти.

16.  Истражувања покажуваат дека има позитивен ефект во намалувањето на рак на панкреасот.

17. Исто така позитивни ефекти кај мултипл миелома.

18. Го запира растот на нови крвни садови во туморите.

19. Го забрзува лекувањето на раните и помага за да исчезнат последиците од раните на повредената кожа.

20. Може да помогне во лекување на псориаза и други воспалителни состојби на кожата.

Се користи во капсули или како додаток во исхраната а може да се комбинира со мед (ова може да се најде како производ кај нас).

Многу е добар за употреба во салата особено онаа која има јајца. Му дава многу добар вкус и боја.

 

Контра индикации: Не треба да го употребуваат луѓе со камења во жолчката или опструкција на жолчката. Исто така треба да се внимава во критичните бремености затоа што ја стимулира матката.

Последно освежено ( Четврток, 07 Јуни 2012 14:21 )
 
Коментари (3)
турмерик
3 Понеделник, 04 Јуни 2012 19:37
Gogo
може да се најде на зелено пазарче
Места каде може да се најдат егзотични зачински билки
Среда, 06 Јуни 2012 15:33
admin
https://maps.google.com/maps/ms?msid=211125605841435556673.0004c1ce8c397af0121bb&msa=0&ll=41.991315,21.433717&spn=0.001266,0.002792
турмерик
2 Вторник, 06 Март 2012 15:42
вики
каде можам да го купам овој производ во Македонија?
Места каде може да се најдат егзотични зачински билки
Четврток, 07 Јуни 2012 14:18
admin
https://maps.google.com/maps/ms?msid=211125605841435556673.0004c1ce8c397af0121bb&msa=0&ll=41.991315,21.433717&spn=0.001266,0.002792
Турмерик
1 Петок, 22 Април 2011 00:07
...
Ме интересира каде можам да го набавам овај производ?

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: