English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Табела на можни причини за одредени болести PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 13
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого инспирирано од Louise Hay   
Среда, 17 Февруари 2010 13:05

Табела на болести со можна причина која довела до неа и позитивна мисла или изрека која може да го намали проблемот.

Изреката или мислата се држи онолку долго колку е можно во текот на целиот ден и се додека трае проблемот.

Изреките се во прво лице и машки род, но ако го

практикува жена го менува во

женски род.

 

Проблем

Веројатна причина која довела до состојбата

Позитивна мисла и начин на дишење

Абортус

Страв да не се случи нешто несаканао при раѓање, страв од иднината, чувство: “Не сега, понатаму”

Среќна сум што дел од мене ќе се роди повторно во моето здраво бебе.

Длабоко и рамномерно дишење.

Адреналин проблеми

Дефетизам, престанок на верувањето во себе, немир. Вишок и недостаток “ Морам да бидам прв во се”

Јас сум сигурен во себе.

Јас знам што сакам и секоја плодна идеја веднаш ја реализирам.

Длабоко и рамномерно дишење.

Алергии

На кого си алергичен? Одбиваш да веруваш во себе. Неприфаќање на нештата и состојбите такви какви што се.

Со радост го прифаќам животот онаков каков што е.

Јас сум опкружен со луѓе кои ми даваат подршка во се.

Длабоко и рамномерно дишење.

Алкохолизам

Чувство на безполезност, вина, непотполност, одрекување од самиот себе. Слабост и несигурност. Бегство од тековните проблеми.

Си простувам за сите мои досегашни грешки и ќе настојувам да не ги повторувам.

Со радост го очекувам секое ново искуство.

Длабоко вдишување.

Анемија

Твојот типичен животен став е: “Да, ама ...”  Мрзоволност, страв од животот, чувство дека не си доволно добар. Критичност, судење, оговарање. Нема животна радост.

Животот е прекрасно нешто и се што се случува има некоја цел. Од секоја ситуација извлекувам поука и тоа ме прави посреќен и помудар.

Длабоко и долго дишење.

Апатија

Отпор кон чуствата, подсвесно убивање на својата  личност , Предавање на судбината.

Јас сум одговорен за се што ми се случува и јас го креирам целиот мој живот.

Поинтензивно  побрзо и подлабоко дишење.

Апетит – прекумерен

Недостаток на љубов. Неможност да се манифестирам така и таму каде што сакам. Повреден сум.

Мене лугето ме сакаат.

Јас уживам кога јадам  умерено.

Длабоко и сосема полека вдишување и издишување.

Апетит – недостаток

Страв од немаштија, заштита на самиот себе, недоверба кон животот.

Задоволен сум со тоа што го имам и се трудам да имам  повеќе.

Артериосклероза

Отпор, напнатост, ограниченост, тврдоглавост, одбивање животот да се гледа на друг начин. Бегство од обврските и одговорноста.

Јас уживам реката на животот да ме води во насока на хармонија и сите искуства ги прифаќам со радост.

Длабоко и рамномерно дишење.

Астма

Недостаток на љубов, чувство дека немаш простор ни за дишење, внатрешна напнатост, грижи и стравови, неисплчачени солзи.

Со секое дишење јас во себе внесувам љубов која ме исполнува и ме прави посигурен.

Длабоко и долго вдишување.

Астма кај бебињата

Страв од животот. Желба да не биде тука.

Мајката или некој близок да го држи на гради и да му зборува мирно и со љубов.

Болка

Чувство на вина, сакам да си отплатам нешто.

Јас заслужувам се најдобро.

Длабоко и долго вдишу-вање со задршка на вдишувањето.

Бронхитис

Нерешено фамилијарно опкружување, расправии и викотници. Сакам некогаш да ме слушнат и мене.

Јас им кажувам интересни нешта на луѓето и тие со внимание ме слушаат.

Длабоко и сосема полека вдишување.

Бубулици

Неприфаќање на себе и својот изглед, чувство на неприфатеност и незадоволство од околината.

Јас сум онаков каков што сум со сите мани и врлини.

Длабоко и рамномерно дишење со позитивни мисли.

Бубрези Проблеми

Критикување, разочарување, неуспех, срам, реагирање како мало дете.

Јас се прифакам и сакам себе. Јас имам успех во секој потфат.

Нагласок на вдишувањето.

Воспаление на белите дробови

Очај. Умор од животот, емоционални рани што не дозволуваш да бидат залечени

Се радувам на сите искуства кои животот ми ги носи.

Длабоко и рамномерно дишење.

Воспалителни процеси

Потхранување на размислувањата за стари рани и за освета.

Јас ги прифаќам сите онакви какви што се и им простувам за се што ми направиле.

Длабоко и рамномерно ди-шење.

Вознемиреност

Недоверба кон животот и околината

Јас во потполност го прифаќам животот и луѓето онакви какви што се.

Длабоко и рамномерно дишење.

Витилиго- обезбоени пеги на кожата

 

Чувство дека не припаѓаш никаде, дека си потполно надвор од сите текови, на работите, дека си исклучен

Мене луѓето ме сакаат. Јас сум во центарот на случувањата.

Длабоко и рамномерно дишење .

Гангрена

Морбидност на мислите, Упропастување на животната радост со отровни мисли

Јас се радувам на животот. Секој ден ми носи радост.

Нагласок на вдишувањето.

Гастритис-запек

Несигурност што долго ја влечеш, погрешни чекори во животот, страв од немаштија, мисла дека животот ми е загрозен.

Јас сум сигурен во себе. Мојата иднина е радост и среќа.

Длабоко и рамномерно дишење

Глабвоболка

Потиснат гнев. Потиснати страсти.

Јас слободно ги изразувам моите чувства.

Длабоко и рамномерно дишење.

Гради -проблеми

Проблеми со мајчинството. Недозволување децата да појдат по сопсвен пат. Страв дека ќе ја изгубиш нивната љубов.

Моите најблиски слободно и сами решаваат за својот живот. Мене луѓето ме сакаат.

Длабоко вдишување.

Грип

Реагирање на маса,  страв и верување дека статистиките се точни. Притисок од проблемите (особено емоционални).

Грипот е статистика, а јас сум јас. Грипот се лечи за еден ден. Јас со успех ги решавам сите проблеми на време.

Длабоко и рамномерно дишење.

Грицкање на ноктите

Фрустрација, несигурност во себе, презир кон еден од родителите. Напнатост.

Јас сум јас. Секоја акција ја завршувам со успех. Јас имам хармонични односи со моите родители. Јас сум сигурен во себе.

Сосема полека вдишување со задршка на вдишувањето.

Грло

Авенија на изразувањето, канал на креативноста. Несигурност и фрустрации.

Јас слободно ги искажувам моите чувства!

Бавно и длабоко дишење.

Грло проблеми

Неспособност да се искажеш, насобран бес, закочена креативност, одбивање да се менуваш.

Јас сум јас. Јас уживам да зборувам во друштво. Јас наоѓам интересни теми за секого.

Нормално и рамномерно дишење.

Грчење

Тврдоглаво спротиставување на надминувањето на старите шеми на размислување.

Јас уживам да се менувам. Постојано откривам нови хоризонти и полиња на интерес.

Долго и рамномерно дишење.

Треска

Бес, чувство дека гориш одвнатре. Стрес кој не поминува.

Јас смирено и медитативно ги решавам сите задачи кои се пред мене.

Долго и длабоко дишење.

Депресија

“Пробав се ама не иде”, чувство на издишан балон. Совладан од неуспесите.

Секое искуство го прифаќам како знак и подтик да ги совладам неуспесите.

Брзо  и енергично дишење.

Детски болести

Верување во календари концепти (престави) и лажни закони. Детски глупости кај возрасните луѓе.

Јас сум зрел и одговорен. Своите години ги носам со радост.

Долго и длабоко дишење.

Детска парализа

Љубомора што парализира. Желба да сопреш некого.

Јас сум слободен и  тоа со радост им го дозволувам и на другите.

Бавно и рамномерно дишење.

Диабетес

Жед за нешто што можело да се случи а не се случило, голема потреба се да контролираш и да бидеш секогаш во право, длабока тага, чувство дека во животот нема ништо убаво.

Секој ден е дар од Бога и затоа го живеам цо целото мое суштество и се радувам. Се е онакво какво што треба да биде, совршенство.

Поинтензивно рамномерно дишење.

Дијареја (Пролив)

Страв, чувство на напуштеност, бегање од проблемите. Немоќ да се задржат  или контролираат нештата.

Јас знам што сакам. Јас ги реализирам моите цели успешно и навреме. Јас сум сигурен во себе.

Длабоко и рамномерно дишење.

Дистрофија на мускулите

Екстремен страв, фанатична желба да држиш се и секого под контрола, длабока желба да бидеш сигурен, губење вера и доверба кон другите.

Јас сум безбеден. Јас се радувам на слободата, како на мојата така и на сите луѓе.

Длабоко брзо и енергично дишење, особено нагласок на вдишувањето.

Ежење Наежување

Ментални контракции, желба да се повлечеш, сите да те остават на мира.

Јас се радувам на секое дружење, затоа што ми носи радост и исполнување.

Длабоко и рамномерно дишење.

Екзема

Огромни антагонизми, ментални ерупции.

Јас знам што сакам. Јас имам сосема јасни цели. Јас сум овде и сега.

Длабоко и рамномеено дишење.

Епилепсија

Отфрлање на животот, внатрешна борба окулу нешто, насилство над самиот себе. Не прифаќам туѓа помош зошто ќе ми се подсмеваат. Крути ставови. Огромна желба (страст) да се биде совршен.

Јас сум јас. Јас сум едно со се. Јас се прифаќам себе таков каков што сум. Јас прифаќам помош од другите. јас се прилагодувам на секоја ситуација.

Сосема забавено и рамномерно длабоко дишење.

Жлезди

Преставуваат станици на извори од кои се напојува и подтикнува животот.

Јас сум извор на моите искуства. Јас сум исполнет со радост и љубов.

Длабоко и рамномерно дишење.

Заби

Ги преставуваат одлуките.

Јас одлучувам. Јас слободно ги менувам моите одлуки.

На вдишување, задршка на воздух и се кажува старата и новата одлука.

Забни проблеми

Долга нерешителност, неспособност да се признае вистината за своите идеи.

Јас знам што сакам. Јас слободно ги искажувам моите мисли.

Рамномерно дишење.

Зависност

Бегање од себе. Повлекување од проблемите. Недоверба во своите можности. Неприфаќање одговорност за својот живот.

Јас сум јас. Јас знам што сакам. Јас имам сосема јасни цели. Јас сум одговорен за целиот мој живот.

Рамномерно и поенергично дишење. Преземање конкретни работи.

Изгореници

Бес, внатрешен оган.

Јас сум овде и сега. Сите искуства ги прифаќам со радост.

Длабоко и рамномерно дишење.

Импотенција

Сексуални притисоци, напнатост, чувство на вина , општо прифатени предубедувања, презир кон претходната партнерка, Страв од мајката.

Јас ја прифаќам мојата сексуалност како природно нешто.

Долго и рамномерно дишење.

Имунитет

Заштита,

Јас сум сигурен во себе. Јас сум безбеден. Јас имам успех во секој потфат.

Длабоко енергично и рамномерно дишење.

Имунитет проблеми

Губење на заштитата, крајна исцрпеност, стрес,

Јас сум овде и сега. Јас сум јас. Моите потенцијали се неограничени.

Длабоко и рамномерно дишење.

Инфекција

Нервоза, бес, неуроза.

Јас сум сигурен во себе. Јас сум смирен во секоја ситуација.

Длабоко и рамномерно дишење.

Катаракта

Неспособност да се гледа на иднината весело, песимизам.

Секој ден го очекувам со радост, затоа што ми носи нови искуства кои ме прават по мудар.

Длабоко и рамномерно дишење.

Кичма

Кичмата е столб на животот. Секое пореметување е пропратено и со недоволна подршка од оние од кои ни е потребна.

Мене луѓето ме сакаат и ми даваат подршка во се. Јас слободно давам и примам љубов.

Длабоко и рамномерно дишење.

Кожа

Ја штити твојата индивидуалност, орган за комуникација со надворешната средина. “Дебелокожец” е неосетлив.

Оваа моја кожа е чиста и еластична.

Кожни проблеми

Вознемиреност, страв од опкружувањето, стар, длабоко сокриен отпор, како некој да ти се заканува.

Јас сум безбеден во секој поглед. Сите нешта ги прифаќам онакви какви што се.

Длабоко и рамномерно дишење.

Копање во стомакот

Страв.  Неостварување на чувствата и страстите.

Јас сум смирен во секоја ситуација. Јас имам успех во секој потфат.

Длабоко и рамномерно дишење.

Колитис

Родители кои секогаш барале премногу од тебе, чувство на врзаност и губиток, голема потреба за нежност.

Јас само решавам за моите цели. Јас сум ослободен од предрасуди. Јас сум јас. јас знам што сакам.

Сосема полека длабоко и рамномерно дишење.

Кома

Паника. Бегање од нешто или некого.

(ова е да не дојде до тоа). Јас сум одговорен за се што ми се случува. Секое ново искуство ме прави помудар и посреќен.

Длабоко и рамномерно дишење.

Коса

Косата е врзана за силата или животната енергија. Таа е одраз на хормоналниот статус во организамот.

Јас се чувствувам многу добро. Јас сум смирен во секоја ситуација.

Сосема полека и длабоко дишење.

Коса бела

Стрес. Верување дека нема живот без притисоци од сите видови.

Јас сум јас. Јас имам сосема јасни цели,

Длабоко и рамномерно дишење.

Крв

Крвта е комуникатор. Ги поврзува сите келии во организамот ги прехранува и ги штити. Течност на животот и на радоста.

Секое утро мене ми носи нова радост и нови прекрасни искуства.

Длабоко, рамномерно и позабрзано дишење.

Крварење

Чувство дека истекува животната радост. Беспомошност да се промени нешто во твојот живот.

Јас сум креатор на мојот живот и мојата судбина. Јас заслужувам се најдобро.

Длабоко и рамномерно дишење.

Крварење од носот

Ми треба за признавање, чувство дека не си доволно ценет,  недоволно чувство на заштитеност.

Мене луѓето ме сакаат. Јас сум безбеден во секој поглед.

Длабоко и рамномерно дишење

Крвен притисок – висок

Потиснат долготраен гнев, неможност да ги искажеш своите чуства. Емоционален проблем што долго време не го решаваш.

Јас слободно ги искажувам моите чувства. Јас слободно давам и примам љубов.

Сосема полека длабоко дишење.

Крвен притисок – Низок

Недостаток на љубов и среќа, дефетизам, прашање: “зошто да се трудам кога тоа нема да ме направи среќен”

Јас сум опкружен со луѓе кои ме сакаат. Јас сум извор на мојата среќа.

Долго и енергично вдишување.

Ларингитис

Толку сум бесен а тоа неможам или неумеам да го искажам, страв од изнесување на сопственото мислење, отпор кон авторитети.

Јас слободно комуницирам и лесно наоѓам теми скои се интересни за моите соговорници. Јас го почитувам мислењето на другите.

Долго и длабоко сосема полека дишење.

Леукемија

Брутално пресечена инспирација. Животот нема никаква радост.

Секој момент е исполнет со радост, а јас треба само да го почувствувам.

Длабоко вдишување со мала задршка и побрзо издишување.

Мачнина во автомобил

Страв од промена, секоја промена може да биде опасна по живот.

Секое ново искуство е исполнување на мојот живот со радост.

Длабоко и рамномерно дишење.

Мачнина кога возите

Паника и неможност да се предвиди нешто и да се држи  под контрола.

Јас се чувствувам многу добро. Секое искуство го прифаќам со радост.

Длабоко и рамномерно дишење.

Менопауза

Верување во статистика. Депресија дека никој веќе не ме сака. Страв од стареење, Отфрлање на себе, верување дека веке не сум доволно добра. Јас веке не сум за секс.

Јас се чувствувам многу помладо од моите години. Јас сум сигурна во себе. Јас сум ослободена од сексуални предрасуди.

Длабоко и рамномерно дишење.

Менструација нередовна

Одрекување или пренагласување на сопствената женственост, кривица, страв од зачнување или не зачнување, убеденост дека сексуалните органи се нешто нечисто.

Јас сум жена и тоа ме прави горда. Јас сум ослободена од сексуални и расни предрасуди.

Длабоко и рамномерно дишење.

Мигрена

Отпор другите да управуваат со тебе, сексуални стравувања, сакам да ме остават на мир, бегство од нешто или некого.

Јас сум сигурен во себе. Моите цели сам ги поставувам.

Длабоко и рамномерно дишење.

Морска болест

Несигурност и страв од иднината, страв од смртта, неможност да се држи под контрола се.

Секое ново искуство ме чини помудар и пожив па затоа ги чекам со радост.

Длабоко и рамномерно дишење.

Мононуклеоза

Програм за потценување на се во животот, постојано докажвање дека другите не се во право.

Јас сум внимателен на сите знаци кои ми се прикажуваат и затоа внимателно ги следам другите, затоа што секој има некоја мудрост.

Длабоко и рамномерно дишење.

Модрици

Мали бариери во животот, самоказнување.

Јас сум овде и сега. Јас сум свесен. Јас сум внимателен.

Длабоко и рамномерно дишење.

Мултиплекс склероза

Тврди ставови, нечувствителност, челична воља, нефлексибилност, страв од промена

Секое ново искуство ми носи радост и мудрост. Секој нов ден е нов живот исполнет со радост.

Длабоко и рамномерно дишење.

Наеженост

Ментални потреси, одбранбен став со желба за повлекување, идентификување со непријатна или потресна случка.

Јас сум извор на моите искуства. Јас знам што сакам. Јас имам успех во секој потфат.

Длабоко и рамномерно дишење.

Настинки

Премногу обврски во исто време, ментална конфузија мали сентиментални рани, уверување дека ни еден грип неможе да те заобиколи.

Јас имам сосема јасни цели. Секоја обврска ја решавам на време.

Длабоко и рамномерно дишење.

Несвестица

Паника, блокирање на умот, неможност да најдеш излез од моменталната ситуација во која се наоѓаш.

Јас сум овде и сега. Јас наоѓам решение за секој проблем. Јас имам среќа во секој потфат.

Длабоко и енергично дишење.

Несоница

Грижи, Страв, чувство на одговорност или кривица. Оптеретеност од проблемите.

Јас сум овде и сега. Јас имам сосема јасни цели.

Длабоко и рамномерно дишење

Нефритис

Претерана реакција на разочарување и неуспех.

Јас имам успех во секој пот-фат. Јас знам што сакам.

Длабоко и поенергично дишење.

Нерви

Комуникатори на рецепцијата, приемници од надворешниот и внатрешниот свет. Реагираат на дразбите, информираат за состојбите на она место каде што се наоѓаат.

Јас уживам да зборувам со луѓето. Јас сум сигурен во себе. Јас имам сосема јасни цели.

Длабоко и рамномерно дишење

Нервен слом

Затворање на надворешните врати, престанок на комуникација со надворешниот свет. Ова е последица на долготрајни дразби кои не успеваме да ги неутрализираме.

Јас уживам да зборувам со лугето и да разменувам идеи. Јас се чувствувам многу добро во друштво.

Длабоко и рамномерно дишење.

Несреќи

Неможност да го кажете тоа што го мислите, борба со авторитетите, верување дека насилството ги решава проблемите. Чувство на вина и начин на “ирамнување” на сметките.

Јас слободно ги искажувам моите идеи. Јас ги ценам другите. Јас ги прифаќам другите онакви какви што се.

Долго и рамномерно дишење со свесност.

Неурози

Вознемиреност, внатрешна борба, во временски теснец за некоја обавеза, недо-верба во животот

Јас ги прифаќам сите нешта онакви какви што се. Јас знам што сакам. Јас сум сигурен во себе.

Сосема полека, длабоко дишење со внимание (свесност).

Нокт влегува во месо

Загриженост и кочење себе да реализираш нешто. Страв од неуспех.

Јас знам што сакам. Јас имам сосема јасни цели. Јас ги завршувам сите мои започнати работи со успех.

Длабоко и рамномерно дишење.

Ноќно мокрење

Страв од родителите, обично од таткото.

 

Очи – Астигматизам

“Јас сум роден да создавам проблеми” Страв од себе. “Овој свет целиот е извитоперен”

Јас сум таков каков што сум. Јас знам што сакам. Јас сигурно чекорам во животот.

Длабоко и рамномерно дишење.

Очи –Разрокост

Желба да не се гледаат нештата онакви какви што се, нејасни животни цели, често различни од вообичаените.

Јас знам што сакам. Јас сум креатор на мојата судбина.

Средно длабоко, рамномерно дишење со нагласок на вдишувањето.

Очи – далекувидост

Бегање од сегашноста во иднината

Јас сум овде и сега. Тоа што сега го сеам во иднина ќе го жнеам.

Длабоко и рамномерно дишење.

Очи – глаукома

Беспоштедна тврдоглавост во непростувањето.

Човечки е да се прости. Јас ги прифаќам другите онакви какви што се.

Длабоко и рамномерно дишење.

Очи – кратковидост

Страв од иднината.

Јас сум креатор на мојата судбина.

Долго и рамномерно дишење

Плачење

Солзите се река на животот и тие се леат кога сме тажни, кога сме среќни и кога сме уплашени. тие не прочистуваат од сите нечистотии, насобрани таги и ги олеснуваат нашите маки.

Јас слободно ги искажувам моите чувства.

Длабоко и рамномерно дишење.

Повраќање

Уплашеност, отфрлање на некоја идеја или случка. Неможност да се “сварат” некои работи.

Јас сум сигурен во себе. Секое искуство го прифаќам,  затоа што го исполнува мојот живот сорадост.

Долго вдишување и мала задршка на вдишувањето.

Повреди

Несигурност, невнимателност, оправдување за евентуалниот неуспех во некоја работа.

Јас знам што сакам. Јас сум сигурен во себе. Јас сум безбеден во секој поглед.

Длабоко и рамномерно дишење.

Проширени вени

Тапкање во место и во ситуација која ја мразиш. Некој постојано те омаловажува. Чувство дека претерано работиш или дека си преоптоварен. Закочена животна радост.

Секој ден ми носи нови и прекрасни искуства, а јас со радост ги прифаќам. Мене луѓето ме сакаат. Работата ме исполнува.

Долго и рамномерно дишење.

Псоријаза

Страв и предпазливост да не бидеш повреден, затапување на осетите, одбивање да се прифати одговорност за сопствените чуства.

Јас сум жив и моите чувства ми носат постојно нова радост.

Длабоко вдишување со свесност за дишењето.

Простата

Проблеми со машкоста, чувство дека опаѓа сексуалната моќ

Јас сум сигурен во себе. Јас за моите години се чувствувам извонредно.

Интензивно вдишување.

Рак

Длабоки емоционални рани, Долго подгрејувана животна горчина, вечно криена тајна или тага што те јадела, омраза.

Моите искуства се мојата радост. Моето минато се моите прекрасни искуства. Го сакам секое утро кога ќе се разбудам и благодарен сум за секој ден исполнет со среќа.

Длабоко вдишување.

Ревматизам

Чувство дека си жртва, недостаток на љубов, хронична горчина и незадоволство, отпори.

Јас сум креатор на мојата судбина и среќа. Мене лугето ме сакаат.

Долго вдишување и свест за дишењето.

Сенилност

Неприфаќање на состојбата во која се наоѓаш. Враќање во сигурноста на детството, желба да обезбедиш повеќе грижа и внимание кон себе, начин да ги држиш под контрола оние окулу тебе, бегство во еден друг “подобар” свет.

Јас го прифаќам животот и сите предизвици со радост. Секогаш сум победник во животот.

Интензивно вдишување сосема полека.

Сида

Одрекување на сопствените квалитети, чувство на сексуална кривица,  силно чувство дека не си “доволно добар”.

Јас знам кој сум и колку вредам. Јас сум таков каков што ќе решам да бидам.

Долго вдишување со очите нагоре и свест за дишењето.

Сифилис и други венерични болести

Чувство на сексуална кривица, потреба да бидете казнети, верување дека гениталиите се нешто нечисто и грешно, потреба да го искористите другиот.

Јас сум ослободен од сексуални предрасуди. Јас се прифаќам онаков каков што сум во целост.

Долго и рамномерно дишење.

Синуси

Чувство дека нешто или некој многу близок те иритира.

Јас ги прифаќам луѓето онакви какви што се и тоа ме прави среќен.

Долго и рамномерно ди-шење, по можност на нос.

Слепо црево

Уплашеност. Страв од животот, Блокирање на доброто.

Јас знам што сакам и тоа го реализирам секогаш во моја корист.

Долго и рамнмерно дишење.

Стомачни проблеми

Уплашеност, страв од новото, неспособност да се прифати новото. Несигурност во преземање нова акција.

Секое ново искуство ми носи нова радост. Јас секоја плодна идеја веднаш ја претворам во акција.

Рамномерно и длабоко дишење.

Смрдеа од уста

Бес и желба за освета, многу лоши искуства. Оставен сум на “цедило”.

Јас ги прифаќам лугето онакви какви што се.

Долго вдишување со потполна свесност за дишењето.

Смрдеа на телото

Бес, притиснатост од проблемите, Страв од други.

Секое ново искуство мене ме збогатува и ме прави посреќен. Јас ги прифаќам другите такви какви што се.

Долго и рамномерно дишење.

Стерилност

Неприфаќање на животот таков каков што е, подсвесен отпор да се преземе родителска одговорност.

Јас го прифаќам животот таков каков што е. Јас сум креатор на мојата судбина.

Долго дишење и свесност за дишењето.

Стомачни проблеми

Уплашеност, страв од новото, неспособност да се прифати новото. Несигурност во преземање нова ак-ција.

Секоја промена ми носи нови искуства. Јас секоја плодна идеја веднаш ја претворам во акција.

Длабоко дишење и свесност за дишењето.

Тетанус

Потреба да се ослободиш од мислите полни со бес и немоќ.

Јас сум креатор на мојата судбина.

Долго и рамномерно дишење.

Тироидна жлезда Штитњача

Понижување. Никогаш неможам да го направам тоа што сакам. Кога ќе бидам јас на ред? Изгубена заштита (заштеда).

Јас сум безбеден во секој поглед. Јас сум креатор на мојата судбина. Јас сум постојано во центарот на случувањата.

Длабоко и рамномерно дишење

Туберколоза

Окупираност со себичност, посесивност, сурови мисли, освета.

Јас ги сакам луѓето и затоа уживам да го делам со нив она што го имам.

Длабоко и рамномерно дишење.

Тумори

Негување на стари рани и окови, дигање на зидови кон светот и животот.

Секој ден животот ми носи нови и интересни искуства.

Длабоко и рамномерно дишење.

Тумор на мозокот

Погрешни убедувања, тврдоглавост, одбивање да се промени погледот на светот.

Се е ново и интересно за мене. Секое ново согле-дување ме прави помлад и посреќен.

Долго и длабоко дишење.

Ќелавост

Напнатост, желба да се доминира и се да се држи под контрола.

Јас сум сирен и опуштен секогаш.

Длабоко и рамномерно дишење.

Умор

Отпор, досада недостаток на љубов за се што не опкружува и што го работите.

Во се гледам интересни искуства, се е ново за мене.

Долго вдишување и задр-шка при вдишувањето.

Уринарна инфекција

Чувство на отфрленост, обично од емотивниот партнер. Префлање на вината на другите.

Јас сум одговорен за се што ми се случува. Јас имам складни односи со сите.

Подолго вдишување.

Хемороиди

Страв од рокови, бес во однос на минатото, страв да се опуштите, чувство на тежина. затруеност и огорченост од животот.

Сите работи ги завршувам на време. Јас живеам во сегашноста и постојано сум опсипан со радост и љубов.

Длабоко и рамномерно дишење.

Хепатитис

Отпор кон промени, страв, бес, омраза. Црниот дроб (јетрата) е место каде се собираат отровите од бесот и лутината.

Јас постојано се менувам и тоа ми причинува задовол-ство. Сите нешта ми причинуваат неизмерна радост.

Длабоко и рамномерно ди-шење.

Херпес

Стрес, силна надеж и очекување со страв како ќе се одвиваат настаните што следат.

Срам.

Јас го прифаќам животот и се што ќе се случи го очекувам мирно, затоа што знам дека тоа е она што ми е најпотребно во овој момент.

Длабоко и рамномерно дишење.

Холестерол

Кочење на каналитеe на животната радост (вените), страв да се радуваме.

Секој ден ми носи нова радост и јас го прифаќам во потполност.

Длабоко вдишување и позитивни мисли.

Хронични болести

Одбивање да се промениме, негување на постоечкото за да не ни биде полошо,страв од иднината, несигурност во себе и сопствените можности. Одбивање да се соочиме со нештата.

Секоја промена ме прави пожив и поздрав. Секој ден убави работи ми се случуваат.Јас се прифаќам онакво какво што е.

Длабоко и енергично дишење.

Целулит

Сеќавање и негување на маките од детството, малодушност, страв од стареење, несигурност во избор на насока.

Оваа моја кожа е здрава, еластична и мазна. Јас знам што сакам.

Длабоко поенергично и поурамнотежено дишење.

Цисти

Враќање на стариот “филм” што ни предизвикал многу јад (јас во ад), свесно негување на болните спомени, лажни надевања.

Минатото е мртво, да живее сегашноста и иднината.Јас се радувам на секој нов ден, тој ми носи нова радост.

Длабоко и поенергично дишење.

Чир

Страв, силно изразено чувство дека не сум доволно добар. Што ме јаде?

Јас се прифаќам себе во потполност. Јас сум таков каков што ке решам да сум.

Длабоко и сосема полека дишење.

Шлог

Одкажување, отпор, чувство дека подобро е да умреш одколку да се промениш, отфрлање на животот.

Јас го сакам животот.Секоја промена ми причинува нова радост.

Длабоко и бавно вдишување.

Последно освежено ( Среда, 17 Февруари 2010 18:02 )
 
Коментари (1)
komentarr za inspiracija na tekstot Happy smiley
1 Четврток, 15 Декември 2011 15:42
suzinikol
ova ne e inspirirano tuku kompletno zemeno od Luiza L. Hej... Happy smiley "mala" razlika...

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: