English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Календар за влегување на земјите во ЕУ PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Сашо   
Среда, 14 Јули 2010 09:16

2007 - Бугарија влегува во ЕУ.

2010 - Романија влегува во ЕУ

2015 - Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Албанија, Косово и Србија и Црна Гора влегуваат во ЕУ.

2017 - Се вработува првиот балканец во администрацијата на ЕУ.

2018 - Првиот балканец ги вработува во администрацијата на ЕУ сите свои роднини, роднините на жената, роднините на кумот, најблиските членови на семејствата на комшиите и уште неколкумина од родниот крај, чисто за да ја разбие носталгијата.

2019 - Балканците се веќе 10% од администрацијата.

2022 - Уделот на балканците во администрацијата на ЕУ е 60%, по што платите тројно се зголемуваат, се воведува флексибилно работно време и јужнословенски јазици како "трет службен јазик".

2024 - Поради стрес 90% од вработените во администрацијата се на боледување. Најмногу боледувања се бележат во периодот од 15.06 до 15.10 и од 15.12 до 15.01. болните се најчесто видени по медитеранот, на Бали и на Алпите, каде на трошок на ЕУ се лечат од стресот. Со закон се уредува ЕУ да ги сноси најголем дел од трошоците за лечењето на болните. До нивното враќање на работа се вработуваат нови работници "на неопределено".

2025 - Бројот на Западните Балканци во администрацијата на ЕУ е 90%. Македонците со референдум повторно го одбиваат еврото како своја валута.

2026 - Мора да се направи намалување на трошоците па се отпуштаат чистачките, кафекуварките и возачите. Сите до еден се белгиски државјани. Процентот на балканците во администрацијата на ЕУ достигнува до солидни 99,3.

2027 - Хрватска добива нови кредити од ЕУ, меѓу кои и оние за лапање сарми и млатење празна слама. Хрватското претседателство потоа го завршува шестмесечниот мандат. Црна Гора успешно го завршува процесот на приватизација. До јануари 2028 Белград го превзема претседателствувањето со Унијата.

2028 - Германија во февруари истапува од Унијата. Еден месец подоцна истото го прават Франција и Финска, а до крајот на годината и Велика Британија, Белгија, Данска, Шветска, Холандија, Луксембург, Италија, Шпанија, Португалија, Австрија, Чешка, Литванија, Летонија, Естонија, Грција и Словенија. Потоа сите земји воведуваат строг визен режим за државјаните од земјите на Европската Унија.

Последно освежено ( Среда, 14 Јули 2010 09:21 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: