English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Packinao PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Среда, 11 Март 2009 14:00

Погледајте што се случува. Се е наопаку; се е поставено со главата надолу.

Докторите го упропастуваат здравјето.

Правниците ја упропастуваат правдата.

Универзитетите го упропастуваат знаењето.

Владите ја упропастуваат слободата.

Медиумите го упропастуваат информирањето.

Религиите ја упропастуваат духовноста.

Мајкл Елнер


Зошто?

Давид Ајк кажува: „Нарочно се прави тоа“

Гого кажал: „Луѓето одат со глава а размислуваат со нозе“


Зошто овој свет е се наопаку? Сите се трудат да го поттикнат заборавот, да се заборавиме, да бидеме постојано ангажирани со бесмислени активности, да немаме време ни по голема нужда да одиме или ако одиме тоа да го направиме во максимално кратко време затоа што ако имаме доволно време може да си речеме:

Чекај, што правам јас? Каде сето ова води? Дали колку повеќе се ангажирам по слободен сум? Ако работам повеќе дали сум по среќен? Дали имам повеќе пари и ако имам дали имам време да ги потрошам на нешта кои ми причинуваат задоволство?

Чекај, чекај, па зошто живеам?

Кога ќе престанам да го одложувам животот и ќе почнам да живеам?

Ако немам барем неколку часа за мене во текот на денот и еден ден во неделата, дали тоа може да се нарече живот?

Ако мојот доктор ми препишува отрови кои не го подобруваат моето здравје туку моментално ублажуваат и потиснуваат проблемот или болката, а особено болеста. Лекот кој ми го дава се нарекува смртокс или антибиотик, но тоа е истото само преведено зарем не? Постојано се труди да ми каже дека јас не можам да живеам без неговата помош и дека секој месец мора да го платам однапред дури и ако немам потреба од него. Јас го плаќам, а тој мене СМРТОКС. Мајката, па ова е да ги убива бактериите нели, па зошто тогаш не се нарекува антибактерицид, туку буквално противживот. Мојот доктор ми кажува дека треба да се вакцинирам за грип. Пак не разбирам, вакцина за грип или против грип? А јас ваков за никаде каков што сум, немам доверба во него откако почна да ме труе со смртокс, проверувам што има во вакцината за грип:

  1. Ембриони од јајца од кокошка

  2. Жив вирус од грип (овогодишен се разбира)

  3. Формал дехид (формалин) за да го козервира вирусот.

  4. Етер

  5. Детергент

  6. Жива

Чекај нели живата е отровна материја?

Нели детергентот е отровен?

Нели етерот е отровен?

Нели формалинот е отровен?

Четири отрови во една вакцина. Не, мој доктор, нема да ме добиеш а посебно што грипот сум го прележал до сега барем дваесетина пати и како беше:

Една недела со лекови или седум дена без лекови

Што викаш, луѓе умираат од грип. Колку луѓе умираат годишно? Колку, стотици? Па од цигари умираат многу повеќе зошто не ги забраните или зошто не ги вакцинирате против пушење? И дали знаеш тие што умираат на која возраст се? Да, над 90% се над 65 години, а луѓето над 65 години пијат еден куп лекови и страдаат од еден куп болести, од каде знаеш дека токму од грип умреле.

Ако умираат значи дека вие немате решение за грипот освен вакцинацијата. А, од каде знаете како ќе мутира вирусот оваа година, затоа што секоја година е различен?

А, ако е ваква ситуацијата со грипот од кој умираат многу помалку луѓе од на пример оние кои умираат затоа што се задушуваат јадејќи кикирики. Што да речеме за проблемот од кој умираат најмногу луѓе, срце и рак? Е, тука работата е сосема поинаква. За срце и за рак има илјадници лекови и постапки. Тие илјадници постапки и лекови не го намалуваат бројот на умрени, токму спротивното, секоја година бројот на умрени се зголемува.

Зошто?

Абе, ти многу прашуваш. Како смееш да прашуваш кога ние имаме факултет за медицина. ЕЕЕЕјјјјјјјј знаеш ли ти што е тоа да завршиш факултет за медицина, еееејјјј како смееш ти нас да не прашуваш? Знаеш ли ти мало човече дека животот ти зависи од нас? Знаеш ли ти дека ние може по процедура да те убиеме и да не одговараме за тоа?

Еј мајката, кој ѓавол ме тераше да прашувам. Јас и мојот брблив јазик.

А, да ве прашам јас доктроришча, вие, работите ли на компјутер?

Да? Ако работите со кое право работите, да не имате електро факултет завршено море?


Владеење на малцинствата

Денес не се исплати да си нормален. Особеностите носат привилегии кои ги немаме кога сме нормални.

Правниците ја упропастуваат правдата

Ако некој украде 5 милиони или како е модерно да се каже, проневери, може да му даде на адвокатот 1 милион кој знае каде да го распредели и да го ослободи од пресуда или во најлош случај да помине со минимална казна. Ако некој пак за да преживее украде (овие вториве крадат) нешто затоа што нема дома што да јаде, нормално дека нема да има и за адвокат и најверојатно ќе биде осуден и повеќе од оној од претходниот случај


Денес се помали групи со свои особености како на пример хомосексуалците добиваат посебни права. Чекај, па што сум јас крив што сум нормален или да не се навредат (и тоа треба да пазиме) без особености, зошто тие треба да имаат посебни права. Ај разбирам за физичките инвалиди, но кога некои групи на луѓе добиваат посебни права само затоа што избрале да живеат како отклонување од она кое е вообичаено тоа не го разбирам.

Јас може да се чувствувам Јапонец и ако соберам уште стотина такви како мене, може легално да барам посебни права за оваа група на луѓе, како да се криви останатите затоа што не се чувствуваат како Јапонци и при барањето на тие мои права може да ги ограничувам правата на другите. Ако не ми се исполнети моите „права“ може да ја тужам државата затоа што не обрнува внимание на нас. Истовремено пак во една друга држава членка на Европската унија (пример Литванија и Естонија) 50% од жителите немаат право да гласаат затоа што се изјасниле дека се од друг етникум (Руси). Сега ми е јасно зошто на богињата на правдата очите и се врзани, не гледа што прави па може некому и невин да му ја отфикари главата со мечот ако вагата отиде на таа страна.

АЈ глеј си здравје и до пулење и до читање.


 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: