English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Креатори на супер сценарија Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Напишано од Сашо   
Вторник, 31 Март 2009 12:28

            

 

 

 

             Живееме во време кога филмската и телевизиска индустрија активно го креира сценариото на нашата реалност. По изминувањето на т.н златни, романтични времиња на филмската индустрија и после голем број на експерименти за тоа колку телевизијата и другите медиуми имаат способност да учествуваат во креирањето на човечката реалност, сведоци сме дека таа иста индустрија го користи и интернетот за манипулација со човековата реалност. Таа активно креира, создава верувања кои што ја пополнуваат  празнотијата на човекот од недостатокот на сопствениот спознаен капацитет и со тоа ја врши улогата на религиозен медиум.

 

Секој ден се нови и нови суперхерои кои ја спасуваат планетава земја, невозможни мисии, надприродни способности и т.н.

 

Замислете само како се создава митот, легендата, верувањето, предскажувањето за крајот на светот. Ќе биде вака или така, потоп, астероиди, х планети, вонземјани, фотонски светлини…………се само просјаци и пророци. Просјаци зошто ги просат нашите пари за да ни ја кажат вистината, објавена во нивните книги.

 

Луѓето кои не јадат плодови од сопственото дрво на спознание и не ги познаваат сите плодови кои растат на тоа дрво се разбира дека ќе каснат од слатките вештачки плодови на индустријата на мас медиумите. Тие многу лесно се претвораат во пропагатори, апостоли на новите религиозни фиксации и шират страв и трепет кај и онака разнишаните кутри јагненца кои ја изгубиле својата верба од толку многу волци насекаде околу нив. Така предскажувањето на Маите, Хопите, Анасазите и другите индијански племиња за т.н 2012 година лесно се става во контекст на експеримент на создавање и ширење на катастрофални сценарија.

 

Во последно време откако луѓето ја изгубија својата вера во досегашните големи светски религии својата празнина наместо со директни искуства на вистината ја заменија со верувања во вонземски цивилизации, апокалиптични сценарија, верување во парите во светските заговори и т.н. Го разбирам човековиот страв од празнотија и бесцелност но нивното пополнување со страшни верувања неможам да го разберам.

 

Одеднаш се појавија експерти кои што се знаат и се можат. Знаат кога ќе не удри астероид, комета или метеор и од тоа прават шоу а лесно верувачите живеат во страв и трепет очекувајки да им се случи она неизбежното. Неможам а да не го цитирам делот од Марфиевите закони кој вели: подобро страшен крај отколку бескрајни стравувања. 

 

 

 

 Еден од авторите кој ме инспирираше во животот а кој и самиот во еден момент подлегна на таквите сценарија, Чарлс Бернер еднаш во состојба на вистина рече:

 

" Просветлувањето е вредност само посебе затоа што тоа значи исполнување на целта на животот. Тоа соединување со вистината, без обзир колку и да е кратко, е цел на животот а исполнувањето на таа цел е највисока и најголема корист која се добива од искуството на просветление. Процесот на просветление е процес на дезидентификација-распоистоветување. Особено од вештачките плодови од дрвото на илузијата.

 

Целиот свет може да биде уништен; овој сектор од галаксијата може да исчезне во нуклеарна катастрофа; но оваа свест за самиот себе останува"

 

 

Што се случи? со скептицизмот, со стоицизмот, со самоспознавањето. Што е со идивидуалноста?, со сопствената точка на гледање и креирање на реалноста?

 

Не сум против интернетот но секогаш сум за реалноста а не за страв од илузија. Модерните илузионисти се само циркуски забавувачи и дворски луди. Затоа неможам а да не се изнасмеам на еден хорор-комедија филм како што е на пример скери муви. Па од тоа некој добро заработува парички.

 

Некој се претвора дека е страшен, силен па потоа луѓето се плашат од него и тој со тоа создава пари.

 

            На запад и на исток во сите големи корпорации и институции постојат дел, група од вработени кои работатат со огранизирање и следење на тоа што се нарекува гледање на далечина и веројатност во предвидување на иднината. Кај нив се во прашање големи пари па тие сакаат да знаат што ќе се случува во блиска и подалечна иднина за да можат да се обезбедат, осигураат но и за да ја креираат според своите желби.

 

Во многу иноваторски (не имитаторски) општества се инвестира во истражувања како што се создавање на генијалци и креативци-сценаристи со чија помош полесно се обликува саканата иднина. Општество во кое што можете да напишете сценарио да го продадете и да заработите доста пари и во кое што се е возможно е во голема предност пред останатите. Не само што е во предност туку ги превзема останатите во својата креација.

 

Со реализирањето на тие сценарија преку медиумите се создава мислење дека  на еден дел од планетава   едните се веќе отидени во други димензии и светови преку ѕвездени порти или летечки чинии, дека се вонземјани хуманоиди а дека останатите сеуште живеат при ми тив но. Зона на самракот, твајлаигт зон-политикон.

 

 

Луѓето почнаа будни да сонуваат. Влегоа во филм, уживаат во тоа. Дводимензионални се. Матрикс

 

 

Веројатно слично било и во древниот Еги5 . Фараоните се замислувале и се самопрогласувале за богови а останатите им се поклонувале. Дури и Мандрак им завидувал. Но што се случува кога секој зема камера во раце и создава сопствен филм или серијал. Одеднаш место холивуд има боливуд (е па боли, боли). Луѓе се будат и за оние од холивуд се повеке ќе биде боливуд. Секој сака да биде ѕвезда.

 

 

Една друга работа која што се случува со будењето на луѓето е појавата на стравот од светското раководство, заговор. Се повеќе се зборува за светските конспирации, експлоатации и со тоа кај дел од луѓето се јавува загриженост, бесцелност, бесполезност затоа што проблемите им се сервираат дека се поголеми од тоа што навистина се. Им верувате влегувате во нивно сценарио и оп - веќе сте играч, актер.

 

Отворени се сите библиотеки-врати, книги се прeвземаат бесплатно од интернет, паднаа сите бариери, а одеднаш битката е изгубена уште пред да започне. Секој може да се развива да фантазира, да пишува сценарија. Се е дозволено само не реалност.

 

Кино салите паднаа, ДвД-то е на издишување останува само уште новиот чип да се инсталира и крај.

 

 

 За луѓето што се самоспознаени играта на илузија, измама е завршена. Game over. Се е јасно проѕирно, провидно. Потрагата по вистината од филмовите е завршена зошто секој е креатор на својата сопствена реалност.

 

Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 09:57 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: