English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Планетата на Барон Минхаузен Или Планетата на пијаните мајмуни Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Антитрп Богумилски   
Понеделник, 04 Мај 2009 12:10

 

„Земјата е лудница на која сите планети ги праќаат
Своите болни“
Волтер, француски филозоф

Кога би бил некој вонземјанин и кога би дошол на оваа планета прво кое би му паднало во очи или наум е дека планетата е обвиткана со некаква магла. Не, не мислам на атмосферата, туку на лагосферата. Овде лагата царува, нема еден сегмент од човековото живеење кој не е потопен во таа магла.

Баронот Минхаузен е личност од книга, но овде има огромна конкуренција и речиси е заборавен, затоа што неговите лаги се наивни во однос на оние кои би требало да шират знаење, религија, здравје и т.н., списокот е многу голем и конкуренцијата е незамислива. Овде лагата е императив во секојдневното живеење.

Уште од предшколска возраст, децата ги припремат на лажен живот преку прикажување на бајки, нереални приказни и многу други нешта кои треба да ги припремат децата за понатамошниот живот.

Во основното училиште бесмислени лажни податоци кои треба да се учат на памет од историја до физика. Во физиката се учат нешта како закони, на пример Њутновите закони кои иако може математички да се докажат, квантната физика ги негира. Ни зборуваат за двојната (диаболична) природа на светлината, дека електронот кружи околу јадрото на атомот, дека електричната струја е движење на електроните низ проводник. Ги учат дека атомот е најмала честичка на материјата, а после тоа дека атомот е поделен на безброј честички.

Во институциите на религијата ги учат бесмислени нешта, дека најбитно нешто во религијата е, на пример, дека нивниот Бог Исус е безгрешно зачнат од воздух или дека Бог е на небото и од таму постојано не демне каква глупост ќе направиме за да може еден „Ден“ да ни го плесне тоа в лице и да не фрли во подземјето во вечниот оган и страдање. Нивниот Бог се жртвувал за нас и затоа ние денес треба да направиме нешто за него, како на пример, да го подмитуваме како парично така и со подароци, имено тој многу љуби да прима материјални подароци, а особено ако се парични. Ние оставаме пари на сликите од светците и ги лигавиме со нашите грешни усти. Палиме свеќи за да ни биде услишена некоја наша молба, а шансата за тоа ако сами не се потрудиме е помала од тоа да ни падне главна премија на лото, не затоа што Бог не ги слуша нашите молби, туку затоа што тоа го бараме на погрешно место и на погрешен начин. Тоа е како приказната на оној кој изгубил прстен во сено, а го барал вон сеното затоа што таму полесно може да го најде. Бог или како сакаш наречи си го ти, можеби едно мало зрнце, но и најмалото зрнце од Бога е Бог и ги има истите способности:

„О, вие маловерни, кога би имале верба како синапово зрно, тогаш ќе и кажете на планината да се помрдне и таа ќе се помрдне“ Исус

Во медицината не прават мајмуни, пардон да не се навредат мајмуните и тие знаат дека ако нешто не им помага, тогаш им одмага. Во медицината постојано ни даваат лекови кои така се нарекуваат, а всушност се убЛАЖувачи, но не лекувачи на она кое сакаме да го исцелиме. Врвни свештеници во медицината се фармацевтската мафија која безмилосно ги труе и убива луѓето третирајќи ги (јас би рекол малтретирајќи ги) со застрашување, сечење, печење и труење.

 На оваа планета многу чест збор е надежта. Тоа е збор кој се употребува при секоја лага кога се ветува нешто, а нема да се исполни. Имаат една легенда за девојката Пан-До-Ра. Тоа е девојка која имала некоја кутија во која биле затворени сите зла на светот. Кога од љубопитност ја отворила, сите зла излегле од кутијата и почнале да се случуваат по светот. Кога погледнала во кутијата длабоко во неа останала единствено надежта.

Поука која постојано се кажува: „Надежта умира последна“ и луѓето донесуваат погрешен заклучок дека што и да се случи колку и лошо да се случи, треба да се надеваме дека ќе биде подобро. Не е ни чудо што не ја разбираат поуката, а таа е дека надежта е најдлабокото зло и никогаш не може да биде искоренето.

Зошто?

 Еве зошто. Ако злата излегуваат во светот и ако се бориме со нив евентуално можеме да ги искорениме, а надежта е најдлабокото зло кое не го гледаме (затоа што останало во кутијата) и умира последна или поточно не умира.

Што е надежта?

Давид Ајк: „Надежта е како возење на рингишпил, колку и да забрзуваме, никогаш нема да го стигнеме оној пред нас. Идејата е да не убеди да останеме врзани на рингишпилот, очекувајќи нештата да се променат, но тие не се менуваат затоа што се врзани за системот, а системот е создаден да ја спречи промената.“

 Поточно, ако погледаме вон системот се привидно се менува, околината се менува но, ние се движиме во круг и суштински ништо не се менува, целта кон која се движиме постојано останува на еднаква оддалеченост од нас и колку и да очекуваме дека некогаш ќе ја досегнеме, тоа не се случува. Надежта и очекувањето не пасивизира, а тоа не принудува да трпиме и потиснуваме, а тоа не е живеење туку сонување. Животот во сонување не е живот, туку фантазирање, привид, Постојано не у-беду-ваат дека треба да го живееме нашиот сон и да ги оствариме нашите соништа, а цело време се трудат нашите соништа да бидат кошмари (полна кошница од Мара Богот на мората, смртта и соништата).

Давид Ајк надежта (hope) ја нарекува Hope-nosis (многу слично на Hypnosis) или сонување. Животот е овде, сега и како е можно да го одложиме затоа што некој ни ветува дека ќе се промени на подобро. Надежта е нешто кое ќе се случи „утре сабајле“ а никако денес, сега. Кога следното утро ќе дојде, пак останува „утре сабајле“, а не денес, така се лажат малите, а Богами и големите деца. Ако тоа е уште зачинето со верување, супер погодок. Така уште од прастаро време се програмираат, манипулираат и контролираат луѓето.

  

Сите општества се трудат да не у-беда-т дека тие се грижат за нашата сигурност и слобода. Новите влади доаѓаат со мед во устата дека прво и основно ќе им биде како да придонесат за нашето ослободување, а се што прават е да ни ја затегнат уште малку јамката околу вратот. Казните постојано се зголемуваат но, тие се покриени со изјавата дека тоа е за наше добро. Има една бугарска изјава на еден полицаец од едно друго време која во превод е: „Јас не те тепам затоа што те мразам, те тепам за да го научиш законот“. Ова е уште пострашно отколку да ме тепа затоа што ме мрази. Ако ме мрази, ме тепа затоа што е во афект, а ако тоа го прави со свесен ум ееее, тоа е поголем злочин.

Постојано вистината се покрива и многу често ме потсетува на оние слики од детството кога во сликата на некоја природа треба да го најдеме скриениот лик или животно. Така е и овој свет, привидно рај, а ако внимателно погледаме откриваме некој лик со рогови и копита како ни се смее на нашата наивност. Филмот Матрикс е добар показател за денешниов свет. Секој од нас кога ќе го види вели, да тоа е апсолутна вистина и веднаш се свртува на другата страна и продолжува да го сонува животот и да им служи на неинтелигентни раси како храна или енергија. Често го кажувам ова дека луѓето им служат како храна на неинтелигентни раси и ова никому не му е јасно, ама никој до сега не ме прашал, па сега самиот ќе одговорам. Вистинската интелигенција почнува кога човекот ќе се спознае себе и почнува да се артикулира како човек. Расите кои владеат со оваа планета се главно во пониските сфери на живот како опстанок, репродукција и контрола или доминација врз другите. Оној кој ќе се спознае и кој ќе успее да се артикулира или да се изрази низ се што чини во животот како човек, тој нема потреба да доминира. Таквиот Човек нема потреба да се преставува лажно, ниту пак лагата (маглата) да ја користи за да ги покрие своите слабости и вистински намери. Лажниот (лукавиот) секогаш се преставува како доброчинител и човекољубец кој работи и живее за доброто на другите, а неговите дела покажуваат дека апсолутно не е така, ама тој ако успее да ги сокрие делата со лажната слика, тогаш и му успева. Таквите луѓе многу ветуваат и „гарантираат“ дека ќе сменат нешто, дека ќе се борат за мирот и благосостојбата на луѓето, животот го посветуваат на тоа. Од нивните дела се гледа дека се готови да се борат до последниот ВАШ живот за да ја реализираат нивната цел, поробување во име на слободата.

  Кога би бил вонземјанин би се прашувал, па добро, како не го согледуваат луѓево тоа и зошто не преземат нешто да се ослободат од јаремот. Следејќи ги човековите постапки наидувам на случаи во кои некоја девојка е грабната и држена во заробеништво за оној кој ја грабнал да изнуди пари или некоја друга придобивка од тоа. Често дури се и силувани девојките во заробеништво и откако ќе бидат ослободени тие го бранат грабнувачот. Многу не логично нели? Е тоа се случува секојдневно и постојано, но толку е покриено што само оние кои се будни и свесни може да го согледаат тоа, ама не можат ништо да сторат затоа што никој не е толку слеп како оној кој не сака да гледа. Не ми е криво дека ме лажат, криво ми е дека мислат дека им верувам.

Доста веќе правите „добрини“ за мене, веќе од вашето стегање околу вратот не можам да дишам.

Доста ме штитите од „непријателите“, не ми остана ни еден пријател.

Доста се грижите за моето здравје, сите ќе поцркаме од вашата „грижа“.

Доста ми го продавате Господ, од вас не можам да го слушнам Вистинскиот.

 

Уште ли не сфативте дека ние сите сме Едно и се што ми правите мене, себе си правите.

 

 

Последно освежено ( Вторник, 16 Јуни 2009 13:58 )
 
Коментари (1)
Happy smiley))))
1 Четврток, 07 Мај 2009 14:41
ВладиМир
Браво бе друже многу добро кажано и многу точно но на кого да го кажеш ова многу малку сакаат да ја слушаат вистината т.е. многуте луѓе се плашат од вистината и од промената зошто тие две идат заедно ако ја прифатиш вистината таа ке ти го промени животот во целост но тоа е тоа луѓето пре би живееле во лага отколку да се променат.
поздрав Happy smiley

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: