English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Свесност наспроти контрола на умот Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Понеделник, 21 Април 2008 20:21
Индекс на артикл
Свесност наспроти контрола на умот Picture
Страна 2
Сите страници

Марионети
 

     Најлесно човекот може да се покори ако го контролираме неговиот ум. Контролирајќи го неговиот ум, човекот станува покорен слуга, дури и кога не е свесен за тоа, поточно особено кога не е свесен за тоа. Затоа често контролорите се трудат да го убедат (у-беда) дека нештата кои тие сакаат да ги прави за нив, ги прави со слободен избор. Често оние кои најмногу се фалат со демократија се демон кратски држави и тие иако насекаде низ светот бараат слободи за луѓето дури и тоа кога е многу далеку над оние слободи кои тие ги спроведуваат во сопствената држава.

Најголемиот дел од луѓето живеат во дремеж кој е поттикнат од сите колективни системи, од фамилија до глобалните светски системи. Тоа се семејство, фамилија, образование, медиуми (филм, радио, телевизија, весници, книги, игри и др.), религија, медицина и др. Сите тие тежнеат да доминираат со човекот и да го контролираат неговиот живот преку наметнување идентитети.

Идентитет е во основа, точка на гледање и цел која сакаме да ја постигнеме.

Идентитет е привремено јаство (маска, костим, јазик, манири) кое битието го зема за да заврши некаква работа.

На работа има костим (не можеме да одиме по долен веш или во пижами). Треба да бидеме љубезни и да се потчиниме на оние кои се над нас во хиерархијата на работата.

Сите се трудат и натпреваруваат кој поуспешно и поцелосно ќе го контролира нашиот живот.

Дали сте помислиле зошто на работното место на луѓето не им е дозволено да гледаат телевизија, а најчесто и да слушаат радио. Во некои фирми не се дозволуваат приватни разговори за работното време. Ќе речете дека им го одвлекуваат вниманието на вработените. Точно, но истовремено ги одвлекуваат и од идентитетот на вработен и од можноста да биде контролиран.

Често слушаме дека компјутерот е помагало кое ги проширува способностите на човекот.

КОИ СПОСОБНОСТИ???

Човековиот мозок е поделен на две половини кои се поврзани со „мост“ и заеднички дел кој е задолжен за основните животни функции.

Левата страна на мозокот е логичко рационална и тој е задолжен за проценување, судење, логика, математика (рационална) и др.

Десната страна на мозокот е интуитивна, чувствителна, она кое го карактеризираме како потсвест или над свест.

Сите системи ја развиваат и негуваат левата стана на мозокот, а истовремено го потиснуваат исмејуваат и жигосуваат користењето на десната страна на мозокот.

Системите произведуваат папагали. Професори папагали, независни новинари, папагали, лекари папагали, политичари папагали, религиозни водачи папагали. Овие папагали ја користат само едната страна на мозокот и тие како што кажува Давид Ајк само пренесуваат и повторуваат и тој ги нарекува „повторувачи“. Тие ништо не проучуваат, откриваат, создаваат туку само пренесуваат и прераскажуваат, но тоа го прават како да се потполно уверени. Нивната професија е повторување на она кое некој го рекол и од тоа живеат и тоа подобро од другите кои за да опстанат во овој свет неопходно е голем дел од своето време да го потрошат на продавање на сопствената свест, слобода или време. На папагалите им треба само левата страна на мозокот или уште поточно само мал дел од левата страна на мозокот.

Уште од претшколска возраст на децата им се имплантираат содржини кои се однесуваат само на едната сфера од животот и ги кочат нивните креативни способности претворајќи ги во машини за повторување, имитирање или меморизирање. Се кочи инспирацијата, креативните идеи и фантазијата или креативната визуализација. Децата се претвораат во роботи кои на памет учат бесмислени приказни како црвенкапа или Снежана и седумте џуџиња, а во поново време покемон и други. Што е по бесмислена приказната толку е подобра, затоа што основната цел е да се форматира или стави во рамка она кое сакаат контролорите да го форматираат или врамат. Она кое не успеваат со системите на образование се надополнува со вакцините, поточно со клонирање на луѓето со животни, за да може бесмислени за човековиот имунитет болести како птичји грип или СИДА да може да го нападнат. Овие болести човекот ги надминал, затоа што припаѓаат во болести кои ги напаѓаат животните, но кога за подлога на вакцина (вака – крава) се користат животински серуми и тие директно се вбризгуваат во кожата на човекот, се постигнува клонирање на човекот со животното.

Денес се повеќе се зголемува притисокот да се имплантира под кожа минијатурен предавател за да може да бидат исчитани параметрите на тој човек без да му се доближиме. Во пасошите и во документите за лична идентификација се ставаат интегрални кола за истата намена.

Се користат моќни предаватели како оние на Хаарп со кои може да се предизвикаат земјотреси, да се делува на времето или да се влијае на расположението на луѓето од некој регион, па дури и да се предизвикаат болести.

Моќта на хипнозата е моќта на сугестијата. Моќта на сугестијата е моќта на верувањето. Кога верувањето ја поткрепува надежта, тогаш многу лесно може да биде контролиран умот.

Ако јас се надевам дека на Марс има живи суштества и ако некој зборува за тоа како е во контакт со марсовците, голема е веројатноста дека јас ќе му поверувам. Ако пак тој преку приказната за марсовците сака да се стекне со некаков имот, голема е веројатноста дека јас ќе му помогнам во тоа. Тој ќе може многу лесно да манипулира со мојот ум, а преку него и со моите постапки.

Секоја реклама е обид за сугестија. Обично во секоја реклама има отворање на умот и сублимирани пораки. Тоа е како некој крадец кога сака да влезе кај нас и да не ограби, тој има соучесник кој тропа на главната врата и го задржува домаќинот надвор од станот некое време додека другиот влегува од задната врата и го ограбува. Во моментот на грабежот домаќинот е замајан или во дремеж, тој не е во свесна состојба. Ова е најлесниот дел затоа што домаќинот постојано е во дремеж за тоа се грижат сите системи од образование до религија.

Да го појаснам ова.

Уште од најрана возраст во нашиот мозок се инсталираат симболи кои означуваат нешто. На пример симболот крст го симболизира христијанството. Во основа тоа е симбол за поврзувањето по вертикала и по хоризонтала. Симболот на крстот означува дека се е поврзано, она горе и она доле, се она лево преку мене и се она десно. Ова до сега е во ред, но ако забележиме дека крстот го има на секој гроб, тогаш истиот симбол се претвора во симбол на смртта. Ако пак знаеме дека на крстот го симболизира измачувањето на Исус, тогаш симболот на животот и единството станува симбол на измачување и смрт. Во негово име инквизицијата и политиката од третиот век до сега измачуваат, убиваат и малтретираат милијарди луѓе.



Последно освежено ( Недела, 15 Март 2009 16:39 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: