English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Мистериозни археолошки наоди (прв дел) Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 
Напишано од administrator   
Четврток, 23 Октомври 2008 00:38

 

 Некакви чудни „светилки“ претставени на рељеф во храмот на божицата Хатор во Дендера (Египет). На нив е прикачено нешто налик на кабел поврзан со некаков генератор.

 

Неколку метри подалеку од „светилките“ во истиот храм на Хатор во Дендера, изгравирани се овие четири објекта. Тие се поврзани со некаков вид на кабли со објект кој наликува на батерија или електричен акумулатор. Помеѓу два од објектите се наоѓа сфера во која се забележува нешто што потсетува на електрично празнење.

 

Чекан сраснат со блок од песочен камен, откриен во Kingoodie, MyInfield во 1844 година од страна на физичарот David Brewster. Песочниот камен е датиран од страна на dr. A. W. Med од British Geological Research Center’ и е сместен во периодот од пред  360- 460 милиони години.

 

Школка на која е изгравирано рудиментирано но сепак препознатливо човечко лице на нејзината надворешна страна. Како што стои во извештајот на геологот H. Stopes до Британската Асоцијација за Напредок во Науката, оваа школка од формацијата Red Crag во Англија, која припаѓа на периодот на Плиоцен, датира отприлика од пред два милиони години.

 

Метални сфери од Klerksdorp (Јужна Африка), најдени се стотина кои имаат некакви гравури на нив, најчесто паралелни линии околу еквадорот или  вдлабнати точки. Пронајдени се во минералните лежишта од Пре-Камбријскиот период, датиран на 2,8 милијарди години во минатото. Некои од нив имаат тенок слој налик на школка кој ако се отстрани открива сунѓераста внатрешност која во контакт со воздух се претвора во прав.Според Roelf Marx, (куратор на Јужно Африканскиот Клерксдорп Музеј), сферите кои тој ги има во поставката ротираат сами од себе, иако се заклучени во изложбена витрина и немаат никаков допир со надворешни вибрации.

 

„Геодата од Косо“ древна геода (празнина во камен чии ѕидови се обложени со кристали) пронајдена во близина на Olancha (Калифорниа) во која е пронајден многу чуден објект, направен од метал и порцелан. На сликата А се гледа геодата поделена на два дела прикажана од надворешната страна, на сликата В е приказот од внатрешната страна. Сликата С е фронтална радиографија на објектот; таму се гледа метална структура, невообичаена за толку древен објект (фосилната школка која ја обиколува површината е стара речиси половина милион години!). И конечно на сликата D се двата прикази на металната структура која се појавува во внатрешноста на геодата во бочна радиографија.

 

Подводни структури во близина на брегот на  Yonaguni (Јапонија), кои евидентно не се природна формација. Стари се речиси 8000 години.


Ѕидот од Sacsahuaman во Перу, кој на одреден начин наликува на подводните конструкции од Bimini. Тој е археолошка мистерија прво, бидејќи датира од древни времиња и второ, заради начинот на кој се наредени камените блокови, изгледа како да се сраснати заедно. Никој не може да објасни како толку големи камења, со такви екстремни внатрешни и надворешни агли биле транспортирани, измерени, исечени и совршено наредени да пасуваат, а сепак во некаков нерегуларен манир на предисториските луѓе, толку древни што дури ни Инките немаат никакви записи за нив.


Некои од многуте линии во Nazca (Перу). Линиите во центарот на фотографијата продолжуваат паралелно во права линија со километри, иако  на својот пат наидуваат на планини и долини. Кој и со каква цел ги трасирал?

 

Хиероглифите од храмот во Абидос (Египет) кои потсетуваат на хеликоптер, тенк, подморница и карго авион!

 

Хиероглифи (околу 250) откриени во шумите на Националниот Парк, Hunter Valley, 100 км северно од Сиднеј (Австралија), познати веќе од 1900. Тоа се архаични египетски хиероглифи и меѓу нив непогрешливо се наоѓа претставата на Анубис, древниот Египетски бог, судија на мртвите! Дали Египќаните стигнале до Австралија?!

 

Еден од черепите кои доаѓаат од  (Перу) и Merida (Мексико). Еквивалентни се на денешните черепи со неколку непропорционални фактори. Очните шуплини се за околу 15 % поголеми од оние на денешниот човеков череп, но од поголемо значење е капацитетот на внатрешноста на черепот која зафаќа помеѓу минимум 2600 и максимум 3200 ccm (нашиот денешен капацитет е околу 1450 ccm! )

 

Златен предмет од пред-Колумбиска гробница, стар околу 1800 години, необично потсетува на макета на авион со делта крила, има место за моторот, кабина, штитник за ветер, опашка, сите делови на современ авион. Ова е само еден од многуте слични предмети пронајдени во Јужна Америка.

 

Еден од илјадниците пронајдени насликани камења пронајдени во пустината на Ica (Перу), илјадници години стари. Докторот Javier Cabrera стрпливо собирал и каталогизирал околу илјада во својот музеј. Субјектите претставени на оваа слика изведуваат трансплантација на срце. На некои други примероци има претстави на диносауруси или друг тип на предисториски животни и луѓе кои ги ловат.

 

Необични, најчесто во спирална форма објекти се пронајдени 1991 – 1993 година во малата река Нарада, на источната страна на планината Урал (Русија). Нивната големина се движи од максималните 3 см па се до неверојатните 0, 003 мм! Поголемите од нив се од бакар, додека малите и многу малите се од ретките метали tungsten или  wolfram и molybdenum. Точното мерење на овие често микроскопски мали објекти, покажало дека димензиите на спиралите се во. пропорција  на златниот пресек. Сите тестови направени за датирање на објектите покажуваат дека се стари 20.000 и 318.000 години во зависност од длабочината и ситуацијата на наоѓалиштето.

 

Бутна коска на Токсодон од периодот на Плиоцен од пред 2,6 – 1,8 милиони години. Стрелката покажува на трага од стрела втисната во коската. Фосилот е пронајден во Плиоценските формации во Аргентина.

 

Мумија пронајдена 1932 година во планината San Pedro 60 милји југозападно од Casper, Wyoming (САД). Мумијата е со темно бронзена боја, многу набрана и кога било живо суштеството не било повисоко од 35 см!  Со помош на X-зраци се знае дека суштеството (кога било живо)  тежело околу 5,5 килограми, дека било од машки род, имало комплетно развиени заби и било старо околу 65 години! Мумијата тежела само 350 гр. нејзиното чело било многу ниско,носот широк и со проширени носници, и со многу широка уста со тенки усни. Мумијата била многу помала од било која позната човечка раса. Некои тамошни жители им сугерирале на истражувачите дека тоа е човек,  припадник на раса составена од мали суштества кои го населувале регионот во минатото.

 

Огромен квадратен камен блок лоциран во близина на градот Baalbek во Либан, лежи напуштен во каменоломот од каде требало да биде изваден пред илјадници години. Тежи околу 1050 тони, а долг е околу 30 метри, „Монолитот“ е најголемото парче изделкан камен на лицето на земјата.

Последно освежено ( Понеделник, 02 Март 2009 14:48 )
 
Коментари (1)
мистерии
1 Понеделник, 15 Февруари 2010 13:58
bsmaco
голема благодарност до администраторот за изработката на еден ваков сајт на македонски јазик богат со разни интересни содржини поздрав Very happy smiley Very happy smiley Very happy smiley Very happy smiley Very happy smiley Very happy smiley Very happy smiley Very happy smiley Very happy smiley Very happy smiley Thumbs up Thumbs up Thumbs up Thumbs up Thumbs up Thumbs up Thumbs up

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: