English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Мојата И сторија, Што СТОрија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Антитрп Богумилски   
Недела, 15 Февруари 2009 23:23
Индекс на артикл
Мојата И сторија, Што СТОрија
страна 2
Сите страници

Историјата е мајка на времето. Таа треба да се бележи независно од припадноста на оној кој ја запишува. Тоа е основниот критериум кој досега ретко е запазуван. Кога некои работи од историјата ќе се согледаат од временска дистанца со отворени очи, тогаш гребе тоа што е толку очигледно, а никој не го забележува или се прави дека не го забелжува.

Најпрво да објаснам зошто пишувам за мојата историја. Ова е мој поглед на некои историски збиднувања, преку моите филтри и на малку поинаков начин од оној кој вообичаено го сретнуваме.

Историјата е наука која ја проучува и запишува човековата глупост. Таа е серија на безумни и безмислосни случки и ретко, многу ретко може да се најде малку разум во тоа. Една народна поговорка кажува дека попаметниот попушта. Тоа сигурно не го измислил некој мудар, но затоа денес светот е таков каков што е и со него владеат такви на кои им е допуштено да владеат. Па после се чудиме зошто се случува тоа што се случува.

Вообичаено е денес "научниците" и сите писатели кои пишуваат нешто конкретно да станат само преведувачи, препишувачи и ништо нивно да нема во тоа. Наместо да наведат, препишат или преведат нешто па да кажат како гледаат на тоа и да го толкуваат, тие ги вадат нештата вон контекст. Јас можам така Исус да го преставам како неверник или богохулник ако неговите зборови или кажувања ги извадам вон контекст. Затоа сметам дека е потребно секој да си го каже своето мислење, дури и тогаш кога тоа не е во согласност со вкоренетото. Медиокритетите не придонеле ништо во прогресот, затоа потребно човек ако сака да биде креативен, да излезе вон вообичаените шеми и ограничувања. Слободниот ум не трпи ограничени простори.

Те канам на магично-мистично патување. Се што ти е потребно е да си дозволиш твојот ум да патува ослободен од минатите искуства и рамки во кои бил заробен.

Низ целата историја на човештвото провејува една група на луге кои ги нарекуваат Бело Братство или Синови на Светлината. Тие најчесто не се експонираат, туку преку други форми настојуваат да ја шират светлината, мудроста и знаењето меѓу лугето. Тоа не се сведува на обични научни сознанија или технологии, туку и мудрости кои тие ни ги пренесуваат, начин на живеење и пат како да се ослободиме од врзаноста, условеноста и страдањето.

Лугето од пределите од кои се напишани овие редови, се како дрвја без корен. Нив, еден голем дел од корењата има се исечени, прекроени и однесени во други предели, па други се Китат со пердувите кои ги скинале од овде. После доаѓаат  и ни ги покажуваат тие пердуви прикажувајки ги како свои. Сакаат да бидеме одушевени од нивната култура и не нарекуваат варвари, неписмени, глупи и не наведуваат да се колеме и расколуваме меѓусебно. Дојдено е времето кога треба луѓето од овие предели да ги зајакнат сопствените корења, за да може да живеат еден поисполнет живот. Доста не нарекуваа во деминутив оние кои не се достојни да се наречат себе луѓе. Јас не сум НАЦИ-ИСТ и тоа било непознат поим на овие предели, затоа што луѓето од овде секогаш се чувствувале себе за граѓани на светот. Тие не биле номади или чергари туку ја негувале земјата која ја сметале за своја мајка, а истовремено тежнееле кон височините кон Ил, Ели, Сонцето, затоа што знаеле дека сонцето им носи живот, а Македонија е територија на сонцето, луѓето се деца на сонцето и земјата.

. Еве што кажува Платон во „Тим-иј“и тоа се зборови на мисирски свештеник:

„Е Сал-он-е, Солоне му рече тогаш еден многу стар свештеник, Вие Ели-ните сте секогаш деца...

.... Душите ви се млади, затоа што во нив не носите никакво дамнешно верување, создадено на основа на стари преданија, ниту пак некое знаење кое со време остарело. А еве што е причина за тоа: многубројни уништувања го следеле човековиот род на најразлични начини и понатаму ќе го следат; со оган и вода тие се најголеми...

... Сето она за што имаме записи дека се случило овде, кај вас или на некое друго место, а што се случило и што е големо и убаво, сето тоа е запишано овде во храмовите и сочувано од најстари времиња. А на вас и на другите народи, секогаш кога приликите ќе се средат во поглед на писмата и сето останато што е за живот во градот неопходно, повторно после вообичаен број на години, како некоја болест, се случува небески бран, ги остава меѓу вас само неписмените и неучените.

Така на некој начин, повторно станувате млади, затоа што незнаете ништо од она што се случило овде или кај вас во дамнешните времиња. Она родословие кое пред малку го наведе Солоне и она кое го кажа за случувањата кај вас, наликуваат како приказни за мали деца. Вие се сеќавате само на еден потоп на земјата, иако порано имало повеќе потопи. Освен тоа, не знаете дека во вашата земја се родил најубавиот и најдобриот род меѓу луѓето од кој потекнуваш ти и целиот твој сегашен град, затоа што нешто малку семе се задржало, но вие тоа не го знаете затоа што тоа преживеало во текот на многу генерации кои умирале немо, без запис.

 

Уште не ми е јасно или се правам дека не ми е, дали овие дивјаци овде се нарекуваат Словени заради Словото (погледни во Евангелието по Јован на почеток), оние кои го носеле Словото или затоа што биле Славени, затоа што биле добредојдени секаде каде што оделе. На-водно со нив дури и Источното Римско царство (Ромеите) или како светот ги нарекува Византија, во најголемата своја моќ не војувала туку ги славела, додека тие заземале половина од виза антијската територија. Имено нема документи за војување со Византија се до Самуил, но за тоа понатаму.

Пишувам под псеудоним, не затоа да се скријам од нападите, туку затоа што сакам да го реализирам тој аспект на моето живеење, а познато е во духовноста, да се промени името во духовно име.

Анти е со значење стар, древен, така биле нарекувани старите Словени, оние кои го познавеле и го носеле Словото. Трпе е да бидам трпелив и да се обидам така да ги објаснам нештата кои многу гнев предизвикуваат кај мене кога гледам како лугето живеат во сон, не само додека се во својот кревет, туку и она време кое го нарекуваат будна состојба. Се однесуваат како хипнотизирани, пијани мајмуни, па наместо деца на сонцето станале синови на темнината или просто, месечари.

Кога сме кај мајмуните дали знаете дека човекот се разликува од шимпанзата генетски само 1%. Значи тоа што се разликува од мајмуните не е физичкото тело туку нешто друго. Додека бев на училиште ме учеа дека човекот се разликува од животните по свеста. Прости ми драги читателу што ѓе те прашам: Колку време во текот на денот си свесен (а) за себе, за тоа кој си и што си?

Толку време си човек. Ако е тоа еден час во во денот, тогаш си човек само 4%. Ако ова изгледа како шамар, мојата намера е остварена, затоа што јас незнам друг начин како би можел да се разбуди човек кој е во несвест, освен со шамар или да се испрска со вода. И во едниот и во другиот случај, тоа е шок. Ако човекот си посвети сам на себе 1 час во текот на еден ден и секој ден да го прави тоа, тогаш за еден живот му се собира максимум 2 години живот, затоа што само тоа време може да го наречеме живот, останатото е имитација на животот или вегетирање. Кога главен „мозок“ е вегетативниот, а кога другите системи остануваат неразвиени, тогаш човекот не напредува, туку назадува психолошки (душевно). За секој случај него му прават крвно-генетско мешање со животните (при вакцинирањето), со свињи, коњи, па дури и со канцерогени клетки.

Потребно е да бидам трпелив и целиот гнев кој се јавува како последица на неправдите кои се чинат над овој народ од овие предели низ целата историја на постоење. Тоа не е една две или три години да се издржи. Тоа се еони поминати разапнат на крст, а секакви дојденци се преставуваат како силници и кажуваат дека оваа земја е нивна. Како може земјата да биде нивна, воопшто не ми е јасно. Да кажам дека јас припаѓам на оваа земја, разбирам, а дека оваа земја е моја неможам да разберам. Кога купувам земја, јас го купувам правото да припаѓам на една парцела, за да ја обслужувам и да правам Богу угодни нешта, а не таа да ми служи да собирам во големи количини шарени хартивчиња, кои за ништо не ми служат освен да ја зголемат мојата несигурност и страв. Златната треска е болест. Тоа е болеста алчност, а таа многу тешко се лекува, затоа што не само што го заматува умот, туку и го заробува духот. Човекот се врзува за трупање на материјални богатства кои многу лесно може да ги изгуби, затоа што никој не знае кога ќе мора да го напушти ова тело во кое престојува.



Последно освежено ( Вторник, 03 Март 2009 15:44 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: