English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Лето Господово 0000 ? (ANO DOMINI 0000) PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Антитрп Богумилски   
Понеделник, 16 Февруари 2009 00:08
Индекс на артикл
Лето Господово 0000 ? (ANO DOMINI 0000)
Страна 2
Сите страници

Да ја почнам историјата со почетокот на брoењето на годините, барем за поголемиот дел од светот и за најголемиот Богу мил, човекот кој денес го нарекуваме Исус Христос и кој иако поминаа 2000 години го носиме на врат, на ланец, разапнат на крст! Јас-сум е обесен. Тоа во Африка се нарекува Вуду магија, па одтука незнам кој прави херес (во превод магија) и врз кого. Ако некој ви каже дека тоа го прави од љубов кон Христа, тогаш прашајте го дали ако неговото дете е обесено неправедно,   би носел слика од него како виси на бесилка или би го носел насмеан во друга поприлична пригода. Многу нелогичности се врзани за патот и вистината, па како тогаш да го следиме Исус, дали со оружје и реки крв низ историјата. Со незамисливи ѕверства врз луѓето, чедата Божји, силниците ја покажуваат својата моќ врз невини жртви, та нели Исусовата жртва требаше да биде последниот курбан, она кое денес се прави на секој поголем празник со јагнињата, а кога тоа не е доволно и со луѓето.

 

Природата се буди во пролет. Тогаш се расцветува се. Како препород, се почнува со будење од зимскиот сон или смртта. Кога јас би бил Бог, кога би сакал да имам некое позначајно дете и кога би можел да одбирам кога би се родило тоа, секако би било кога се се буди природата, а не кога е во сон, особено ако тоа дете треба да ја шири светлината и животот. Сигурно не би сакал да биде во најцрната ноќ или поточно во најдолгата ноќ во годината. А ако некој се обидува да ме врати назад за 90 степени или денови (тоа е најлош аспект во астрологијата), јас сигурно би бил огорчен од неправдата и обидот некој да ми направи црна магија. Тогаш нема да се прашувам зошто се ми оди назад ако знам дека во темелите на нашите домови е вградена крвта на невина жртва (тоа е курбанот кога се поставуваат темелите на нашите домови). Во митологијата знаеме кој е преставен како долниот дел да му е јарец и со рогови, а вака Исус би бил јарец во хороскоп. Тарот карта за тој период е диаболо. Уште едно не ми е јасно. Зошто Исус на водно е зачнат на полноќ од Гаврил, роден на полноќ во периодот кога е најкраток денот, воскреснува на полноќ? Јас лично не верувам и неможам да верувам во тоа дека Исус е син на темнината. Тој за себе кажува дека доаѓа да донесе светлина и виделина, а и самото име Исус означува ЈасСУмСветлина. Кој има корист од первертирање (превртување) на вистината.

 

По евангелијата кога се родил Исус имало јагниња и тие биле надвор на ливадите на пасење. Оние што одредиле дека е роден на 24 декември очигледно дека не знаеле кога овците се објагнуваат и дека пасењето со преноќување на ливадите почнува во пролет, иако Витлеем е по на југ. Па сега овде нешто не се совпаѓа.

 

Детето Џошуа или незнам поточно како би го нарекол оној кој подоцна го нарекуваат Исус Христос, е родено од мајка Еврејка. Во нивните обичаи детето е она што е и мајката (тука нема грешка), па детето Џошуа е и по обичаите на евреите обрежано на седмиот ден. Зошто останатиот свет неможе да го прифати тоа како факт е веројатно затоа што под влијание на Римјаните, се потхранува нетрпеливост кон еден народ кој изузетно многу страдал низ историјата и е разселуван насекаде. Ако веднаш по раѓањето морале да го кријат Јасу, затоа што Изрод наредил да се убијат сите новороденчиња, сигурно не би го носеле на обрежување, затоа што би го изложиле на смртна опасност. Или и тука нештата се помешани по датуми, затоа што Изрод умрел 4 г пред нашата ера, а во историјата не е забележано нешто такво, освен во стариот завет во времето на раѓањето на Мој-си-е. Јасу кажува дека е вистината и животот и патот до Бога води преку него. Тој не ни кажува да го газиме него, ниту со лукавост и лага треба да живееме, затоа ако се обелоденат некои работи не се руши неговото дело, токму спротивното, само така може да се приближиме до разбирањето, а евентуално и живеењето во согласност со Божјите напатствија.

 

Римјаните и до ден денешен се трудат душата еврејскиот народ да му ја земат, со тоа што ја прекројуваат неговата историја. Апостолот Петар Кјафа или Шимун, во превод Каменко, никогаш, never, nunka, никакда, nie, не бил во Рим, па така целиот римо-католицизам не се темели на наследството кое тој им го оставил како наследство на Рим. Што е најчудно Петар не е наследник на Исус и неговото учење. Второ тој само во една ноќ најмалку трипати одрекол дека е негов ученик (запишано е во Библијата). Тој бил апостол и бил христијанин и посветен на христијанството тука нема сомнеж, но директниот наследник бил Јаков праведниот. Петар бил доследен ученик христијанин до својата смрт и заедно со Јаков го следеле и раководеле христијанството кое било во зачеток. 

 

Јас не сум против никого и Римокатолицизамот секако дека има и позитивни и негативни страни. Да не помисли некој дека јас застапувам нечии интереси и дека сум против некого. Мојата намера е да ги истакнеме или поточно означиме очебијните грешки што ги правеле во минатото нашите предходници со цел, никогаш да не се поторуваат такви неразумности како вартоломејската ноќ и слични. Па после Папата во една фарса за тражење прошка од целиот свет да мисли дека гревовите така се бришат. Тоа ме потсетува на некои луге кои мислат дека со ставање шише зејтин, крпа или градење црква, прават нешто за Бога и дека со тоа би си се исчистиле од гревовите. Тоа се само митаџии митници или во превод граничари кои стојат на вратата од небото и не дозволуваат другите да влезат. Тоа е само фарса или фасада и ако тоа било доволно ќе било вградено во десетте Божји Напатствија.

 

 Родословието по евангелијата иако различни (незнам кој имал корист од тоа) на најголемиот Богу мил не води до царот Да-вид (оној кој го средил Голиот) и тоа што е најинтересно, родословието е по машка линија (па нека се договорат кој му е татко да не излезе дека таткото е непознат). Нека се договорат кој е таткото па нека ни го напишат, затоа што вака има две различни родословија во „Божјата Книга“ или како индусите  би ја нарекле Багават Гита.

 

Еден од најголемите духовни учители на 20 век Ошо, човекот кој го прогонуваа низ цел свет како антихрист, затоа што многу „тропаше“, за Христос кажува дека тој најмногу кажал во целата историја на човештвото. Човекот кој има остри зборови за секого и кој има повеќе од 3000 книги, кажува за Исус дека тој е оној кој најмногу кажал во историјата на човештвото. Ошо е Индус и по наследство е припадник на Џаинистите, а по определба универзален духовник. Значи не е некој кој има сметка да го каже тоа, заради лична корист или корист на неговата група, туку го кажува затоа што навистина го согледал тоа. Уште кажува дека Исус е мостот (можеби Кос-мос) со кој се премостува јазот меѓу небото и земјата. Таквиот човек е прогонуван како антихрист, затоа што тој, колку и да го величал Исус, толку ги напаѓал институциите на христијанството, заради нивната спротивна насока во однос на изворното учење. Кога некој го напаѓа Ошо, тоа е како некој ако каже дека економијата на нашата држава не е добра да биде осуден за предавство на државата и прогонуван од војската.

 

Да се вратиме 2000 години наназад. Младиот Џошуа како и другите деца во Израел, не прифаќал се што ќе чуе и прочита, туку имал свое мислење и толкување.  Не ги учеле се да прифаќаат здраво за готово, иако строго се држеле до законите кои ги востановил Мојсие. Тој знаел, а многу подоцна и ќе го каже тоа, дека сите ние сме деца на жив Бог и законите не се скаменети (напишани во камен), туку во нашето срце. Тој фамилијарно бил припадник на Назарените- на Бога посветени група која цел живот живеела посветен на највисоките квалитети во живеењето. Подоцна затоа е наречен Исус Назаренинот. Јас сметам дека назарените се Есени, а негледам зошто би ја намалило величината на Јасу ако е Есен.




Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:38 )
 
Коментари (1)
bogomili
1 Понеделник, 02 Април 2012 10:11
carlixxx
Се сложувам со тебе за многу горенапишани работи.
Но ова за крстот и за раѓањето Исусово ми звучи како тврдење кажано од јеховин сведок.Зошто тие како денешни наследници на богомилите имаат идентично гледиште кон овие работи.
Јас би ги поставил работите вака:

Го носам крстот со распетието во знак на почит кон делото кое своеволно го направил Исус за наше спасение.

Го славам денот на неговото раѓање и воскресение без разлика на кој датум се случило тоа зошто важен ми е чинот а не времето на случувањето.

Ние сме чеда на жив Бог и неговите закони кои ни се дадени се исто така живи.А тоа значи дека секогаш се во склад со времето во кое живееме.Ако во срцето сметаме дека нешто е исправно тогаш навистина тоа е така.Нема тука искривување и преадаптирање зошто можеме секого да излажеме но не и нашето срце.

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: