English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Богумили PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Антитрп Богумилски   
Понеделник, 16 Февруари 2009 00:13
Индекс на артикл
Богумили
Страна 2
Страна 3
Страна 4
Страна 5
Сите страници

Богумилите кажале дека годината која има три нули (пример 2000) ќе биде година во која Сатаната ќе ја манифестира својата власт и кога ќе изгледа дека се е готово, небесни ангели ќе ја спасат земјата од неговото владеење.

 

Богумилите немале храмови во класичен смисол, ниту пак свештеници кои го водат тој храм, затоа што нивниот храм е во свесноста. Тие постојано го носеле својот храм со себе, а секој дом во кој ќе престојуваат или ќе ги нахрани и во кој ќе имаат молитва или предавање, се нарекува Богумил Дом.

 

Тие се најтаинствените "христијани" како себе се нарекувале или еретици како нивните противници ги нарекувале. Располагале со знаења и техники со кои патувале низ времето и можеле да предвидат што ќе се случи. Имале техники на лекување и вибрирање и во комплет со нивните знаења за природните закони ги правеле да бидат победници иако не ги злоупотребувале своите моќи. Биле вешти лица и затоа настојуваат да ги пеплосаат горејки ги на колец. Особено во оваа пракса на логорски оган се истакнале француските „заштитници“ на Бог. Замисли некој мора да го брани Бог од неговите чеда, па после се чудиме зошто не ни се јавува Бог од дамнина. Од тогаш од кога не се јавува, лут ни е. Сите негови напатствија ги извртевме, искрививме, первертиравме, а недај Боже некој да каже дека чул глас од Бога, веднаш ќе го затворат во некоја институција и ќе го клукаат со „лекови“ кои ќе го убијат Бог во него. Сите нешта кои ги создал исто така ги превртевме, се повеќе се однесуваме како богови. Сечкаме поедини делови од телото (она кое го нарекуваме како најдобрата креација на Бог), не се потребни или ги заменуваме со вештачки. Пиеме нафта (синтетички пијалоци и храна) и живееме во еден божемен свет. На земјата живеат месечари, а земјаните се вистинска реткост, за свесност неможе да стане збор.

 

Богумилите се движење кое ја разниша Европа и нејзините цврсти определби или наметнувања на религијата која е во брак со власта и која постојано се наметнува да биде мажот во тој брак, па од тука другата власт треба да биде онаква странка.

 

Не ми е јасно кај го научија тоа тие христијани. Дали од ЈаСум кога рекол: "На царот царевото, а на Бога божјето". Јас од ова подразбирам дека тој кажува дека: "Неможе да влезе богатиот во царството небеско и дека е полесно ...

 

На патот од Јерусалем до Европа се губат многу нешта, па така и неговата изрека: "Љуби го ближниот" ја изгубило првата буква и десет векови немало кој да го исправи тоа, па институциите на христијанството, заради една буква правела покољ меѓу сопствените верници. Особено ако тие биле учени. Секој учен човек се нарекува вештак и денес, но за ова пред некој век бил резервиран убав логорски оган на кој главно печење било вештото лице. За да провери дали некоја жена е вештерка или не во средниот век (ако ова е средина незнам каде ни е крајот, а тој према она што во последно време ни се случува, не е далеку, тука е некаде), била врзувана и фрлана во вода. Ако се удави тогаш таа не е вештерка, а ако исплива, тогаш ја носеле на логорски оган, во кој користеле мокри дрва, за повеќе да страда. Целиот тогашен и сегашен свет е во потрага по знаењата со кои располагале.

 

За Богумилите дознаваме галавно од неколку извори. Едниот е од цариградскиот патријарх Теофилакт (933-956 година), а вториот е од презвитер Козма, намесник на бугарскиот кан Петар, во таканаречената "Беседа" против богомилите напишана во средината и втората половина на десети век. Постојат и други документи од тоа време, како на Ана Комнена, византијска писателка и ќерка на византијскиот цар Алекси Комнен (1081-1118), родена 1083 година. Како принцеза се здобила со добро образование и се мажи за Никифор Бриен, а неговиот татко претендирал на престолот но не го добил (па после имињата немаат врска Бричен). Во 1118  Ана и Никифор учествуваат во завера се се здобијат со престолот на Византија. Заверата не успева и Ана и нејзината мајка Ирена одат на место на кое подоцна е изграден манастир. Тука напишала за еден дел од историјата, воглавно се раскинала фалејки го нејзиниот татко во петнаесет книги наречени Алексини. Подоцна пишува и "Историски Материјали" и опишува период наназад до 1079. Нејзиното пишување е секогаш од нејзиното видување и на него влијае нејзиното потекло  образование и ароганција како принцеза, а богами и нејзината неисполнета страст да биде царица.

Постојат  други записи, но сите кои се напишани се кратки и недоволни за да се добие една целосна слика за животот и учењето на едно социјално-религиозно движење чии корени се во територијата на денешна Македонија.

 

Сите кои пишуале за богумилите биле нивни противници, а тоа е исто како да сакаме да дознаеме за партизаните па ги проучуваме преку записите на гестапо или СС. Првиот, Теофилакт и не ги познавал добро богомилите и како да зборува за нив од нешто кое е чуено а недоразбрано, додека презвитер Козма бил прилично упатен иако идеолошки едностран па неможел да види дека за она што мисли дека се грешки можеби и не се од гледна точка на духовното живеење. Тој немал за што да ги нападне совршените па нивните доблести ги наведува како јерес или мани. Се кажува недокументирано дека Богумилите се следбеници на некој поп Богомил кој штрапнал, се изместил или му се помешале брзините. Попот Богумил се нарекувал така заради својата припадност инаку неговото име е Јеремија. Постоеле и други документи, но тие ги изгореле исто како и богумилите (што ќе праиш мрачен и ладен среден век).

 

Интересно е тоа и документирано дека Богумилите не се нарекувале меѓу себе богомили, ниту богумили, туку христијани и само така. 

 

Богумилите воглавно официјално се напаѓани заради нивниот поглед дека постојат два Бога. Бог на доброто и Бог на злото. Поточно Бог на светлината и Бог на темнината. Богумилите се нарекувале себе дека се синови на светлината и нивна задача е да се борат со силите на темнината. Тие се труделе да ги осветлат сите оние нешта кои ќе ги осознаат, особено оние кои го попречуваат нормалното живеење на обичниот народ.

 

Ако некој ја прочитал Библијата или ако не, тогаш ова е добра причина да погледа дека и Исус зборува за Таткото и за Сотона (со тама, или сутон) и кажува дека е дојден да донесе светлина и виделина на оние кои ја немаат. Јас или не разбирам или се правам дека не разбирам, па барам појаснување, што е Сотона ако не спротивниот аспект на Таткото.

 

Богомилството иако било оневозможувано на сите начини, од исмејување до физичка ликвидација на нивните симпатизери и следбеници, имало доста симпатизери, затоа што воглавно ги застапувале интересите на најсиромашните и им го осветлувало патот кон среќен живот преку вистинското знаење.

 




Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:33 )
 
Коментари (2)
Информација за планетата
2 Вторник, 13 Септември 2011 22:18
Sasenko
Ве молам, во име на Љубовта надминете го егото и поттикнете ги луѓето околу вас за помош на Светот. Најголемата болест на човештвото е свесното уништување на себе си.
“Ако успееме да бидеме 9000 срца кои шепотат во Божествена Молитва, тогаш нема да случат наредните глобални деструктивни катаклизмички случувања.”

http://theholywhisper.com/images/Bolesta_na_Konstantin_MAK.pdf
богомилите
1 Среда, 27 Мај 2009 19:17
Мариана
Съвременните учени характеризират богомилството като дуалистично, антифеодално и реформаторско народно движение, възникнало в лоното на българската църква през Х век и бързо разпространено в Мизия, Тракия и Македония, в бурните времена предшестващи византийското нашествие. Корените му, като цялостно социално по съдържание и религиозно по форма движение, трябва да се търсят в българската обществена действителност през първата половина на Х в. и в изострения социален и религиозен антагонизъм.

Разпостранено първоначално в Мизия, Тракия и в по-силно подложената на славянско влияние Македония, богомилското движение създава там първите си църкви. Въпреки преследванията, на които е била подлагана богомилската ерес, особено по времето на византийското господство, това религиозно учение просъществува в България чак до XV век. Голяма част от изповядващите го приемат исляма след османското нашествие: от тях произлизат днешните помаци, торбеши и пр. Последното наименование също е свързано с богомилството. Според Димитър Ангелов така били наричани част от богомилите в Македония. Само една част от павликяните запазили своето, макар и доста поизбледняло учение чак до XVII век, когато францисканците ги обръщат към католицизма. В Рашка през XII век след събора на Петрова църква, богомилите са безмилостно преследвани от Стефан Неманя, а книгите им изгорени. Значително по-сигурно те се укрепват в Босна и Херцеговина. Някои от тях бягат натам след 1170 година, където намират сериозна подкрепа от босненските владетели /банове/ и по-късни крале. Владетелят бан Кулин бил страстен богомил и сектата

Според Житието на сръбския княз Иван Владимир, още по времето на българския цар Самуил "заблудените народи на масалианските и богомилските български еретици, (които) проникнали в Мизия, Албания, Далмация, Илирик и Сърбия".[4] През XI-XII в. се множат сведенията за разпространението на "българската ерес" (Bulgarorum haeresis) в цяла Европа. На Запад, от Далмация до Атлантика, католическите папски наместници от бенедиктинския орден изучават византийския опит в борбата срещу еретиците, чиято мисионерска дейност се счита като основополагаща при възникването на западноевропейските религиозни общности на патарени, катари (албигойци) и валденси в Далмация, Италия, Германия, Фландрия, Англия, Франция, Лангедок и Арагон (обхващащ и днешна Каталония). Разпространението се осъществявало от търговци и занаятчии, предимно тъкачи, пътешественици и богомолци, а идейната им връзка с трубадури и минезингери им осигурила широка гласност и достъп до управата на свободните градове в Северна Италия и кралските дворове на Южна Франция и Арагон. През XI в. се появяват първите новини за присъствието им, а през XII в. сведенията за тях "заливат цяла Европа", назовавайки ги с различни имена: бугри (българи), бабуни (в Босна), катари, манихеи, павликяни, патарени, албигойци и т.н. Самите те се наричали просто християни, а хората ги определяли като "добри хора" и "добри християни", заради скромния им начин на живот, простотата с която се обличали и мисионерския им жар, които ярко се отличавали от помпозността и претенциозността на папския двор и висшия католически клир, и разпуснатостта и невежеството на провинциалното католическо свещенство. В Ломбардия (Северна Италия) движението било добре организирано още през XII в. Негово средище бил град Милано, а самите еретици били наричани патарени според наброявала десетки хиляди привърженици в страната. Оттам разпространението ѝ стига до сърцето на Западна Европа.

из
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: