English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Богумили PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Антитрп Богумилски   
Понеделник, 16 Февруари 2009 00:13
Индекс на артикл
Богумили
Страна 2
Страна 3
Страна 4
Страна 5
Сите страници

Богумилите кажале дека годината која има три нули (пример 2000) ќе биде година во која Сатаната ќе ја манифестира својата власт и кога ќе изгледа дека се е готово, небесни ангели ќе ја спасат земјата од неговото владеење.

 

Богумилите немале храмови во класичен смисол, ниту пак свештеници кои го водат тој храм, затоа што нивниот храм е во свесноста. Тие постојано го носеле својот храм со себе, а секој дом во кој ќе престојуваат или ќе ги нахрани и во кој ќе имаат молитва или предавање, се нарекува Богумил Дом.

 

Тие се најтаинствените "христијани" како себе се нарекувале или еретици како нивните противници ги нарекувале. Располагале со знаења и техники со кои патувале низ времето и можеле да предвидат што ќе се случи. Имале техники на лекување и вибрирање и во комплет со нивните знаења за природните закони ги правеле да бидат победници иако не ги злоупотребувале своите моќи. Биле вешти лица и затоа настојуваат да ги пеплосаат горејки ги на колец. Особено во оваа пракса на логорски оган се истакнале француските „заштитници“ на Бог. Замисли некој мора да го брани Бог од неговите чеда, па после се чудиме зошто не ни се јавува Бог од дамнина. Од тогаш од кога не се јавува, лут ни е. Сите негови напатствија ги извртевме, искрививме, первертиравме, а недај Боже некој да каже дека чул глас од Бога, веднаш ќе го затворат во некоја институција и ќе го клукаат со „лекови“ кои ќе го убијат Бог во него. Сите нешта кои ги создал исто така ги превртевме, се повеќе се однесуваме како богови. Сечкаме поедини делови од телото (она кое го нарекуваме како најдобрата креација на Бог), не се потребни или ги заменуваме со вештачки. Пиеме нафта (синтетички пијалоци и храна) и живееме во еден божемен свет. На земјата живеат месечари, а земјаните се вистинска реткост, за свесност неможе да стане збор.

 

Богумилите се движење кое ја разниша Европа и нејзините цврсти определби или наметнувања на религијата која е во брак со власта и која постојано се наметнува да биде мажот во тој брак, па од тука другата власт треба да биде онаква странка.

 

Не ми е јасно кај го научија тоа тие христијани. Дали од ЈаСум кога рекол: "На царот царевото, а на Бога божјето". Јас од ова подразбирам дека тој кажува дека: "Неможе да влезе богатиот во царството небеско и дека е полесно ...

 

На патот од Јерусалем до Европа се губат многу нешта, па така и неговата изрека: "Љуби го ближниот" ја изгубило првата буква и десет векови немало кој да го исправи тоа, па институциите на христијанството, заради една буква правела покољ меѓу сопствените верници. Особено ако тие биле учени. Секој учен човек се нарекува вештак и денес, но за ова пред некој век бил резервиран убав логорски оган на кој главно печење било вештото лице. За да провери дали некоја жена е вештерка или не во средниот век (ако ова е средина незнам каде ни е крајот, а тој према она што во последно време ни се случува, не е далеку, тука е некаде), била врзувана и фрлана во вода. Ако се удави тогаш таа не е вештерка, а ако исплива, тогаш ја носеле на логорски оган, во кој користеле мокри дрва, за повеќе да страда. Целиот тогашен и сегашен свет е во потрага по знаењата со кои располагале.

 

За Богумилите дознаваме галавно од неколку извори. Едниот е од цариградскиот патријарх Теофилакт (933-956 година), а вториот е од презвитер Козма, намесник на бугарскиот кан Петар, во таканаречената "Беседа" против богомилите напишана во средината и втората половина на десети век. Постојат и други документи од тоа време, како на Ана Комнена, византијска писателка и ќерка на византијскиот цар Алекси Комнен (1081-1118), родена 1083 година. Како принцеза се здобила со добро образование и се мажи за Никифор Бриен, а неговиот татко претендирал на престолот но не го добил (па после имињата немаат врска Бричен). Во 1118  Ана и Никифор учествуваат во завера се се здобијат со престолот на Византија. Заверата не успева и Ана и нејзината мајка Ирена одат на место на кое подоцна е изграден манастир. Тука напишала за еден дел од историјата, воглавно се раскинала фалејки го нејзиниот татко во петнаесет книги наречени Алексини. Подоцна пишува и "Историски Материјали" и опишува период наназад до 1079. Нејзиното пишување е секогаш од нејзиното видување и на него влијае нејзиното потекло  образование и ароганција како принцеза, а богами и нејзината неисполнета страст да биде царица.

Постојат  други записи, но сите кои се напишани се кратки и недоволни за да се добие една целосна слика за животот и учењето на едно социјално-религиозно движење чии корени се во територијата на денешна Македонија.

 

Сите кои пишуале за богумилите биле нивни противници, а тоа е исто како да сакаме да дознаеме за партизаните па ги проучуваме преку записите на гестапо или СС. Првиот, Теофилакт и не ги познавал добро богомилите и како да зборува за нив од нешто кое е чуено а недоразбрано, додека презвитер Козма бил прилично упатен иако идеолошки едностран па неможел да види дека за она што мисли дека се грешки можеби и не се од гледна точка на духовното живеење. Тој немал за што да ги нападне совршените па нивните доблести ги наведува како јерес или мани. Се кажува недокументирано дека Богумилите се следбеници на некој поп Богомил кој штрапнал, се изместил или му се помешале брзините. Попот Богумил се нарекувал така заради својата припадност инаку неговото име е Јеремија. Постоеле и други документи, но тие ги изгореле исто како и богумилите (што ќе праиш мрачен и ладен среден век).

 

Интересно е тоа и документирано дека Богумилите не се нарекувале меѓу себе богомили, ниту богумили, туку христијани и само така. 

 

Богумилите воглавно официјално се напаѓани заради нивниот поглед дека постојат два Бога. Бог на доброто и Бог на злото. Поточно Бог на светлината и Бог на темнината. Богумилите се нарекувале себе дека се синови на светлината и нивна задача е да се борат со силите на темнината. Тие се труделе да ги осветлат сите оние нешта кои ќе ги осознаат, особено оние кои го попречуваат нормалното живеење на обичниот народ.

 

Ако некој ја прочитал Библијата или ако не, тогаш ова е добра причина да погледа дека и Исус зборува за Таткото и за Сотона (со тама, или сутон) и кажува дека е дојден да донесе светлина и виделина на оние кои ја немаат. Јас или не разбирам или се правам дека не разбирам, па барам појаснување, што е Сотона ако не спротивниот аспект на Таткото.

 

Богомилството иако било оневозможувано на сите начини, од исмејување до физичка ликвидација на нивните симпатизери и следбеници, имало доста симпатизери, затоа што воглавно ги застапувале интересите на најсиромашните и им го осветлувало патот кон среќен живот преку вистинското знаење.

 



Богумилството било напаѓано за јерес, а да прашам што означува зборот ерес. Неговото потекло е од стар збор Хереш, кој на Арамејски означува Мајстор, а не реш печење. Дали е Мајстор во Магија или во изработка на глинени грнци исто се означувал. Запишано е на арамејски дека и татко му на Исус  бил хереш (дрводелец).

 

Богумилите најмногу биле напаѓани заради тоа што сметале дека во гробовите на светците има само коски и тие не се свети, затоа што нивниот стопан е одамна таму каде што посакувал да биде (кај Таткото), а нивните коски се користат во магијски ритуали за да се извлече уште некоја паричка од дупнатите џебови на народот кој бара излез од наметите кои се повеќе го стегале, па да проба и кај св. Никола или некој друг. Богумилите сметале дека свет е само Бог и никој друг. Себе се нарекувале Христијани иако не го идолизирале Исус, затоа што тој како и самиот што кажал (Јас и мојот Отец сме Едно), па треба да се слави Едното, а не двете или трите, за да не се расплинува или дели (секцира или расколува) нивната определба за Едното. Не разбирам кој е тука дуалиста или триста. Тие кажуваат дека Христ е она кое е од Бога, па тоа и треба да го цениме, а не коските и месото (во Библијата синот човечки), затоа што она што е од земја е Идол или Златното Теле, а Мој-Си-е ги ЕлиМинирал таквите.

 

Богумилите биле против тоа духовноста да се меша со политиката и дека на Царот треба да му се даде она што му припаѓа, а на Духот она што нему му припаѓа (која "случајна" коинциденција со Исус), затоа што сметале дека полесно е бродско јаже да се протне низ иглени уши одколку богатиот да влезе во царствотот небеско.

 

"Честа" да бидат прогонувани и убивани, не им припаѓала само на Богумилите, туку и на сите нивни сродни групи во Франција катарите (во превод чисти), патарените, Бабуните, пуританците и други. Постои едно јуначко дело на папините слуги кога тој ги натерал во име на Бога да убијат само во еден ден 100 000 луге, жени, деца и старци, за да се сотре нивното погрешно христијанство. За каков Бог станува збор незнам.

 

Неможам да кажам дека некој го разбрал Исус ако подтикнува непријателство супресија и физичка тортура. Таквиот неможе да се нарече човек, а од христијанството е далеку со светлосни години. Инаку и Хитлер е христијанин, во голем дел затоа и имал подршка од папата во тоа време. Но, Хитлер е мало дете во однос на средновековните мачители. Неговото вледеење било десетина години, а тоа во споредба со десет векови е еден процент. Да не зборувам за начинот на тортура и начинот на живеење, тука нема споредба. Вартоломејската ноќ е само еден мал сегмент од таа историја, само една во многуте такви ноќи (и зошто баш ноќе). Може да сфатиме дека лугето десет векови живееле во концентрациони логори, благодарејки на случајно или намерно, лошо разбраниот Исус, а тоа го правеле оние кои го ставиле на крст. Знам дека ова изгледа сурово, но ова е кажано од една временска дистанца. Вистината е многу поболна. Не ми е намера да обвинувам некого зошто го направил тоа. Готово е тоа е свршен чин. Сакам само да ги осветлам нештата и да укажам, а евентуално и да придонесам да не се повторуваат истите грешки. Треба да дозволиме секому слободно право на вероисповест, а да му ги покажеме предностите на нашиот пат. Само така ќе придобиеме вистински свесни луѓе, а не маса на лесно контролирани тела, затоа што телата се земни и во земја одат. Магарињата исто како и нивните стопани одат на аџилук, но не стануваат аџии. Воглавно одењето на аџилук е политика, а  таа нема ништо заедничко со религијата или со изворот на таа религија, повеке е како туризам кој им ги полни џебовите на волците во јагнешка кожа. Некои од туризам се печат на сонце, а некои се варат на аџилук.

 

Корењата на Богумилството се во социјалните и религиозните неправди, тука не станува збор за едно искривено учење.

 

Во раце пред 13 години ми дојде мало книже за историјата на манастирот св. Јоаким Осоговски. Она што ми падна во очи беше тоа дека биле четири светци и тоа св. Јоаким Осоговски, св Прохор Пчињски, св. Јован Рилски и св. ..... Лесновски. Тие живееле повлечено од останатиот свет во една пештера и цело време го поминувале во молитви. Кога ги видел некој овчар тие решиле да се разделат (зошто не ми е јасно) и дека секој одкако ќе се разбуди да тргне по својот пат. Последен се разбудил св. Јоаким Осоговски и тој останал на местото кое и денес е познато како манастир св. Јоаким Осоговски. Не ми беше јасно од кого се криеле и зошто толку се исплашиле кога ги видел некој овчар. Тие живееле во времето на Богумилите и ако не биле Богумили не знам зошто би се разделиле. Ова е можеби непријатна тема за размислување, но ако не размислуваме ќе заспиеме, па Лукавиот бара токму такви жртви. Тој е лукав затоа што обожува лук да јаде, па после бзди.

 

Суштината на религијата е искажана во самиот збор. Ре значи повторно а лига е обединување, Едност (пример лига на народи се Обединетите нации, обединети за да владее некој со нив). Значи да се биде религиозен значи да се обединиме повторно во Едното или во Бога. Од тука секој оној кој работи спротивно на тоа неможе да се нарече религиозен човек, а уште помалку Богумил.

 

Во суштина постојат две основни групи во однос на начинот на осознавање. Едните се нарекуваат Гностици, а другите Агностици. Гностиците тврдат дека Бог може да се спознае, а Агностиците дека тоа е невозможно. Едните се нарекуваат мистици, а другите верници.

 

Да спомнам уште еден пример на мистичко движење на овие предели кое ги поделило духовните луѓе во тоа време (14 век) на два дела. Тоа е исихастичиот спор. Имено на овие предели монасите имале техники со кои се обидувале, колку јас што сум прочитал и со успех, да се просветлат. Тоа им сметало на оние кои предност давале на учењето преку ум и логика па покренат е спор на соборот во 1341 година во Константинопол.

 

Во таа борба на умот и срцето победило срцето. Инаку како би можел некој да се нарече христијанин ако го стави умот пред срцето. Дали би можеле да го замислите Исус како умува, седнат на камен и размислува дали да дозволи да го разапнат или да му ја здувне, затоа што тоа е болно. Тој да размислувал не би дозволил да биде разапнат, туку би побегнал од крстот. И не само тој, туку и сите негови следбеници (освен можеби Јуда Искариотски и Савле Павле).

 

Кога религијата ќе се помеша со политиката тогаш се случува брак од интерес. Во бракот третиот е одвишен, па дури и тоа да е Бог.

 

Да продолжам со богумилите. Основно кое што секаде се нагласува е, дека богумилите постојано биле со молитвата која Исус ја остава во наследство и препорачува да се кажува. Станува збор за Иже Јеси на небеси или во модерен превод Татко наш ти кој што си. Често петок према сабота практикувале бдеење и цела ноќ ја повторувале. Богумилите тоа го правеле не како престава, туку како директна комуникација со Бог. Ова е уште една препорака како да се кажува молитвата оставена од Исус.

 

За разлика од омразеното од народот, распуштено црковно духовништво, богумилите се одликувале со скромност кроткост, смиреност и молчеливост. Тие одбегнувале шумен живот, но таа смиреност не значи и одсуство на револуционерност и попуштање кога се работело за интересите на народот. По налог на тогашниот Фирер, бугарскиот Кан Петар (во превод Каменко),  СС штурмбанфирерот Козма (косм на бугарски е влакно) истакнува: " надворешно тие се како овци кротки, смирени и молчеливи, збор не кажуваат, не се смеат на глас, не љубопитствуваат и се пазат од туги погледи. Надворешно прават се да не ги разликуваме од правоверните христијани, а внатрешно се волци и хишници" завршен цитат енде.

 

Ако го согледаме добро времето и начинот на живеење, многу лесно може да сфатиме зошто кажувале дека земјата е планета со која владее Сотона. Ништо Христијанско неможеле да видат ни од највисокото свештенство, а народот живеел како стока, за корка леб, слугувајки им на племството и свештенството (во филмот “Името на Розата“ тоа е добро дадено). Тие само биле будни за околината во која живеат и тоа јавно го кажувале. Тоа пак било смртен грев во тоа време (исто како и денес).

 

"Еретиците,- кажува еден од инквизиторите (буквален превод-човек кој учествувал во квиз) - можат да се препознаат по нивниот јазик. Тие се скромни и живеат во средени односи. Не се раскошни во облеката која не е ниту скапоцена, ниту нечиста. Не се впуштаат во трговски работи за да избегнат лажење, заколнување и измама, туку живеат од работата на своите раце. Тие не собираат богатства, туку се задоволуваат со она што им е најнужно. Умерени се во јадењето и пиењето. Не посетуваат меани игранки или слични забави. Се воздржуваат од гнев, учат и поучуваат и немалку се молат. Можеш да ги препознаеш по нивната скромност и по нивниот внимателен говор, бидејки тие одбегнуваат простота и клеветење) .


 

Дека сите совршени богумили без исклучок, биле писмени и учени, може да ни потврди и фактот дека лонгобардијските и француски еретици (следбеници на богомилското учење). Во нивната средина школството било на такво ниво што многумина завршиле прочуени универзитети каде што стекнале теолошки знаења кои ги употребувале против духовништвото на ортодоксното христијанство (после ќе каже некој дека грешам што ги нарекувам вештаци).

 

Богомилите знаењето не го употребувале само да се натпреваруваат со тогашната црква. Тие го ширеле знаењето низ широките народни слоеви, а не правеле од него монопол каков што правеле црквените духовници (погледај го филмот "Име на розата" и "Звонар на богородичната црква"). Само народ во простота и незнаење може да се контролира успешно, сметала црквата и дали можете да предпоставите што најпрво е преведено со глаголицата - Кириловото писмо. Знам дека не знаете. Тоа е законикот, а после тоа Евангелијата.

 

Богомилите пред целата тогашна Европа го разгласија нивното основно мото: "Знаењето е светлина", а себе се нарекувале синови на светлината. Тие се гностици и нивната цел е спознавање на основните космички прашања за тоа кои се што се и зошто се заробени во оваа затвор-планета. Како да се ослободат од условувањето и врзувањето за овоземските безкорисни цели и своето внимание го насочувале кон повисоки дострели на духот, ослободен од врзаноста на овој 9 метра нужник кој секој си го носи со себе каде и да оди и какви и крпчиња и парфеми да стави врз него. Мирисот и изгледот може да го покрие, но тој останува во него. Богомилите настојувале преку гнозата-највозвишеното духовно спознание да дојдат до божествените вистини. Тие се труделе како да се ослободат од мрежата на Сатанчо црномурестиот и да се вратат таму каде што припаѓаат кај својот Отец. Преку гностицизамот, богомилите го ослободувале разумот од оковите на илузијата и на тој начин придонеле за развој на средновековната слободна мисла и филозофија (Џордано Бруно, Галилео Галилеј, Коперник Петар Петровиќ Његош и уште многу познати и непознати). Дел од таа позитивна мисла заврши како логорски оган на "бранителите на христијанството".    

 

Она што следи е од Ана Комнена. Нарочно не го препејував туку го дадов онака како е за да согледате дека текстот е еднаш или двапати преправан и затоа на прв поглед делува бесмислено. Денес и мали деца знаат дека Басил или Васил е Василевсот или царот, а не таму некој беден богумил. Од аргументи нема ни а, а за нешто повеќе неможе да стане збор. Ако татко и бил толку успешен против богумилите, тие не бисе рашириле како што кажува како скакулци. Кажува дека таквата ерес е нова  и досега непозната на Црквата, а после ги нарекува манихејци, павлекијани и т.н. Иако се трудев да ги поврзам мислите на арогантната прицеза, не ми успеваше секогаш, затоа ве молам да ми простите за мојата несовршеност.

     

Medieval Sourcebook:
Anna Comnena: The Bogomils, c. 1110

 


После ова како скакулци голем облак од херетици се појавени и природата на нивниот ерес беше нов и досега непознат на Црквата. За две многу злочести и безвредни доктрини (наметнувања на лични ставови) коишто беа познати во претходните времиња, сега обединети, ѓаволштината, како што би се рекло, од Манихејците[2]), којшто ние исто ќе го наречеме Павлекијански ерес и Масалијанска бесрамност. Ова беше богомилската доктрина соединета во Павлекијанството и Масалијанството. и најверојатно постоеле дури и пред времето на таткоми, но тајно; затоа што сектата на Богомилите е многу умна во користењето на добродетелството. И неможеш да најдеш нешто што е кажано со многу зборови а да им припаѓа на Богомилите, затоа што нивната слабост е сокриена под плаштот и капуљачата. Богомилите изгледаат мрачно и тие се покриени се до носот и чекорат наведнато и мрмљаат нешто, но инаку внатре се крие неконтролиран волк. Оваа најштетна раса, кои се како змии сокриени во дупка, мојот татко ги гонеше и ги изнесуваше на светло со пеење на мистриозни (таинствени) песни. Бидејки сега тој е ослободен од големите проблеми за Истокот и Западот, тој го насочи своето внимание на повисоки духовни нешта. Затоа што во сите нешта тој беше супериорен во однос на друг човек: во подучувањето тој ги изненадуваше оние чија професија е подучување; во битка и стратегија тој ги предводеше оние кои го обожуваа заради неговите подвизи.

 

Од ова време славата на Богомилите се рашири насекаде. (Затоа што Басил, монархот беше многу итар во справувањето со Богомилите; тој имаше дванаесет ученици кои ги нарекуваше "апостоли" и исто така вовлекол и неколку женски ученици, бедни жени со лош морал и потполно лоши и тој ги распрострал насекаде). Ова зло нападна многу души како оган и душата на  Императорот неможеше да ги совлада па почна да ја проучува оваа ерес. Тој донел некои од Бого милите во палатата и себе и се прогласил за учител и главен преставник на Богомилската ерес. Од ова, еден Диблатиус беше ставен во затвор и бидејки несакал да се исповеда кога бил прашан, тој бил подложен на тортура и после тоа информиран Басил и неговите ученици кои тој ги одбрал. И така императорот дозволил неколку луѓе да испитуваат за него. и Сотонаел-овиот архиепископ Базил беше изнесен на светлината. тој делуваше како монах со воздржуван израз на лицето, чист избричен и со висока става.

 

 Императорот сакаше да ги извлече неговите најсокриени мисли со итрина и под маска на убедување, веднаш поканувајки го човекот со праведен предлог. Тој дури и стана од неговата столица,  го покани да седне до него и да ја подели неговата маса...

 

The Emperor, wishing to elicit his inmost thought by compulsion under the disguise of persuasion, at once invited the man on some righteous pretext. And he even rose from his chair to greet him, and made him sit by him and share his table, and threw out his whole fishing-line and fixed various baits on the hooks for this voracious whale to devour. And he made this monk, who was so many-sided in wickedness, swallow all the poison he offered him by pretending that he wished to become his discliple, and not he only, but probably his brother, the Sebastocrator Isaac, also; he pretended too to value all the words he spoke as if they came from a divine voice and to defer to him in all things, provided only that the villain Basil would effect his soul's salvation. "Most reverend father," he would say (for the Emperor rubbed sweets on the rim of the cup so that this demoniac should vomit forth his black thoughts), "I admire you for your virtue, and beseech you to teach me the new doctrines your Reverence has introduced, as those of our Churches are practically worthless and do not bring anybody to virtue." But the monk at first put on airs and he, that was really an ass, dragged about the lion's skin with him everywhere and shied at the Emperor's words, and yet was puffed up with his praises, for the Emperor even had him at his table. And in all this the Emperor's brother, the Sebastocrator, aided and abetted him in the play; and finally Basil spued out the dogmas of his heresy. And how was this done? A curtain divided the women's apartments from the room where the two Emperors sat with the wretch who blurted out and openly declared all he had in his soul; whilst a secretary sitting on the inner side of the curtain committed his words to writing. And the nonsense-monger seemed to be the teacher while the Emperor pretended to be the pupil, and the secretary wrote down his doctrines. And that man, stricken of God, spun together all that horrible stuff and did not shun any abominable dogma, but even despised our theology and misrepresented all our ecclesiastical administration. And as for the churches, woe is me---he called our sacred churches the temples of devils, and our consecration of the body and blood of our one and greatest High Priest and Victim he considered and condemned as worthless.


 

And what followed? the Emperor threw off his disguise and drew the curtain aside; and the whole Senate was gathered together and the military contingent mustered, and the elders of the Church were present too. The episcopal throne of the Queen of Cities was at that time occupied by that most blessed of patriarchs, Lord Nicholas, the Grammarian. Then the execrable doctrines were read out, and proof was impossible to attack. And the defendant did not deny anything, but immediately bared his head and proceeded to counter-demonstrations and professed himself willing to undergo fire, scourging and a thousand deaths. For these erring Bogomils believe that they can bear any suffering without feeling pain, as the angels forsooth will pluck them out of the fire. And although all reproached him for his impiety, even those whom he had involved in his own ruin, he remained the same Basil, an inflexible and very brave Bogomil. And although he was threatened with burning and other tortures he clung fast to his demon and embraced his Satanael. After he was consigned to prison the Emperor frequently sent for him and frequently exhorted him to forswear his impiety, but all the Emperor's exhortations left him unchanged.

 

Before the Emperor had begun to take severe measures against him, after his confession of impiety he would occasionally retire to a little house which had recently been prepared for him situated fairly close to the royal palace. It was evening and the stars above were shining in the clear air, and the moon was lighting up that evening, following the Synod. When the monk entered his cell about midnight, stones were automatically thrown, like hail, against his cell, and yet no hand threw them, nor was there any man to be seen stoning this devil's abbot. It was probably a burst of anger of Satanael's attendant demons who were enraged and annoyed because he had betrayed their secrets to the Emperor....

 

 

 

After this in the course of the years of his reign, a very great cloud of heretics arose, and the nature of their heresy was new and hitherto unknown to the Church. For two very evil and worthless doctrines which had been known in former times, now coalesced; the impiety, as it might be called, of the Manichaeans, which we also call the Paulician heresy, and the shamelessness of the Massalians. This was the doctrine of the Bogomils---compounded of the Massalians and the Manichaeans. And probably it existed even before my father's time, but in secret; for the sect of the Bogomils is very clever in aping virtue. And you would not find any long-haired wordling belonging to the Bogomils, for their wickedness was hidden under the cloak and cowl. A Bogomil looks gloomy and is covered up to the nose and walks with a stoop and mutters, but within he is an uncontrollable wolf. And this most pernicious race, which was like a snake hiding in a hole, my father jured and brought out to the light by chanting mysterious speels. For now that he had rid himself of much of his anxiety about the East and the West he turned his attention to more spiritual matters. For in all things he was superior to other men; in teaching he surpassed those whose profession was teaching; in battles and strategy he excelled those admired for their exploits.

By this time the fame of the Bogomils had spread everywhere. (For Basil, a monk, was very wily in handling the impiety of the Bogomils; he had twelve disciples whom he called "apostles," and also dragged about with him some female disciples, wretched women of loose habits and thoroughly bad, and he disseminated his wickedness everywhere.) This evil attacked many souls like fire, and the Emperor's soul could not brook it, so he began investigating the heresy. He had some of the Bogomils brought to the palace and all proclaimed a certain Basil as the teacher and chief representative of the Bogomilian heresy. Of these, one Diblatius was kept in prison, and as he would not confess when questioned, he was subjected to torture and then informed against the man called Basil, and the disciples he had chosen. Accordingly the Emperor entrusted several men with the search for him. And Sotanael's arch-satrap, Basil, was brought to light, in monk's habit, with a withered countenance, clean shaven and tall of stature.

 

 


Source:

From: Elizabeth A. S. Dawes, trans., The Alexiad of the Princess Anna Comnena, (London: Kegan, Paul, Trench, Trubner and Co., Ltd., 1918), pp. 412-415, reprinted in Alfred J. Bannan & Achilles Edelenyi, eds., Documentary History of Eastern Europe, (New York: Twayne Publishers, 1970), pp. 7-11.

 

 

 

 

 


Основни црти кои може да ги забележиме за богумилите и богумилските заедници се:

1.      Заедницата е востановена како некое духовно-витешки ред кој  се прирпрема “ крајот на денот“.

2.      Имале четири нивоа или класи. Ја водел главниот свештеник и социјалните структури ги одредувала Евангелието по Јован.

3.      Особена важност му давале на знаењето. Ги проучувале светите списи и ги толкувале.

4.      Некои од класите (моите сознанија се за 2), не живееле во брак.

5.      Во обредите носеле бела облека. Моите сознанија дека во другото време носеле црна облека.

6.      Дедото иако највисок по ранг, делувал како што и неговото име што кажува со благост и мудрост.

7.      Го славеле симболот на Сонцето. Славењето на овој симбол е можеби заради светлината. Тоа е симбол кој  насекаде го сретнуваме под име Ил или Ел, па и неговата модификација Ал. Така во Илијада се зборува за Илион, Ели е кај Евреите и Ели-ни(е) -те, А секој знае за Ал-хемија. Последните зборови на Исус се Ели, Ели, Лама Асафтани (Ели, Ели, што ме остави).

8.      Се нарекувале синови на светлината или христијани. Во подтекст се кажува дека знаењето е светлина. Овде се зборува за просветленото знаење или најдиректните сознанија. Голем дел од тие знаења ги делеле, ја ширеле светлината. Исус кажува: “Најпосле нема светло ако лампата ја ставите под кошница, ниту ако ја сокриете. Подобро да ја поставите на повисоко местото секој што ќе дојдеда ја види светлината“

 


9.      Ја негувале вистината и искреноста.  

 

10.  Биле изузетно чесни, и нераскинливо привзани на заедницата, не заради казнената политика, туку по нивната слободна оределба (затоа најголема казна е да се исклучи од заедницата). Во литературата нема пример на некој што се покајал дека влегол во заедницата, инаку нивните противници тоа сигурно би го искористиле и би ги навеле тие примери.

 

11.  Живееле здрав и долговечен живот.

 

12.  Ги проучувале и познавале својствата на билките и минералите.

 

13.  Можеле да предвидуваат настани.

 

14.  Физичкиот живот бил далеку позади духовниот. заедницата се одликува со етички и животен радикализам: потребно е и битно е преобразба, самопромена. Сите надворешни облици на религиозна пракса, иако многу чувани, само се одраз на внатрешниот контакт со Невидливиот. Богумилите се правеле доследно: се да се реализира и во потполност.

 

15.  Физичка болка поднесувале со насмевка на лицето.

 

16.  Физичката смрт не ја сметале како трагедија туку како дел од вообичаеното однесување на синовите натемнината. Знаеле  затоа што се ослободува неговата душа за врзаноста кон телото и оваа планета затвор со која владее Сотона. Тоа им била можност да се ослободат од оковите кои им се наметнати преку животот на оваа планета.

 

17.  Условите за да се стане член на заедницата биле исклучително тешки и било потребно најмалку 3 години. Ова кажува дека имало доста заинтересирани и тие сигурно добивале нешто со тоа. Нешто кое неможеле никаде да го добијат.

 

18.   Нивните техники и тајни учења било забрането да се шират вон заедницата. Ако на неодговорен човек му дадете оружје, тој или ќе се повреди самиот себе или ќе повреди некој друг.

 

19.   Тие биле во борба со синовите на темнината. Нив  ги нарекувале Китејци. (кои се тие?)



[1] )  M. Ber, Opsta historija socijalizma i socijalnih borbi, Zagreb 1933

[2] ) Следбеници на Мани

Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:33 )
 
Коментари (2)
Информација за планетата
2 Вторник, 13 Септември 2011 22:18
Sasenko
Ве молам, во име на Љубовта надминете го егото и поттикнете ги луѓето околу вас за помош на Светот. Најголемата болест на човештвото е свесното уништување на себе си.
“Ако успееме да бидеме 9000 срца кои шепотат во Божествена Молитва, тогаш нема да случат наредните глобални деструктивни катаклизмички случувања.”

http://theholywhisper.com/images/Bolesta_na_Konstantin_MAK.pdf
богомилите
1 Среда, 27 Мај 2009 19:17
Мариана
Съвременните учени характеризират богомилството като дуалистично, антифеодално и реформаторско народно движение, възникнало в лоното на българската църква през Х век и бързо разпространено в Мизия, Тракия и Македония, в бурните времена предшестващи византийското нашествие. Корените му, като цялостно социално по съдържание и религиозно по форма движение, трябва да се търсят в българската обществена действителност през първата половина на Х в. и в изострения социален и религиозен антагонизъм.

Разпостранено първоначално в Мизия, Тракия и в по-силно подложената на славянско влияние Македония, богомилското движение създава там първите си църкви. Въпреки преследванията, на които е била подлагана богомилската ерес, особено по времето на византийското господство, това религиозно учение просъществува в България чак до XV век. Голяма част от изповядващите го приемат исляма след османското нашествие: от тях произлизат днешните помаци, торбеши и пр. Последното наименование също е свързано с богомилството. Според Димитър Ангелов така били наричани част от богомилите в Македония. Само една част от павликяните запазили своето, макар и доста поизбледняло учение чак до XVII век, когато францисканците ги обръщат към католицизма. В Рашка през XII век след събора на Петрова църква, богомилите са безмилостно преследвани от Стефан Неманя, а книгите им изгорени. Значително по-сигурно те се укрепват в Босна и Херцеговина. Някои от тях бягат натам след 1170 година, където намират сериозна подкрепа от босненските владетели /банове/ и по-късни крале. Владетелят бан Кулин бил страстен богомил и сектата

Според Житието на сръбския княз Иван Владимир, още по времето на българския цар Самуил "заблудените народи на масалианските и богомилските български еретици, (които) проникнали в Мизия, Албания, Далмация, Илирик и Сърбия".[4] През XI-XII в. се множат сведенията за разпространението на "българската ерес" (Bulgarorum haeresis) в цяла Европа. На Запад, от Далмация до Атлантика, католическите папски наместници от бенедиктинския орден изучават византийския опит в борбата срещу еретиците, чиято мисионерска дейност се счита като основополагаща при възникването на западноевропейските религиозни общности на патарени, катари (албигойци) и валденси в Далмация, Италия, Германия, Фландрия, Англия, Франция, Лангедок и Арагон (обхващащ и днешна Каталония). Разпространението се осъществявало от търговци и занаятчии, предимно тъкачи, пътешественици и богомолци, а идейната им връзка с трубадури и минезингери им осигурила широка гласност и достъп до управата на свободните градове в Северна Италия и кралските дворове на Южна Франция и Арагон. През XI в. се появяват първите новини за присъствието им, а през XII в. сведенията за тях "заливат цяла Европа", назовавайки ги с различни имена: бугри (българи), бабуни (в Босна), катари, манихеи, павликяни, патарени, албигойци и т.н. Самите те се наричали просто християни, а хората ги определяли като "добри хора" и "добри християни", заради скромния им начин на живот, простотата с която се обличали и мисионерския им жар, които ярко се отличавали от помпозността и претенциозността на папския двор и висшия католически клир, и разпуснатостта и невежеството на провинциалното католическо свещенство. В Ломбардия (Северна Италия) движението било добре организирано още през XII в. Негово средище бил град Милано, а самите еретици били наричани патарени според наброявала десетки хиляди привърженици в страната. Оттам разпространението ѝ стига до сърцето на Западна Европа.

из
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: