English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Богумили - Богумили - Страна 2 PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Антитрп Богумилски   
Понеделник, 16 Февруари 2009 00:13
Индекс на артикл
Богумили
Страна 2
Страна 3
Страна 4
Страна 5
Сите страници

Богумилството било напаѓано за јерес, а да прашам што означува зборот ерес. Неговото потекло е од стар збор Хереш, кој на Арамејски означува Мајстор, а не реш печење. Дали е Мајстор во Магија или во изработка на глинени грнци исто се означувал. Запишано е на арамејски дека и татко му на Исус  бил хереш (дрводелец).

 

Богумилите најмногу биле напаѓани заради тоа што сметале дека во гробовите на светците има само коски и тие не се свети, затоа што нивниот стопан е одамна таму каде што посакувал да биде (кај Таткото), а нивните коски се користат во магијски ритуали за да се извлече уште некоја паричка од дупнатите џебови на народот кој бара излез од наметите кои се повеќе го стегале, па да проба и кај св. Никола или некој друг. Богумилите сметале дека свет е само Бог и никој друг. Себе се нарекувале Христијани иако не го идолизирале Исус, затоа што тој како и самиот што кажал (Јас и мојот Отец сме Едно), па треба да се слави Едното, а не двете или трите, за да не се расплинува или дели (секцира или расколува) нивната определба за Едното. Не разбирам кој е тука дуалиста или триста. Тие кажуваат дека Христ е она кое е од Бога, па тоа и треба да го цениме, а не коските и месото (во Библијата синот човечки), затоа што она што е од земја е Идол или Златното Теле, а Мој-Си-е ги ЕлиМинирал таквите.

 

Богумилите биле против тоа духовноста да се меша со политиката и дека на Царот треба да му се даде она што му припаѓа, а на Духот она што нему му припаѓа (која "случајна" коинциденција со Исус), затоа што сметале дека полесно е бродско јаже да се протне низ иглени уши одколку богатиот да влезе во царствотот небеско.

 

"Честа" да бидат прогонувани и убивани, не им припаѓала само на Богумилите, туку и на сите нивни сродни групи во Франција катарите (во превод чисти), патарените, Бабуните, пуританците и други. Постои едно јуначко дело на папините слуги кога тој ги натерал во име на Бога да убијат само во еден ден 100 000 луге, жени, деца и старци, за да се сотре нивното погрешно христијанство. За каков Бог станува збор незнам.

 

Неможам да кажам дека некој го разбрал Исус ако подтикнува непријателство супресија и физичка тортура. Таквиот неможе да се нарече човек, а од христијанството е далеку со светлосни години. Инаку и Хитлер е христијанин, во голем дел затоа и имал подршка од папата во тоа време. Но, Хитлер е мало дете во однос на средновековните мачители. Неговото вледеење било десетина години, а тоа во споредба со десет векови е еден процент. Да не зборувам за начинот на тортура и начинот на живеење, тука нема споредба. Вартоломејската ноќ е само еден мал сегмент од таа историја, само една во многуте такви ноќи (и зошто баш ноќе). Може да сфатиме дека лугето десет векови живееле во концентрациони логори, благодарејки на случајно или намерно, лошо разбраниот Исус, а тоа го правеле оние кои го ставиле на крст. Знам дека ова изгледа сурово, но ова е кажано од една временска дистанца. Вистината е многу поболна. Не ми е намера да обвинувам некого зошто го направил тоа. Готово е тоа е свршен чин. Сакам само да ги осветлам нештата и да укажам, а евентуално и да придонесам да не се повторуваат истите грешки. Треба да дозволиме секому слободно право на вероисповест, а да му ги покажеме предностите на нашиот пат. Само така ќе придобиеме вистински свесни луѓе, а не маса на лесно контролирани тела, затоа што телата се земни и во земја одат. Магарињата исто како и нивните стопани одат на аџилук, но не стануваат аџии. Воглавно одењето на аџилук е политика, а  таа нема ништо заедничко со религијата или со изворот на таа религија, повеке е како туризам кој им ги полни џебовите на волците во јагнешка кожа. Некои од туризам се печат на сонце, а некои се варат на аџилук.

 

Корењата на Богумилството се во социјалните и религиозните неправди, тука не станува збор за едно искривено учење.

 

Во раце пред 13 години ми дојде мало книже за историјата на манастирот св. Јоаким Осоговски. Она што ми падна во очи беше тоа дека биле четири светци и тоа св. Јоаким Осоговски, св Прохор Пчињски, св. Јован Рилски и св. ..... Лесновски. Тие живееле повлечено од останатиот свет во една пештера и цело време го поминувале во молитви. Кога ги видел некој овчар тие решиле да се разделат (зошто не ми е јасно) и дека секој одкако ќе се разбуди да тргне по својот пат. Последен се разбудил св. Јоаким Осоговски и тој останал на местото кое и денес е познато како манастир св. Јоаким Осоговски. Не ми беше јасно од кого се криеле и зошто толку се исплашиле кога ги видел некој овчар. Тие живееле во времето на Богумилите и ако не биле Богумили не знам зошто би се разделиле. Ова е можеби непријатна тема за размислување, но ако не размислуваме ќе заспиеме, па Лукавиот бара токму такви жртви. Тој е лукав затоа што обожува лук да јаде, па после бзди.

 

Суштината на религијата е искажана во самиот збор. Ре значи повторно а лига е обединување, Едност (пример лига на народи се Обединетите нации, обединети за да владее некој со нив). Значи да се биде религиозен значи да се обединиме повторно во Едното или во Бога. Од тука секој оној кој работи спротивно на тоа неможе да се нарече религиозен човек, а уште помалку Богумил.

 

Во суштина постојат две основни групи во однос на начинот на осознавање. Едните се нарекуваат Гностици, а другите Агностици. Гностиците тврдат дека Бог може да се спознае, а Агностиците дека тоа е невозможно. Едните се нарекуваат мистици, а другите верници.

 

Да спомнам уште еден пример на мистичко движење на овие предели кое ги поделило духовните луѓе во тоа време (14 век) на два дела. Тоа е исихастичиот спор. Имено на овие предели монасите имале техники со кои се обидувале, колку јас што сум прочитал и со успех, да се просветлат. Тоа им сметало на оние кои предност давале на учењето преку ум и логика па покренат е спор на соборот во 1341 година во Константинопол.

 

Во таа борба на умот и срцето победило срцето. Инаку како би можел некој да се нарече христијанин ако го стави умот пред срцето. Дали би можеле да го замислите Исус како умува, седнат на камен и размислува дали да дозволи да го разапнат или да му ја здувне, затоа што тоа е болно. Тој да размислувал не би дозволил да биде разапнат, туку би побегнал од крстот. И не само тој, туку и сите негови следбеници (освен можеби Јуда Искариотски и Савле Павле).

 

Кога религијата ќе се помеша со политиката тогаш се случува брак од интерес. Во бракот третиот е одвишен, па дури и тоа да е Бог.

 

Да продолжам со богумилите. Основно кое што секаде се нагласува е, дека богумилите постојано биле со молитвата која Исус ја остава во наследство и препорачува да се кажува. Станува збор за Иже Јеси на небеси или во модерен превод Татко наш ти кој што си. Често петок према сабота практикувале бдеење и цела ноќ ја повторувале. Богумилите тоа го правеле не како престава, туку како директна комуникација со Бог. Ова е уште една препорака како да се кажува молитвата оставена од Исус.

 

За разлика од омразеното од народот, распуштено црковно духовништво, богумилите се одликувале со скромност кроткост, смиреност и молчеливост. Тие одбегнувале шумен живот, но таа смиреност не значи и одсуство на револуционерност и попуштање кога се работело за интересите на народот. По налог на тогашниот Фирер, бугарскиот Кан Петар (во превод Каменко),  СС штурмбанфирерот Козма (косм на бугарски е влакно) истакнува: " надворешно тие се како овци кротки, смирени и молчеливи, збор не кажуваат, не се смеат на глас, не љубопитствуваат и се пазат од туги погледи. Надворешно прават се да не ги разликуваме од правоверните христијани, а внатрешно се волци и хишници" завршен цитат енде.

 

Ако го согледаме добро времето и начинот на живеење, многу лесно може да сфатиме зошто кажувале дека земјата е планета со која владее Сотона. Ништо Христијанско неможеле да видат ни од највисокото свештенство, а народот живеел како стока, за корка леб, слугувајки им на племството и свештенството (во филмот “Името на Розата“ тоа е добро дадено). Тие само биле будни за околината во која живеат и тоа јавно го кажувале. Тоа пак било смртен грев во тоа време (исто како и денес).

 

"Еретиците,- кажува еден од инквизиторите (буквален превод-човек кој учествувал во квиз) - можат да се препознаат по нивниот јазик. Тие се скромни и живеат во средени односи. Не се раскошни во облеката која не е ниту скапоцена, ниту нечиста. Не се впуштаат во трговски работи за да избегнат лажење, заколнување и измама, туку живеат од работата на своите раце. Тие не собираат богатства, туку се задоволуваат со она што им е најнужно. Умерени се во јадењето и пиењето. Не посетуваат меани игранки или слични забави. Се воздржуваат од гнев, учат и поучуваат и немалку се молат. Можеш да ги препознаеш по нивната скромност и по нивниот внимателен говор, бидејки тие одбегнуваат простота и клеветење) .



Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:33 )
 
Коментари (2)
Информација за планетата
2 Вторник, 13 Септември 2011 22:18
Sasenko
Ве молам, во име на Љубовта надминете го егото и поттикнете ги луѓето околу вас за помош на Светот. Најголемата болест на човештвото е свесното уништување на себе си.
“Ако успееме да бидеме 9000 срца кои шепотат во Божествена Молитва, тогаш нема да случат наредните глобални деструктивни катаклизмички случувања.”

http://theholywhisper.com/images/Bolesta_na_Konstantin_MAK.pdf
богомилите
1 Среда, 27 Мај 2009 19:17
Мариана
Съвременните учени характеризират богомилството като дуалистично, антифеодално и реформаторско народно движение, възникнало в лоното на българската църква през Х век и бързо разпространено в Мизия, Тракия и Македония, в бурните времена предшестващи византийското нашествие. Корените му, като цялостно социално по съдържание и религиозно по форма движение, трябва да се търсят в българската обществена действителност през първата половина на Х в. и в изострения социален и религиозен антагонизъм.

Разпостранено първоначално в Мизия, Тракия и в по-силно подложената на славянско влияние Македония, богомилското движение създава там първите си църкви. Въпреки преследванията, на които е била подлагана богомилската ерес, особено по времето на византийското господство, това религиозно учение просъществува в България чак до XV век. Голяма част от изповядващите го приемат исляма след османското нашествие: от тях произлизат днешните помаци, торбеши и пр. Последното наименование също е свързано с богомилството. Според Димитър Ангелов така били наричани част от богомилите в Македония. Само една част от павликяните запазили своето, макар и доста поизбледняло учение чак до XVII век, когато францисканците ги обръщат към католицизма. В Рашка през XII век след събора на Петрова църква, богомилите са безмилостно преследвани от Стефан Неманя, а книгите им изгорени. Значително по-сигурно те се укрепват в Босна и Херцеговина. Някои от тях бягат натам след 1170 година, където намират сериозна подкрепа от босненските владетели /банове/ и по-късни крале. Владетелят бан Кулин бил страстен богомил и сектата

Според Житието на сръбския княз Иван Владимир, още по времето на българския цар Самуил "заблудените народи на масалианските и богомилските български еретици, (които) проникнали в Мизия, Албания, Далмация, Илирик и Сърбия".[4] През XI-XII в. се множат сведенията за разпространението на "българската ерес" (Bulgarorum haeresis) в цяла Европа. На Запад, от Далмация до Атлантика, католическите папски наместници от бенедиктинския орден изучават византийския опит в борбата срещу еретиците, чиято мисионерска дейност се счита като основополагаща при възникването на западноевропейските религиозни общности на патарени, катари (албигойци) и валденси в Далмация, Италия, Германия, Фландрия, Англия, Франция, Лангедок и Арагон (обхващащ и днешна Каталония). Разпространението се осъществявало от търговци и занаятчии, предимно тъкачи, пътешественици и богомолци, а идейната им връзка с трубадури и минезингери им осигурила широка гласност и достъп до управата на свободните градове в Северна Италия и кралските дворове на Южна Франция и Арагон. През XI в. се появяват първите новини за присъствието им, а през XII в. сведенията за тях "заливат цяла Европа", назовавайки ги с различни имена: бугри (българи), бабуни (в Босна), катари, манихеи, павликяни, патарени, албигойци и т.н. Самите те се наричали просто християни, а хората ги определяли като "добри хора" и "добри християни", заради скромния им начин на живот, простотата с която се обличали и мисионерския им жар, които ярко се отличавали от помпозността и претенциозността на папския двор и висшия католически клир, и разпуснатостта и невежеството на провинциалното католическо свещенство. В Ломбардия (Северна Италия) движението било добре организирано още през XII в. Негово средище бил град Милано, а самите еретици били наричани патарени според наброявала десетки хиляди привърженици в страната. Оттам разпространението ѝ стига до сърцето на Западна Европа.

из
http://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: