English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Македонците во библијата Picture Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 12
НајлошоНајдобро 
Напишано од Денис Тенев 2005   
Вторник, 22 Септември 2009 09:36

 

Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: “Премини во Македонија и помогни ни!” Делата на апостолите 16,9.

 


 

Кога пред многу години, како дете, чепкајќи по фиоките на мојот татко, пронајдов една мала Библија, македонски превод на Новиот Завет, детски заинтересирано ја отворив и меѓу првите текстови кои ги забележав беа зборовите на Македонецот упатени кон апостол Павле: “Премини во Македонија и помогни ни!” Во тој миг, бидејки моето познавање за Библијата беше мало но сепак доволно да сфатам дека ова е стара книга, се прашав: Кој е овој Македонец? Немајќи на ум ниту еден мој постар предок, си го замислив дедо ми. Подоцна, кога моите сознанија за Библијата пораснаа, открив дека сум имал многу “дедовци” во Библијата и како што неодамна некој ми рече - Македонците после Евреите се еден од најспомнуваните народи во Библијата. Затоа овој текст е посветен на тие храбри и одважни луѓе кои со својата чесност и верност не задолжиле многу, не само нас Македонците, туку и сиот свет, учејќи не како да го сочуваме и кај себе и кај другите моралот, карактерот, и пред се достоинството.

За Македонија и прашањето за Македонците се пишувало многу. Ние овој пат нема да навлегуваме длабоко во корените на историјата, туку само ќе ја консултираме во моменти кога тоа е потребно. Овој текст ќе ни открие што Библијата кажува за ова прашање, и со тоа ќе го дополниме мозаикот кој полека се создава.

 

 

 

 

Библијата како извор

 

Најнапред, бидејки Библијата ќе ни биде основа за нашето истражување, мораме да одвоиме неколку реда за самата Библија1. Како граѓани на посткомунистичкото општество, сфаќањата за Библијата кај многумина се погрешни, искривени, сметајќи дека е книга полна со митови. Ова влече корен уште од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кога во научниот свет во Европа се појавила таканаречената “висока критика”. Со појавата на новите научни достигнувања и сознанија се отвориле нови можности за истражување и испитување. Сите дотогашни класици (како Херодот, Јосиф Флавие, Ксенофон и др.) биле ставени под лупа на новите научни методи. Секако, Библијата, како извор на поголемиот број сознанија за христијанска Европа, не била заобиколена2. Биле испитувани личностите, обичаите, народите и настаните кои се спомнуваат во неа, па така многу историчари ја оспориле историската веродостојност на Библијата, сметајќи дека нема доволно историско-археолошка потврда за нејзините тврдења. Тие сметале дека сето тоа што е содржано во неа е само мит и дека обичаите кои се спомнуваат во неа се надвор од рамките на времето во кое е опишан настанот. Така на пример, силно било оспорувано постоењето на Аврам, поштуван од повеќе од половина на човештвото3, биле оспорувани Хетитите како народ кои дотогаш биле спомнати само во Библијата и.т.н... Авторитетот на Библијата бил сериозно разнишан.

Природно, Евреите и Христијаните ова го доживеале како директен напад на нивната вера. Но какви и да биле побудите и целите на литерарните критичари, тие на почитувачите на Библијата им сториле услуга. По дефиниција: “книжевниот историчар мора да биде и критичар, токму за да биде историчар” зошто “критичарот кој би се помирил со потполно непознавање на историските односи стално би застранувал во своите проценки4. Со други зборови, вистината не се плаши од критика, а тоа набргу и се докажало.

После прашината што ја подигнала високата критика, на сцена настапила археологијата, посебно Библиската археологија5 која со своите научни методи и откритија на научниците им дала одговор на нивните прашања и критики. Откопувањата и пронајдоците во Библиските земји се ределе едни по други, а бројните експедиции се враќале со нови сознанија за древното минато.

Вредно е, накратко, да споменеме некои од нив. Во 1799 г. војниците на Наполеон во Египет сосема случајно го откриваат каменот од Розета

 

Kamenot od rozeta

Каменот од Розета

 

(наречен така по местото каде е пронајден). На овој камен кој датира од 196 г. п.н.е. бил испишан текст на три различни писма од страна на египетскиот фараон Птоломеј V од Македонската династија, за кого ќе стане збор во ова истражување. Едно од писмата било напишано (издлабено) на египетското хиероглифско писмо, другото на египетско дометско, а третото на Александровото “коине” писмо кое во подоцнежните векови неправедно е нерекувано грчко. За ова писмо исто така ќе стане збор малку подоцна.

Ова бил клучен пронајдок за археологијата затоа што сега лесно можело да се спореди веќе познатото “коине” писмо со дотогаш непознатите хиероглифи, и на тој начин после макотрпен и долг научен труд на генијалецот Шамполион, хиероглифите конечно биле дешифрирани. Исто така клучен момент е откривањето на тројазичниот натпис на персискиот цар Дарие I, издлабен на една висока карпа во близина на Багдад. Од овој натпис, благодарение на другите две веќе познати писма, после 22 години е дешифрирано асирското клинесто писмо. Сега, бројните записи кои до тогаш стоеле како неми сведоци пред научниот свет, одеднаш блеснале со полнина на своето сведоштво, откривајќи го древниот свет како никогаш порано. Бројните хиероглифски записи а исто така и бројните плочки испишани со клинесто писмо меѓу другото ги откриле и бројните настани, личности па дури и самите обичаи кои биле спомнати дотогаш само во Библијата.

 

Ostatoci od gradot Ur

Остстоци од градот Ур

 

Понатаму, личноста на Аврам, за кого веќе споменавме погоре, била потполно расветлена од археологот L. Woolley. Тој во периодот од 1922 до 1932 целосно го откопува градот Ур, кој Библијата го споменува како градот на Аврам од каде Бог го повикал да излезе и да ја насели Хананската замја - подоцна Израел (1 книга Мојсеева 11, 31)6. Овој град до тогаш не постоел во ниедна историографија или било кој археолошки пишан документ, па затоа и било пребрзо заклучено дека тој не постоел а со тоа и дека Аврам бил измислен. Откритијата на Woolley покажале дека уште во 2000 г. п.н.е. градот бил напредна метропола7, токму во времето на Аврам8. Интересен е и податокот дека е пронајдена табличка со испишано име Аврам9.

Исто така, спомнатите долгооспорувани Хетити, набргу биле посведочени во близината на Богазкој - денешна Турција, со откривањето на нивната цивилизација.

И така се ределе бројните археолошки артефакти како глинените плочки во Нузи, Амарна и Хамурабиевиот законик каде се запишани обичаи кои се поистоветени со оние кои се запишани во Библијата, потоа споменикот на фараонот Мернаптах на кој се спомнува името “Израел”. Вредни се исто така и споменикот на Моавскиот крал Меша како и ваљакот на кралот Кир кои спомнуваат исти настани кои ги спомнува и Библијата. Тука е секако и епохалното откритие - Кумранските ракописи, кои на Библијата целосно и го вратиле авторитетот, давајќи и епитет на книга со најстари преписи, кои споредени со нашите преводи денес, немаат изгубено ништо од своето значење.

Да не заборавиме дека до денес откритијата не престанале, како на пример посмртниот ковчег на Јаков - Христовиот брат, неодамна пронајден во Ерусалим или пронајдените остатоци од египетските кочии во длабочините на Црвеното море кои се уште се предмет на испитување. Затоа, можеме слободно да заклучиме дека за нашето истражување користиме книга со потврдена историска вредност. Секој од нас има морална слобода ако сака да ги отфрли Библиските духовни вредности и поуки, но не може да ја оспорува историската веродостојност и вредност на Библијата.

А згора на сето тоа, ако ја прифатиме и нејзината духовна вредност односно Божественото потекло, сметам дека сознанијата кои ќе ги исцрпиме на ова истражување ќе имаат полна и сериозна важност.

 

 

Македонија и Библијата

 

Историјата на Еврејскиот (Израелскиот) народ, запишан во Библијата, не била изолирана од историјата на другите народи. Па така, неминовно било, бележејки ја еврејската историја да бидат спомнувани народи кои директно или индиректно биле поврзани со историските прилики на Евреите. Познато им е на познавачите на Библијата дека поради непослушност на Божјите уредби и закони, Евреите (во тој миг останати без Божја заштита) биле поразени во 606г. п.н.е. од Вавилонската империја, а потоа одведени во ропство. Откако Вавилон бил покорен од Персијците, за еврејскиот народ дошле помили времиња. Имено, 457г. п.н.е. персискиот цар Кир дал заповед со која на сите претходно поробени народи им било дозволено да се вратат во своите матични земји (Книгата на Ездра 1глава). Голем бил бројот на еврејските повратници кои го обновиле градот Ерусалим (книгата на Неемија 1-6 глава), храмот и Богослужбата во него (Ездра 3-5 глава). Сепак, одреден број Евреи останале насекаде по Персиската империја.

Во времето на владеењето на персискиот цар Артаксеркс (486-465 пне) настанала книгата на Естира. Естира била млада Еврејка која според Божјото провидение и промисла, станала царица во Персија (Естира 2,17). Оваа книга го опишува необичниот пресврт на настаните кога Евреите неправедно биле обвинети дека прават заговор против царот. Обвинението се претворило во царска уредба со која требало сите Евреи во Империјата да се погубат. Главната личност во книгата, Мардохеј, чичкото на Естира, успеал преку царицата да издејствува да се поништи указот и со тоа го спасил својот народ од неправедно погубување.

 

Ostatoci od palatata vo Susa, Persiskata prestolnina

Остатоци од палатата во Суса, Персиската престолнина

 

Постојат, за нашето проучување, неколку интересни моменти од книгата на Естира. Аман, човекот кој го иницирал обвинението против Евреите, во нашиот превод се нарекува Вугеецот Аман Амадатов (Естира 3,1). Според Поп-Атанасов10, станува збор за погрешена транскрипција на еврејскиот етноним Еврејски Агаги (Агаги). Овој израз, според познавачите на еврејскиот јазик би требало да значи жител на Еге, па оттаму поблиску до оргиналот би звучел преводот Егеецот Аман Амадатов. Еге бил град во Македонија основан околу 700г. п.н.е. од Македонскиот крал Пердика I, и долго време бил престолнина на Македонската царска династија. Дека Аман бил од градот Еге, не наведува и преводот во Септуагинтата, каде еврејскиот Еврејски Агаги (Агаги) е преведен со Грчки Македон (Македон).

Како и да е, постои една интересна индиректна поврзаност на Македонија со настаните во Естира 1глава, каде читаме дека царот Артаксеркс приредил раскошна гозба за сите кнезови, управители и војводи од неговата империја. Но, во 9-11 стих читаме дека: “...царицата Астин исто така приреди гозба за жените во царскиот дом на царот Артаксеркс.”

После повеќедневно јадење и пиење царот побарал да ја доведат царицата Астин на неговата гозба: “...за да им ја покаже нејзината убавина на народите и на кнезовите, зошто таа беше многу убава. Но царицата Астин не сакаше да дојде според царевата наредба... “ Сметам дека нема потреба да коментираме што би се случило со достоинството на царицата Астин доколку би се појавила пред оваа насобрана толпа на мажи, очигледно под влијание на алкохол. Ова предизвикало голем гнев кај царот и на совет на мудреците кои “...ги познаваа поранешните времиња...”(13 стих) одлучил да ја разреши Астин од нејзиното царско достоинство (на нејзино место подоцна дошла Естира).

Постои еден настан запишан од Херодот11 врзан за македонските кралеви Аминта I (495-452г. п.н.е.) и неговиот син Александар I (495-452г. п.н.е.). Во тоа време Персија се уште војувала со Атина, а македонската дипломатија одиграла многу важна улога за зачувување на македонските интереси, вешто балансирајќи помеѓу Персија и Атина. Во една прилика Персискиот двор испратил седуммина свои најугледни великодостојници на македонскиот двор. Во тоа време со Македонија вледеел Аминта I. Тој им приредил гозба на Персијците, но откако се опиле, сведочи Херодот, тие му се обратиле на царот со следниве зборови: “Пријателу Македонче, ние Персијците имаме обичај на свечен ручек да ги донесеме со себе своите жени и љубовници да седат со нас”. Аминта одговорил: “Персијци, ние таков обичај немеме, кај нас се одвоени мажите од жените, а бидејќи вие сте господари и ги барате, ќе ги добиете”. Набргу, персиските гости добиле женско друштво, кон кои, очекувано, почнале да се однесуваат непристојно. Со ова не се сложил синот на Аминта, Александар I, кој откако го убедил татка си да замине од гозбата, им се обратил на Персијците: “Почитувани гости, овие жени ви стојат на располагање...но пуштете ги да се измијат, па ќе ви се вратат по миењето”. Персијците се сложиле, Александар I ги испратил жените надвор, а во исто време облекол во женска облека ист број голобради момчиња, кои во своите пазуви сокриле по еден нож. Кога ги вовел внатре преправените момчиња, им се обратил на Персијците: “...мислам дека сте кралски угостени, па ви ги нудиме уште и своите мајки и сестри, да се уверите дека ви покажуваме онакво почитување какво што ви прилега.” Кога Персијците почнале да ги милуваат преправените момчиња, тие од своите пазуви ги извадиле ножевите и ги убиле сите до еден.

Ова убиство предизвикало истражна постапка од Персискиот двор, но Александар успеал да ја прикрие целата работа со тоа што на шефот на персиската истражна комисија Бубар, му дал голема сума пари, но и неговата сестра Гигеја за жена.

Овој настан временски се поклопува со настаните опишани во книгата за Естира, па оттаму се наметнува прашањето: ако Херодот ни открива дека Персијците имале обичај на своите гозби да ги земаат со себе и своите жени и љубовници, додека пак кај Македонците да бидат одвоени мажите од жените, од каде тогаш идејата царицата Астина да прави посебно од царот гозба со останатите жени, кога тоа не бил Персиски обичај? Од каде кај Астина желбата за противење на вулгарниот предлог да се покажува пред пијаните гости, кога тоа било вообичаено кај Персијците? Зарем одговорот не се крие во младата Гигеја, сестрата на Александар I, која доаѓајќи на Персискиот двор како жена на Персиецот Бубар извршила влијание врз другите жени па и на самата царица, која, согледувајќи го, за жените, понижувачкиот обичај, одлучила да направи промени на тие обичаи. Можеби царот во почетокот не се противел на овие реформи, но со време новиот обичај се повеќе доаѓал во судир со стариот обичај, и како кулминација се настаните опишани во Естира 1глава. Токму затоа биле повикани мудреците кои ги познавале поранешните времиња, да го расчистат настанатиот проблем, повикувајки се на персиските закони.

Голема била храброста на оваа млада Македонка Гигеја, далеку од својот дом, да го подигне гласот против тој срамен и понижувачки обичај.

 

 

Пророштвата за Александар Македонски

Aleksandar Makedonski

 

 

pan lang="mk-MK">Најпопуларната македонска личност за кого зборува Библијата е Александар ]]> III Македонски за кого е пишувано многу, како од антички, така и од современи автори. Околу него се испреплетени многу легенди, изнесувани се многу ставови по прашање на природата на неговите походи и како што вели U.Vilhem во своето дело “Александар Македонски”, неговата појава и име се уште побудуваат различни реакции. Како и да е, сите ќе се сложиме дека неговата маркантна личност го потресе светот, спојувајќи го истокот и западот, а неговиот сон од светот да создаде една држава со еден цар, се чини била идеолошка визија на еднаквост и рамноправност, со максимална толеранција на туѓата култура и религија.

 

Александар, во Библијата е споменат во некои од пророштвата запишани во книгата на пророкот Даниил.

Даниил бил Евреин, кој после разорувањето на Ерусалим во 538г. п.н.е.12, бил однесен заедно со мнозина како роб во Вавилон. Набргу неговата духовна надареност била забележана од царот. Во една прилика,13 Данило бил повикан да протолкува еден сон, кој го сонил царот Навуходоносор. Имено, царот во сонот видел еден голем лик, чија глава е од злато, рацете и градите од сребро, бедрата од бакар, нозете од железо, а стапалата биле помешани од глина и железо. Додека царот го гледал овој необичен лик, еден камен се откачил од планината и удрил во стапалата на ликот сосема распарчувајќи го, за истиот камен да прерасне во една голема планина. Царот Навуходоносор видно возбуден побарал да му биде протолкуван сонот. Даниил му одговорил дека Небесниот Бог преку овој сон сака да му ја открие на царот иднината на светот, а ликот кој го видел ги претставува царствата кои ќе владеат после него се до крајот на светот. Златната глава ја претставувала Вавилонската империја, рацете и градите од сребро - МедоПерсија, бедрата од бакар - Македонија, а нозете од железо - Римската империја. Интересно е дека токму во времето на стапалата14 се случил одронот на оној камен кој го срушил ликот. Теолозите се сложуваат дека овој камен го претставува Второто Пришествие, односно, второто Христово доаѓање, за што ќе зборуваме малку повеќе кога ќе дојдеме до Македонците во Новиот Завет.

Makedoncite vo biblijataMakedoncite vo biblijata

 

 

Во една друга прилика (7 глава), пророкот Данило имал видение за четири необични ѕвера: “...и четири големи ѕвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот...” Првиот ѕвер кој го забележал бил како лав со орлови крилја, вториот како мечка, а третиот како леопард (како рис - во некои други преводи) со четири крилја. Потоа следувал еден страшен и необичен ѕвер со десет рогови. И после овие ѕверови следи визија за Христовото второ доаѓање.

После ова видение Даниил добива од Бога толкување, и повторно се редат светските царства идентично како кај сонот на Навуходоносор, само што во оваа прилика повеќе е ставен нагласок на последниот ѕвер (Римското царство) и настаните кои следат после него се до крајот на светот.

Да напоменеме дека овде Македонското царство на Александар е претставено као леопард однодно рис со четири крилја. Да споменеме уште едно видение на пророкот Данило (8 глава).

Данило повторно во видение гледа еден овен со два високи рога, кога од запад ненадејно се појавува козел, “...кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу своите очи.” Овој козел, вели понатаму пророштвото, “ ...се впушти врз оној овен...со силна јарост.” Понатаму читаме дека “...на овенот не му стигаа силите да устои против него”...Но на крајот од пророштвото читаме: “Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни.”

Данило набргу добил и толкување на пророштвото кое исто така во продолжение го запишал: “Овенот со двата рога што ги виде е мидскиот цар и персискиот.15 А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила.”

 

Makedoncite vo biblijata

 

Горенаведените цитати се наведени онака као што е преведено во македонскиот превод на Библијата. Сигурно дека ваквиот текст мнозина ќе ги остави збунети, бидејќи читаат “царот на Грција”. За да ја појасниме целата работа мораме да ги консултираме оние кои го познаваат еврејскиот јазик, на кој бил пишуван Стариот Завет16. Имено, во оргиналот17 читаме: Еврејски Мелех Јаван(мелех Јаван)18, што значи царот Јаван.

Познавачите на Библијата веднаш ќе се сетат за кого станува збор. Но за да објасниме мора да се вратиме назад во Библиската историја се до времето на потопот запишан во 1. Мојсеева од 6-9 глава. Тука се среќаваме со праведниот Ное кој добил повик и задача од Бога да создаде кораб, во кој ќе можат сите кои сакаат да се заштитат од престојниот потоп. За жал, на Божествената порака одговориле само Ное и неговото семејство, меѓу кои и неговите три сина, Сим, Хам и Јафет, секој со својата жена. Во Ноевиот кораб нашле место и животните (од секое животно по еден пар).19

После слегнувањето на водата20, коработ застанал на планината Арарат. И сега читаме во десеттата глава: “А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет на кои по потопот им се изродија синови21. Синовите на Јафета22 се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас.”

 

Makedoncite vo biblijata

 


1 Библија или Свето Писмо (создавана 1600 години, од 1500г пне - 100г. не.) духовно и историско наследство на Евреите и христијаните, “Цело Писмо е од Бога дадено” вели апостолот Павле (II послание до Тимотеј 3, 16.) Идејата дека Библијата е од Бога дадена не значи дека Св.Писмо стигнало до човекот како готов производ. Теолозите се сложуваат дека таа има божествено-човечки карактер, односно “...светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух.” (2.Петрово послание 1, 21.)

2 Библиската критика имала за цел да го истражува библискиот текст според рационални научни критериуми. Посебно се издвојуваат мислители и научни работници како П.Холбацх, Е. Ренан, Д.Ф. Страусс, Б. Бауер, К. Каутски и секако К.Маркс и Ф. Енгелс. Enciklopedija Zagreb, knjiga 1, 519.


3 Повеќе од три милијарди луѓе. Две милијарди се христијани, милијарда и двеста се муслимани, а околу петнаесет милиони се Евреи. Tad Szulc, “Abraham – jorney of faith, National Geographic, december 2001, 96.

4 Рене Велек и Остин Ворен, Теорија на Кижевноста, 68.

5 За татко на Библиската археологија се смета William F. Albright, на почетокот без позитивни намери кон Библијата, за подоцна, одушевен од археолошките откритија, станал бранител на Библијата како веродостојна книга, Željko Gregor, Prapovjest i Biblijska arheologija, 18.

6 Цитатите од Библијата се користени од Свето Писмо (Библија) во издание на Македонската Православна Црква.

7 Градот имал правилно поставени булевари со луксузно изградени куќи најчесто на два спрата, а во нивната внатрешност пронајдени се купатила со извонреден систем за канализација. Биле ископани и училници со сочувани лекции од аритметика и граматика. Градот имал пишани закони и добро организиран судски систем, и бил богат со архитектура, уметност, и разновидни занати. Verner Keler, Biblija je u pravu, 30, 31.

8 Според Библиската хронологија, раѓањето на Аврам би било 2170 пне. Грегор, 67,68.

9 Со ова не се тврди дека оваа таблица му припаѓала на Аврам, бидејќи потекнува од подоцна, но сепак, сведочат дека името било користено како вообичено во тоа време.

10 Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 52-53.

11 Цитирано во А. Шкокљев - С.Катин, Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 72-74.

12 Ерусалим бил разорен од страна на Навуходоноср, Вавилонскиот цар.

13 Настанот е опишан во книгата на пророк Даниил 2 глава

14 Според некои толкувања на Библијата стапалата од глина и железо ја претставува современа Европа со остатоци (железото) од Римската империја и останатите европски народи (глината) и нивното обединување.

15 Во историјата е познато дека царството што ја покорила Вавилонската империја, всушност било составено од две царства на народи - Мидјаните и Персијанците, често нарекувано Медо-Персиско царство.

16 Кај Евреите нарекуван Закон и Пророци. Во Стариот Завет се содржани книги пишувани во Период од 1500 г. пне па се до 400 г. пне. Во С.З. се содржат книги кои ја опишуваат светата историјата за постанокот на светот и Израелскиот народ, потоа свети химни (Псалмите), мудри изреки, поезија, и пророштва запишани од пророците кои делувале во разни периоди од историјата на Израел. Некои делови на Библијата биле пишувани и на Арамејски, јазик сроден на Еврејскиот.

17 Стариот Завет на Еврејски јазик може да се набави во просториите на Библиското Друштво во Скопје.

18 Еврејското писмо се чита од десно кон лево.

19 Дека Библискиот извештај за потопот не е осамен, сведочат бројните записи и усни преданија насекаде низ светот, како на пример староасирскиот еп за Гилгамеш и др.

20 Најновите геолошки итражувања ни покажуваат дека навистина некогаш се случил потоп со светски размери. На пример, за тоа сведочат разните фосили на морски животни пронајдени во кањони и слични предели каде ни одблизу нема водени површини.

21 Според библиските научници родословната таблица од десеттата глава на 1Мојсеева ни ги дава имињата на народите кои во тоа време постоеле и му биле познати на Мојсеј. На Сим му припаѓаат Асирците, Арамејците, Фениќаните, и некои арапски племиња, на Хам му припаѓаат Етиопјаните, Египќаните и др. додека на Јафет му припаѓаат разните североаријски, индоевропски народи. Ѓорги Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 25. The Times, Biblijski Atlas, 92-93.

22 Јафет значи бел, сјаен, убав.

 

Македонците и Елините

 

Оваа родословна таблица на народите ни открива кој бил Јаван, спомнат во Даниловото пророштво. Но сега си го поставуваме прашањето: Зошто тогаш во нашиот превод, а и во многу други преводи стои царот на Грција? Одговорот е многу едноставен, но сепак ќе мора работите да ги поставиме по ред заради постоечкиот (на сите познат) антагонизам меѓу Р. Македонија и Р. Грција.

Најнапред мора да се повикаме на сознанието дека поимот Грци е релативно соврмен и нов поим. Во антиката тие се нарекувале Елини (Ахајци), и живееле на територијата наречена Ахаја (јужниот дел на денешна Р. Грција). А тоа дека Македонците биле одделен народ од Елините не треба да се спори. Релевантни историчари ја елаборирале како потврда ова мисла23, но сепак заради континуитет на ова истражување би навеле неколку факти:

  1. Македонците почитувале поинаков пантеон на божества од Елините24

  2. Македонија имала единствен, самостоен митолошки систем25.

  3. Македонците имале поинаков јазик од Елините.

Интересен е податокот на Квинт Курциј Руф26 кој во периодот на императорот Клаудије го создал делото за Александар Македонски. Тој спомнува еден настан од животот на Александар, во кој се опишува судскиот процес против еден Македонец по име Филот, обвинет за заговор. Кога Александар го поканил да зборува на својот мајчин јазик, Филот одговорил дека подобро ќе биде ако зборува на елински за сите да го разберат, бидејќи меѓу присутните имало и Елини. Исто така Демостен, познатиот Атински говорник, во една од своите филипики (говори против Филип II) Македонците ги нарекува варвари27 кои зборуваат јазик неразбирлив за Елините. Од ова се гледа дека античкиот македонски јазик Елините не го разбирале28.

  1. Македонците биле територијално одвоени од Елините, и имале различно државно и политичко уредување29. Елините имале градови-држави, додека Македонија, обединета од Филип II била унитарна држава на сродни племиња со свој монетарен систем. Елините, откако во VIII в.п.н.е. го напуштиле кралското уредување, воспоставиле демократско или олигархиско уредување. За македонската држава и територија (освен делумно за крајбрежјето) Елините како колонизатори, не пројавувале особен интерес.

  2. После битката кај Херонеја (338 п.н.е.) Филип II ги покорил Елините30, а како резултат на тоа во Атина се појавиле две странки: анти македонска (чиј гласноговорник бил Демостен) и про-македонска. Демостен, Елините кои соработувале со Македонците ги нарекувал предавници31

Сепак, треба да бидеме објективни и непристрасни. Имено:

  1. Елините кои биле промакедонски настроени, Филипа II го дожививувале и прифатиле исто така како свој владетел (хегемон)32, а исто и Александар III Македонски кој во своите походи повел и војска од редовите на Елините.

  2. Промакедонските Елини, откако биле покорени, веројатно Македонија ја доживувале како своја држава и при тоа Елините и Македонците се среќавале во исти кругови33, а походите на Александар како дел од една заедничка стратегија на Македонците и Елините34.

Можно е таквото мислење да преовладало и кај околните народи, особено кај Евреите, чии седумдесетмината преведувачи на септуагинтата35 ја превеле именката Еврејски Јаван (Јаван) со зборот Грчки Еленон (еленон). Тоа можеме да го разбереме ако го земеме во предвид фактот дека Евреите сите кои не биле од Еврејска националност и култура ги нарекувале Елини. Тоа отишло дотаму што дури и своите сонародници од дијаспората ги нарекувале Елини заради попримената елинска култура, што не е чудно бидејќи и самите Елини овој израз го користеле како предзнак на културолошка а не на етничка припадност. Па затоа во умот на еврејските преведувачи на септуагинтата преовладало мислењето и ставот на тогашната еврејска мисла. Во суштина и самиот превод бил наменет за Евреите во дијаспората кои не го разбирале мајчиниот еврејски јазик. Ако се земе предвид и сознанието за тогашниот отпор на ортодоксните Евреи (на пр. Макабејците) кон се што било со нееврејска култура, особено елинската, тогаш ќе ни биде сосема јасно зошто во преводот бил употребен зборот еленон, наместо оргиналниот Јаван. Оттаму и во науката неоправдано се наметнала мислата дека Македонците се Елини36, што не доведува до нашиот македонски превод на Библијата кој по грешка37 синтагмата Еврејски Мелех Јаван(мелех Јаван) ја превела со царот Грчки.

Но, ќе си го поставиме и прашањето, зошто Александар е поистоветен со Јаван. Сигурно не се мисли на самиот Јаван, потомокот на Јафет. На Евреите од времето кога е пишувана книгата на пророкот Данило (околу 540г. п.н.е.) веројатно не им биле познати сите царства кои призлегле од Јаван (меѓу кои и Македонското царство), па затоа Данило ја воопштува работата сакајќи да ни каже дека тој цар ќе биде од поколенијето на Јаван.

 

 

Китим-Коренот на Македонците

 

После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на книгата на пророкот Даниил и на родословната таблица од 1Мојсеева 10, 1-5. Дека веќе цитираното пророштвото на Данило 8 глава се однесува на Александар Македонски, односно цар од династијата на Аргеадите38 ни сведочи и визијата за козелот кој со огромна сила го соборува овенот кој во случајот го претставува Медо Персиското царство. Познато ни е од историјата за битката кај Граник и големата победа на војската на Александар врз побројната Персиска војска со што дословно се исполнило пророштвото. А за козелот исто така познато е дека белата коза била симбол на Аргеадската династија39.

Интересен е податокот на Јосиф Флавие кој ни открива дека еврејските свештеници, кога Александар во своите освојувања се приближил до Ерусалим, му излегле во пресрет со овие пророштва, поради што градот уживал посебен статус во Македонската империја.

Освојувањата и територијалните достигнувања на Македонската војска на чело со Александар и неговите генерали, бил неповторлив настан кој историјата сериозно го забележала, потврдувајќи го пророштвото: “...ја изоде целата (до тогаш позната, з.а.) земја, не допирајќи се до неа...”, со што на симболичен начин е претставена брзината на далекусежните освојувања на Македонската војска.

А што се однесува до родословната таблица, ние понатаму за името Јаван читаме: “Синовите, пак, Јаванови се: Елиса, Тарсис, Китим и Доданим,” а потоа продолжува “ Од нив се разгранаа острови на народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој.”

Во една од апокрифните40 книги, 1 Макабејска 1, 1. читаме: Александар Македонски, синот на Филипа, излезе од земјата Хетејска и го победи Дарија...” Повторно се соочуваме со погрешен превод на зборот Хетејска, каде според познавачите на еврејскиот јазик треба да стои Китимска41. Иако непознат, авторот на 1Макабејска ни открива дека Александар треба да го поистоветиме со Китим, еден од синовите на Јаван. Тука е вредно да се напомене дека името Китим некои погрешно го поистоветуваат со Крит, заради сличното име на градот Килтион кој се наоѓал на Крит. Град со име Kition (Китим) се наоѓал во Македонија во близина на градот Еге42, што не ја отфрла можноста некои доселеници од Македонија да го основале градот Килтион на Крит.

Според ова, Македонија е земјата на предокот Китим кој се населил на тие простори, од кого подоцна се разграниле сродните Македонски племиња, меѓу кои и Аргеадите и нивната царска династија.

Интересни се сугестиите на Поп-Атанасов дека Китим би требало да се чита Скитим, и со тоа името да се доведе во однос со Скитите, кои пак подоцна, според некои автори43 се поистоветуваат со Словените.

 

 

Пророштва за победата на Тир

 

Интересно е да забележиме уште некои пророштва во Библијата, индиректно поврзани со Александар. Во книгата на пророкот Језекиил 26, 12-14 се наоѓа еден текст кој го прорекува разорувањето на Фениќанскиот град Тир. Меѓу другото се вели: “...ќе го разграбаат твоето богатство...ќе ги разрушат твоите ѕидови, ќе ги урнат твоите убави домови, твоите камења и твоите дрвја и земјата твоја ќе ја фрлат во вода”. Иако на почетокот ова пророштво требало да го исполни Вавилонскиот цар Навуходоносор44 (Језекиил 26, 7.), свое конечно исполнување нашло во опсадата и освојувањето на Македонската војска.

Се чинело дека Тир е неосвоив град. Имено, еден дел од градот бил поставен на Фениќиското крајбрежје, а другиот дел на многу блискиот остров. Кога доаѓале освојувачки војски, граѓаните на Тир се повлекувале на островот, оставајки ги освојувачите беспомошно да стојат околу неосвоивите тврдини на островот. А тоа било така затоа што, војниците за да дојдат до островот морале да користат бродови кои или ги немале или биле лесна мета на Тирската одбрана. Со истата ситуација се соочила и Македонската војска. Но, Александар со своите генерали дошол до генијална идеа: камените остатоци од приобалниот дел на градот ги фрлал во водата со цел да создаде природен земјен премин до островот. Во еден момент тој им наредил на своите војници да ја земаат земјата и правот од градот и да ја фрлаат во морето. На тој начин, островот бил споен со обалата, по што војската на Александар за кратко време го освоила градот. Во истата глава од книгата на пророкот Језекиил, во четвртиот и петтиот стих читаме: “...ќе ги разбијат ѕидовите на Тир...и ќе го изметам правот негов и ќе го направам гол камен. Ќе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог...”

Ostrovot Tir

Островот (сега полуостров) од некогашниот Тир

Ostrovot TirOstrovot Tir

Мрежите на обалата на некогашниот Тир Остатоци од градот во морето

 

Ако денеска појдете до местото каде се наоѓал некогаш градот Тир, ќе сретнете мала рибарска населба на чии обали се простираат мрежи, иако постојат идеални услови за голем град. А ако се загледате во морето, јасно ќе ги забележите камените остатоци од стариот град Тир кои Македонската војска ги фрлила во морето за да создаде премин до островскиот дел на градот. А во близината ќе го забележите некогашниот остров, сега полуостров, кој бил освоен од Александар Македонски.

 

 

Гордоста на козелот

 

Се враќаме на пророштвото за козелот во Даниил 8 глава. После претскажаната победа и брзиот успех, следува: “Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни.”

Последно освежено ( Понеделник, 21 Декември 2009 16:10 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: