English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Македонија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Сабота, 19 Април 2008 19:12
Индекс на артикл
Македонија
Страна 2
Сите страници

Кога пред некоја година сретнав еден пријател и му кажав дека се интересирам за богумилите, тој се сврте исплашено на страна и тивко ми кажа дека тоа е опасна работа. Па знам дека е опасна работа, ама опасно е и да се живее во сон, а најголемиот дел од човештвото токму тоа го прават (може автомобил да ги згази или други непријатни случки).

Ако сакаме да зборуваме за богумилите, неопходно е да се запознаеме со местото на кое тие никнале. Тоа е пределот на денешна Македонија. Велам денешна Македонија, затоа што сите сакаат да ја присвојат, па ја нарекуваат Бугарија, Албанија, Грција, Србија (скратено БАГС) и незнам уште како не. Ова е територија на Македонија да не претерам најмалку 8000 години, значи постара Адам од стариот завет (евреите го одредиле староста на Адам, не јас). Ова не е најсмелото тврдење туку најумереното, а ако знаеме дека вистината е некаде на средина, тогаш Македонија е постара и од тоа, но постојано се уништуваат документите во кои се спомнува, од пауните кои се китат со туѓи перја, па ако треба и да ја запалат алексанрината библиотека или пишаните документи кои го потврдуваат тоа, правејки го најголемиот злочин во историјата на човештвото, како инаку неписмени или полуписмени цареви и императори би владееле со земјината топка. Како наместо научници, со државите би владееле глумци или доктори.

Многу силници ја газеле оваа земја, тие доаѓале правеле што правеле, си ја мереле потенцијата (силата) и исчезнувале. Сите се крстеле, прекрстувале, именувале, менувале имиња и граници, ставале крстови, граделе цркви или џамии, а Македонија останувала под истото име. Со различни господари, народи кои се населувале тука за да ја потполнат празнината која силниците со своите уништувања го направиле. Дури и Египет, најстарата позната територија не била Египет, туку Мисир (можеби е поточно Мис,р, но ова во современиот македонски јазик, благо-ударение на неговото "осовременување'' е осакатена за некои фонови (гласовни знаци). Што е тоа што ги тера луѓето од другите предели да сакаат да ја поседуваат оваа немногу богата и не стратегијски најбитна територија. Сите се обидуваат да ја расцепкаат расколат, да имаат дел од неа.

Па што е таа?

Дали е тоа заради нејзиното огромно рудно богатство? НЕ.

Дали е тоа, затоа што е извор на некоја стара цивилизација која ги има знаењата на животот? НЕ, апсолутно НЕ.

Дали е затоа што изобилува со природни ресурси за енергија? НЕ.

Незнам зошто територијата на Македонија е последната која е напуштена од Турската Империја?

Не ми е јасно зошто и до денешен ден Турција ја нарекува Грција Јунанистан (нова држава), а меѓу првите ја призна самостојноста на Македонија под уставното име?

Незнам зошто сите соседи се уплашени од Македонците, кога тие се многу помалкубројни од било кој од нив?

Незнам зошто на овој народ не му дозволуваат да одбере симбол на државата таков каков што сака, кога знам дека тој симбол ниедна друга држава не го користи, освен некои шпијунски организации или агенции? Па што не ги тужат Србите, Сад за орелот. Зошто не ги тужат Албанците, Германците, Пољаците или незнам уште кои не го имаат Римскиот симбол, на грабливата птица, цар на птиците. Зошто Бугарите не ја тужат Англија за Македонското лавче? Инаку ова е преседан во историјата на човештвото, да не му се дозволи симбол на некој народ. Замисли Албанците им воведат ембарго на Америка за симболот, а Португалците за името (Америка е наречена по Америго Веспучи). Сето ова ќе беше смешно да не беше трагично. Во таков случај треба Французите да ја нападнат Англија затоа што се нарекува Велика Британија. Италијанците да им бараат процент или данок на медицината заради користење на јазикот кој го наследиле од латините. Египќаните да им бараат отштета на Јапонците за користење на симболот на сонцето. Тогаш ќе воскреснат Феникијците и ќе бараат отштета од целиот свет за користење на писмото, а арапите за користење на броевите.

Незнам зошто не дозволува целиот културен и демократски свет, некоја територија која одсекогаш се нарекувала така да биде држава, а истовремено има многу новокомпонирани држави ветачки создадени? Тогаш сигурно ќе мора да признае дека пред стотина години направиле страшен бербат и сега ќе мора тие фекалии да ги исчисти, а едно е сигурно, немаат доволно мудрост.

На сите им пречи јазикот на оние кои се нарекуваат Македонци. Зошто?

Дали се плашат дека тие со јазикот можат да направат повеќе од другите со оружје? Незнам.

Сите кој и да дојде нешто бара, копа, испитува, а сето тоа го прави скриено, таинствено и далеку од очите на јавноста.

Овде Гарците, имаат право да присуствуваат при археолошките ископувања, зошто незнам? Сигурно се плашат да не откриеме дека ние сме Гарци, затоа што тогаш ќе имаат работа да не не признаат за такви.



Последно освежено ( Вторник, 17 Февруари 2009 14:42 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: