English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Еволуциската алка која недостасува во Македонија низ вековите PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Напишано од Сашо   
Понеделник, 21 Април 2008 16:50

Cостојбата во која се наоѓаат жителите на Македонија е последица на состојбите во кои што се наоѓа нивната свест.

Неизмерно ми годи тоа што се повеќе и поотворено се зборува и пишува за нашите корени и славното минато но во исто време се грижиме и за отпорот што се јавува кај нашите соседи во врска со тоа.

Зошто отпори и несогласувања? Зошто и што има лошо во тоа ние да бидеме тоа што навистина сме? Зошто нашите соседи толку посакуваат да ни ја украдат историјата и минатото а со тоа и нашата иднина и идентитет? Токму заради славата и големината на цивилизациските дострели на овој народ во минатото и на криминалниот светски заговор кој што се случува во врска со неговиот идентитет.

Ако малку се задлaбочи човек во овие прашања ќе согледа дека нештата се нелогични. Посилниот, помногубројниот се плаши од послабиот и помалкубројниот. Зошто страв ако тие се со славно минато и со толкави цивилизациски дострели. Изгледа дека тие не се плашат од бројноста на нашиот народ туку се плашат од духовниот систем кој што го поседувал некогаш овој народ. Токму тоа е алката која што недостасува во мозаикот наречен Македонија од која сите се плашат. Духовниот систем на древните Македонци. Зарем можеле тие наши предци да го постигнат тоа што го постигнале за толку кратко време и толку помалубројни во однос на соседите без вистински супериорен духовен систем кој продуцирал високо свесни, одговорни и сигурни поединци. Многу тешко. Се гледа дека тие инвестирале во образованието, во знаењето, во спојувањето со другите цивилизации во психофизичките тренинзи и во организација на државата. Тајната на успехот е во системот од знаење, образование, обука, тренинг за да се достигнат посакуваните цели.

Сите земји со богато наследство на духовни системи и традиции имаат побогата и поразвиена сегашност. Колку повеќе и поразвиени духовни системи во една земја толку е поголем нејзиниот општ развој.

Јапонија на пример е земја со исклучително богато наследство на духовни системи. Проучувајки ги духовните системи на Јапонија на тоа што таа била некогаш и денес се забележува дека таа својата моментна состојба ја должи токму на многу богатото духовно наследство. Помислете само на самураите на шогуните. Дали тие би биле замисливи без цел еден систем на обука, етички и моралени кодекси итн.? Се разбира дека не. Денешниве Јапонци ја почитуваат таа духовна традиција, ја негуваат и збогатуваат со искуства од целиот свет и тоа ги доведе до степенот на развој во кој што се денес.

Еволуцијата на луѓето се одвива во неколку фази: миграција, селекција, мутација, револуција и внатрешна трансформација или ако сакате еволуција.

Сите ове фази можеме да ги забележиме во Македонија. Миграцијата се одвиваше и сеуште се одвива од село во град. Таа преминува во емиграција во тешки општествени услови со преселба на населението во други држави и краеви.

Селекцијата се изразува преку раслојување и групирање на луѓето на разни лоби групи, клубови, религиозно верски заедници, организации, здруженија и т.н.

Мутацијата се случува преку мутација на македонските граѓани кои земаат бугарски, албански, косовски и какви уште не државјанства.

Револуциите во Македонија се резервирани за малцинствата и етничките заедници и како по традиција неславно завршувале уште пред да започнат.

Единственото нешто кое што му остана на овој народ како утеха е внатрешната еволуција или трансформација. Тоа е еволуција од состојба на роб во состојба на слобода и креација. За да се случи таа внатрешна еволуција потребно е да се развие духовен систем од внатрешно знаење, обука и пракса - кој таа еволуција ке ја направи возможна. Затоа, според мене, треба да распишеме отворен конкурс за современ македонски систем за духовен развој и за внатрешна еволуција во кој што учество ке земат сите оние кои се за вистински развој на оваа земја. Да разјаснам што подразбирам под поимот внатрешна еволуција.

Што е тоа внатрешна еволуција?

Тоа е патот кој што секој човек го поминува движејки се од незнаење, темнина кон знаење, светлина, свест. Тој пат е внатрешен зошто ние самите сме и почеток и цел.

Внатрешната еволуција започнува со првите прашања: Кој сум јас, што сум јас? Како, од што, кога и зошто започна се? Еволуцијата трае цел живот исто како и спознанието и што е најбитно, повторувам најбитно, се пренесува на наредните генерации и поколенија. Сознанијата кои што ние сме ги сознале за себе, за животот, за светот треба да ги пренесеме на идните поколенија за тие да заштедат време и труд во својот напредок. Зошто тие секогаш да почнуваат од нулта позиција. Зошто да не си ги познаваат сопствените корења?Да се учат на нашите добри и лоши искуства. Тоа е пренесување на дрвото на спознанието и дрвото на животот.

Обидувајќи се да еволуираме во свеста и знаењето одговорите ги бараме насекаде и во се: во други авторитети, книги, разни учења, религии, верувања итн. се до моментот кога ќе спознаеме дека целта на спознанието сме ние самите и дека во нас лежат сите одговори. Тогаш започнува вистинската внатрешна еволуција. Човек може да истражува многу работи но ако не е поврзан внатрешно со директни искуства тој ке остане исклучен од спознанието односно издвоен а со тоа и неискусен. Ке има чувство дека многу знае но дека нешто постојано му недостасува.Внатрешната еволуција е најочигледна и најлесно се објаснува преку состојбата на вљубеност и љубов. Во моментите на вљубеност човековата внатрешна еволуција се забрзува. Вљубениот е потполно слеан со објектот на својата љубов - својата сакана, тој е едно со се и во тој момент е во директно искуство. Тој чувствува дека е целиот свет. Тоа ќе потрае се додека не се издвои, исклучи од едноста и повторно не станат две единки. Исто како фетусот и мајката. Тој во мајчината утроба ја прави најголемата внатрешна еволуција и од нешто што воопшто не личи на човек поминува во човечко суштество. Таа еволуција не завршува со раѓањето туку продолжува целиот живот. Бебето еволуира во дете, детето во момче, момчето во зрел човек и така натму.

Во Македонија постоел духовен систем на знаења и обуки кој кога ќе се поминел создавал високо свесни и спознавачки суштества. Систем или ако сакате Македонска целина од техники, начини, пракси, практични знаења кои што продуцирале свесни и духовно развиени суштества. Зошто го мислам и чувствувам тоа? Јас проучувам духовни системи од целиот свет, од секаде кај што можам да добијам информации и знаења. Според славата на античка Македонија можеме слободно да заклучиме дека таков супериорен духовен систем со сигурност постоел на овие простори. Само треба повторно да го откриеме и примениме без притоа да ги повторуваме и грешките кои ги правеле нашите предци. Секогаш кога комуницираме со други народи, народности, цивилизации постои степен на соочување и согледување за тоа кои сме и какви сме во однос на тие со кои комуницираме. Очигледно е дека се чувствуваме исфрустрирани во однос на нашите комшии и во однос на поголемиот регион на кој што припаѓаме но одсекогаш не било така. Точно е дека не ограбувале и угнетувале дека над нас вршеле геноцид, но едно е уште поточно, а тоа е дека нивната сила не е толку голема колку нашата слабост. Ако сме внатрешно силни, свесни, сигурни и одговорни тогаш колку и да се другите силни неможат да ја одземат нашата сила.

Затоа, ајде да еволуираме...



Последно освежено ( Среда, 18 Февруари 2009 14:11 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: