English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Работи на вода !!! Picture Film PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Administrator   
Вторник, 23 Септември 2008 15:05

 


Stanlel Mayer - Прототипна HHO келија

 


Stanley Meyer - Прототип возило на вода

 


Stanley Meyer

 

    Просечен човек со визионерски погледи наспроти „новиот светски поредок“, Стенли Меер жител на едно мало гратче Гроув Сити од Охајо целиот свој живот го посветува во обид да го оствари сонот на „Секојдневниот, модерен“ човек, ослободување од „Енергетската зависност“. Секојдневно слушаме по медиумите (наши и странски) „нафтата секојдневно расте...“ „цените на нафтата највисоки до сега...“ „цената на бензините поскапува...,транспортот,струјата,греењето и на крај храната следствено... Незамисливо како човековото „модерно“ живеење зависи само и исклучиво САМО од еден енергетски ресурс. Да почетна и „незаменлива“ алка на нашето „модерно“ живеење НАФТА или дали е навистина така... Стенли како и голем број на луѓе ширум светот го демонстрираат секојдневно спротивното.

    Оваа планета изобилува со ресурси и секој обид да се каже спротивното е ЛАГА. Ние не сме ни почнале да гребеме по површината на возможното, но се поголем број на луѓе почнуваат да се интересираат,а Стенли беше еден од нив. Контроверзниот иноватор тврдеше дека неговата технологија за добивање на водородно~кислородна мешавина е една од најекономичните, која побарува во голема мера појмало влезно ниво на енергија (за разлика од класичната електролиза).

    Најдобрите идеи и револуционерни чекори не доаѓаат од големите корпорации, бидејќи тие не одат во прилог на нивниот „долар“ бог. Се што ја раскинува зависноста е зло и треба да се спречи. Сето ова оди во прилог на „глобалната“ конспирација за која секој од нас е свесен но не и обрнува нималку внимание.

    Неговата технологија овозможува едно возило без некои посебни и скапи интервенции да биде приспособено да работи на вода. Потребната количина на водород и кислород се добива во самото возило користејќи се со посебната технологија на повеќе келијна единица за производство на HHO (разделена мешавина на водород и кислород).

    Придобивки се што возилото не претставува потенцијална бомба(содржејќи резервар за складирање на водород ) при што во спротивно би се користеле софистицирани механизми за заштита што возилото го прават крајно скапо и неисплатливо. Возилото работи исклучиво на она количество HHO што во моментот го произведува келијата(читај не е потенцијална бомба), и според Стенли може да се помине 160 км со резервар од 3,8 литри вода.

    „Почина“ на 21 Март, 1998, отруен со храна во еден ресторан во неговиот роден град. Тој немаше светска следбеност, каква што би требало да ја има, мал број на луѓе имаат воопшто и слушнато за него. Но според Артур Кларк неговото дело претставува капиталното остварување на еден човек, и го едначи со Никола Тесла.

Веб страна: Tribute to Stanley Mеyer

 

Дел од филмот „Работи на вода“ - "It runs on water". Нарирано од Артур Кларк.

 

   

 

    

 

Прво медиско појавување на Стенли Меер на локалната телевизија.

 

        

 

        

 

 

 

 

Последно освежено ( Среда, 01 Јули 2009 15:20 )
 
Коментари (1)
Работи на вода !!!
1 Понеделник, 29 Јуни 2009 03:45
jovce
da ne go utepale- umrel moze do sea i ke napravea i koli i drygi masini na voda!!!
ama koga ke vidis celiot svet go vrti edna politika za koja treba nie site da sme svesni, bezkoja i nema da funkcionira naseto covestvo. Sad smiley
ako se ostvarelo RABOTI NA VODA bi umrele mnogu luge so sto bi se dovelo do mnogy golema katastrofa ke se zatvorat mnogy nafteni polinja-ke ostanat luge bez rabota- mnogu masini i fabriki ke sgasnat bidejki seto toa ne bi bilo potrebno. odnosno sve bi rabotelo na voda> a toa na svetskite giganti ne bi im doslo vo golema korist(pr. sheel platformite i mn.drugi za dzabe bi rabotele)
pa zatoa si go skinale Стенли Меер i sea nemaat glavobolki Happy smiley

bravo za covekof koj vredi i za nobelova nagrada pa i za svetsko cudo !!!!
ama sansite muse mnogu mali vo denesno vreme da mu se realizira negovata ideja za zal Sad smiley
moze nekoj ke rece deka se gluposti ova sto go pisaf ama TOA TI E zivotot e sekogas surov ako ne gi slusas pomoknite od tebe t.e. od tie sto zavisis !!! Happy smiley
Затвор со невидливи решетки....
Среда, 01 Јули 2009 15:24
admin
Почитуван Јовче.
Секој има право на свое мислење. Но навистина е тажно кога секојдневно среќавам луѓе кои поради својата инертност, слепо го прифаќаат ставот на новиот „Рајхт“ како апсолут. А трагично е кога истите тие луѓе користејќи се со некаква (едноставна,наметната,на прв поглед) логика ќе произнесат такви крајно плитки дедукции.
- ako se ostvarelo RABOTI NA VODA bi umrele mnogu luge so sto bi se dovelo do mnogy golema katastrofa ke se zatvorat mnogy nafteni polinja-ke ostanat luge bez rabota- mnogu masini i fabriki ke sgasnat bidejki seto toa ne bi bilo potrebno.
Изјави од овој калибар се идентични со тие кои се промовираат од големите корпорации. А целта е да ни пружат една лажна сигурност и како со седатив да ни го умртват нашето целовкупно битие. И можеби најодвратниот,најподлиот метод со кој се користат во спроведувањето на овој геноцид се состои во злоупотребата на нашата способност да сочуствуваме едни со други. Ќе направавам една груба споредба. Кога ни ги пласираат сите оние л'жги од промоции "Sheveron, the company that cares" и како тоа компанијата овозможува повеќе енергија за да се прехрани човештвото, итн, итн... Ние сме Том, кога Џери го фајќа на сентименталност. А Кога ќе се свестиме што всушност се случува (ако некогаш воопшто.за некој од нас...) ќе бидеме како Том кога се гледа во огледало и гледа одраз како "JACKASS" или "SUCKER". Ако работите се проследат малку подробно тогаш со самото стекнување на енергетска независтност ќе се разреши фундаменталниот проблем. Зависта на човека од ѕидарските „Мустрии“. Размислете потврдо и погледнете каде ќе ве однесат можностите, а тие се секогаш безкрајни. Не бидете негативни и не ставајте глава во торба. Апсолути не постојат...
-TOA TI E zivotot e sekogas surov ako ne gi slusas pomoknite od tebe t.e. od tie sto zavisis !!!
Кога прифаќате вакви ставови веќе однапред сте си пресудиле самите на себе. Животот никогаш не е ниту само суров, ниту само милостлив.

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: