English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Вовед во Книгата “Холографски Универзум“ од Мајкл Талбот Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Напишано од administrator   
Вторник, 23 Септември 2008 22:33
Индекс на артикл
Вовед во Книгата “Холографски Универзум“ од Мајкл Талбот Picture
Холографски Универзум - Страна 2
Холографски Универзум - Страна 3
Сите страници

 


Корица - Холографски Универзум

  

Во филмот “Војни на ѕвездите“ авантурата на Лук Скајвокер започнува кога од роботот R2D2 ќе излезе зрак светлина кој ќе проектира минијатурна тродимензионална слика на принцезта Леа. Лук, скаменет од чудо, гледа додека скулптурата од светлина налик на дух моли некого по име  Оби- ван – Кеноби да и помогне. Сликата претставува холограм, тродимензионален приказ направен со помош на ласер, а технолошката магија потребна да се изработат такви слики е извонредна. Меѓутоа, она што зачудува уште повеќе е фактот дека некои научници почнуваат да веруваат дека и самата вселена е некој вид на џиновски холограм, извонредно детална илузија, ни повеќе ни помалку реална од сликата на принцезата Леа која го наведува Лук на неговата потрага.

Со други зборови, постојат докази кои укажуваат на тоа дека нашиот свет и се во него – од снегулките до јаворовите стебла, од звездите до електроните – се исто така само слики налик на дух, проекција од ниво на реалноста која е во таа мерка надвор од нашата што е буквално надвор од времето и просторот. 

Главните архитекти на оваа фасцинантна замисла се едни од најеминентните светски мислители: физичарот од Универзитетот во Лондон, Дејвид Бом (David Bohm), ученик на Ајнштајн и еден од најпочитуваните светски квантни физичари; и Карл Прибрам (Karl Pribram) , невропсихолог од Универзитетот Станфорд и автор на класичниот невропсихолошки учебник Languages of the Brain. Зачудувачки, Бом и Прибрам до своите заклучоци дошле независно еден од друг, работејќи во два различни смера. Бом во холографската природа на светот се уверил дури по многу години незадоволство заради неможноста на стандардните теории да ги објаснат сите појави во квантната физика, додека Прибрам го уверил неуспехот на стандардните теории за мозокот во објаснувањето на различните невропсихолошки појави.

Меѓутоа, откако стигнале до своите ставови, Бом и Прибрам набрзо увиделе дека холографскиот модел објаснува и бројни други мистерии, вклучувајќи ја и очигледната немоќ на било која теорија, без разлика колку опсежна, на било кој начин да ги разјасни сите појави во природата; способноста на поединци кои слушаат само на едното уво да го одредат правецот од кој доаѓа звукот: нашата способност да препознаеме лик на човек кој го немаме видено долг низ години, дури и ако дотичната личност во меѓувреме физички значително се изменила.

Сепак, кај холографскиот модел најмогу фасцинира тоа што одеднаш им дава смисол на широк спектар појави кои се толку несфатливи што по правило биле класифицирани надвор од областите на научно разбирање (интерес). Тие појави ја опфаќаат телепатијата, видовитоста, мистичното чувство на единство со вселената па дури и психокинезата, односно способноста на умот да придвижува предмети без физички контакт.

И навистина, на постојано растечкиот број научници кои го прифатиле холографскиот модел брзо им станало јасно дека тој нов модел помага да се објаснат практично сите паранормални, мистични искуства, а во последниве пет - шест години продолжува да ги инспирира истражувачите и да осветлува се поголем број необјаснети појави. Еве неколку примери:

-1980. година  психологот Кенет Ринг (Kenneth Ring) од Универзитетот Конектикат утврдил дека искуствата на блиска смрт можат да се објаснат со холографскиот модел. Ринг, како претседател на Меѓународното здружение за истражување на искуствата на блиска смрт, смета дека таквите искуства, како и самата смрт, всушност не се ништо друго освен префрлање на свеста на личноста од едно ниво на реалноста на холограмот на друго.

-1985. година др. Станислав Гроф (Stanislav Grof) – кој ги водел психијатриските истражувања во Центарот за психијатриски студии во Мериленд и професор асистент на Медицинскиот факултет  Џонс Хопкинс,  објавил книга во која го изнел заклучокот дека постоечките неврофизиолошки модели на мозокот се неприкладни, и дека само холографскиот модел може да понуди објаснување за појави како што се архетипските искуства, средби со колективното несвесно и други необични појави кои се јавуваат во променетите состојби на свест.

-1987. година на годишната средба на Здружението за проучување на соништата одржано во Вашингтон, физичарот Фред Алан Волф (Fred Alan Wolf) одржал предавање во кое утврдил дека холографскиот модел ги објаснува свесните соништа (lucid dreams – необично живи соништа во кои сонувачот сфаќа дека сонува). Волф верува дека таквите соништа, всушност, претставуваат посети на паралелните реалности, и дека на крајот на краиштата холографскиот модел ќе ни допушти развиток на “физика на свеста“ која ќе ни овозможи сеопфатни истражувања на тие нивоа на постоење на другите димензии.

-1987.година др. Ф. Дејвид Пеат (F.David Peat) физичар од Универзитетот Квинс во Канада, во својата книга под наслов Синхроницитетотмост помеѓу материјата и умот , изнесува дека синхроницитетите (поклопувања кои се толку необични и со толку психолошка смисла што се чини дека не се резултат на едноставна случајност) можат да се објаснат со холографскиот модел. Пеат смета дека таквите поклопувања всушност се “пукнатини во структурата на реалноста“. Откриваат дека нашите мисловни процеси се многу повеќе поврзани со физичкиот свет  отколку што досега се мислело.

Тоа се само некои од предизвикувачките идеи кои ќе ги истажиме во оваа книга.

Многу од нив се крајно контраверзни. Всушност, самиот холографски модел е исклучително контраверзен и во никој случај прифатен од научното мнозинство. Наспроти тоа, како што ќе видиме, бројни значајни и импресивни научници го поддржуваат и сметаат дека би можел да ја претставува најточната слика на реалноста која досега сме ја имале.



Последно освежено ( Недела, 15 Март 2009 16:47 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: