English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Никола Тесла - Волшебникот кој го осветли светот Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 8
НајлошоНајдобро 
Напишано од Томислав Шуминоски   
Вторник, 04 Ноември 2008 15:47
Индекс на артикл
Никола Тесла - Волшебникот кој го осветли светот Picture
Страна 2
Страна 3
Страна 5
Сите страници

 

 


 

„Чудата не се случуваат во спротивност со природата, туку само во спротивност на она што ние мислиме (имаме претстава) дека е природа.“                       

- Св. Августин

 Битието кое се манифестира во овој свет, остава свои неизбледливи траги врежани во историјата на овој универзум кои сведочат за неговото постоење и делување. Какви се тие траги и на каде водат, зависи од тоа што сакало да искуси, да изживее, да подари или да манифестира. Така некои суштества не водат кон пониските сфери на живот, кон страдање, ограничување, мизерија, заборав, со еден збор илузија ... додека други не воздигнуваат кон вис(т)ините, ни го осветлуваат патот кон она што сме навистина, кон среќен, мултидимензионален, весел и здрав живот. Едно од тие битија кое ја посети нашата планета во периодот од 1856 до 1943 година и кое ни донесе толку многу пронајдоци, машини, системи, идеи и знаење (со еден збор светлина во вистинска смисла на зборот) на оваа планета - е несомнено Никола Тесла.

Во текстот што следува ќе се обидам што е можно поедноставно да го опишам Тесла, барем онака како јас што го гледам, онака како што сум го сфатил, онолку длабок колку што сум успеал да допрам, ... за ова можам да пишувам навистина многу, неколку романи, но со тоа само би предизвикал спротивен ефект – а тоа не е мојата цел.  Секако дека на ова тема поопширно пишувале навистина многу други луѓе (секој со свој гледишта и агли на гледање, со поголеми детали околу неговите патенти) кој го истражувале Тесла, така денес има многу литература, видео и аудио записи, и сл. па можат да се разгледаат навистина многу аспекти од неговиот живот и дело. Но преку овој текст ќе се обидам да бидам што е можно пооригинален и да се држам за она што самиот Тесла го кажал и направил, за работи кои можеби не се толку познати за него и главно за неговиот волшебнички живот. (За повеќе матeријали и детали за Тесла и неговите пронајдоци можете и сами да побарате на интернет или да одете на: http://www.milenko.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1744 каде има одредени линкови за полесно барање на истите.)

Тесла, „Модерниот Прометеј“, „Господарот на светот“, „Волшебникот кој го осветли светот“, генијот или лудиот научник, чиста манифестација на врвната интелигенција и уште не знам како не го нарекуваат овој човек, за кого според мене не постои соодветен збор, ниту комбинација од зборови со кој би ја опишал неговата големина и возвишеност. Човек кој ја најави својата генијална молскавичност со своето раѓање во ноќ полна со молњи во Смиљјан (името е вид на цвеќе), и својата исцелност да го оствари она за што дошол, преку преживувањето на низа невозможни настани во своето детство (како колера, кога сите кренале раце од него, давење, за малку ќе го изгореле во печка и низа непријатни случи и други болести) а и во подоцнежниот живот. Тој е еден од ретките научници – во права смисла на зборот на-У-КА, кој знаел зошто треба да служи науката. Дека нејзината цел е да му даде сеопшт напредок на секој човек, кон посвесно, посреќно и поздраво живеење.

Најголемото добро доаѓа од техничкиот напредок којшто тежнее кон обединување и хармонија ... “  ( од книгата „Моите Изуми“ од Тесла)

Дека треба да ја прилагоди природата кон полесното и похармонично живеење на самиот човек во склоп со неа, бидејќи истиот е неделив дел од истата. И дека сè друго, кое е во спротивно со претходното, т.е. секој друг вид „наука“ –зад која стои бизнисот, интересите на мала група луѓе и воената индустрија (за жал голем дел на денешната наука) е перверзија од наука. Но, за ова потоа. Да видиме сега како успеал да постигне она што постигнал ... одговорот е едноставен – знаел што сака и знаел каде да бара. Бил навистина истраен човек, т.е. исЦЕЛен - знаел како да си ја оствари својата цел, и верувајте, навистина не му било така лесно, особено не кога пристигнал во Америка со 4 центи, кога работел копајќи канали само за да преживее, кога му ја запалиле лабораторија (за времето на „војната на струите“) и при тоа му изгореле неколку годишен труд и кога бил маргинализиран и исмејуван за секоја негова голема идеја (A секоја голема идеја на почетокот е богохулие... дури мнозинството не ја сфати). Но и покарај тоа издржал, до конечното остварување на своите цели. А другата работа е дека имал навистина богат духовен живот. Бил доста отворен и чувствителен (впрочем во хороскоп бил рак) кон посуптилните сфери на живот. За тоа сведочат многу факти од неговата автобиографија. Така тој самиот кажува:

Во Будимпешта можев да ги слушам отчукувањата на часовникот што се наоѓаше во третата соба од мојата. Слетување на мува на масата во собата моето уво го регистрираше како тап удар. Звукот од кочијата што поминуваше на оддалеченост од неколку милји го протресуваше сето мое тело. ... Бев принуден под мојата постела да подметнувам гумени перничиња за да се одморам барем малку од малку. ... во темницата моите сетила беа чувствителни како кај лилјак и можев да го препознам постоењето на некој предмет на оддалеченост од 12 стапки ... Еден угледен лекар (фала му на Бога што не бил некој психијатар од денешниве модерни „психијатари“, инаку ќе го сместеле во лудница и ќе немавме 90% од уредите кои ги имаме во домовите) ми определи голема дневна доза на калиум бромид и ја прогласи мојата болест за единствена и неизлечлива...


И во тие денови баш кога бил навистина отворен, му дошла позната визија за моторот за производство на наизменична струја (индукциониот мотор кој работи на обратно магнетно поле) рецитирајќи фрагмент од „Пред градската Порта“ I дел од „Фауст“ од Гете:

 

Денот завршува; тоа, се крие таму на дното

да оживее брза друг свет.

О, крилјата оти не ме кренат од тлото,

па по него, вечно, да бега мојот лет!

Колку убав сон кога тоа долу свена!

Ах, каде ли летаат крилјата бестелесни

телесните крилја нема да се кренат!

 


Сл.2 Индукциониот мотор од Тесла

 

И тоа не е сè, понатаму Тесла кажува:

Бев духовно среќен. Бев многу среќен како никогаш во животот. Идеите без престан надоаѓаа и единствено имав тешкотии како да ги зграпчам брзо. Деловите од апаратурата што ја замислував за мене беа целосно стварни и дофатливи во секој нивен детаљ, до најмалиот белег и знак за абење ... Кога природната склоност ќе се развие во пасионирана желба, тогаш човекот напредува кон својата цел со чекор од седум милји. “ Така добро е познато дека Тесла имал добро развиена креативна визуализација, уште како дете – во неговата свест му доаѓале силни одблесоци на светлина и некои чудни направи кои тогаш не ги разбирал. Но како растел така успевал да ги сфати, да управува со сликите, бидејќи понекогаш се случувало толку интензивно да му доаѓаат, што не можел да разликува дали се реални или се плод на неговата фантазија, и да ја вежба интуицијата и визуализирање. Тој кажува дека едноставно лежел, отпуштено, со длабоко и рамномерно дишење и насоченост кон тоа што сакал да го пронајде и открие и дека во свеста му доаѓале пронајдоците, со материјалите од кои биле изработени, деталите и финесите на изработка и нивниот начина на работа. Тесла секогаш најпрво ги креирал во неговата свест, т.е. добро ги визуализирал - па потоа земал и ги правел – за тоа е доказ беспрекорната функционалност на сите уреди кои ги направил. Во кажувања за него се споменува дека голем дел од направите кои ги пронашол дека ги „позајмил“ од поразвиени и посвесни суштества со кои се среќавал додека креативно визуализирал, т.е. црпел знаење од други димензии или од други планети. Така во една прилика кажува: „Јас ништо ново не измислив, само го пренесов и материјализирав во овој свет тоа што го гледав ...“ кај други понапредни цивилизации.

Освен тоа, тој самиот кажува дека имал развиена интуиција, која ја наследил од својата мајка Ѓука, која ја покажал на неколку пати. Така во миговите кога неговата мајка умрела, тој бил во Париз и кажува: „...кога заспав или можеби се онесвестив и здогледав облак со ликови на ангели со чудесна убавина и особен еден од нив кој мене ме гледаше со многу љубов, а кој малку по малку го добиваше изгледот на мојата мајка. Привидението лебдеше низ собата и исчезна, а мене ме разбуди една несфатлива мила песна што ја пееја многу гласови. Во тој миг, не знам како, ама бев сосема сигурен дека мајка ми умрела токму тогаш. И тоа беше вистина...“ Значи Тесла се нашол (или подесил) на резонантната фреквенција на мајка му во миговите на нејзиното заминување од овој свет. И тоа не е сè. На неговиот финансиер, познатиот Џон Пер Моган му го спасил животот (иако истиот тој Џон подоцна му вратил на груб и нечовечки начин со откажување на сите финансии и маргинализација на делата од Тесла) кога во една прилика му кажал да не патува со познатиот брод Титаник, бидејќи истиот ќе протоне. Бидејќи тогаш сите богати луѓе земале билети од прва класа за првата и последната тура на познатиот Титаник, и Морган купил карта, ама во последен момент одлучил да го послуша Тесла и го продал билетот, и се спасил.

Неговата чувствителност исто така се забележува и со мистичната поврзаност на Тесла со гулабите. Имено неговата огромна љубов кон гулабите ја покажува на неколку наврати; секогаш обожавал да ги храни гулабите по плоштадите во градовите каде што престојувал, да ги гали и да ги гледа. Еднаш во една прилика кога една гулабица се разболела, која секое утро го посетувала во дворот на неговата лабораторија во Лонг Алјд, Тесла го поминал целиот ден затворен во својата лабораторија, негувајќи ја, хранејќи ја и лекувајќи ја. Со тоа се покажува колку многу ги сакал овие мили суштества – гласници на мирот и слободата (или пак гласници од други планети ?!). Од друга страна, гулабот во езотеријата, покрај симбол за мирот и слободата, исто така е симбол на самоспознавање, на допирањето до најдлабоките вистини ... (На кого му слетува гулаб при крштевањето и се слуша глас од небото: „Ова е мојот син...“ ?м?) 


Сл.3 Гулабицата од Тесла

 

А несомнено и посетата на Тесла од еден од најголемите јогини во тоа време, Свами Вивекенанда, не е случајна. Така Вивекенанда бил воодушевен од разговорот со Тесла и кажува дека тој е олицетворение на врвната интелигенција, дека толку високо развиен духовен научник не видел до тогаш. И кажува дека заедно разговарале за праната (животната енергија) и акашата ( повисока интелигенција или океанот на информации и знаење од кој Тесла црпел знаења ...). Па можеби еден од друг научиле нешто споделувајќи ги своите искуства со реалноста.

Некои викаат Тесла имал „дарба“, а јас не би се сложил потполно со тоа, бидејќи кој човек нема дарБА? Точно е дека можеби имал навистина развиени способности за манифестирање и бил навистина отворен кон повисоки сфери на живот, како што кажав и претходно, но јас сум уверен дека секој човек е надарен. Во суштина сите сме способност, а се разликуваме само во демонстративните способности, кои можеме да ги вежбаме и да ги подобриме, за да можеме полесно да го реализираме она што го сакаме. Секако некој подолго треба да вежба, некој пократко – како Тесла, ама сите можеме сè – во тоа е тајната. Така во What the bleep do we know (1 и 2) почнува со: „На почетокот беше сè едно, како и веројатноста за бескрајно можности ... “, и тоа не го има само таму, туку и во сите религии ... и уште повеќе, секој од нас е уште по својата суштина, (преку она што навистина Е) едно со сè останато, со целата природа, Бог или како и да го наречеме ТОА што Е. Поделеноста е привидна и илузорна, телата ни се костими, ние не сме телото, ниту можеме да бидеме костим, ние сме оној кој го носи костимот, кој привремено искусува одредени искуства од ова ниво на реалност преку телото. А ние не сме самиот костим и не можеме да бидеме, и покрај тоа што контролорите сакаат тоа да ни го наметнат и да не ограничат, да се заборавиме себе си, за да им бидеме полесни за контрола и манипулација (мирни како овчички, хипнотизирани од овчарот – чобанот кој не коли). Да го отвориме срцето, да го исчиситиме умот од непотребни работи со години собирани, за да видиме ... да искусиме што е навистина реалноста ... и што сакал Вилијам Блејк да каже со: „Доколку ги исчистиме сите врати на перцепцијата (филтрите) сè би изгледало онакво какво што навистина е – бескрајно!“ Сите ние сме бескрајна свест, и сме едно преку таа свест, т.е. преку нашата најдлабока суштина. Само да не се разбереме погрешно, ние не сме исти (како зомби и клонови), туку сме ЕДНО по суштината - Секој бран колку и да се разликува по формата од друг бран, во океанот е повторно океан, бидејќи бранот е неделив дел од океанот (не можеме да го земеме и да го однесеме дома во корито - тогаш ќе биде само вода) – тој е животот на океанот.  Токму тоа денес го докажува квантната физика и суперстрингс теоријата, тоа што Тесла веќе одамна го кажал: „Целиот универзум и сè се состои од вибрации и резонанција.“ И тој основен принцип преовладува во сите негови откритија. Во што е суштината за вибрациите што нас ни е тешко да ги сфатиме (преку ум)... во тоа што ние имаме претстави за нештата (и тоа многу), онака како што не форматирале или како што ни кажале, дека атомите се состојат од мали честички и дека тие се движат брзо и вртат околу јадрото и сл... А од каде им толкава бескрајна енергија на движење вечно? И кој ги турнал на почетокот за да се движат? И како се вртат, кој може точно да каже .... и со овие прашања може да одиме до бескрај - и пак да тапкаме во место. А многу добро си кажал Лавоазје: „Ништо во овој свет не може да се создаде ниту да се уништи- може само да се трансформира од еден вид во друг вид на енергија.“ Исто многу добро кажува квантната физика и теоријата на суперстрингс – дека секој атом во суштина е празен, дека електронот ако го претставиме со големина на една фудбалска топка, тогаш растојанието помеѓу јадрото и таа топка (електронот) која врти околу јадрото се на неколку десетина километри оддалеченост. Значи прво и прво, атомот е празен. Одиме понатака – длабоко, длабоко во суштината електроните, протоните и неутроните се крие уште една тајна, а тоа е дека тие се состојат од огромен број на вибрации (суперстрингови) кои во суштина се чиста енергија, т.е. завибрирани празнини со одредена фреквенција и густина. Значи овој свет се состои од згуснати и вибрантни „празнини“, кои се извор на сè и се во сè. При што тврди предмети (стојни бранови, слично на холограмите) се состојат од погусти вибрации кои вибрираат со пониска фреквенција, и како што се оди со поразредените вибрации и повисоките и посложени комбинации на фреквенции на вибрирање на истите – толку одиме кон посуптилните сфери на овој свет и посложени креации и форми (како растенијата, животните, човекот ...). Од друга страна суперпозицијата (збирот) на сите видови вибрации (кои, барем до сега е испитано дека имаат 11 степени на слобода, т.е. состојби во кои можат да се најдат – па од таму произлегуваат и 11-те димензии ( филмот: Elegant Universe)) пак дава севкупна празнина, т.е. истовремено отсуство и присуство на сè ... бескрајни можности.

Зарем ова со вибрациите не личи на нешто познато и толку проповедано во сите религии. Евангелието по Јован вели: „Во почетокот беше Словото (Вибрацијата) и Словото (Вибрацијата) беше во Бога и Бог беше Словото (Вибрацијата). Тоа беше во почетокот со Бог. Сè стана преку Него, и без Него не стана ништо од она што стана. Во него имаше живот и животот им беше светлина на луѓето... “ Јов.1:1-4.

Понатака во книгата „Сефер Јецирах“ или „Книга за настанокот“ го пишува следното (следува цитат од текстот „Вибрации“ од Гого Магдонос, најдлабока благодарност до него за напишаното):

  „ 1, Преку триесет и два патишта, чудесни, мудри, создал Ја Е ВЕ, Богот на Израил, Бог жив и Цар вечен, Ел Шадаи, милосрден и простувачки, возвишен, тој што престојува во вечноста, возвишено и свето е неговото Име, тој го создаде овој Свет со помош на трите сефарими (*овие три зборови се пишуваат на еврејски на ист начин со СФР и означуваат симбол, звук и број, поточно СФР е Слово или симбол, вибрација и честота).

Понатаму се кажува дека патиштата се 22 букви и 10 броеви. Од каде да почнам со појаснување. Секако од Ја Е ВЕ. Јас Сум Во Еството, или тоа е Бог. Што е најсуштинско во се, Вибрацијата или поточно Словото. Тоа значи дека Словото е Бог...“

А колку амино киселни има во ДНК-та? М?

Се сложуваат коцките нели. Ама требало да помине време за да се сфати што кажувале мудрите и свесни луѓе, па и Тесла ...

Понатака за резонанцијата. Тоа добро ни е познато од физика дека тоа претставува иста фреквенција на вибрирање на изворот и објектот на кој што се вибрира, т.е. изедначување на  матичната (оригиналната) фреквенција на објектот кој е извор на вибрацијата и објектот кон кој е намената (или насочена) истата. Токму тоа е начинот на пренос на вибрациите, т.е. текот на енергијата. При што Тесла вели дека, со точно определени количини на енергија (кои се мали) емитирани на точно определен временски интервал може да се предизвикаат и произведат огромни сили и енергии. Затоа е забрането да маршираат чета на војници преку мост, бидејќи иако имаат мало количество на енергија (енергијата на ударите од чекорите) – сепак може да се погодат на резонантната фреквенција на мостот и истиот да се сруши. За моќта на резонанцијата точно сведочи експериментот со џебниот осцилатор на Тесла, кој Тесла го вклучил за да испита нешто во неговата соба во Њу Јорк и за малку ќе го срушел цел град (почнало најпрво да се ниша масата на кој се наоѓал уредот, па цела соба, па цела зграда, прозорите да се кршат ...), ако не го скршел со чекан.

После тој настан Тесла ја дал следната изјава:

Можам да предизвикам вибрации на земјината кора, пукнатини, можам да направам реките да се изливаат од нивните корита, да се појават огромни океански бранови ...“ Значи одлично ги познавал принципите на резонанцијата и вибрацијата... Така на тој принцип со најразличните негови типови на примари и секундари во лабораторијата во Колорадо Спрингс успеал да произведе (и до ден денес неповторливи напони, иако тогаш немало наука за изолатори (користел само дрво за изолатор), а камо ли наука за полупроводници, значи немало транзистори, засилувачи и сл.) напони од над 4 милиони волти, топчести молњи кои траеле неколку секунди со дијаметар од 50 сантиметри (а денес браќата Корум успеале да произведат топчести молњи со дијаметар од 2-10 сантиметри кои траеле 4 -5 секунди), да запали безжично 200 неонски сијалици на растојание од 40 km, да декодира интерпланетарни (или интер галактички) сигнали и сл. Ја открил природната резонантна фреквенција на земјата (која подоцна е наречена Шуманова) од 7,83 Hz, работел со телурични струи, и со преносот на струја и енергија безжично на огромни растојанија. И секако постојат докази (видете за Тунгуската катастрофа) дека веќе пренел енергија безжично и тоа со помош на Ворденклифт (познатата кула од Тесла на Лонг Ајлнд за безжичен пренос на енергија и информации, која подоцна во 1917 год. маринците ќе ја разурнат под претпоставка дека германските шпиони можат да „дознаат“ и злоупотребат нејзината намена) од Лонг Ајлнд до Сибирката област Тунгуска.

 

 Сл.4 Wordenclift (Long Iland)

Како што кажавме претходно, бидејќи сè е енергија, Тесла планирал наредно безжично да пренесе и флуиди и течности без поголеми проблеми, со принципот на резонанција и со СКАЛАРНИ бранови (побрзи од брзината на светлина за цели 75 000 км/s)...

Чудесен бил Тесла, и недофатлив не само за неговото време туку и за денешното, дури и луѓето се плашеле од него (нормално страв од непознато). Затоа за да не му досадуваат, а и малку на шега напишал на влезот од неговата лабораторија во Колорадо Спрингс еден цитат од „Пеколот“ од Данте Алигиери: „Нека ја изгубат секоја надеж оние коишто влегуваат!“ Во една прилика претседателот на здружението на радио инженерите на Америка, Џон Стоун, јавно ќе изјави:

Ние не можеме да го разбереме Тесла, тој толку е пред времето, што најголемите умови сметаат дека тој е фантазер.

 

Сл.5 Лабараторијата на Тесла во Коларадо Спрингс

 

И всушност што навистина сакал Тесла, а малкумина го разбрале? Еве го следниот цитат:

Она што сега го сакаме е поблизок контакт и подобро разбирање помеѓу индивидуалистите и заедницата насекаде ширум светот, и елиминација на егоизмот и гордоста ...

Мирот може единствено да дојде како природна последица на универзалното просветлување.  - 1919 година, Никола Тесла

Теслиниот идеал е сосема јасен, а тоа е: Земја ослободена од глад и жед; планета во која владее мирот; олеснета комуникација во целиот светот; контрола на климата; изобилство на енергија; неограничени, бесплатни извори на енергија и светлина – исто како што е и бесплатен воздухот; безжичен пренос на каков било вид на енергија од едно на друго место; контакт со суштества од други планети и тн.

Со еден збор ЕДЕН (рајот) на земјата на дело ... она што било сон за многу луѓе (Исус, Буда, утопистите и многу други), сега да се претвори во реалност. Човештвото да биде обединето и посвесно од кога и да било ...

Но, за жал, се поставува прашањето колку го разбрале? Колку луѓе навистина се потрудиле барем да го разберат што направил и што сакал да направи? М?


На ова прашање има еден поразителен одговор од Tom Bearden (Американски полковник кој долги години работел на проекти поврзани со Тесла): само 1 до 2 %.  Да, да – тоа е точно, не е печатна грешка, од сè што направил, иако сè што направил ПРАКТИЧНО направил (над 120 евидентирани патент, а кој знае уште колку многу кој не ги патентирал на време па му ги „позајмиле“ под друго име), целото човештво разбрало и применило само 1-2%. Напротив, не се ни потрудиле да го разберат. (Затоа после доаѓа она поговорката: Глупаците  владеат со светот, бидејќи паметните попуштаат.) Трагично... а замислете да можеле луѓето да ги применат на дело сите негови откритија ... само замислете како би изгледала земјата – многу, многу подобро место за живеење...

Само ако го погледнеме еден од неговите патенти за пренос на енергија на далечина - кулата Ворденклифт на Лонг Ајлнд, кој е фундаментален дел од планираниот „Светски систем“ предложен од Тесла, имаме нешто слично на денешниот интернет (пренос на мултимедијални содржини (слики, видео, музика) и пораки (било тоа да се пишувани на рака или на соодветна машина (компјутер или мобилен)) во било кој дел од светот, па можеби и во космосот) и најважното безжичен пренос на енергија која ќе се користи бесплатно од страна на потрошувачите. Зошто бесплатно? Бидејќи Тесла кажал дека: „Над нашите глави, низ облаците течат неколку енергетски реки, големи како Амазон, носејќи  снопови енергија, помоќни и од илјадници атомски електрани, и се одвиваат електронски комуникации во кои што учествува секој атом од оваа планета...“ како и тоа дека секој човек има право на бесплатна енергија, исто како што е бесплатен и воздухот што го дишеме. Само треба да се најде начин таа слободна (космичка) енергија да се искористи, а тоа несомнено и најверојатно Тесла веќе го направил. Како? – До сега не се знае, или барем го знаат тоа тие што ги украле неговите документи (самоубивајќи го) и не ни го кажуваат.

Како и да е барем сме сфатиле нешто, а мене не ми е јасно или пак се правам на удрен – зошто баш е така? Затоа што така им одговара на големите бизнисмени, затоа што не им одговара да не се наплаќа за струја. Така е тоа , кога во денешниов свет се изгубени вистинските вредности на човештвото, каде парите се Бог, а не средство за живот, кога гледаат кој колку што може повеќе да не контролира и управува, да не програмира со основниот рептилски програм на опстанок ... да не оттргне од нашата суштина и цел за која постоиме ... да заборавиме на себе, да заборавиме дека сите ние сме тука за да уживаме во животот и да освестуваме повисоки сфери на свесност, како љубовта, мирот, единството.

А Тесла убаво кажува што се парите:

Парите се смешен концентрат на човековите глупости и злочини...“, како и тоа дека:

Парите, мене не ми значат она што им значат на другите луѓе. Јас сите пари што ги добивам ги вложувам во нови пронајдоци за доброто на човештвото ...

Мене ми треба само добра лабораторија, кров над глава и храна. Пари не ми требаат...

И не случајно ја  покажува на дело својата огромна величина како човек кога го раскинува договорот со компанијата на Вестингхаус (според кој Тесла добивал 2,5 долари на потрошен киловат – замислете денес би бил еден од најбогатите луѓе на сите времиња) кога Вестингхаус е на работ на банкрот при самиот почеток на производство и дистрибуција на наизменична струја. Тоа несомнено го вбројува Тесла во еден од најголемите научници и космополити.

 Остануваат големи мистерии, не само околу неговиот живот, кој го живел со огромна инспирација до самиот крај, туку и  околу неговата смрт. (За повеќе информации видете во аудио записот: Richard Syrett - Who Murdered Nikola Tesla & Why.

Или на веб страните:

http://www.conspiracyresearch.org/forums/index.php?showtopic=24075 (или на: http://www.proliberty.com/observer/20070405.htm). )

Сепак Тела ќе остане вечна инспирација и извор на многу знаења кои остануваат да се откриваат, т.е. реоткриваат уште многу години, ако не и векови. Колку ли само може да осветли една ѕвезда ... еден волшебник како Тесла? Останува на нас да откриеме, бидејќи тоа што сега го знаеме е ништо во споредба со сè што ни оставил... Иднината е негова...

 

Мојот проект е забавен поради законите на природата. Светот не беше подготвен за него. Проектот беше премногу напред пред своето време. Но, на крајот истите тие закони ќе преовладеат и ќе го преобразат во триумфален успех.“ – Тесла, 1917 година, при разрушувањето на кулата Ворденклифт од страна на американските маринци.

 

 

Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:45 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: