English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Никола Тесла - Волшебникот кој го осветли светот Picture - Никола Тесла - Страна 3 PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 
Напишано од Томислав Шуминоски   
Вторник, 04 Ноември 2008 15:47
Индекс на артикл
Никола Тесла - Волшебникот кој го осветли светот Picture
Страна 2
Страна 3
Страна 5
Сите страници

Сл.3 Гулабицата од Тесла

 

А несомнено и посетата на Тесла од еден од најголемите јогини во тоа време, Свами Вивекенанда, не е случајна. Така Вивекенанда бил воодушевен од разговорот со Тесла и кажува дека тој е олицетворение на врвната интелигенција, дека толку високо развиен духовен научник не видел до тогаш. И кажува дека заедно разговарале за праната (животната енергија) и акашата ( повисока интелигенција или океанот на информации и знаење од кој Тесла црпел знаења ...). Па можеби еден од друг научиле нешто споделувајќи ги своите искуства со реалноста.

Некои викаат Тесла имал „дарба“, а јас не би се сложил потполно со тоа, бидејќи кој човек нема дарБА? Точно е дека можеби имал навистина развиени способности за манифестирање и бил навистина отворен кон повисоки сфери на живот, како што кажав и претходно, но јас сум уверен дека секој човек е надарен. Во суштина сите сме способност, а се разликуваме само во демонстративните способности, кои можеме да ги вежбаме и да ги подобриме, за да можеме полесно да го реализираме она што го сакаме. Секако некој подолго треба да вежба, некој пократко – како Тесла, ама сите можеме сè – во тоа е тајната. Така во What the bleep do we know (1 и 2) почнува со: „На почетокот беше сè едно, како и веројатноста за бескрајно можности ... “, и тоа не го има само таму, туку и во сите религии ... и уште повеќе, секој од нас е уште по својата суштина, (преку она што навистина Е) едно со сè останато, со целата природа, Бог или како и да го наречеме ТОА што Е. Поделеноста е привидна и илузорна, телата ни се костими, ние не сме телото, ниту можеме да бидеме костим, ние сме оној кој го носи костимот, кој привремено искусува одредени искуства од ова ниво на реалност преку телото. А ние не сме самиот костим и не можеме да бидеме, и покрај тоа што контролорите сакаат тоа да ни го наметнат и да не ограничат, да се заборавиме себе си, за да им бидеме полесни за контрола и манипулација (мирни како овчички, хипнотизирани од овчарот – чобанот кој не коли). Да го отвориме срцето, да го исчиситиме умот од непотребни работи со години собирани, за да видиме ... да искусиме што е навистина реалноста ... и што сакал Вилијам Блејк да каже со: „Доколку ги исчистиме сите врати на перцепцијата (филтрите) сè би изгледало онакво какво што навистина е – бескрајно!“ Сите ние сме бескрајна свест, и сме едно преку таа свест, т.е. преку нашата најдлабока суштина. Само да не се разбереме погрешно, ние не сме исти (како зомби и клонови), туку сме ЕДНО по суштината - Секој бран колку и да се разликува по формата од друг бран, во океанот е повторно океан, бидејќи бранот е неделив дел од океанот (не можеме да го земеме и да го однесеме дома во корито - тогаш ќе биде само вода) – тој е животот на океанот.  Токму тоа денес го докажува квантната физика и суперстрингс теоријата, тоа што Тесла веќе одамна го кажал: „Целиот универзум и сè се состои од вибрации и резонанција.“ И тој основен принцип преовладува во сите негови откритија. Во што е суштината за вибрациите што нас ни е тешко да ги сфатиме (преку ум)... во тоа што ние имаме претстави за нештата (и тоа многу), онака како што не форматирале или како што ни кажале, дека атомите се состојат од мали честички и дека тие се движат брзо и вртат околу јадрото и сл... А од каде им толкава бескрајна енергија на движење вечно? И кој ги турнал на почетокот за да се движат? И како се вртат, кој може точно да каже .... и со овие прашања може да одиме до бескрај - и пак да тапкаме во место. А многу добро си кажал Лавоазје: „Ништо во овој свет не може да се создаде ниту да се уништи- може само да се трансформира од еден вид во друг вид на енергија.“ Исто многу добро кажува квантната физика и теоријата на суперстрингс – дека секој атом во суштина е празен, дека електронот ако го претставиме со големина на една фудбалска топка, тогаш растојанието помеѓу јадрото и таа топка (електронот) која врти околу јадрото се на неколку десетина километри оддалеченост. Значи прво и прво, атомот е празен. Одиме понатака – длабоко, длабоко во суштината електроните, протоните и неутроните се крие уште една тајна, а тоа е дека тие се состојат од огромен број на вибрации (суперстрингови) кои во суштина се чиста енергија, т.е. завибрирани празнини со одредена фреквенција и густина. Значи овој свет се состои од згуснати и вибрантни „празнини“, кои се извор на сè и се во сè. При што тврди предмети (стојни бранови, слично на холограмите) се состојат од погусти вибрации кои вибрираат со пониска фреквенција, и како што се оди со поразредените вибрации и повисоките и посложени комбинации на фреквенции на вибрирање на истите – толку одиме кон посуптилните сфери на овој свет и посложени креации и форми (како растенијата, животните, човекот ...). Од друга страна суперпозицијата (збирот) на сите видови вибрации (кои, барем до сега е испитано дека имаат 11 степени на слобода, т.е. состојби во кои можат да се најдат – па од таму произлегуваат и 11-те димензии ( филмот: Elegant Universe)) пак дава севкупна празнина, т.е. истовремено отсуство и присуство на сè ... бескрајни можности.

Зарем ова со вибрациите не личи на нешто познато и толку проповедано во сите религии. Евангелието по Јован вели: „Во почетокот беше Словото (Вибрацијата) и Словото (Вибрацијата) беше во Бога и Бог беше Словото (Вибрацијата). Тоа беше во почетокот со Бог. Сè стана преку Него, и без Него не стана ништо од она што стана. Во него имаше живот и животот им беше светлина на луѓето... “ Јов.1:1-4.

Понатака во книгата „Сефер Јецирах“ или „Книга за настанокот“ го пишува следното (следува цитат од текстот „Вибрации“ од Гого Магдонос, најдлабока благодарност до него за напишаното):

  „ 1, Преку триесет и два патишта, чудесни, мудри, создал Ја Е ВЕ, Богот на Израил, Бог жив и Цар вечен, Ел Шадаи, милосрден и простувачки, возвишен, тој што престојува во вечноста, возвишено и свето е неговото Име, тој го создаде овој Свет со помош на трите сефарими (*овие три зборови се пишуваат на еврејски на ист начин со СФР и означуваат симбол, звук и број, поточно СФР е Слово или симбол, вибрација и честота).

Понатаму се кажува дека патиштата се 22 букви и 10 броеви. Од каде да почнам со појаснување. Секако од Ја Е ВЕ. Јас Сум Во Еството, или тоа е Бог. Што е најсуштинско во се, Вибрацијата или поточно Словото. Тоа значи дека Словото е Бог...“

А колку амино киселни има во ДНК-та? М?

Се сложуваат коцките нели. Ама требало да помине време за да се сфати што кажувале мудрите и свесни луѓе, па и Тесла ...

Понатака за резонанцијата. Тоа добро ни е познато од физика дека тоа претставува иста фреквенција на вибрирање на изворот и објектот на кој што се вибрира, т.е. изедначување на  матичната (оригиналната) фреквенција на објектот кој е извор на вибрацијата и објектот кон кој е намената (или насочена) истата. Токму тоа е начинот на пренос на вибрациите, т.е. текот на енергијата. При што Тесла вели дека, со точно определени количини на енергија (кои се мали) емитирани на точно определен временски интервал може да се предизвикаат и произведат огромни сили и енергии. Затоа е забрането да маршираат чета на војници преку мост, бидејќи иако имаат мало количество на енергија (енергијата на ударите од чекорите) – сепак може да се погодат на резонантната фреквенција на мостот и истиот да се сруши. За моќта на резонанцијата точно сведочи експериментот со џебниот осцилатор на Тесла, кој Тесла го вклучил за да испита нешто во неговата соба во Њу Јорк и за малку ќе го срушел цел град (почнало најпрво да се ниша масата на кој се наоѓал уредот, па цела соба, па цела зграда, прозорите да се кршат ...), ако не го скршел со чекан.

После тој настан Тесла ја дал следната изјава:

Можам да предизвикам вибрации на земјината кора, пукнатини, можам да направам реките да се изливаат од нивните корита, да се појават огромни океански бранови ...“ Значи одлично ги познавал принципите на резонанцијата и вибрацијата... Така на тој принцип со најразличните негови типови на примари и секундари во лабораторијата во Колорадо Спрингс успеал да произведе (и до ден денес неповторливи напони, иако тогаш немало наука за изолатори (користел само дрво за изолатор), а камо ли наука за полупроводници, значи немало транзистори, засилувачи и сл.) напони од над 4 милиони волти, топчести молњи кои траеле неколку секунди со дијаметар од 50 сантиметри (а денес браќата Корум успеале да произведат топчести молњи со дијаметар од 2-10 сантиметри кои траеле 4 -5 секунди), да запали безжично 200 неонски сијалици на растојание од 40 km, да декодира интерпланетарни (или интер галактички) сигнали и сл. Ја открил природната резонантна фреквенција на земјата (која подоцна е наречена Шуманова) од 7,83 Hz, работел со телурични струи, и со преносот на струја и енергија безжично на огромни растојанија. И секако постојат докази (видете за Тунгуската катастрофа) дека веќе пренел енергија безжично и тоа со помош на Ворденклифт (познатата кула од Тесла на Лонг Ајлнд за безжичен пренос на енергија и информации, која подоцна во 1917 год. маринците ќе ја разурнат под претпоставка дека германските шпиони можат да „дознаат“ и злоупотребат нејзината намена) од Лонг Ајлнд до Сибирката област Тунгуска.

 

 Сл.4 Wordenclift (Long Iland)

Како што кажавме претходно, бидејќи сè е енергија, Тесла планирал наредно безжично да пренесе и флуиди и течности без поголеми проблеми, со принципот на резонанција и со СКАЛАРНИ бранови (побрзи од брзината на светлина за цели 75 000 км/s)...

Чудесен бил Тесла, и недофатлив не само за неговото време туку и за денешното, дури и луѓето се плашеле од него (нормално страв од непознато). Затоа за да не му досадуваат, а и малку на шега напишал на влезот од неговата лабораторија во Колорадо Спрингс еден цитат од „Пеколот“ од Данте Алигиери: „Нека ја изгубат секоја надеж оние коишто влегуваат!“ Во една прилика претседателот на здружението на радио инженерите на Америка, Џон Стоун, јавно ќе изјави:

Ние не можеме да го разбереме Тесла, тој толку е пред времето, што најголемите умови сметаат дека тој е фантазер.

 

Сл.5 Лабараторијата на Тесла во Коларадо Спрингс

 

И всушност што навистина сакал Тесла, а малкумина го разбрале? Еве го следниот цитат:

Она што сега го сакаме е поблизок контакт и подобро разбирање помеѓу индивидуалистите и заедницата насекаде ширум светот, и елиминација на егоизмот и гордоста ...

Мирот може единствено да дојде како природна последица на универзалното просветлување.  - 1919 година, Никола Тесла

Теслиниот идеал е сосема јасен, а тоа е: Земја ослободена од глад и жед; планета во која владее мирот; олеснета комуникација во целиот светот; контрола на климата; изобилство на енергија; неограничени, бесплатни извори на енергија и светлина – исто како што е и бесплатен воздухот; безжичен пренос на каков било вид на енергија од едно на друго место; контакт со суштества од други планети и тн.

Со еден збор ЕДЕН (рајот) на земјата на дело ... она што било сон за многу луѓе (Исус, Буда, утопистите и многу други), сега да се претвори во реалност. Човештвото да биде обединето и посвесно од кога и да било ...

Но, за жал, се поставува прашањето колку го разбрале? Колку луѓе навистина се потрудиле барем да го разберат што направил и што сакал да направи? М?



Последно освежено ( Петок, 08 Мај 2009 13:45 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: