English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Ефектот на Набљудувачот PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Вторник, 21 Април 2009 15:00

 

Со првите исчекори во Квантната Физика, науката почна да обезбедува докази за тоа што мистиците и просветлените луѓе го прокламираа со милениуми: „Нашите мисли ја  креираат нашата реалност и нашите искуства. Нашите идеи, верувања и ставови го креираат светот кој го искусуваме“. Со тоа, древните сознанија на старите цивилизации кои со текот на времето станаа езотерични, денес со помош на Квантната Физика добија своја научна поткрепа. Најголем придонес за ова можеби има т.н. „double slit experiment“, кој го откри т.н. „ефект на набљудувачот“, кој едноставно вели: „Во оној момент кога набљудувачот го насочува вниманието на некаков објект/субјект, тогаш и тој и објектот/субјектот се менуваат“.

Која е научната заднина и каква практична примена имаат овие сознанија во нашиот живот?

Значи, во науката терминот „ефект на набљудувачот“ се однесува на феноменот на промената под влијание на актот на набљудувањето. На пример, за да „видиме“ еден предмет, потребно е интеракција на истиот со фотон, а тој влијае врз него. Влијанието можеби е мало и тешко мерливо, но тоа постои.
Во електрониката, мерните инструменти за јачина, потенцијал и отпор на електричната струја мора прво да влезат во струјното коло и со самиот тој факт тие влијаат врз измерените резултати.
Или кога со помош на термометар ја мериме телесната или температурата на било кој предмет, со самата интеракција на двата предмета доаѓа до апсорпција на извесна топлинска енергија од страна на термометарот.
Или кога квалитетот на нашиот учинок варира во однос на тоа дали некој не набљудува или не.
Или, во информатичката технологија, ако софтверот пишува лог за следење на процесот, истиот се забавува.
Или, во военото раководење, старешините прават најавена или ненајавена инспекција, кои даваат различна слика.
Кога магнетното поле на земјата ја придвижува иглата на компасот кон север, истовремено и иглата со своето магнетно поле влијае на земјата, навидум малку и незабележливо.

Примери има навистина многу... Зошто и како се случува овој феномен?

Согласно двојната природа на суб-атомските честички (тие имаат и бранова и природа на честичка), сè до моментот на набљудување (интеракција на набљудувачот со набљудувањето), тие немаат временско-просторна локација, односно се наоѓаат во т.н. суперпозиција. Во моментот на набљудување доаѓа до т.н. „колапс на брановата функција“, бранот се претвора во честичка, односно доаѓа до материјална манифестација. Ова е и една од најголемите придобивки на Квантната теорија – дека не постои феномен на материјална манифестација без чин на набљудување, што да повторам, се совпаѓа со сознанија на древните цивилизации.
Ако навлеземе подлабоко во ова, всушност најдалеку што логичкиот ум со своите ограничувања може да допре, ќе дојдеме до точка која ни вели дека и самиот чин на набљудување не може да се случи без претходно постоење на „свест која набљудува“.  Со други зборови, „ефектот на набљудувачот“ наведува дека материјалниот универзум е директен резултат на „свеста“. За оние читатели кои гледале барем еден од двата дела на документарниот мини серијал “What The Bleep Do We Know?!” ова не е ништо ново.

Имајќи го ова во предвид, се наметнува уште една премиса – дека не постои објективен универзум, туку само субјективен, кој е предмет на постојана ре-креација на Набљудувачот. Доказ за тоа е што една иста „надворешна“ појава, предизвикува различна реакција на истата кај различни индивидуи.

Практичниот проблем, но и неограничен потенцијал за промена е фактот што „обичниот човек“ актот на набљудување го прави несвесно и на тој начин креира и несакани содржини.
Нашите мисли се матрица за нашите животни искуства. Креирањето на нашата субјективна реалност со помош на нашите мисли е основна способност на свеста, бидејќи мислата е точката на премин од нематеријална во материјална средина, од Полето на Неограничени Возможности во време-просторот. Исклучително добра вест е дека исполнувањето на нашите желби и животни соништа не зависи од степенот на нашето образование, на нашето етничко потекло, наследството или на било кој друг надворешен фактор. Тоа е исклучиво резултат на начинот на нашето размислување. Освестување на постоечките, како и развивање и артикулирање на нови креативни мисли е првиот чекор кон трансформација на сонот во реалност.

Аналогно на сè погоре изложено, со акцент на „ефектот на набљудувачот“, ако сакам да се променам себе си и неизбежно – мојот субјективен универзум, почетна точка е себенабљудувањето, пракса која ја сугерираат сите древни езотерични учења. Понатаму, ако сакам да направам драматични промени во мојот субјективен универзум, потребна е голема ревизија и промена од моите ставови, па надолу...... на моите верувања, ...... на моите мисли. Последните пак, неизбежно индуцираат одредени емотивни состојби, факт што повторно ја поддржуваат премисата за постоењето на универзум на кого исклучиво му припаѓа придавката „субјективен“.

© Митко Керамитчиев

 

Последно освежено ( Понеделник, 27 Април 2009 17:39 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: