English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Неопходност од ПРОМЕНА (2) PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Вторник, 21 Април 2009 15:05


Во својата книга „TEACHING AN ANTHILL TO FETCH“, авторот Стивен Џојс (патем, потомок на познатиот ирски писател Џејмс Џојс), пишува за малото морско животно со латински назив Urochordata (Тunicata). Тоа животинче веднаш по раѓањето почнува да плови, всушност слободно да лебди по морските длабочини и да бара погодно место за својот дом. Откако ќе го пронајде некаде на морското дно, тоа се прикачува и прави нешто несекојдневно во живиот свет – си го јаде сопствениот мозок. Откако еднаш ќе ја оствари својата генетски зададена цел, на тој жив створ веќе не му е потребен тој орган.

Многумина меѓу нас наликуваат на тоа животно. Тие си имаат сопствени сидра во животот и одамна си ги изеле сопствените мозоци. Зоолозите утврдиле дека ДНК-та на човекот и на Urochordata се совпаѓаат некаде околу 80%.

Денес прецизно се знае зошто Urochordata го прави тоа што го прави. Имено, тоа „претпоставува“ дека никакви големи промени во околината нема да се случат и затоа и нема да има потреба да се прилагодува користејќи го едниот од виталните органи во секој организам - мозокот. Планктонот,  неговата основна храна, претпоставува ова чудно животинче, секогаш ќе му доаѓа на дофат.  Зошто човекот постапува толку слично е се уште предмет на испитувања.

И додека едни со децении се воодушевуваат на делата слични на „Кој ми го здипли  сирењето“ кои укажуваат на потребата да се движиме со промената, други упорно очекуваат или состојбата да остане непроменета или дури да се врати самата во првобитната состојба.

Зошто е Промената толку болна за човекот? Зошто е инерцијата предмет на првиот Њутнов закон? Дали човековата психа се разликува од материјата која прва станала предмет на истражување на инертноста во Физиката? Не суштински, само формално. Имено, одамна е јавна тајна во научниот свет дека различните појавни форми на Енергијата се резултат само на информацијата која е содржана во различните тела и оттаму на фреквенцијата со која телото вибрира, што ја дефинира формата која е предмет на наша перцепција. Се што постои, без оглед на привидната поделба на жива и нежива материја е Енергија.

Ендрју Метјуз, австралискиот мотивациски гуру, автор на неколку едноставни, но крајно корисни книги нуди проверен рецепт за мизерија:

  1. Одлучи како треба да изгледа и да се однесува светот,
  2. Кога животот нема да игра според твоите правила – налути се!

Неверојатно е колку енергија се троши на нашите очекувања и обиди:

  1. да ги натераме другите да се сетат на нашиот роденден,
  2. да нè почитуваат толку колку сметаме дека треба,
  3. да постапуваат според нашите начела и принципи,
  4. летата да бидат посвежи, а зимите потопли,
  5. соседите да бидат потивки, но и посрдечни,
  6. ...

... и така во недоглед.

Несреќните луѓе имаат БАРАЊА од другите, а останатите имаат (нека ми простат загрижените апологети на македонскиот јазик за латинскиот израз) ПРЕФЕРЕНЦИИ.  Преференцијата укажува на повеќе посакувана разврска, но со вградено прифаќање и на онаа која е помалку пожелна. Барањата пак се резултат на безалтернативен пристап.

Барањата: Преференциите = Ропството: Слободата

(Своевремено им се чудев на вљубениците во Математиката не разбирајќи го нивното тврдење за универзалниот карактер на таа наука. Денес еве, се служам со математички пропорции за да изразам појави од поглобален карактер. Ќе си дозволам еден мал его-излет... изгледа дека сум фатил приклучок со некоја Промена во мојот живот.)

Според една поделба, луѓето се делат на оние кои:

  1. се трудат да го променат светот,
  2. го менуваат мислењето и се прилагодуваат,
  3. прават од двете по малку


Уште еднаш... зошто е Промената толку болна за човекот и зошто е отпорот да и се „дозволи да се случи“ толку голем?

Ако во казан со врела вода фрлиш жаба (примерот е само хипотетички се разбира, не сугерира испробување на експериментот), жабата веднаш ќе реагира со скок надвор од казанот. Но ако во казанот има вода со нормална температура и истата постојано полека ја загреваме, на крајот од експериментот ќе добиеме варена жаба. Тоа се должи на брзината со која промената се одвива и неспособноста на жабата да ја забележи спората промена.

Човекот иако со дарбата на свест и разум, многу често не ги забележува суптилните промени во околината. Или ги забележува, но ништо не прави за да ја пресретне неповолната разврска. Немам желба тука да влегувам во широко експлоатирани примери како што се нуклеарното вооружување и глобалното затоплување, на пример, туку само да укажам на опасната, суптилна комотност на она што се нарекува Зона на Комфорот. Велам опасна, бидејќи Зоната на Комфорот, колку и да е пријатна за „престој“, таа е истовремено и зона на стагнација. Додека сета околина се менува, ние сме препуштени на пријатната опијанетост.

Присетете се кога последен пат сте имале некој криза во животот, ситуација која предизвикува брза и неповратна промена во животот. Иако страшно непријатна за доживување, истата предизвикала коренито преиспитување на сопствените ставови, цели, соништа, надежи, односи, вредности и многу други елементи на кои во Зоната на Комфорот не им обрнуваме внимание...од причина што не мораме.

Кризите се доживуваат како фрлање (внимание! не како скок, туку како фрлање...другите ни го прават тоа, нели?) во казан со врела вода. Реакцијата е неминовна!

Препознавањето на случувањето на Промената е првиот чекор кон фаќање на ритам со истата. Но, зарем човекот би се разликувал суштински од другите пониски животни форми ако остане само на тоа што се нарекува реакција? Она што е потребно е користење на поголем дел од човековите потенцијали и сопствено препознавање за можноста за креација. А што е креацијата освен предизвикување на Промена. Креацијата во својата суштина значи нешто НОВО, а новото е во основата на Промената.

Создателите на Неуро Лингвистичкото Програмирање биле во право кога рекле дека човековата позиција е лесно предвидлива: Ако човек го мисли тоа што го мислел вчера, го прави тоа што тоа мислење му го налага, ќе ги добие ВЧЕРАШНИТЕ резултати. Тие пак, види чудо, се само вчерашни.

Ако креативното (по потенцијал) суштество наречено човек сака денешни резултати, потребна е поинаква акција од вчерашната. Оттаму, за промена не е потребно ништо друго освен промена на мислењето.

_____________________________________________________________

„Да се обидеш нешто со себе носи ризик. Но ризикот мора да се преземе бидејќи најголем ризик во животот е да не се ризикува ништо. Оние што не ризикуваат, не прават ништо, можеби го избегнуваат страданието и тагата,  но конечно, тие не можат да учат, да чувствуваат, да се менуваат, да растат, сакаат и живеат.“
–Leo Buscaglia

„Ако нешто не ти се допаѓа, промени го. Ако не можеш, промени го начинот на размислување во врска со тоа.“
-Mary Engelbreit

„Не е потребно да се менуваме. Опстанокот не е задолжителен.“
- Edwards Deming

„Исправени пред изборот дали да се променат или да докажат дека нема потреба за такво нешто, речиси сите се зафаќаат со докажувањето.“
- ohn Kenneth Galbraith

„Оние кои сакаат да бидат постојани во својата среќа и мудрост, треба да се менуваат.“
- Конфучие

„Промената и Растот се единствените диокази за постоењето на  животот.“
- John Henry Newman, Apologia pro vita sua, 1864

„Ако ништо не се менуваше, немаше да има пеперутки на светов.“
- Непознат Автор

„Биди ТИ промената што сакаш да ја видиш во светот.“
- Махатма Ганди


_____________________________________________________________

 

© Митко Керамитчиев

 

Последно освежено ( Понеделник, 27 Април 2009 17:40 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: