English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Синтеза на СРЕЌАТА PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Вторник, 21 Април 2009 15:11


Еднаш годишно, најчесто во Monterey, California, се одржува TED конференцијата. TED е акроним од Technology, Entertainment, Design. TED настана 1984 година со учесници од категориите содржани во името, но денес, опфатени се далеку поголем број на бизнис категории. Тоа, како и фактот што на таа конференција земаат учество најголемите умови на денешницата од речиси секој аспект на модерниот живот, бизнис и наука, ја прават TED конференцијата настан од планетарно значење.

За овој број на PRAXIS, се одлучив да ви пренесам дел од излагањето на професорот по Психологија на Харвард, Др. Тед Гилберт на TED конференцијата од 2004 година. Патем, секој излагач на TED е ограничен на 18 минути и презентациите се одвиваат во крајно релаксирана атмосфера.

Тезата која Тед Гилберт ја постави и ја поткрепи со резултатите од неколку испитувања е дека човекот има способност да ја синтетизира среќата.

Еден од главните столбови врз кои се потпира оваа способност е всушност способноста на човекот, единствена во живиот свет, да ја симулира иднината. Имено, за разлика од било кој од нашите предци од животинскиот свет, ние имаме способност да ја живееме иднината во нашата имагинација и да доживуваме „верзија“ на настани кои се уште не се случиле.

Тед Гилберт, на присутниот аудиториум им поставува прашање, за кое воопшто не е потребно размислување: Која иднина попрво би ја одбрал, да добиеш 340.000.000 долари на лотарија или да станеш параплегичар и остатокот на животот да го поминеш во инвалидска количка? Откако се смирува џагорот и смеењето во публиката, Тед Гилберт нуди вчудоневидувачки податоци од испитувања кои кажуваат дека само една година после настанот, добитниците на лотарија и параплегичарите во просек се еднакво среќни. Се разбира, среќата е нешто што не може квалификувано да се измери, па истражувањето мора да се потпира на субјективните искази на испитаниците. Но, тие покажуваат дека голем број на луѓе дури и после големи животни трауми, после само 3-4 месеци се со „ниво“ на среќа како и пред настанот.

Зошто? Тед Гилберт вели дека тоа е заради способноста на човекот да ја синтетизира среќата.

„Јас сум најсреќниот човек на земјата. Го поседувам она што е потребно да ја претвори сиромаштијата во богатство, несреќата во просперитет и имам помалку ранливи места од Ахил. “

- Томас Браун, Religio Medici, 1642

Дали таа „опрема“ ја поседувал само Томас Браун во 17. век? Не, тоа го поседува секој од нас. Човекот поседува нешто што се нарекува психолошки имунолошки систем. Тој систем, составен од когнитивни процеси, претежно несвесни, ни помага да го промениме начинот на кој гледаме на работите и да се чувствуваме подобро во врска со истите.

Но, човекот е скептично суштество и многумина би помислиле дека и покрај се, квалитетот на среќата на оние со негативни животни искуства и оние со пријатни, после извесно време не е ист дека среќата на вторите е по природна од оние кои имале трауматични животни искуства.

Но, Тед Гилберт нуди резултати од испитувања кои не одат во прилог на таа претпоставка. Првите се базираат на модел на испитување познато во Бихејвиоризмот како FreeChoiceParadigm.

Во тоа испитување, од  испитаникот се бара да подреди од најубава до најмалку убава 6 слики-репродукции од  Claude Monet. Откако ќе го стори тоа, му се кажува дека од резервите на репродукции ќе му биде дадена како подарок една и дека „случајно“ може да избере една од двете рангирано како трета, односно четврта. Нормално, ако веќе не може да ја одбере онаа под бр. 1, испитаникот тежнее да ја одбере онаа рангирана како трета.

После извесно време, не е важно дали 15 минути или 15 дена, од испитаникот се повторно  да изврши рангирање на сликите. Во најголем број случаи изборот не е ист и повторно, во најголем број случаи, претходниот избор бр. 3 оди на место бр. 2, а претходниот избор бр. 4 си го заменува местото со бр. 5. Рангирањето на бр. 1 и бр. 6 останува непроменето. Што ни зборува тоа? На испитаникот сега уште повеќе му се допаѓа неговиот избор, а уште помалку му се допаѓа изборот кој не го сторил. Тој почнува да ја синтетизира среќата во новите, променети околности.

Истиот овој експеримент со кој Тед Гилберт ја поткрепува тезата човековата способност за синтеза на среќата е направен и со група на хоспитализирани субјекти кои страдале од амнезија од различно потекло, но сите  со неспособност за сеќавање подолго од неколку минути. На пациентите им било кажувано дека изборот (бр. 3) ќе им биде испратен по пошта.

Кога после само 30-на минути испитувачите влегувале да го повторат испитувањето, испитаниците, се разбира, воопшто не се сеќавале на првиот круг на испитување.

Кога на „нормален“ човек ќе му се даде повторен избор, тој, како што видовме, најчесто ќе го фаворизира претходниот избор, но оние кои страдаат од амнезија ја немаат таа можност. Тие можат само да погодуваат кој бил нивниот претходен избор. Во такви случаи, процентот на успех би бил некаде околу 50-на %. Но, истражувањето покажало поинакви резултати, дека % на совпаѓање на резултатите од испитувањето на „нормални“ и „заборавни“ е огромен, односно, добиени се слични резултати. Заборавните иако  „не знаат“ дека поседуваат конкретна слика и иако со евидентен хендикеп, ја претпоставуваа не само својата мината реакција, туку се проектираат во иднината и почнуваат да синтетизираат среќа СЕГА и ОВДЕ и со таа своја (ре)акција, тие влијаат на идни настани, во случајов илустрирани преку резултатите од испитувањето.

Замислете, ако постои ваква способност на човековиот ум несвесно да влијае на нивото на сопствена среќа, каде би била границата ако стекнеме способност СВЕСНО да креираме ментални и пред се, емоционални состојби? По мое скромно убедување, граници не постојат, човекот во таков случај се препознава како она што е, безгранично, креативно битие кое е ко-креатор на  животот, а никако негов производ.

Патем, своето излагање на TED конференцијата, Др. Гилберт го поткрепи со уште неколку експерименти кои не се тука опфатени.

Заклучок: Човекот отсекогаш поседувал алатки и способности за прилагодување, унапредување не само на своите ментално-емоционални состојби, туку и за промена на животните околности, преку едноставна промена на перспективата, која пак, овозможува ослободување на голем квантум на ментална енергија која за жал, пречесто останува врзана за настани од минатото врз кои не може да се влијае. Ако не можеме да го промениме тоа што се случило, не постои никакво оправдување да не го промениме начинот на кој гледаме на тоа!

„Разликата помеѓу големите луѓе и другите што големите го креираат својот живот активно, додека другите се креирани од сопствениот живот и пасивно исчекуваат што тој следно ќе им приреди. Разликата помеѓу нив е разликата во квалитетот на полн живот и просто егзистирање.“
- Michael E. Gerber

_________________

Роден 1943 година, Мичел (W. Mitchell) во цветот на својата младост, имал страст кон брзи автомобили, мотоцикли, скијање, возење мали авиони и убави девојки.

На 19 јули 1971 година, возејќи го по улиците на Сан Франциско штотуку купениот Хонда 750 мотоцикл на средба со својата девојка, задоцнил во критичен момент благовремено да реагира и се судрил со камион. Резервоарот на неговиот мотоцикл се оштетил, горивото се разлеало, се запалило и направило од телото на Мишел голема огнена топка.

За негова среќа, на местото се нашол некој присебен сведок – продавач на коли, кој го грабнал противпожарниот апарат од продавницата и го насочил кон Мичел. Тоа му го спасило животот иако, со изгореници на  65% од неговото тело, тој уште некое време висел на конец. Иако шлемот му ја спасил главата од кршење, најголемите изгореници ги имал по рацете и лицето. Уште една среќна околност било тоа што бргу западнал во длабока двонеделна кома, која што на неговиот организам му го обезбедил потребниот здив.

Серијата на хируршки зафати на неговото тело и пред се лице, не биле доволни децата кои подоцна ги среќавал или да се плашат од него или да го исмејуваат. Сите негови прсти биле изгорени и наместо дланки, му останале трупчиња налик на отсечени гранки.

Веројатно многумина кои би се нашле во таква состојба би се откажале од животот. Но Мичел не е обичен човек. Тој не само што научил да се прилагоди на  новата состојба, туку научил повторно да прави дел од работите за кои порано бил способен, вклучително и да управува со авион.

Мичел, во поход по сопствената ресоцијализација, решил да се пресели од Сан Франциско во помало место, очекувајќи жителите да го прифатат откако ќе се навикнат на неговото присуство. Со парите од осигурувањето од несреќата, отворил бар во местото Крестед Бат во Колорадо. Набргу почнал да прави и помали инвестиции во недвижности, а заедно со свои ново стекнати пријатели инвестирал во нов тип на плински шпорет што се покажало како добра инвестиција и заработил добар профит.

Уживајќи добар углед и популарност ва Крестед Бат, Мичел влегол во политиката и наскоро би избран за градоначалник на местото. Амбициите отишле уште подалеку и тој се кандидирал за Конгресот, но за малку не успеал. Затоа успеал да си купи Чесна 206, со која уживал да лета, а за да има секогаш за гориво, превезувал и патници.

Едно ноемвриско утро 1975 се подготвувал за рутински лет кој претходно го изведувал стотици пати. Не забележал дека на крилата има мраз и кога авионот достигнал висина од околу 30-на метри, авионот почнал да ја губи висината. Авионот паднал на пистата. Патниците успеале да излезат, но Мичел не успеал веднаш во тој обид. Причината била скршен ‘рбетен столб кој го оставил парализиран од половината надолу. За човек кој минатите 4 години ги поминал во опоравување од страшната несреќа ова било премногу.

Мичел, наспроти сите предвидувања, со огромна храброст и посветеност, уште еднаш успеал да ги преброди своите проблеми и покрај своите бројни хендикепи, продолжил да живее полн живот.

Станал директор на управните одбори на повеќе компании, борец за околината, бизнисмен, а како хоби се занимава со рафтинг.

Мичел вели: „Пред несреќите можев да се занимавам со 10.000 работи, сега можам со 9.000“ и „Можам да се фокусирам на оние 1.000 работи кои не можам да ги правам или на оние 9.000 кои можам да ги правам. Јас го одбирам второто“

Денес Мичел го патува светот ширејќи ја својата моќна порака на мотив и инспирација за другите. „Хендикепите“, вели Мичел, „не се секогаш физички. Често, наш хендикеп е нашата немоќ е да согледаме како можеме да ги надминеме нашите проблеми.

Животната философија на Мичел е едноставна: „не е важно што ти се случува во животот, туку што правиш во однос на тоа.“

_________________

 

© Митко Керамитчиев

 

Последно освежено ( Понеделник, 27 Април 2009 17:41 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: