English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Критика на Дарвинизмот(со коментари на Едни Македонци) Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Напишано од Едни Македонци   
Понеделник, 04 Мај 2009 17:29
Индекс на артикл
Критика на Дарвинизмот(со коментари на Едни Македонци) Picture
Страна 2
Страна 3
Страна 4
Страна 5
Страна 6
Страна 7
Сите страници


Еден – за прв пат екслузивно во дигитална форма ја дава на увид можеби единствената антидарвинистичка полемика во Македонија, односно тринаесетото поглавје на третиот дел - Иницијација - од  романот „Розата од вода“ на  Едни Македонци.

Ова поглавје е полемика и коментар на авторите  со текстовите на водечките научни умови кој се експлицитно и аргументирано против материјалистичката религија на еврејскиот „ гениј “  Чарлс Дарвин.

13. ЗА ДАРВИН...

Вилијам Флусер, професорот по философија на науката и фило­софија на комуникацијата од Универзитетот во Сао Паоло, Бразил, во ед­но свое интервју, дадено за списанието Галаксијаво 1990 година, има из­јавено: Коперник не е поблиску до вистината од Птоломеј, тој е само по­практичен за работа.Очигледно, парадигмата со виртуелната реалност ја измести гледната точка од која го набљудуваме универзумот, дури и во конзервативните академски кругови. По негацијата на теоцентричниот црковен модел со Коперниканскиот хелиоцентричен, од кој произлезе и денешната важечка парадигма за планетата Земја како неважно зрнце прашинаво бескрајниот универзум, ете, преку вируелната реалност вр­тоглаво влеговме во негација на негацијата и повторно, но на еден понаков и пософистициран начин, се враќаме кон теоцентризмот. Но, важечката парадигма можеби и можеме да ја занишаме во космологијата, физиката и математиката, но дали можеме и во биологијата? Еден од најсериозните удари кои му се нанесени на Бог, во смисол на негово отфрлање од страна на човекот како фикција, секако е Дарвиновата теорија за генезата (за по­теклото на видовите). Но, како што се гледа, судејќи според сè ова е уште една ујдурмана розевитесо која на перверзен начин треба да се оза­конии афирмира како природенпринципот на дивиот вирусен капи­тализам кој гласи: Homo homini lupus est! Човекот на човек му е волк, што значи легализација на крвавата експлоатација на природата и на чо­вековата, сега веќе знаеме, не само физичка, туку и духовна, спиритуална енергија која тој ја губи секогаш кога е контролиранои манипулира­нобитие. Ова е постигнато со Дарвиновата теза за природната селекција, според која поадаптибилните и посилните видови ги истиснуваат посла­бите. Прекрасна парадигма која ви нуди морално оправдување да се прилепитеза ближниот свој, по можност многу послаб, понаивен и по­глупав од вас, и да му ја испиете крвта.

Потполно истото важи и за колективите. Не мора да ви зборувам и посочувам примери на крвава експлоатација кои розевитеги имаат сторено во Африка, Азија и така натаму. Но, фала му на Бога, и меѓу ан­гло-американците постојат луѓе кои му се спротивставуваат на системот кој е таму инсталиран, а начинот на борба е удирање по темелите на пара­дигмата. Да разгледаме сега два текста кои се преглед на размислувањата на луѓе кои почнуваат да се сомневаат во теоријата на Дарвин, а се сериоз­ни и идеолошки необоени научници.

Ова се два текста од Галаксија. Едниот е превод од П.М.мага­зинот, а другиот е текст на Џим Гибсон, директор на Институтот за геона­учни истражувања – генерална конференција ASD. Во обата текста се из­несени модерните гледишта на креационистите, кои се опозиција на Дар­вин. Јас во овие текстови ќе ги вметнам и моите коментари за да посочам каде различните науки зборуваат за иста суштина со различен јазик и всушност водат разговор на глуви, што е и нормално, бидејќи експертите за математика, теорија на Хаос, физика, квантна физика, биологија, теоло­гија и лингвистика многу малку имаат општ увид во меѓусебните постула­ти, па не е необично еден заинтересиран аматер да им укаже на нешто што тие го превидуваат. Првиот текст се вика Се бара новиот Дарвини е објавен во 1986 година во Галаксија. Да го проследиме:

СЕ БАРА НОВИОТ ДАРВИН

Во овој час, расправата околу учењето за еволуцијата сè повеќе се разго­рува. Истражувачите постојано откриваат нови проблеми, кои претставува­ат предизвик на Дарвиновото учење. Истовремено, научниците подготвуваат нова теорија за потеклото на животот.

 

Родоначалникот на теоријата за еволуцијата на видовитеЧарлс Дарвин

Ако се обидеме да допреме до делото кое зад себе го остави британски­от научник Чарлс Роберт Дарвин (Charles Robert Darwin), веќе нема да можеме да престанеме да му се чудиме и воодушевуваме. На еден единствен човек му појде од рака сомневањата во библиското објаснување на создавањето на светот да ги преиначи во извесност дека растенијата, животните и луѓето настанале на сосема понаков начин од оној опишан во Библијата. И, што е уште поголем зафат, Дарвин ја стави во движење духовната револуција, чии што резултати денес ги сметаме за совршено природни и сами по себе разбирливи, заборавајќи дека Дарвин тогаш му понуди на светот нешто како сосема нови сознанија:

Живите суштества не дојдоа на свет истовремено, туку се развиваа едни по други и, истовремено, едни од други – се развиваа од едноставни суштес­тва во посложени, од помал број видови настануваа многу други.

Мотор на еволуцијата претставуваат мутацијата и одбирањето. Случајните промени на наследните оособини (мутација) водат кон настанува­ње на нови варијации на живите суштества. Во борбата за опстанок (во одби­рањето или селекцијата) мора да се покаже дали (случајно) настанала некоја оправдана новина.


Неволјите со дарвинизмот

Веќе 125 години важи оваа претстава и за потеклото на нас луѓето. Од Дарвин наваму таа автоматски се прифаќаше и се пренесуваше од поколение на поколение. Меѓутоа, дали во тие 125 години постои барем еден научник кој би можел без нелагода да потврди дека со ова учење немал никакви тешкотии. Та­ков научник нам не ни е познат, пишува во списанието П.М.Џозеф Шепах (Joseph Schepach), додавајќи дека колку што истражувањето е попрецизно, тол­ку повеќе тешкотии искрснуваат со Дарвиновото учење.

Мала забелешка. (Оваа забелешка е од авторот на текстот. Моите забелешки ќе ги означам како мој коментар).

Ако Дарвиновото учење бара толку голема потреба за докази, зошто тогаш воопшто е прифатено? Најверојатно поради тоа што во тоа време енер­гијата на големите духови не беше фокусирана само на сфаќање на новото, зна­чи на разбирање на дарвинистичката наука со сите свои поединости: енергија­та на првите дарвинисти тогаш беше во голем дел трошена на сузбивање на старото. Впрочем, за ова зборува секој учебник по историја. Прво, тогаш не бе­ше поставена задачата да ѝ се обезбедат темели на дарвинистичката доктри­на. Многу поважно беше да се водат расправи за погледите на светот и да се ин­систира на дарвиновата констатација: Вистината е во мојата книга, а не во Библијата.

Ете, ова е тоа за што зборував. Да се даде легитимност на капита­листичкиот вирус – демон, а да се истисне совеста. (Мој коментар.)

Секако, Дарвин никогаш изрично не дал ваков исказ, но ова тврдење ав­томатски произлегува од самата содржина на неговото обемно дело.

Дали во судирите со Дарвин се работи исклучиво за специјални пробле­ми што само биолозите можат да ги разберат и само нив ги интересираат? Никако. Во центарот на вниманието, и тоа практично од првиот ден, е дарви­новиот постулат, кој гласи: Од едноставните видови се развија сложените, и од некогаш малубројните видови подоцна настанаа многу други.

Ако тоа е точно, тогаш во земјата под нашите нозе мора да се најдат и соодветни сведоштва. Станува збор за откривање на фосилни коски, чија ана­лиза би покажала: ова е едно суштество на самата средина од својот равоен пат, тоа веќе не е влекач, но сè уште не е птица да укажеме на конкретен и впе­чатлив пример. Биологијата денес е способна убедливо да докаже дека скелети­те на нашите птици се само повисока фаза во развојот на типичните скелети на типичните влекачи.

Но, во последните 125 години воопшто не се наиде на никаква алка која недостасувамеѓу рептилите и птиците, меѓу крокодилите и орлите, желките и гулабите. Од земјата се ископани или несомнено птичји коски или несомнено коски на влекачи, но никогаш не е ископан некој скелетен склоп кој би сугерирал дека тука природата била на средина на дарвинистичкиот чин на создавање.


 

Отсуството на преодни форми е клучниот проблем на Дарвино­вата теза (мој коментар).

 

Archaeoraptor (измама за преодна форма помеѓу влекачи и птици)


Дарвиновото ахадоживување

Во одглумен очај, во 1950 година, германскиот палеонтолог Ото Шин­деволф (Otto Schindewolf) рече: Праптицата археоптерикс излезе од јајцето на еден влекач!Со други зборови: очигледно нема никакви докази дека бездната меѓу животните кои ползат и оние кои летаа, природата ја премостила со многу ситни чекори, како што сугерира Дарвиновата доктрина. Всушност, си­те фосили покажуваат дека имало влекачи со кожа од лушпи, а дека потоа одне­надеж се појавил археоптериксот со потполно формирана облека од пердуви. Меѓу нив немало ништо!

Од каде потекнува претставата на Дарвин за настанувањето на видо­вите преку мутација (менување на наследните особини) и селекција (избор во борбата за опстанок)? Во својата книга Дарвин во потполност објаснува како дошло до тоа. Тие идеи формално ги стекнал од набљудувањата на живите жи­вотни, а и од до тогаш откриените фосили.

Преку мутација: на островите Галапагос, кои лежат далеку пред бре­гот на Јужна Америка, Дарвин открил животински видови кои, иако несомне­но сродни со јужноамериканските, овде се јавуваат во повеќе варијации, кои ина­ку ги нема на ниедно друго место на светот. Така станаа познати галапагос­ките зеби. Постојат тринаесет видови, кои се разликуваат не само по бојата и големината, туку и по обликот на клунот. Кај секој вид, младите имаат ист клун како и нивните родители. Секој од тие тринаесет облици на клуно­вите е прилагоден на одреден начин на исхрана.

Може да се замисли дека Дарвин го искусил она што психолозите го нарекуваат аха“ – доживување. Олујата ги фрла зебите од копното на остро­вот. Дарвин шпекулирал: Можеби сите овие варијации потекнуваат од еден единствен пар зеби кои опстанале во архипелагот. Таму нивните потомци со својот надворешен изглед се прилагодуваат на новата средина. Како можело воопшто да дојде до тоа? Дарвин заклучил дека нешто морало да се измени во самиот нацрт на обликување на организмите, усидрен во наследните супстан­ции на зебите. Новите поколенија на зебите во одредено време можеле да разви­јат поинаков облик на клунот од оној на нивните родители.

 

 

Отсуство на преодни облици

Може да се претпостави каква теоретска сила имал Дарвин, ако се знае дека епохалните откритија на Грегор Мендел (Gregor Mendel – „Наслед­ството одлучува за надворешниот лик на потомците) сè уште не беа заеднич­ко добро на сите луѓе. Дарвин се држел до практичните искуства на одгледува­чите на добиток. Ако на последниве им поаѓало од рака, по внимателно одбира­ње на мажјакот и женката, да одгледаат посебна раса на крава и коњ, тогаш и природата би требало да биде способна да прави избор, да речеме во случајот на зебите.

Од овие мисли нужно произлегоа и следните. При одгледувањето на до­биток по пат на вкрстување, луѓето пресудуваат дали исходот е добар или лош. До пресуда доаѓа и кога во процесот каде што нема луѓе – одгледувачи, одредени животни имаат поголеми изгледи за размножување, па со оглед на тоа и се про­биваат нивните наследни особини. Така, до промена доаѓа преку многу ситни поместувања. Дарвин верувал дека до промена може да дојде меѓу видовите, до­душа на друг начин отколку кај животните кои се одгледуваат со вкрстување.

Тој, во принцип, верувал дека природата е способна да ја пречекори границата на видовите, преку која, инаку, одгледувачот на добитокот не мо­же да премине. Но, како што е речено, денес на тоа не може да сметаме, бидеј­ќи инаку некаде би морале да се најдат и алките кои недостигаат“ – приме­роци кои отскокнуваат од видовите. Проблемот на алката која недостасувачесто погрешно се пренесува на проблемот на настанување на човекот од мај­мун. Но, американскиот биолог Џорџ Симпсон (George Simpson) вели: Отсус­твото на преодни форми е речиси сеопшта појава.

Ете, тоа е тоа – видовите во историјата на Земјата наеднаш се поја­вуваат и исчезнуваат со скокови кои се непредвидливи. Па, нели е ова фрактална нелинеарна функција? (Мој коментар.)

А неговиот колега Гордон Ретреј Тејлор (Rattray Taylor) уште попрециз­но објаснува: Потеклото на околу 26 групи цицачи е потполно непознато. Мрак го покрива и настанувањето на инсектите. Непознати остануваат и предците на рибите. Бидејќи најстарите рибни јајца кои ги открил човекот се веќе пот­полно формирани, а праинсектите вклучени во Бернштајновата (Bernstein) класификација не изгледаат многу поразлично од денешните егземплари.

Овде би било многу интересно да додадеме дека првите 3-Д ани­мации направени со првите генерации компјутери, кои не располагаа со голема РАМ меморија, всушност беа анимации на инсектовидничлен­коноги форми. (Мој коментар.)


Не за шест дена...

Овие искази звучат како нешто повеќе од обична тешкотија со дарви­нистичката доктрина; тие се безмалку најостра критика, ако не и побивање. Кога човек ќе ги прочита ваквите констатации од перото на признати биоло­зи, мора да се запраша: зошто токму сега? Поради што науката, од деценија во деценија, веруваше во Дарвиновото учење за потеклото?

Заради разјаснување на работите, треба уште еднаш да се обрне вни­мание на идеолошката содржина на работите. Речиси сè до денес научниците мораа да се плашат, кога и да посакаа да се одалечат од Дарвин, да не соберат аплаузи од погрешната страна, имено од страната на верните современи при­врзаници на Библијата, кои и по 125 години од објавувањето на Дарвиновото де­ло би можеле да инсистираат на доследна точност на библиската верзија за по­станокот.

Овде авторот на текстов има проблем со вулгарната терминологи­ја и толкување на догмата, која кај католиците кулминираше со инквизи­ција, а кај протестантите со примитивен приземен прагматизам. (Мој ко­ментар.)

Затоа не случајно биологот Јоахим Илиес (Joachim Illies), човек чии уве­рувања се мошне блиски до христијанското учење, но кој е истовремено и науч­ник со совест, во списанието П.М.“. објави повеќе насочувачки написи. Во тие текстови тој без заобиколување ја изнесе вистината за тешкотиите со Дарви­новата доктрина и истовремено застана да го брани Дарвин од неоправдани критики. Пред две години Илиес во списанието П.М.укажа дека до денес не е познат ниту еден пример на мутација која би ја пречекорила границата меѓу видовите. Уште пред две години овој (инаку рано починат) научник одлучно по­кажа дека нема враќање на Библијата. Живите суштества не се создаваат за шест дена, туку за милијарди години. Како што ни животот на Земјата не постои само четири илјади години, како што во 1860 година утврдува англис­киот надбискуп Џејмс Ашер (James Usher), а кој беше оспорен од Дарвин.

Ова е важно. Библиското толување за креацијата, според кое живо­тот е создаден за шест дена, а седмиот Бог се одмара, се гледа во контек­стот на линеарното време, а кое од досега напишаното видовме дека е при­вид, како и движењето, впрочем. Шесте дена, плус седмиот во кој Бог почи­ва, се однесуваат на седумте духови кои излегуваат од престолот Божји и владеат со светот, односно седумте татвикај Индусите, односно седумте орбитални слоеви на атомот, односно седумте чакри, односно точки на конвергенција, односно седумте бои на виножитото, односно седумте да­вањана Бог (затоа поимите дени даденсе синоними), односно седум­те леери(слоеви) од кои во нашата виртуелна информатичка парадигма е генерирано човековото тело и светот воопшто. Тоа се седум вибрации, кои ги знаеме како тонови од музичката скала и ни даваат теоцентричен модел на универзумот. Секое сместување на Бог во просторот и времето е плитко, да не кажам паганско. Сепак, како што пишував и претходно, и на­учниците и теолозите, како и аријанството и аријанската ерес, и разни над­бискупи­, кои собирајќи ги годините на живот на потомците на Адам и Ева доѓаат до некакви линеарни концепти, цифри и заклучоци за тоа кол­ку е стара Земјата, всушност грешат. Времето не е линеарно. Со Ајнштајн видовме дека тоа е релативно, а идејата на оваа книга е да покаже дека ра­ботите се уште поинакви, односно дека времето е фрактално-субјективно и уникатно за секој систем. Субјективното време на Бог е 0, односно тоа во Бог не постои, бидејќи Бог е вечно сега. Истото важи и за просторот, од­носно вечно овде. На крајот на краиштата како воопшто можеме буквално да ги сваќаме седумте денакога сонцето и месечината се створени чет­вртиот ден. Прочитајте внимателно во Генеза 1– 17. (Мој коментар.)

Останува фактот (и во сите оправдани критики на сметка на Дар­вин) дека основната мисла на еволуцијата може да се смета за потполно точ­на. Неоспорни докази во таа смисла ни приложуваат палеонтологијата (наука­та за фосилите), морфологијата (науката за облиците) и систематиката (на­уката за семејното стебло на животнните).

Зошто рибите немаат раце? Кога еволуцијата навистина би била слу­чајна, зарем не би можело да се случи да настанат риби со раце? Францускиот хемичар Жак Моно (Jacques Monod) вели: Секое животно дозволува промена са­мо ако таа му овозможи да ги зголеми своите шанси за опстанок.Пример за соодветнамутација, според Моно, е лилјакот. Тој за себе створил нешто меѓу носечка површина и падобран, а тоа му овозможува да прави големи скоко­ви при бегство.

Дарвин е најмногу оспоруван од англискиот биолог Руперт Шелдрејк (Rupert Sheldrake) од Кембриџ универзитетот. Тој тврди: Сите сознанија за жи­вите суштества од сите времиња се собрани во 'полиња' и меѓусебно се поврзани.

Тејар де Шарден ја оспорува случајноста на еволуцијата. Според негово­то учење, паунот и медузата тежнеат кон Точката Омега.

 


Тејаровите толкувања

Тие сведоштва јасно покажуваат: од појавата на првите комплексни морски животни до денес поминаа околу 700 милиони години. Пред 450 мили­они години веќе постоеа риби, но не и влекачи. Пред 310 милиони години веќе живееја рептилите, но не и цицачите. Пред 900 илјади години се движел ваму-таму на две нозе некој пред-човек (австралопитек), но првиот човек се појави многу подоцна. Ова звучи прилично уверливо. Животот започна во вода, од едно­ставно градените живи суштества настанаа сите диференцијациии тој синџир се движи од првите едноклеточни организми до нас луѓето.

Но, сега да преминеме на прашањето кое е повпечатливо од било што друго за секој човек. На кој начин високиотживот се развил од нижиот? Какви движечки сили дејствувале? Дали тука сепак имало вмешани прсти на некаков Бог – создавач?

Да!, рече пред четириесет години францускиот палеонтолог Пјер Тејар де Шарден (Pierre Teihard de Chardin). Ништо изненадувачко, бидејќи Тејар не беше само палеонтолог туку и свештеник. Но, денес, кога неговите книги се преведени на сите светски јазици и кога и понатаму се шират, дури ни оние кои веруваат во црквата, ни оние кои веруваат во науката не можат така лес­но да избегнат да не се соочат со неговите идеи.

Што вели Тејар? Еволуцијата навистина се случила токму онака како што на тоа гледаат дарвинистите, но никогаш не била бесцелна.

Токму така – Тејар де Шарден го има воочено планотво развојот на природата и животните, потполно идентично како што денешните фи­зичари – антропоцентристи, следбениците на антропскиот принцип, уочу­ваат плани калибражаво космолошките константи кои се насочени во правец на овозможување на нашата егзистенција. (Мој коментар.)

Меѓу најважните Дарвинови искази спаѓа и оној дека еволуцијата се одржува во сплет на случајни преиначувања на наследството и дека селекцијата (потврдување промени во борбата за опстанок) пресудува дали мутацијата ќе истрае или не.


Нужен дел на целината

Наспроти тоа, Тејар де Шарден ја постави својата прочуена Точка Омега. Според Тејар, таа точка претставува крајна цел на еволуцијата, а на­учникот дури еднаш и формулираше: Точката Омега е идентична со Христос.

И, еве, токму овде се соочив со помот чуден атрактор – во биоло­гијата. Не ми требаше многу да сфатам дека Шарден, многу години пред теоријата на детрминиран хаос и фрактална геометрија на природата, всушност ја согледал состојбата на апсолутна веројатност или најголемаза некои. Кога го воочив ова, неговата книга Феноменот човекведнаш случајноми дојде в раце, па го потврдив она што го претпоставив. Тејар правилно својата точка Омега ја поистоветува со Христос, односно со Бога, бидејќи во неа сè суперпонира. Сепак, Тејар во своето време немал пара­дигма со теоријата на Хаос, па останал несфатен ниту од Црквата, ниту од науката. Неговото тврдење – кое е и најимпресивно во неговата теза и кое вели дека секое живо суштество, па и каменот, се стреми кон достигнува­ње на Омега точката, по што се смирува“ – потполно соодветствува со мојата втора аксиома, која ја изнесов во претходните мои размислувања, според која секој систем произлегува од чудниот атрактор, зема од него онолку интелигенцијаколку што му е потребна за да се оствари себе, за на крајот повторно да се врати во него. Овој мој заклучок, до кој дојдов пред да го прочитам Шарден, беше потполно идентичен, со таа разлика што јас го проширив на сите можни системи, вклучително и времето и просторот, како ултимативно најголема екстензија на брановата функција на Шредингер и нејзиниот колапс, кои во ова мое размислување мора да се интерпретираат нелинеарно. За разлика од Шарден, кој зборува за точ­ка Омега, јас чудниот атрактор го поистоветувам со Алфа и Омегасос­тојбата, а тоа е Христос. (Мој коментар.)

Таквите искази, се разбира, наидоа на многу недоразбирања и одбивања. Католичката црква, каде Тејар служеше како службено лице, го етикетираше и јавно ги забрани неговите книги. Од другата страна, многу дарвинисти се бореа против Тејар. Тие му префрлаа за тоа што на еволуцијата ѝ припишува цел.

За Џозеф Шепах, автор на текстот во П.М., една мисла на Тејар е особено импресивна: Секое живо суштество, па дури и секој камен, активно се стреми кон повисок развој, и се смирува дури откакоа ќе ја постигне Точката Омега’“. Во ваквите мисли, иако нивната точност не може да се докаже, се на­ѕира претчувството дека човекот можеби сепак не е бескуќник на Земјатаили грешка на природата, туку нужен дел на целината.

Па, сепак, со Тејар де Шарден не исчезнуваат од овој свет проблемите поврзани со дарвинизмот, и поради тоа што во неговите книги има толку мно­гу религија, а толку малку наука. Може ли по природен пат да се докаже дека Дарвин е во право, иако до денес сè уште не се најдени неопходните алки кои недостасуваат?

Францускиот биохемичар Жак Моно, кој живееше од 1910 до 1976 го­дина, ја објави книгата под наслов Случајност и нужност, која заслужува нај­големо внимание. За нас е релевантно следното тврдење од таа книга: Селек­цијата, таа проверка на способноста во борбата за опстанок, може да постои и внатре, во самото живо суштество.

Всушност, ова е делумно согледување на организмот како систем со динамична фрактална топологија, но Моно е далеку од оваа идеја. (Мој коментар.)

Моно не кажува ни повеќе ни помалку од ова: организмот не смее да се помири со случајни промени во сопственото наследство; ако тие не се вклопува­ат во неговиот нацрт за изградба на целината, тој може да ги потисне.


Борба за опстанок – и во организмот

Моно понуди уверливо образложение: одредени витални органи, како што се срцето, мозокот или црниот дроб, не можат да се менуваат туку та­ка, без никакви пречки, бидејќи секоја промена го доведува во прашање нивното функционирање. Организмот кој би сакал да си обезбеди надживување (а и на­редно поколение) е во состојба интернода одлучи дали оваа или онаа мутаци­ја се прифаќа или не. Накусо: борбата за опстанок, во Дарвиновата смисла на зборот, се одигрува во голем дел во самиот организам. И, бидејќи со диференција­цијата се зголемува и чувствителноста, Моно претпоставил дека улогата во донесувањето одлука, на планот на внатрешната борба за опстанок, кај чове­кот е многу поголема отколку кај глушецот, а кај глушецот многу поголема отколку кајо скакулецот.

Денес со оваа можност се занимава еден потполно нов правец на истра­жувања. Неговите најмлади претставници – на пример англичанецот Габриел Довер (Gabriel Dover) – одат уште подалеку од Моно. Довер ја поставува хипо­тезата за молекуларен потстрек(molecular drive).

Фала му на Бога! Промените се иницираат од најдлабокото ниво на квантанта суперпозиција, а не на генетско, хемиско или механичко ни­во. (Мој коментар.)

Според неа, во внатрешноста на организмот не се случува само одлука преку селекција – не, организмот од таквата одлука извлекува што е можно по­веќе заклучоци. На пример, долгиот врат на жирафата. Во внатрешноста на организмот, за време на еволуцијата на жирафата, не само што е донесена од­лука дека вратот може да се продолжи, туку и истовремено се водело сметка срцето на жирафата да добие соодветно повеќе можности за црпење на крвта.

Зошто мајмуните се исправиле, па потоа станале луѓе? Затоа што береле плодови? Затоа што користеле орудија, па тоа ги натерало да се исправат? Зошто, едноставно, и ним не им се издолжил вратот како кај жирафите? Очигледно ова нема врска. Одговорот е дека човекот е созда­ден исправен. Од папокот нагоре тој ги фаќаповисоките сфери – духов­ните, а од папокот надолу со него управуваат нижите сфери, односно под­небесието. Самиот папок, односно нивото на соларниот плексус или со­ларната чакра, е земното ниво, односно овој свет кој е заглавен меѓу ра­јот и пеколот. Животните функционитаат на потпапочните нивоа и затоа лазат. Ла – си се последните две ноти од нотната скала и ова совпаѓање не е случајно. (Мој коментар.)

Преку зачудувачки одлуки, истражувачите по Довер подоцна доаѓаат до уште подалекусежни сознанија врз основа на истата хипотеза.

Во секој случај, и Моновата внатрешна селекцијапретставува впе­чатливо помагало во разјаснувањето на начинот на кој природата е во состојба да го премости јазот меѓу два различни вида. Оттука, во врска со внатрешното одбирање, може да се заклучи дека до многу селекциски чекори е дојдено мошне незабележително – а тогаш за час би се појавила сосема нова единка, настаната преку безбројни поместувања, кои конечно би се сложиле во духовна целина.

Е, ова не може да биде токму вака, бидејќи подразбира од јајце на птеродактил да излезе птица, но сепак кумулацијата на веројатносткоја е овде согледана е точна и ова е класичен пример на фрактална топологи­ја. (Мој коментар.)

Овде се наметнува и споредбата со генијалниот писател, кој по години и години внатрешен мисловен труд, за што ни самиот не е свесен, ненадејно, во еден здив, пишува книга, за која подоцна и најострите критичари велат дека е од ист ков.

Да! Ова е книга напишана на таков начин, но јас, нејзиниот автор, не тврдам дека сите овие идеи се плод на мојата генијалност. Тие се или откровение или тешко соблазнение! (Мој коментар.)


 

Илузијата за мазниот проток

И денешните генетичари навистина открија во наследната супстан­ција еден таков манускрипт на животот. Уште од порано се знае дека вкуп­ниот опфат на наследството е далеку поголем одошто е тоа неопходно за нацр­тот на обликување на организмот. Кога молекулите на човековите гени би се наредиле една по друга (додека во клетките се стуткани едни до други), би се добил синџир долг десет милијарди километри.

Денес се знае дека покрај носителите на вистински наледни информа­ции (активнигени) постојат и таканаречени неми гени. Тие содржат шиф­рирани упатства за градба на протеини, само што по тие упатства засега сè уште не се постапува. Оттука извира и важната поддршка на Моновата хипо­теза. Сосема е можно во телото да доаѓа до менување на наследните супстан­ции, а при тоа фактички да не се менува и изведениот нацрт на обликување на организмот како целина. Но, кога во немитегени ненадејно ќе се активираат потполно променети информации тогаш мутацијата (што настанува на таков начин) е несомнено темелна.

Во тој случај, дали без тешкотии би се сфатило како од влекач за час настанува птица, па тогаш одглумениот очај на германскиот палеонтолог Шондеволф би се покажал како сосема неумесен. Глетката на птица која се из­ведува од јајцето на еден влекач тогаш можеби не би претставувала најнормал­на работа на светот, но сепак би било нешто што би можело да се замисли.

Сепак, ова нема да го видиме, а ќе ви објаснам и зошто. Од ова јас­но се гледа дека сите живи организми и нацртитеза нивната градба ег­зистираат во чудниот атракторкако потенцијал. Тоа е еден вид на биб­лиотекаво која сe е депонирано и по потреба се вади и се реконфигури­ра, но ова се одвива толку суптилно што сè што ние ќе видиме ќе биде не­каква, на пример, риба за која сме мислеле дека исчезнала, а која одеднаш се појавува жива и здрава. Како е тоа можно?, ќе се запрашаме.

Замислете еден виртуелен аквариум со црвени и сини рипки кои се размножуваат и се јадат меѓу себе. Системот е така избалансиран што прирастот и загубите се во постојан флуктуирачки баланс, па на вашиот екран нон-стоп се случува динамична слика на уверлив подводен свет. Но, тоа не се риби, тоа се математички функции кои ги генерираат сликите на рибите, просторот, времето и динамиката на виртуелниот живсвет. Ова самото по себе исклучува било каква борба за опстанок, туку само дава флуктуирачки баланс кој ние сме го одредиле со математички параметри, како Богови – творци на нашиот виртуелен аквариум. Оној момент кога ќе одлучиме да внесемеи зелени риби, ние всушност во системот внесува­ме нова променлива. И што се случува тогаш? Целокупниот систем се реконфигурираи се однесува како отсекогаш да постоеле црвени, сини и зелени рипки.

Еден спротивен пример кој покажува дека не постои борба за оп­станок и дека човечките суштества и другите битија се плански распоре­денипо светов е примерот со домашните мачки кои розевитеги донес­ле во Австралија. Имено, австралиската влада сериозно размислува да на­прави потполно истребување на овие домашни животни, кои за многу ку­со време истребуваат цели видови егзотични автохтони австралиски пти­ци. Очигледно, австралиските птици немаат код за одбранаили про­грамапротив домашните мачки, и тешко дека некој од овие видови ќе преживее во следните милион години колку што е потребно, според Дар­вин, за спонтано да создадат одбранбена стратегија. Очигледно, човекот во овој случај креирал вирусво системот, бидејќи неговите акциикако локален набљудувач се ограничени и штетни зашто тој не е творец на системот, туку само дел од него. (Мој коментар.)

Остануваме на доволно цврсто тло кога отстапуваме од тоа сè да објас­ниме како мазен и непрекинат проток, и што се задржуваме само на мутацис­китескокови. Дека овие ги има, длабоко е убеден и значајниот американски ис­тражувач на еволуцијата, Стивен Џ. Гулд (Steven J. Gould) од Харвардскиот уни­верзитет. Гулд е сигурен дека човекот никогаш нема да ја пронајде алката која недостасуваод проста причина што природата никогаш не ја ни создала.

Нормално! Претходниот пример со виртуелниот аквариум. Ова објаснува дека скоковите во еволуцијата се интервенција на Творецот, од­носно на состојбата на најголема апсолутна веројатност. (Мој коментар.)

Според Гулд, еволуцијата, од едноклеточните суштества па сe до чо­векот, никогаш не била тивка, никогаш еднолична, никогаш рамномерна. Таа повеќе личи на движењето на некој автомобил во колона за време на најголем со­обраќаен метеж: тргни, прикочи, тргни, прикочи, итн. Со други зборови: нена­дејни замави во развојот се менуваат со други фази на мирување.


Примерот на беснило

Дали е тоа конечната вистина? За жал, сè уште не. Против Гулд и ден-денес настапуваат дарвинистите, кои од Гулд и неговите приврзаници ба­раат недвосмислени докази. Новиот Дарвин допрва треба да се роди. Но, негова­та задача е веќе јасна. Тој ќе мора во еден надчовечки замав да најде заеднички именител на мноштвото веродостојни факти кои науката ги присвоила од Дарвин наваму.

Како, на пример, можеле да се развијат вирусите на беснило? Овие суштества на границата меѓу живии неживирасполагаат со ѓаволска спо­собност некој цицач или човек да го натераат да им биде во потполна служба. Сите симптоми на болестите наречени беснило имаат само една цел: дома­ќиноттреба да се совлада за на вирусите да им се овозможи понатамошно ширење. Оттука произлегува и последователниот нагон за гризење кај луѓето кога оболуваат од беснило. Оттука е и стравот од погледот во вода. Тоа не мо­же да биде случајно. Германскиот зоолог Адолф Портман (Portmann), ни нај­малку не се двоумеше поврзаноста на беснилото со нагонот на вирусот на бес­нилото за надживување да ја нарече демонска.

Сосема исправно. Сите организми и воопшто системи кои функ­ционираат како вируси, всушност се демонски. Тоа се системи со лине­арен атрактор и тие, за да не се проголтаатсамите себе, едноставно, узурпираат организми кои се во синергија со природата за да ја крадатнивната животна сила. (Мој коментар.)

Слични тешки еволуциски загатки се обидува да одгатне и американ­скиот биохемичар Кристијан Швабе (Christian Schwabe). Поради што во телото на морско куче – сабјарка (кое, како жив фосил, не се менува веќе 500 милиони години), се прашува овој истражувач, се јавува хормонот релаксин, иако оваа за живот неопходна супстанција ја исполнува биолошки содржинската задача само во телата на високо развиените цицачи, значи во животните кои настанале пове­ќе стотини милиони години по настанувањето на тоа морско куче.

Швабе верува: кога пред повеќе од 3,5 милијарди години во тогашната морска вода, необично богата со минерали (во прасупата), се јавиле првите об­лици на примитивен живот, исто така се образувале и севкупните нацрти за обликување на организмите кои подоцна се реализирале еден за друг, претворај­ќи се во живи суштества од крв и месо. Според Швабе, секој организам располага со далеку повеќе наследни информации отколку што му е потребно за облику­вање. Ако се промени средината, за погоден одговор ќе се трага, така да се рече, во библиотека, а потоа ќе се развиваат шкргите, белодробните гради, окло­пот и забите.

Еве, и Швабе го користи истиот термин – библиотека. Важно е да се сфати дека библиотекатане е на генетско ниво, ниту на молеку­ларно, туку во самата нулта точкаили омега точка, или Христос, или крстот, или суперпозицијата на квантумот, или состојбата на чуден атрак­тор, која е потенција на сe. (Мој коментар.)


Конвергентна еволуција

Секако, во поглед на содржината, секој вид не поседува подеднакво богата генетска програма. Имено, секоја праклеткапри одделувањето и поткожору­вањетоможела да ги отелотвори само оние носители на наследни информации кои пливале во нејзина близина. И така, уште на самиот почеток, шансите биле нееднакво поделени. Штом преку новите склопови бил измамен генетскиот по­тенцијал на еден вид, згаснала и неговата способност за прилагодување.

Ова е глупост! (Мој коментар.)

Теориите на Швабе досега сè уште не добиле потврда, но една работа зборува во прилог на тоа дека содржат барем зрно вистина. Денес, имено, се знае дека природата секогаш одново измислуванови органи. За ова забележува­ње постои и стручен израз конвергентна еволуција.

Еве еден пример. Окото настанало повеќе пати (што може и да се дока­же), во различни времиња и на различни места. Истото важи и за крилата, трно­вите и многу други еволуциони новини. Секако, до исти серии на мутации се­кој пат можело случајно да се дојде. Меѓутоа, поуверливо звучи кога ќе поверуваме, заедно со Швабе, дека секој пат се посегало наназад по едно исто начело на градење.

Да! Постои архетип за око или идеално око кое егзистира во нул­тата точка како потенцијал, а актуелните очисе адаптирани на потре­бите на системот. Сетете се на лингвистиката: дивбожествена светлост и видгледање, се инверзно прочитани опозити. (Мој коментар.)

Овде мора да се спомене најбизарниот од денешните правци во истра­жувањето на еволуцијата. Неговите претставници тврдат, ни помалку ни по­веќе, дека наследничките информаци, така да се рече, лебдат во воздухили поточно летаат во воздухот. За да се исклучи заблудата: американскиот нобе­ловец Френсис Крик (Francis Crick) не е приврзаник на овој правец. Тој предизви­ка општо внимание со хипотезата за панспермија, според која никулците на животот узреваат на Земјата од вселената.


Хоризонтална еволуција

Она што сега мора да се разјасни нема никаква врска со вселената. Пред сè: како наследните информации можат да летаат во воздух? Најверојат­но со помош на вирусите кои практично се присутни секаде. Секоја постоечка наследна информација вирусите ја пренесуваат секаде. Така настанува една но­ва хоризонталнаеволуција. Сите новости настанати во текот на еволуција­та на тој начин со брзо темпо се прошируваат по целата Земја. Бидејќи наиз­глед независните видови можат меѓусебно генетски да се поврзаат преку хори­зонтален вирусен синџир.

Глупаво? Напротив. Барем во поглед на бактериите, нобеловецот Вер­нер Арбер (Werner Arber) во меѓувреме докажува дека вирусите се навистина спо­собни да пренесат информации од едно на друго живо суштество. За цицачите и луѓето таков доказ сè уште недостига, бидејќи секое поколение опфаќа многу го­дини, па со оглед на тоа истражувањата траат долго време. Сепак, Вернер Арбер наведува на размислување: Подвижните генетски елементи, кои можат да ги користат вирусите како превозни средства, прават принципиелно нужно еволуци­­јата да се набљудува во пошироко светло.Претпазливоста е, секако, неопходна.

А, зошто да не и преку измет? Ако вие извршите нужда во Скопје и со вашиот измет отиде и еден купваша ДНК по Вардар до Егеј, и ако некоја риба тоа го изеде, за потоа истата да биде изедена од некој јапонски турист на Халкидики и тој одеднаш почне да зборува македонски, веројат­но сме ја пронашле точната материјалистичка каузална врска со методот на редукционистичка дедукција. Простете што сум одвратно саркастичен, но не можам да не се изначудам на перверзните материјалистички обиди за негирање на очигледната нелокалност на сите системи. (Мој коментар.)

Во ваква ситуација ништо не е поупатно од сочекувањето на исходот од хипотезите. Тоа особено важи за последното учење, без чиј приказ овој текст не би смеел да остане. Станува збор за морфогенетнски полиња.


 

Отворено прашање

Во нивното постоење убеден е британскиот биохемичар и физиолог Руперт Шелдрејк (Rupert Sheldrake). Што се подразбира под тоа? Шелдрејк ве­рува дека не се губи ниту едно од искуствата кои живите суштества ги стек­нале во текот на еволуцијата. Сите искуства се собрани во морфогенетските полиња. Тие делуваат не само при расплодувањето, не само на рамни наслед­ства, и не само во подрачјето на животот.

Како илустрација може да послужи еден експеримент достоен за вни­мание, кој заврши со потполн успех. Испитаници од Европа добија задача да на­учат наизуст три песни. Прво една прастара јапонска детска песничка, потоа една современа јапонска песна и, на крај, бесмислена низа од гласови кои само звучат јапонски. Недвосмислен победник: старата јапонска песна. Испитани­ците неа најбрзо ја научија наизуст и таа најдобро им се втисна во помнењето.

Како би требло да се објасни тој резултат? Приврзаниците на Шел­дрејк велат: старата јапонска песна можеше најслесно да се научи само поради тоа што неа веќе ја имале научено толку милиони луѓе, и поради тоа што ис­куствата на тие милиони луѓе се вцврстиле во морфогенетските полиња.

Ова е можеби и најважниот дел од овој текст. Шелдрејк, кој го споменавме и во првиот дел од книгава, е човекот кој јасно покажа дека постои нелокална комуникација. Овде би го навел и експериментот наре­чен Принципот на стотиот мајмун, кој покажа дека штом една група мајмуни во Лондон ги научите на некаква корисна финта, на пример ко­ристење стап за да се дофати бананата, контроланата група во Токио спонтано го учи истото. Ова јасно покажува дека идеите се разменуваат нелокално преку квантната суперпозиција, моментално преку вечноста, а не преку вируси поштари и сл. (Мој коментар.)

Ова излагање се обиде да одговори на две комплексни прашања: 1. Кои делови на Дарвиновото учење и денес се држат сосема добро; и 2. За какви нови претстави во еволуцијата се разговара во рамките на науката. Од друга стра­на, и понатаму останува отврено прашањето кога ќе се појави еден нов Дарвин и што ќе ни каже тој.

Да, Бог постои, но не го разбира ниту Црквата ниту науката. Цир­кусот ќе продолжи уште некое време. (Мој коментар.)

За разлика од првиов текст, кој ги покажува размислувањата на научниците кои се алтернатива на Дарвин, текстот Архитектот на живо­тот или зошто Дарвин (не) е во правое извонредно излагање на автор кој е исклучително упатен научник и експлицитен креационист. Во првиот текст Се бара новиот Дарвин, кој е преведен од Галаксијаи кој е таму објавен 1986 година, може да се насети наклонетоста на уредничката по­литика на списанието кон материјалистичките концепти и покрај тоа што во текстот се негира Дарвин, Бог е сè уште непожелна категорија. Тоа е и нормално, бидејќи текстот е од 1986-тата, кога со СФР Југославија сè уште владееше лут комунизам.

Вториов текст е од 1999 година и, како што ќе видиме, магазинот во тоа време е отворен и за експлицитно теистичките гледишта на овој проблем. Нормално, и овој пат со мои повремени укажувања и комента­ри го нудам и овој текст на проследување:

 

КРЕАЦИОНИСТИЧКА ТЕОРИЈА

АРХИТЕКТ НА ЖИВОТОТ

ИЛИ ЗОШТО ДАРВИН НЕ Е ВО ПРАВО

Директорот на Инститиутот за геонаучни истражувања на Генерал­ната конференција АСД ги објасни основните на креационистичката теорија, која наспроти натуралистичката теорија објаснува зошто за почеток е неоп­ходен интелигентен Творец. Философијата во основа на поголемиот дел на сов­ремената наука претставува продолжен обид на времето на просветеноста сев­купноста на Природата да ја вклучи во системот на објаснувања кој ги наведу­ва само материјалните причини. Погрубо речено, во современата наука доми­нираат поединци кои сакаат да ја исклучат секоја нужност на Божјото делу­вање во Природата. (Еве, уште во предговорот гледаме дека постојат многу луѓе кои го согледуваат планетарниот заговор за елиминација на Бог. Раз­ликата од човек до човек е во разбирањето на големината на овој заговор и тежината на последиците од него; – мој коментар.) Се надеваат дека ќе го отстранат Бог објаснувајќи ја Природата со помош на природните закони. Философијата која стои зад тоа се нарекува натурализам, а науката примен­лива во таа смисла може да се нарече натуралистичка наука.

Пишува: Џим Гибсон

Натуралистичката наука даде значајни успешни резултати предла­гајќи објаснувања на природните феномени, кои ги подразбираат само матери­јалните услови. Бројни природни феномени, од интеракцијата на атомските честички до експлозијата на суперновата, можат да се објаснат со помош на природните закони. Меѓутоа, некои најосновни проблеми не можеа да се објас­нат натуралистички. Меѓу нив, прашањето за настанок на животот е еден од најочигледните и најупорните проблеми. Дарвин го избегнуваше ова прашање, иако приватно се занимаваше со можноста за појава на живот во некоја малеч­ка топла бара. Значителен број научници од денешново време се занимаваат со проучувања, настојувајќи на тој начин да го решат основниот проблем, што се­како создава мноштво шпекулации. Но, проблемот како да не е поблиску до ре­шението одошто беше во времето на Дарвин. Впрочем, колку повеќе ја осознава­ме сложеноста на животот, толку потешко го објаснуваме неговиот почеток.

Овде би било корисно да се посветиме на една точка. Научниците чес­то откриваат како се врши некоја органска функција. Тие се во состојба да ја опишат таа функција со помош на физичките и хемискитезакони. Поаѓај­ќи од таму, можат да паднат во искушение и да заклучат дека веќе нема ни потреба за објаснување. Сепак, креационистите не се изненадуваат кога биомо­лекулите ги следат правилните обрасци на однесување кои ние ги нарекуваме природни закони.

Алтернативата би била да се верува дека биомолекулите на извесен на­чин поседуваат дополнителни и мистични својства. Тоа е облик на витализам, а креационистите ги отфрлаат таквите идеи. Меѓутоа, кога некој настан го опишуваме со помош на природните закони, ние само го опишуваме, но не го об­јаснуваме. (Апсолутно точно. Ова го тврдам и во оваа книга, независно од авторот на тексот; – мој коментар.) Ние немаме никакво објаснување за при­родните закони: тие се само објава на нашето непознавање на каузалитетот над тоа ниво. Кој може да го објасни постоењето на силата на тежа, електро­магнетната сила, итн.!? Препознавањето на природните закони кои го опишу­ваат однесувањето на живите организми и објаснувањето на настанокот на животот се две потполно различни работи. Сите наши познавања во областа на клеточната хемија не ни објаснуваат ништо за настанокот на клетката.

Оваа студија се осврнува на природата на потеклото на животот и ја опишува современата мисла во врска со тој предмет. При тоа треба да се има­ат на ум две прашања: а) можат ли научниците да произведат живот во лабо­раторија? б) може ли животот да настане спонтано, без некои интелигентни намери? Не би било мудро да тврдиме дека одговорот на второто прашање е позитивен сe додека одговорот на првото прашање е негативен. Имајќи го ова на ум, во понатамошниот текст ќе ги разгледуваме различните проблеми.

 


Својства на животот

Воопшто не е лесно да се дефинира животот: неопходни се барем три услови да се опише животот каков што го знаеме. Живиот организам изискува граница меѓу себе и своето опкружување; тој ја користи енергијата која извира од неговата околина за да створи материјал што го образува неговото тело; на крај, тој се репродуцира. Границите обично ги сочинува мембраната: значи таа мембрана може да се смета за неопходен услов за живот. Користењето енергија изискува метаболистички систем, вклучувајќи голем број исклучително спе­цифични ензими, распоредени во простор во вид на соодветна конфигурација и меѓусебно одвоени со мембрани, за да се воспостави високо организиран реак­тивен систем.

Репродукцијата бара дополнителна низа на ензими и низа на нуклеин­ски киселини. Производството на материјал неопходен за тие процеси изискува и извор на информации и систем на толкување на тие информации за да се кон­вертираат во клеточна активност. Предизвикот при објаснувањето на потекло­то на животот се гледа во следното: да се биде во состојба да се објасни како секој од тие системи можел спонтано да се појави заради формирање жив организам.

Тешкотии околу овој проблем се умножуваат кога ќе согледаме колку елементи се потребни за постоење на живот. Наједноставната клетка, myco­plasma genitalium, поседува околу 500 гени. Потпирајќи се на големината на тој организам и другите простигеноми, проценуваме дека се потребни најмалку 250 гени за да се појави денешниот облик на живот, додека првобитните форми на живот би се задоволиле и со 128 гени. Под претпоставка дека тоа е бараниот минимум, отсуството на било кој од тие гени би значело дека животот е не­можен. Протоклеткаталишена од само еден неопходен ген би имала повеќе живот од изолираниот протеин. Со оглед на тоа дека не постои функционална разлика меѓу протоклеткаталишена од суштинскиот ген и некои други ли­шени од 100 суштински гени, природната селекција не може да влезе во игра за да фаворизира преживување на едни за сметка на други. Случајот и природни­те законисе единствените услови кои овозможуваат да се даде материјалис­тичко објаснување на потеклото на животот.

Кога веќе зборуваме за случајот, да потсетам на зборовите на тат­кото на теоријата на случајни броеви, Анри Поанкаре, кој вели: Теорија­та на случајни броеви е една таква неслучајна работа која не смее да се препушти на случајот.Очигледно Поанкаре го насетил имплицитниот ред и со оваа реченица тоа го сугерира. (Мој коментар.)


Етапи на појави на живот

Во овој момент научниците не се во состојба да произведат живот во лабораторија. Дури и кога би можеле, тоа не докажува дека животот може да се појави без Творец. Всушност, кога условите неопходни за појава на живот би биле доволно строги (се чини дека токму тоа е случај), би можело да се каже де­ка потеклото на животот, судејќи по сè, бара интелигентен Творец. Сепак, до­колку се сака да се заклучи дека живот може да се појави без Творец, треба во ла­бораторија да се докаже како тоа можело да се случи. На тој начин, прашањето за потеклото на животот може да се набљудува од аспект на содзавањето на живот во лабораторија.

Потребни се многу хемиски компоненти за да се произведе жива клет­ка. Тие компоненти опфаќаат молекули на фосфолипид за клеточната мем­брана, протеини кои служат за чување и пренос на информации. Тие молекули, од своја страна, се составени од поситни елементи. Фосфолипидите се составе­ни од мрсни киселини, глицерол, фосфат и разни други состојки. Протеините се составени од аминокиселини. Нуклеинските киселини се составени од ше­ќер, азотни бази и фосфат.

Ако сакаме да создадеме живот, мора да отпочнеме со создавање на ма­ли молекули. Потоа, мора да ги здружиме малите молекули за да произведеме големи биомолекули. Следната фаза се состои во распоредување на големите биомолекули во реактивни комплекси и меѓуклеточни одделки. Откако тоа ќе се направи, мора да се отпочне со хемиски реакции, но така тие да не постиг­нат своја рамнотежа, туку да произведат непрекинат тек на енергија низ клетката, материјал потребен за таа клетка и за новите клетки.

Запаметете го ова и споредете го со подоцнежниот исказ на авто­рот, кога ќе зборува за хемиската нерамнотежа. (Мој коментар.)

Многу научни публикации го опишуваат успехот на различните хе­миски реакции кои се сметаат за важни за постанок на животот. Читатели­те можеби се импресионирани од остварениот напредок во разјаснувањето на потеклото на животот. Но, поголемиот број на тие извештаи подразбираат прецизни и грижливо контролирани лабораториски експерименти, кои не соод­ветствуваат на појавата на живот во предбиотичкиот свет. Наместо да да­дам преглед на тие експерименти, јас едноставно би ги опишал главните хипо­тези во поглед на постанакот на животот, а потоа би испитал некои од проб­лемите кои му пречат на секој натуралистички обид за објаснување на потек­лото на животот.


Хипотези за потеклото на животот

Предложени се три основни хипотези за објаснување на потеклото на животот. Прва од нив е хипотезата за првобитна супа. Нејзината суштина е во замислата дека органските состојки се концентрирани во предбиотички океан. Молекулите на овој или оној начин се произведени во атмосферата, или стигнале од космосот преку честичките на прашина или на кометите. Глав­ниот успех на хипотезата првобитна супабеше експерименталното произ­водство на аминокиселини и азотни бази поаѓајќи од гасовита смеса.

Варирајќи ги гасовите во таа смеса научниците успеваа да ги произве­дат речиси сите аминокиселини неопходни за живот. Тоа охрабри извесни на­учници да мислат дека протеините се првите произведени биомолекули и дека животот се развил од таа појдовна точка. Меѓутоа, не беше направен никаков значаен напредок подалеку од тоа, така што поголемиот број научници ја на­пуштија оваа хипотеза. Не беше возможно да се произведат протеини, а дури и да можеше, тое не би било од никаква полза за оваа теорија, бидејќи проте­ините не можат да се репродуцираат.

Втората хипотеза припаѓа на светот на РНК(РНК – рибонуклеин­ска киселина). Тука се смета дека животот се појавил со нуклеинските кисели­ни. Извесни рибонуклеински киселини можат да послужат како ензими во хе­миските реакции, па некои научници беа на мислење дека таквите рибозо­миможат да послужат како ензими за чување на информации. Оваа концеп­ција овозможува, преку елинимирање на една етапа во производниот процес на животот, да се остварат две цели одеднаш.

Меѓутоа, експерименталните резултати силно се спротивставуваат на таа теорија. Рибозата, еден вид на шеќерот, може да се произведе од формал­дехид, но неговата количина е премногу мала за да биде корисна и е преплавена од големата разноликост на другите производи. Можат да се произведат азот­ни бази, но не во услови кои би одговарале на предбиотичката Земја. Фосфати­те се речиси нерастворливи во присуство на калциум, а океаните изобилуваат со калциум. Ниедна од компонентите на РНК не може да се произведе во по­требната количина под условите прифатливи за предбиотичката епоха. Нас­проти бројните експериментални докази кои и противречат, хипотезата за светот на РНКостанува најпопуларна при објаснувањето на потеклото на животот од натуралистичко гледиште. Тој факт открива до која мерка духот на научникот може да биде насочуван од философските размислувања.

И не само философски. Редукционистичката парадигма наспроти холистичката е важечка и институционализирана парадигма, па духот на научникот е под пресија на сеопштиот конформизам! (Мој коментар.)

Третата хипотеза вели дека животот започнува како низа на хемиски реакции на минерална површина, каква што е површината од глина или пи­рит. Бројни биомолекули имаат негативно наелектризирана површина и се привлечени од позитивно наелектризираната површина на хидроксид металот. Тоа привлекување создава концентрација на биолошко важните молекули на минералната површина. Некои експериментални докази покажаа дека на так­ви минерални површини можат да се произведаат интересни реакции. Под од­редени услови нуклеотидите можат да образуваат синџири со дури 55 единици.

Меѓутоа, експерименталните услови не се соодветни за предбиотич­ката Земја, така што повеќето научници се скептични кон оваа хипотеза. Еден од проблемите се гледа во тоа што водата на океанот поминува низ хид­ротермички отвори, каде што високите температури би можеле да ги униш­тат сите присутни биомолекули пред да постигнат значајна концентрација. Има и други проблеми, како што е неверојатноста дека таков систем на хеми­ски реакции се образува на отворена метална површина, или како што е веро­јатноста дека неговото уривање е резултат на реакции со други хемиски про­изводи, дури и кога споменатиот систем би успеал да се формира. Научно гле­дано, хипотезата за првобитната пицане е баш толку вкусна!


 

Нерешени проблеми кои се однесуваат на потеклото на животот

Сите напори да се објасни потеклото на животот наидуваат на пове­ќе заеднички проблеми. Дури само еден од нив е доволен да ја доведе под сомнеж идејата дека животот може спонтано да

Последно освежено ( Четврток, 20 Мај 2010 13:27 )
 
Коментари (4)
Odlicna debata
4 Понеделник, 03 Февруари 2014 23:38
Vladko Trencov
Na ovaa tema retko se organiziraat debati, a i na slicni temi, a toa e zalosno. Vo skolo ne ucat za odredeni dogmi, so koi ni perat mozokot. Darvinovata teorija e totalna i neosnovana izmislica. Ne postoi nieden, apsolutno nieden dokaz koj ja potvrduva. Samiot Darvin ja negiral pred smrtta. Samo od zivo moze da nastane zivo. Sekoj organizam e vdahnoven od Boga, so svoj DNK kod i kletocna struktura. Edna muva moze da ima razni podvidovi ( so golemi krila, golema, mala, sharena, otrovna itn) no nikogas, pod nikakvi uslovi duri ni vo sovremenite tehnologii za genetski modifikacii, taa muva ne moze da stane pajak, peperutka, vilinsko konjce ili drug ponapreden vid. Vo naukata ne se poznati pozitivni mutacii, tuku samo negativni. Darvinovata teorija vredi da se analizira, no ne i da se prifati.
Не за шест дена...
3 Петок, 08 Април 2011 11:45
Franz
Исто така, (како додаток на коментарот):
Освен трите врховни сефири кои го симболизираат Тројството, има уште седум.
Darvinizam
2 Четврток, 20 Мај 2010 12:32
Pro
Сметам дека во современиот свет веќе не е најважно тоа дали веруваме дека животот се развил преку еволуција или е создаден од бог. Живееме во време кога треба да ни бидат најважни оние работи кои се во опасност од исчезнување, а тоа се слободата и толеранцијата. Најважна работа е секој да има слобода да верува во што сака, а следно е да не ги осудуваме оние кои мислат поинаку и кои веруваат во нешто друго, кои се различни од нас.
darvinizam
Среда, 30 Јуни 2010 09:43
edni makedonci
Почитуван пријателе, ви благодарам за коментарот, но морам да посочам дека атеизмот е официјална доктрина во секоја секуларна дрѓава. Ние сме атеистички обликувани усте од градинка па до постдипломски студии. Бог мора сами да го откриваме а со него паралелно и конспирацијата која има за цел - атеистичка планета ! Се слоѓувам апсолутно со вас дека слободата на исбор е од Боог дадено право на човекот . Тоа е и каѓано во новиот завет каде што Исус вели - Кој хули на Отецот и на Синот ке се прости но кој хули на Светиот Дух - нема да се прости ниту на небото ниту на земјата. Светиот Дух или божествената креативна инспирација може да се попречи преку ограничувањето на правото на избор а тоа е хула на светиот Дух. Затоа Бог не го узурпира правото на атеистот да биде атеист, но атеистот го узурпира правото на религиозниот да биде религиозен. Тоа е најизразено преку образованието во кое децата немаат право да изберат помегу овие опции, туку имаат само една - Дарвин.
DARVINIZAM
1 Понеделник, 03 Август 2009 08:24
Vladimri Naumoski
Sosem se soglasuvam.... i sekogas hemijata vo mojot mozok ne mozela da ja prifati Darvinovata teorija. Nie kako poseben vid nemame nikakva vrska so majmunite. Nie sme tuka bukvalno kako nekoj da ne poseal.....

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: