English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Кој го создал човештвото - Прв дел Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Administrator   
Понеделник, 28 Септември 2009 08:07

Кој го создал човештвото?

 


Прв дел

Дваесет и пет годишниот службеник во заводот за патенти со име Алберт Ајнштајн, 1905. година, со еден потег потолно го уништил 200 години постоечкото уверување дека Исак Њутн го знаел сето она од физиката што можело да се осознае. Во својот труд на само неколку страници, Ајнштајн испратил во пензија голем дел од тогашната “реалност“. А  во таа 1905. година, отфрлањето на Њутн одекнало исто онолку громогласно како и рушењето на Берлинскиот ѕид во поново време.

Сега, во денешно време, на уште една голема и добро позната научна “вистина“ и се заканува архивирање на правливите полици на историските заблуди и само е прашање на моментот кога ќе се појави некој нов Ајнштајн и ќе предизвика уште еден научен преврат. И токму онака како што се случувало 1905, секој денешен  “светски стручњак“ умира од смеење дури и на благо наговестување дека фактите за кои се држи како пијан за плот би можеле да бидат доведени во прашање. А ако фактите се навистина критериум – што би морало да претставува константа во науката, иако во практиката тоа многу често не е случај – на теоријата на Чарлс Дарвин за природната селекција и се заканува изумирање.

Треба да се има на ум дека не е секој кој ја доведува во прашање еволуцијата по автоматизам креационист кој верува во библискиот постанок. Дарвинистите сакаат своите противници вербално да ги намачкаат со катран и да ги покријат со пердуви, со оглед на приличниот апсурд на креационистичката догма. Тешко е да се расправа со креационистите, со оглед на тоа дека тие не отстапуваат ниту од очигледно погрешните и недоволни делови на својата аргументација, на пример, буквалната интерпретација на “шестдневното создавање“ на светот. Се разбира, некои од нив се обиделе да завземат поразумен став, но тоа малцинство е невозможно да се забележи и слушне во огромното, бучно мнозинство на оние многу поисклучивите.

Од неодамна во научната арена стапи една нова група, далеку пообразувана од типичните креационисти. Таа група развила теорија наречена интелигентен дизајн (понатаму ИД), во чиј прилог оди неочекуваното изобилство на научни доказни факти. Заговарачите на ИД своеволно се откажале од своите креационистички корени, инсистирајќи дека, со оглед на тоа дека животот дури и на најосновното ниво е толку неверојатно и непојмливо комплексен, не можел туку така “едноставно да настане“, како што тврдат дарвинистите.

 

Наука без ракавици

 

Всушност, догмата дека “животот некако се формирал од органски молекули“ е речиси исто толку апсурдна како и онаа дека “се е создадено за шест дена“. Заговарачите на ИД го сфатиле и искористиле тоа, но исто така истакнале дека се настанало или од божја рака (какво име и да носи тој Бог) или “со сретства на надворешна интервенција“, што укажува на кого се обложуваат овие луѓе. “Надворешна интервенција“ е привиден еуфемизам за Знаете Веќе Што (со извинување до Џоана Роулинг која во Хари Потер главниот негативец чие име не смее да се изговори го нарекува Знаете Веќе Кој. Идејата дека луѓето можеби ги создале вонземјани им е толку непојмлива и одвратна на официјалната наука и на религиите што дури не сакаат ни да ги именуваат).

Буквално секој научник вреден на својот докторат ќе инсистира дека еволутивниот процес почива во суштината на сите животни облици и процеси на Земјата. Под “еволуција“ подразбираат цел арсенал евентуални интерпретации кои би можеле да објаснат на кој начин, во текот на огромни временски периоди, едноставните организми можат да се трансформираат во многу комплексни организми. Таа широка дефиниција и нуди на науката како целина доволно простор за маневрирање и трагање по вистината за еволуцијата, што е нејзина божемна цел. Меѓутоа, помеѓу поединечни научници тој ист широк опсег значи дека никој не е претплатен на вистината, што отвора големи можности за жестоки, убиствени расправи.

Во Дарвиновиот случај, тие расправи биле загушени уште во стартот. Точно или погрешно, неговата теорија и послужила на една далеку повисока цел од простиот предизвик на начинот на размислување за животните процеси од страна на тогашната наука. Обезбедила нешто што на секој научник му е очајнички потребно: силна спротивност на интелектуалните бесмислици кои допирале од проповедалниците на секоја црква, синагога и џамија ширум светот.

Многу пред раѓањето на Дарвин научниците биле уверени дека Бог не ја создал Земјата, ниту било што друго во универзумот за буквално шест дена. Но, доколку јавно го искажале тоа, би биле подлегнати на ист вид цензура која се јавува и денес кога некој ќе се дрзне отворено да ја доведе во прашање теоријата за еволуција. Догмата е догма во секоја генерација и епоха.

Дарвиновиот меден месец со перјаниците на тогашната наука бил релативно краток. Траел само онолку време колку што им било потребно да разберат дека се на се, она што Дарвин им понудил било контура на шумата од идеи со кои само со општи термини  ја објаснувал широката распространетост на животот. На неговата шума и недостасувале конкретни, опипливи дрвја. Дури и кога тој концепт е кристализиран како “природна селекција“, терминот “опстанок на најјаките“ е создаден за да им се објасни концептот на лаиците. Кога мнозинството од јавноста станало убедено  дека еволуцијата е легитимна алтернатива на креационизмот, науката ги симнала ракавиците. Меѓусебното боксирање започнало точно по повод дрвјата кои ја сочинувале Дарвиновата шума.

 

Ќе биде, ќе биде...

 

Со тек на време, научниците ја расчлениле оригиналната Дарвинова шума на различни дрвја. Тоа расчленување било широко и длабоко и бројни дрвја страдале од рацете на самите научници. Наспроти таквото изретчување, шумата останала силна и исправена. Се дошло до тоа дека на некој начин, на дело е природна сила која управува со сите аспекти на протокот и промената на животот на Земјата. Тоа е научна мантра која секој научник побожно ќе ја отпее при средба со секој креационист – а од неодамна и со заговарачите на ИД – кој се обидува да го доведе во прашање скапувањето на едно или повеќе дрвја од дарвиновата шума, кои стануваат се поочигледни.

Дури и Дарвин сметал дека податоците од неговото време не обезбедиле несомнени докази дека неговата теорија е исправна. Посебна мака му претставувало отуството на “преодни видови“ во фосилните наоди. Тие му биле потребни да докаже дека, во текот на огромниот временски период, видовите навистина постепено се трансформирале во други “повисоки“ видови.

На овој начин, теоријата на еволуцијата била присилена да брани еден од своите темели, а повеќе од 150 години подоцна сеуште помеѓу фосилните остатоци не се пронајдени јасни преодни видови.

Од причина што ова е еден од најранливите делови  на Дарвиновата теорија, креационистите со големо уживање непрекинато го напаѓаат, што ги натерало научниците повремено да истакнат некои од своите членови кои се обидуваат да ги смират страстите. На нивна жалост, секој откриен случај на “алката која недостасува“ се покажал како лош фалсификат и несомнена измама. Но, научниците не се заплашени од разоткривањето на измамниците во своите редови. Тие нивните постапки ги сметаат за оправдани зошто, како што инсистираат, сеуште не поминало доволно време во тој куп од најчесто некомплетни фосилни наоди, да го пронајдат токму она што им е потребно.

Вистината е дека недостасуваат некои многу долги фосилни линии, но многу повеќе се оние кои се добро документирани. Тие биле ригорозно истражувани последниве 150  и повеќе години, но залудно. Во било кој друг случај, трагата долга преку 150 години која води во слепа улица би укажала на погрешен пристап кон проблемот. Но, не и кога е во прашање официјалната наука. Научниците безгрижно продолжуваат напред, убедени во апсолутната исправност на својата мисија и уверени дека нивната недостапна “алка која недостасува“ ќе биде пронајдена под следниот одалечен камен. Порано или подоцна, веруваат тие, некој член на таа научна заедница ќе ја пронајде и се убаво ќе се склопи во хармонично созвучје.

 

Ти раскажувам приказна

Растенијата и животните еволуираат, зарем не? Во ред, но како еволуираат?

Низ постепени, но константни промени предизвикани од притисокот за прилагодување во нивната околина што создава физички модификации кои опстануваат доколку се корисни и погодни.

На кои постепени промени се однесува тоа?

Со време, кај секоја популација на растенија или животни се јавуваат случајни генетски мутации. Повеќето од тие мутации не се штетни, некои ќе имаат неутрален ефект, а некои ќе претставуваат селективна предност колку и да изгледа мала или навидум неважна.

Навистина? Но, зарем глобалната популација со својот моќен генетски потенцијал нема да ги абсорбира и потполно да ги разблажи дури и поголемите промени? Зарем малата промена нема брзо да исчезне?

Веројатно да. Но, не во сите изолирани сегменти на глобалната популација. Изолираната група ќе има прилично помал збир на гени, па позитивните мутации ќе имаат далеку подобри шанси да го пронајдат своето постојано место помеѓу веќе постојаниот збир гени.

Навистина? Што ако се воспостави позитивна мутација во изолираната група, а тогаш таа изолирана група на некој начин се врати помеѓу главната популација? Пуф! Мутацијата ќе биде апсорбирана и ќе исчезне, зарем не?

Можеби. Ајде да се осигураме дека изолираната група нема да се врати помеѓу главната популација се додека вкрстувањето не постане можно. Како ќе направиме такво нешто? Ќе поставиме планински венец помеѓу двете групи, доволно висок да биде невозможно да се премине.

Ако е невозможно да се премине, како воопшто изолираната група стигнала таму каде што се наоѓа? А ако се запрашаме како е изолираната група изолирана, ајде да се запрашаме и каков вид на мутација би бил апсорбиран? Одговорот би бил: мали, апсолутно случајни промени во основните парови на ниво на гени.

Навистина? А зошто не на ниво на хромозоми? Зарем промената на ниво на основниот пар  не би била премногу мала да предизвика било каква значајна промена? Зарем мутацијата не би морала да биде барем на ниво на хромозоми за да биде забележана?

Кој го вели тоа? Промената на нивото веројатно би била одвишок, нешто што организмот не би го толерирал. Можеби премногу ги истакнуваме мутациите.

Во ред. А, што е со притисокот на околината? Што ако видовите одненадеж се најдат во ситуација на преживување во значително изменета околина? Во околина во која или ќе мораат да се адптираат на новите околности или ќе изумрат? Како ќе се адптираат? Дали едноставно ќе се натераат себеси преку ноќ да стекнат подебело крзно, појаки мускули или посилна градба?

Тоа звучи како мутацијата да имала значајна улога. Мутација? Во ред, а како тие учествуваат во сето тоа?

 

Вистината е таму некаде

Оваа игра на интелектуален предизвик и ситничарско парирање трае без прекин и оди до детали кои почнуваат да ги мачат и просечните умови. Неодарвинистите секојпат се за чекор пред традиционалните дарвинисти. Квантните еволуционисти ја преуредуваат работата на оние кои ја поддржуваат теоријата за периферна изолираност. Математичарите прават модели на стоп мутациите и селективните сили на кои биолозите не им веруваат. Генетичарите немаат премногу полза од палеонтолозите, кои цврсто се држат за своите копачи. Цитогенетичарите се трудат да пронајдат ниши долж генетските погодности. Популациските генетичари користат математички модели кои ги предизвикуваат палеонтолозите и систематичарите. Социобиолозите и еволутивните психолози се борат да направат место за своите идеи. А сите заедно изведуваат мозочен танц со елегантна форма и исклучителна симетрија.

За новите податоци се дискутира, се пишува, се критикуваат, повторно се опишуваат, па повторно се критикуваат. Тоа е градација на дело која ги обликува, повторно и повторно ги преобликува податоците доколку е тоа неопходно, се додека новодобиените податоци не се вклопат совршено во постоечките парадигми на било која научна област. Да се направи тоа на некој друг начин значи дека сте се претплатиле на потполно отфрлање и на лавина од критицизам.

Овој мачен систем на “еднакво разгледување“ е начинот на кој независните мислители помеѓу научниците секогаш можеле да бидат држени под контрола. Дарвин бил аутсајдер се додека не упаднал во клубот благодарејќи на  чистата но многу впечатлива брилијантност. Службеникот во заводот за патенти Алберт Ајнштајн ја направил истата работа. Од друга страна, Алфред Вегенер бил германски метеоролог кој 1915. година ја поставил теоријата за тектонските плочи. Заради тоа што се дрзнал да удри врз егото на “авторитетите“ надвор од своето научно поле, бил присилен да гледа како неговото брилијантно откритие го погребува лавина од злобен критицизам и го фрла во заборав во текот на наредните 50 години. Секој научник кој учествува во оваа игра добро знае какви се правилата, а само ретки поединци се осудуваат да ја фрлат ракавицата на предизвикот.

Рестрикциите помеѓу научниците се сурови, но постојат заради многу одредена причина. Тие работат на самите граници на знаењето, од каде што погледот може да биде секаков – од збунувачки до совршено застрашувачки. Оние кои го проучуваат процесот на животот на Земјата мораат да се носат со спознанието дека за изненадувачки голем број видови воопшто нема причина да постојат на оваа планета. Во некои случаи, не би ни требало да бидат тука. А, сепак се тука, во добро и зло, а примерите на тоа зло мораат да се сокријат или барем да се прикријат за да не се вознемири јавноста. Но, без разлика на тоа колку често фактите се извртуваат, податоците се прикриваат, а реалноста се негира, вистината постои таму некаде.

 

Појавата на питомите растенија

култивирано (питомо) и диво жито

 

Постојат два основни вида растенија и животни: диви и питоми. Дивите, според бројот, далеку ги надминуваат питомите, што може да претставува објаснување зошто поголем дел од истражувањата се одвиваат врз дивите форми. Но, можеби научниците се воздржуваат да се позанимаваат со питомите видови затоа што она што го пронаоѓаат обично е многу, многу далеку од прифатената парадигма за еволуцијата.

Се верува дека речиси сите питоми видови на растенија се појавиле пред околу10 000 – 5 000 години и тоа така што различни групи се јавувале во различни делови на светот во различно време. Првобитно, помеѓу останатите вариетети, во т.н. област на Плодната полумесечина – денешни Ирак, Сирија и Либан, се појавиле пченицата, јачменот и мешунките. Подоцна, на Далечниот исток, никнале пченицата, просото, оризот и јамот (слаткиот компир). Уште подоцна, во Новиот свет се појавиле пченката, пиперката, гравот, тиквата, доматот и компирот.

Многу питоми видови имале претци помеѓу дивите растенија, но другите – како поголемиот дел од вообичаените видови зеленчук – немале познати претходници. Но, кај оние кои имале, како дивата трева, житарките и цереалиите, потполна мистерија е како се претвориле во пченица, јачмен, просо, ориз...

Ниеден ботаничар не може убедливо да објасни како дивите билки ја поттикнале појавата на питомите. Овде акцентот е на зборот “убедливо“. Ботаничарите не се воздржуваат да расправаат за хипотетичко сценарио според кое неолитските фармери (периодот на новото камено доба) некако сфатиле како да ги вкрстуваат дивите треви, житарките и цереалиите, што апсолутно немало сличности со  Грегор Мендел, голем научник кој го вкрстувал грашокот за да го сфати механизмот на генетското наследување. Сето тоа звучи така едноставно и логично, што речиси никој надвор од научните кругови не се ни обидел да ја истражи оваа приказна малку подетално. Грегор Мендел не се обидувал од грашокот да добие било што друго, освен грашок. Создал, додуша, низок грашок, грашок со различни бои, но тоа секогаш биле стебленца на грашок кои раѓале грашок. Од друга страна, фармерите од новото камено доба кои само што ги напуштиле своите пештери, некако успеале да ги трансформираат дивата трева, житарките и цереалиите така да раѓаат свои питоми “роднини“. Дали е тоа возможно? Само ако во прашање била цела сезона на чуда!

Всушност, морала да се случи цела серија на безбројни мали чуда во сколп на двете големи категории на чудата. Првата категорија е онаа во која дивите треви, житарките и цереалиите биле потполно бескорисни за човечка употреба. Семето или зрната биле излудувачки мали – со големина на денешните кристали на ситната сол или зрнца на мелен бибер – со што вештината на прстите на тогашните луѓе не била во можност да се избори. Семките и зрната биле исто така многу тврди, налик на малечки лушпи од орев, па било невозможно да се претворат во било што погодно за јадење. На крајот, нивниот хемиски состав е креиран за исхрана на животни , а не на луѓе.

 

Од 1837!

Значи, дивите вариетети биле премногу мали, премногу тврди и во нутриционистичка смисла апсолутно неодговарачки за луѓе. Морале значително да ја зголемат својата големина, значително да ја омекнат текстурата на плодовите и да извршат генерален ремонт на својот состав на молекуларно ниво – што претставува повеќе од голем предизвик дури и за денешните ботаничари, а камо ли за неолитските фармери.

Наспроти овие наизглед невозможни цели, современите ботаничари се убедени дека првите полјоделци имале се што им било неопходно да го постигнат тоа: време и трпеливост. Во текот на стотици години селективно вкрстување, тие свесно ја носичиле генетската трансформација на неколку десетини  растенија за кои ќе се испостави дека се најкорисни за луѓето. А како го постигнале тоа? Едноставно со удвојување, утростручување и учетворостручување на бројот на хромозомите кај дивите вариетети! Во неколку случаи се надминале самите себеси! Питомите пченица и овес од дивиот предок кој имал 7 хромозоми го одгледале до денешните 42 хромозома, што е експанзија со фактор шест. Шеќерната трска од 10 хромозоми на предокот е претворена во денешното генетско чудовиште со 80 хромозоми – што е фактор осум. Хромозомите на растенијата како што се бананите или јаболките, на пример, зголемени се за фактор два и три, додека кикириките, компирот, тутунот и памукот се зголемени за фактор четири. Тоа не е којзнае колку запрепастувачки иако звучи така, зошто многу диви цветни растенија и дрвја имаат повеќекратни збирови на хромозоми.

Тоа не доведува до она кое Чарс Дарвин го нарекувал “гнасната мистерија на на цветниците“. Врз основа на фосилните наоди заклучено е дека првото цветно растение се јавува пред 150-130 милиони години и дека потоа се размножило во 200 000 познати видови. Но, никој не може да го објасни нивното присуство, со оглед на тоа дека не постои врска со било која форма на растение кое би им претходело. Дали на Земјата ги донеле готови Знаете Веќе Кој? Ако е така, тогаш се доведени со веќе всадена особина на развивање повеќекратни збирови на гени, а неолитските фармери некако ги пробиле кодовите кај оние билки кои на луѓето им биле најкорисни.

На кој начин и да се пробиени кодовите, огромната експанзија на генетски материјал во секоја клетка кај питомите вариетети предизвикала далеку повисок раст во однос на нивните претци. А како растеле, така и нивните семиња и плодови станувале поголеми, забележливи и поедноставни за манипулација на човечките прсти. Семињата и плодовите истовремено омекнале до ниво кога можеле  да се мелат, варат и консумираат. И нивниот хемиски состав на ниво на клетки симултано е изменет доволно, за овие растенија да послужат за исхрана на луѓето. Единствен збор со кој ова достигнување би можело барем приближно да се опише е: чудо.

Се разбира, зборот “чудо“ имплицира дека всушност постоела шанса таквата комплексна манипулација на природата да може да ја изведе примитивниот човек на територија од осум географски области во текот на 5 000 години. Ова е приказна за лекомислени, зошто во секој случај, во секоја област, некој морало да се загледа во дивиот растителен предок и да замисли што би постанало од него за неколку илјади години. Тогаш тој некој би морал да обезбеди неговата визија да се пренесува од колено на колено безброј генерации кои би морале дисциплинирано да се посветат на садењето, жетвата, одбирањето и вкрстувањето на овие диви растенија од кои не добивале никаква храна за време на својот живот, но кои би можеле да ги прехранат нивните далечни потомци во уште подалечната иднина.

Тешко е да се измисли поневеројатно и поапсурдно сценарио од ова, а модерните ботаничари повторно инсистираат на него и се држат за него како за евангелие со жар кој би посрамотил многумина и помеѓу шестдневните креационисти. Зошто? Затоа што соочувањето со толкав апсурд креационистите би ги натерало, во потрага по некое пологично и поверодостојно објаснување, да се свртат кон Знаете Веќе Кому.

За да се припитоми диво растение без вештачка (генетска) модификација, би морало да биде модифицирано со директно вкстување, што е возможно само преку работа на човекот. Така равенката е крајно едноставна. Прво: дивиот предок на голем број (но не и на сите) питоми растенија е очигледен. Второ: мнозинството питоми верзии навистина се појавиле во периодот пред 10 000 – 5 000 години. Трето: луѓето кои живееле во тоа време биле примитивни варвари. Четврто: во последните 5 000 години не е припитомено ниту едно растение од кое луѓето би имале толку корист како од оние кои ги “создале“ примитивните фамери ширум светот. Ставете знак на еднаквост по овие четири фактори и ќе сфатите дека резултатот дефинитивно не се поклопува со ниту еден вид на дарвинистички модел.

Ботаничарите добро знаат дека постои сериозен проблем, но единствено нешто што изјавуваат е дека сето ова се случило по природен пат зошто никаква друга интервенција – Божја или Знаете Веќе Чија – не доаѓа впредвид како објаснување ни под разно. Таквото непоколебливо стојалиште го застапуваат сите научници, а не само ботаничарите, упорно отфрлајќи ги запрепастувачките докази. Еден од таквите докази е и фактот дека 1837. година во Ботаничката градина во Санкт Петерсбург одлучиле да култивираат див р’ж во нова, питома форма. Тамошните научници и ден-денес се обидуваат да ја остварат таа цел, зошто ниту по сите изминати години до сега, р’ж-та не изгубила ниту една од своите диви карактеристики, особено не кревкоста на стебленцето и малите зрна. Во тоа лежи и најнеугледната загатка со која се соочуваат ботаничарите.

 


Не ќе да е така...

За да се припитоми дива трева како што е р’ж-та или било која дива житарка или цереалија (што според научниците го направиле нашите неолитски претци), неопходно е да се преминат две препреки. Тие проблеми се лушпите и петелките. Лушпата е тенка обвивка која ги прекрива семките и зрната и мора да се отстрани за да можат луѓето да го сварат плодот. Петелките се малечки дршки кои ги држат семките и зрната прикачени за стебленцата.

Додека растението расте, лушпите и петелките се цврсти и отпорни, доволно за да не може дождот да ги откине семињата и зрната од стебленцето. Кога ќе созреат, постануваат толку крти што и слабо ветерче може да ги оддува и да ја открие нивната содржина која ќе падне на земјата и ќе продолжи да се размножува. Толку високиот степен на осетливост потполно ја оневозможува жетвата на дивите растенија, зошто секое зрно и секоја семка би биле загубени во текот на процесот на жнеење.

Како додаток на зголемувањето, омекнувањето и промената во хранливоста на семките и зрната на десетина диви растенија, најраните фармери исто така морале да смислат начин како да ја прилагодат кртоста на лушпата и петелките на секое растение.

Тоа е прилагодување со застрашувачка комплексност, можеби  покомплексна дури  и од самиот процес на трансформација на растението. Петелките морале да бидат зајакнати доволно за да ги држат зрната и семките прикачени на стебленцето во текот на жетвата, а сепак повторно да бидат доволно нежни за луѓето да можат лесно да ги соберат зрната при процесот на “тресење“. Исто така и лушпите морале да бидат прилагодени така да го издржат процесот на жетвата кога растението ќе ја достигне полната зрелост, а да останат доволно крти како би ја ослободиле својата содржина при тресењето. А еве ја и финтата: лушпите и петелките на секое поединечно диво растение мораат да се прилагодуваат на потполно различни степени, а финалниот степен на секое прилагодување мора да биде совршено прецизен! Накратко, нема апсолутно никаква шанса дека сето тоа се одиграло онака како што тврдат ботаничарите.

Последно освежено ( Понеделник, 28 Септември 2009 10:27 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: