English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

НЕ СМЕ МАЈМУНИ! - Втор дел Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Administrator   
Понеделник, 28 Септември 2009 09:04

НЕ СМЕ МАЈМУНИ!


Втор дел

 

 

Како и кај растенијата, припитомувањето на животните се случило пред 10 000 – 5 000 години. Исто така почнало во областа на Плодната полумесечина, каде што, помеѓу останатото, најпрво била припитомена т.н. “голема четворка“: говедата, овците, козите и свињите. Потоа на Далечниот исток биле припитомени патките, кокошките и воденото бафало. Уште подоцна, во Новиот свет, биле припитомени ламите. Овој процес во никој случај не е поедноставен со зголемувањето на бројот на хромозомите. Сите животни – диви и питоми – се диплоидни, што значи дека имаат два збира хромозоми, по еден од секој родител. Бројот на хромозомите варира исто како и кај растенијата (луѓето имаат 46), но секогаш постојат два збира (луѓето имаат по 23 хромозоми во секој).

 

 

Пештерски луѓе со “визија“


Единствена “алатка“ достапна на неолитските сточари била истата онаа која наводно ја користеле нивните роднини фармери: време и трпение. Со истите техники на вкрстување кои денешната наука им ги припишува на фармерите од новото камено доба, тогашните сточари селективно ја одгледувале стоката со генерации и генерации, се додека постепено не се создала модификација доволна за настанок на питоми верзии на дивите претци. Тој процес на модификација, исто како и кај растенијата, траел стотици и илјадници години за секој вид, а остварен е исто така во различни времиња и на физички многу одалечени места ширум планетата.

И повторно се соочуваме со проблем. Како да се прифати дека тие први сточари можеле воопшто да ја појмат визијата на “финалниот модел“ и да започнат процес на одгледување кој ќе потрае не само сиот нивен живот, туку ќе продолжи со векови и векови се додека целта не биде постигната?  Тоа било далеку покомплицирано отколку едноставно да се сфати кое животно поседува посилни инстинки на чопоративност или стадо кои на луѓето ќе им овозможат да ја превземат улогата на “водачи“ на стада или чопори. На пример, на нашиот предок му била потребна невидена храброст за одлуката во својот логор да донесе младенче на волк со намера да го научи селективно да убива и јаде и да го заработи својот оброк со лаење на натрапниците (возрасните волци многу ретко лаат). И кој од тие луѓе би можел да го погледне масивниот, застрашувачки и неверојатно злоќуден тур (европски бизон), па да замисли помала и многу помила крава? Дури и да имал некој толку бујна фантазија, на кој начин мислел да го постигне тоа? Телето на турот (или младенчето на волкот, сосема сеедно), колку и да се одгледува внимателно и со љубов од човечки “родители“, сепак на крајот ќе израсне во потполно формиран тур со сите инстинкти на таква возрасна единка.

На кој и да е начин направено тоа, сосема сигурно не е со вкрстување. За да се променат физичките карактеристики на животните, потребно е потполно да се променат нивните генетски склопови. (Како интересен контрапункт на дивите и питомите растенија, питомите животни се обично помали од своите диви претци). Притоа е потребно да се промени уште нешто, нешто што ќе ја претвори нивната првенствено жестока и дива природа во крајно покорна. Дури ни современата наука не е во состојба да изведе таков потфат, па препишувањето на таков успех и знаење на луѓето од неолитот навистина би било потценување на интелигенцијата на денешните луѓе.

Сите примери на “припитомување“ на растенија и животни се неверојатни, но помеѓу нив можеби најневеројатен е примерот на гепардот. Нема сомнение дека тоа е една од првите припитомени ѕверки, чиј историјат се протега до самата зора на цивилизацијата на Египет, Индија и Кина. Гепардот или читата, како уште го нарекуваат, можел да настане само со селективно одгледување на неолитските ловци, собирачи или фармери. На некоја од тие три групи на луѓе би морала да и се припише таа чест.

 

 

И мачка и куче


Од сите големи мачки, гепардот е најлесно да се скроти. Нема податоци дали гепардите некогаш целно ги напаѓале и убивале луѓето. Се чини дека, благодарејќи му на неверојатно аеродинамичното тело и глава, е посебно создаден за постигнување исклучителна брзина. Скелетот на гепардот е полесен од скелетот на другите големи мачки: нозете му се долги и витки, како нозете на ‘ртот. Неговото срце, белите дробови, бубрезите и ноздрвите се значително зголемени, заради што брзината на дишење расте од 60 вдишувања во минута додека се одмара до 150 вдишувања кога трча. Најголемата брзина која ја постигнува е 113 километри на час и ниедно животно од саваната не може да го надмине во брзина. Можеби можат д аго надживеат, но не и да го надтрчаат.

Гепардите се единствени зошто претставуваат комбинација на физичките особини на две потполно различни животни: куче и мачка. Како и кучињата, тие само делумно можат да ги вовлечат канџите. Перничињата на шепите се дебели и цврсти како кај кучињата, но за да се качат на дрво, ги користат првите предни канџи на ист начин како што тоа го прават мачките. Крзното со светла боја на телото е исто како крзното на кратковлакнесто куче, но црните туфни се со необјасниво иста текстура како мачешкото крзно. Гепардите страдаат од болести кои ги погодуваат единствено кучињата, но исто така се разболуваат и од болести кои се резервирани исклучиво за мачките.

Постои нешто уште понеобјасниво кога станува збор за гепардите. Генетските тестови извршени на 50 единки дале изненадувачки резулатати: сите животни биле генетски потполно идентични! Тоа значи дека кожата или внатрешните органи на било кој од илјадниците гепарди во светот можат да се заменат со органите на некој друг гепард и организмот да не го отфрли трансплантантот. Таквата физичка хомогеност е забележана единтвено кај стаорецот, но и кај други животни кои се генетски изменети во лабараториите.

Ако гепардите ги оставиме на страна како навистина еволутивно необјаснива појава, се соочуваме и со фактот дека сите питоми животни поседуваат особини кои не можат да се објаснат со термини кои би преживеале ригорозно научно испитување. Наместо да се соочат со поприличната нелагодност заради овие теми, научниците студиозно ги избегнуваат и исто како и во случајот со припитомените растенија, ги објаснуваат на ним најприфатливиот начин. Кога станува збор за гепардот, научниците упорно тврдат дека тоа не може да биде никаков извитоперен генетски хибрид на мачка и куче, дури и ако доказите укажуваат токму на такво нешто. А зошто? Затоа што таквото признание веднаш би ги префрлило гепардите во забранетата зона со Знаете Веќе Што.

Проблемот на генетската униформираност на гепардите се објаснува со нешто што е познато како “ефектот на тесно грло“. Она што се подразбира  е дека популацијата на дивите гепарди – кои морале да бидат исто толку генетски разновидни колку што тоа го укажува нивниот долг историјат – во еден релативно скорешен момент на времето почнала нагло да се намалува, за на крајот да останат само неколку живи парови способни за размножување. Од таквото десеткување до денес, сите тие делат ист ограничен збир на гени.

За жал, не постојат податоци за било какво изумирање кое селективно би ги погодило само гепардите, а другите големи мачки би ги оставило да се развиваат во своите очекувани генетски вариетети. И така, сосема е непојмливо како што и звучи, теоријата на “тесно грло“ се прифаќа како уште едно евангелие на современата наука.

Овде е сосема на место да ги потсетиме научниците на Карл Саган кога се во прашање нивните навреди врз сметка  на псеудонауката: “Необичните тврдења бараат необични докази!“ Очигледно е дека Саган тој процес го научил бавејќи се со наука.

Конечно, сето ова не води кон приказната за луѓето кои се со толку скорешно генетско потекло, што сме присилени да веруваме во уште еден од оние ефекти на “тесно грло“ со кој се објаснува присуството на гепардот на планетава.

 

 

Доаѓањето на луѓето

Исто како и растенијата и животните – диви или питоми – и луѓето, се разбира, се резултат на мали, постепени подобрувања низ безброј генерации кои ги посеале многу попримитивните претци. До 80-тите години на миниатиот век, во ова цврсто веруваше мнозинството научници. Тогаш, група генетичари одлучила да пронајде попрецизен начин на датирање на периодот кога луѓето и шимпанзата се одвоиле од своите претпоставени заеднички претци.

Врз основа на фосилните коски, палеонтолозите ја востановиле хронологијата, според која до раздвојувањето дошло пред 5 до 8 милиони години. Генетичарите сметаат дека таа прилично широка заграда може да се стесни со картографирање на мутациите. Во човечката митохондријална ДНК – во малите парченца ДНК кои плутаат надвор од нуклеусот на нашите клетки. Така, се фрлиле на прибирање примероци на митохондријалната ДНК на луѓето од целиот свет.

Кога ги добиле резултатите на анализите, никој од генетичарите не можел да им поверува на сопствените очи. За да бидат потполно сигурни, извршиле уште една анализа, па уште една, па уште една...Дури и тогаш се двоумеле да ги објават резултатите. Им било потполно јасно дека ќе придвижат жестока лавина на контраверзи почнувајќи од палеонтолозите, кои заради своите дотогашни напори во истиот момент ќе заработат модрица на окото, искршен нос и глава нурната во wc школка! Резултатите јавно ќе ги посрамотат на начин кој не се случил уште од измамата со Човекот од Пилтдаун (британскиот фалсификат на “алката која недостасува“).

Наспроти вообичаената научна практика податоците кои радикално се разликуваат од важечките парадигми да се држат што подалеку од очите на јавноста, важноста на новите докази конечно ја надвладеала грижата за тоа дали имиџот и чувствата на палеонтолозите ќе бидат повредени. Генетичарите собрале храброст и стапнале на линијата на огнот, објавувајќи дека луѓето не се ни приближно стари 8 до 5 милиони години, како што тоа го тврди официјалната наука. Всушност, луѓето настанале пред едвај 200 000 години! Како што и можело да се очекува, протестните извици биле заглушувачки.

Времето и дополнителните тестирања на митохондријалната ДНК и машките  Y хромозоми без било какво сомневање докажале дека генетичарите се во право. Палеонтолозите биле присилени да ја прифатат вистината, зошто генетичарите успеале да ги истиснат луѓето низ истиот оној ефект на “тесно грло“ со помош на кој се обиделе да ја ублажат мистеријата на гепардите.

На тој начин на палеонтолозите сепак им се оставила можност дека луѓето еволуирале од  примитивните претци кои оделе исправено по саваните на Африка пред 5 милиони години. А тогаш се случило нешто пред 100 000 до 200 000 години, што ги свело на мала популација на преживеани кои почнале да се размножуваат.

Што е тоа “нешто“  е апсолутна непознаница, иако креационистите се убедени дека знаат  што точно се случило – Големиот Потоп. Но, бидејќи тие одбиваат да се дистанцираат од библиската хронологија на случувањата (од пред 6 000 години), никој не ги сфаќа сериозно.

Освен несогласувањата за датумите и околностите на нашиот постанок како вид, постојат уште многу проблеми кога се луѓето во прашање. Токму како и питомите растенија и животни, луѓето исто така отскокнуваат од класичната дарвинистичка парадигма.

 

Врежани заблуди

Не учеле дека, според сите научни мерила, луѓето-примати се многу блиску поврзани со другите примати, особено со шимпанзата и горилите. Ова тврдење е толку вкоренето во нашата психа, што секој обид подетално да го истражиме звучи како потполна бесмислица и губење на време. Но, ајде да видиме колку сме тоа “слични“.

Коски. Во споредба со коските на приматите, човечките коски се многу полесни. Кога сме веќе кај тоа, да напоменеме дека човечките коски се полесни и од коските на сите “прачовечки“ претци се до неандерталците. Коските на нашите т.н. претци личат на коските на приматите, човечките апсолутно не личат.

Мускули. Човечките мускули се далеку послаби од мускулите на приматите. Килограм по килогрм, ние сме од пет до десет пати послаби од било кој друг примат. Секој мајмун (дури и оној кој живее во заробеништво) е жив доказ за тоа. Изгледа дека “подобрувањата“ во однос на “претците“ не направиле и многу, многу послаби.

Кожа. Адаптираноста на човечката кожа на количеството на сончева светлина која допира до Земјата не е добра. Со зголемувањето на количината на меланин на површината на кожата (темниот пигмент) таа може да се модифицира да издржи доволно долготрајно изложување на сонце. Ова го постигнала само црната раса на луѓе. Сите останат мораат да се прекриваат со облека, често да бегаат во сенка и да се мачкаат со разни креми, за да не заработат рак на кожата и да умрат.

Влакнетост. Приматите апсолутно не ги загрижува директното изложување на сонце, зошто од главата до петиците се покриени со долги влакна. Затоа што се четвороношци, најгустите влакна им се наоѓаат на грбот, а најретките на градите и абдоменот. Луѓето го изгубиле своето телесно крзно, па сега најгусти влакна имаат на градите и абдоменот, а најретки на грбот.

Сало. Во однос на другите примати, луѓето имаат до дест пати повеќе масни клетки прикачени под кожата. Ако приматот заработи исекотина или ја одере кожата, штом ќе престане крварењето, рабовите на раната ќе лежат рамно една покрај друга и брзо ќе се затворат во тек на процесот наречен “грчење“. Кога станува збор за луѓето, нивниот слој на сало е толку дебел што при повреда избива надвор низ раната, па процесот на грчење и затворање на раната е отежнат, а понекогаш сосема невозможен. Исто така, спротивно на пропагандата која се обидува да ја објасни оваа необичност, салото под човечката кожа не е компензација за крзното кое сме го загубиле. Ограниченото својство на салото е од полза само ако е човек во вода – во воздух таа корист е минимална, а на копно никаква.

Коса. Кај сите примати, косата расте до одредена должина и тогаш престанува да расте. Човечката коса расте непрекинато, па нејзината должина – доколку не би се сечела воопшто-  во некои попримитивни ситуации би била опасна по сопственикот. Заради тоа, од моментот кога сме постанале вид, присилени сме да се шишаме. Можеби помеѓу парчињата добро наострен камен пронајдени во пештерите, некое парче служело баш за таа намена.

Нокти. Сите примати имаат нокти на рацете и нозете кои растат до одредена должина, а потоа престануваат да растат, заради што поткаструвањето на ноктите е сосема непотребна акција. Човечките нокти е неопходно постојано да се поткаструваат.

Череп. Никаква меѓусебна сличност не постои помеѓу човечкиот и черепот на приматите. Тешко дека воопшто е можно било какво морфолошко споредување. Дизајнот и склопот на човечкиот череп толку се разликува од черепот на приматот што било какво споредување е потполно бескорисно.

Мозок. Овде споредувањето е уште порадикално, со оглед на тоа дека човечкиот мозок е толку неверојатно различен од мозокот на останатите примати. Да се каже “подобрен“ или “супериорен“ би било невкусно и нефер, зошто мозокот на приматите функционира сосема добро за живот и репродукција.

Движење. Овде споредувањето е многу лесно: луѓето се двоношци, приматите четвороношци. Тоа зборува сосема доволно.

Говор. Во однос на грлото на приматите, човечкото грло е комплетно редизајнирано. Ларинксот е спуштен на многу пониска позиција така што луѓето можат типично приматските звуци лесно да ги модулираат во говор.

Секс. Женките на приматите имаат циклуси на парење и сексуално се расположени единствено во тие посебни периоди. Човечките женки немаат циклуси на парење во приматска смисла. Тие се константно приемчиви за секс (се разбира, освен кога ги мачи традиционалната главоболка).

Хромозоми. Ова е веројатно најнеобјаснивата разлика од сите. Приматите имаат 48 хромозоми. Луѓето се сметаат за супериорни во однос на приматите, а сепак имаат само 46 хромозоми! Тој факт го придвижува прашањето: како воопшто сме успеале да изгубиме цели два хромозома – што претставува приличен дел од ДНК – а да станеме далеку подобри од останатите примати? Ниедно објаснување нема логична смисла.

Гентски нарушувања.  Како што е тоа случај и кај дивите животни и растенија, приматите во својот генетски код имаат само неколку генетски нарушувања. Албинизмот е многу вообичаено нарушување кај многу животински групи, исто како и кај луѓето. Но, албинизмот не ги спречува животните да израснат и да ги пренесат своите гени на потомството. Сепак, сериозните дефекти бргу се искоренуваат во дивината. Често пати родителите или групата ќе ја извршат таа работа брзо и сигурно, па дивиот генетски код ќе остане релативно чист. Наспроти тоа, луѓето носат во својот код 4000 генетски пореметувања, а неколку од нив сосема сигурно ќе го убијат носителот пред репродукцијата да стане возможна. Се поставува прашањето како толкава количина на дефекти воопшто стигнала во генетскиот код на човекот и како е возможно генетските нарушувања да бидат толку раширени?

Генетска поврзаност. Омилената дарвинистичка статистика вели дека вкупниот геном кај луѓето (целата ДНК) се разликува од геномот на шимпанзото за само 1 процент, а од горилите за 2 процента. Тоа звучи како еволуцијата да е навистина исправна и дека луѓето и приматите се виртуелно блиски роднини. Меѓутоа, она што оваа статистика не го изнесува е дека 1 процент од човечкиот геном од три милијарди основни парови прават 30 милиони основни парови.

Сето останато. Наведени се само поголемите категории на разлики помеѓу приматите и луѓето. Постојат десетици и десетици подкатегории за секоја од овде наведените.

Кога се ќе се собере на купче – необјаснивите мистерии во светот на питомите растенија, питомите животни и луѓето – јасно е дека Дарвин не може да објасни било што од тоа, ниту современата наука не може да објасни, ниту креационистите, ниту заговорниците на интелигентниот дизајн. Никој од нив не  е во состојба да понуди било какво логично објаснување едноставно заради тоа  што ништо не се вклопува во постоечката терминологија. Се додека научниците не ги отворат своите умови за некои други можности и не го проголтаат сопственото его признавајќи дека, всушност, немаат поим што навистина се случува во нивниот двор, вистината ќе остане скриена таму некаде.

Последно освежено ( Понеделник, 28 Септември 2009 10:27 )
 
Коментари (1)
tema,,ne sme majmuni,,
1 Сабота, 03 Октомври 2009 20:54
milijana
potpolno se soglasuvam so faktot deka ne sme majmuni.Se soglasuvam i so toa deka ne sme primati, nitu zivotni, no jas veruvam deka sme sozdadeni od bog.Tolkuvanjwto na naucnicite(sekoja pocit) vo pregleduvanjwto na dokazite mozebi bila tokmu od toj period pred 200 000 godini.Mozebi dokazite za postoenje od pred 5 ili 8 miloni god veke se raspadnati.Znaete ona ,,Od prav te sodadov , vo prav te vrakam,,Ova ne se moi naucni tolkuvanja.Ova se moi razmisluvanja.I ovoj elektonski pat na komuniciranje e delo na naucnicite neli..no, moevo srce gi osporuva(za nekoi raboti).Ne gledam drug sozdatel na coveckiot rod osven Bog.Mozebi gresam, naucnicite potenciraat da veruvame vo fakti.Pozz od mene i sekoe dobro.Samo komentirav..se nadevam pozitivno.

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: