English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Лекувачко Слово PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Понеделник, 16 Февруари 2009 00:28
Индекс на артикл
Лекувачко Слово
Цел
Стрес
Љубов
Сон и Ја-Ве
Промена
Среќа
Човековиот Ум
НОВА теорија
Сите страници

Милозвучје

 

Секој родител за своето дете пред се посакува да биде здраво и среќно. Природата, Бог или како сакаш наречи го, за нас го посакува истото. Кога ние сме здрави и среќни, целата природа слави, а ако сме несреќни, тогаш тагува со нас. Бог е сочувство, милост и затоа секогаш кога излегуваме од границите на здравото, не предупредува со болка. Ако сме писмени и сфатиме што ни кажува болката, тогаш ние сме благословени со сознанието и најчесто страдањето исчезнува.

Во нашето тело е најдобрата лабораторија на светот.

Во нашето тело е најдобриот компјутер на светот.

Во нас е вграден дел од Бога , а дел од Бога е Бог.

Добро би било да „зборуваме“ со Себе, може многу нешта да научиме, а едновремено да станеме посреќни откривајќи универзуми кои до тогаш ги немаме освестено, а цело време биле Тука (Тоа-УКА).

Благословени сте сите кои го читате ова.

Благо-словени да се и оние кои не го читаат ова.

Благо Слово е како лек кој го примаме за да ни помогне полесно да воспоставиме врска со Универзалниот лекар или поточно исцелител кој од две прави Едно. Кога сме едно ние сме блажени. Не треба многу да мислиме на блаженството, доволно е да почувствуваме како нешто кое е многу посилно и поголемо од нас ни помага секогаш, без оглед дали ние сме свесни за тоа или не. Нема потреба ни да молиме. Ако некого молиме и тој ни помогне, ни прави услуга, но суштествувањето не треба да го молиме, треба само да земеме, затоа што со мојата среќа се зголемува вкупната среќа.

Можеби јас сум само едно зрнце прашинка, но секое зрнце е универзум за себе.

Се што треба за да бидам среќен е да бидам тоа што сум(Со-УМ). Нема никаква тајна во тоа, нема никакво достигање во тоа. Тоа е она нај елементарното кое Е. Е-дно-ставноста е секогаш поблизу до среќата од комплицираноста и имитирањето. Кога имитирам нешто или некого тоа бара и врзува многу внимание па не можам да бидам слободен, туку условен сум со улогата која треба да ја одржувам.

Слушни ја песната на птиците. Тие не размислуваат како ќе отпеат или отсвират нешто, едноставно ја отвораат устата и од неа излегуваат самите тие.

Погледни го потокот како тече. Водата не размислува како ќе тече, едноставно само се слива по наједноставниот пат, тој е најлесен и најприроден.

Како што го менува природниот тек, така и во себе го менува она кое би било најлесно и наједноставно, некогаш свесно, а некогаш од условеност. Кога е свесно, може да даде добри резултати па да се умножат добрата, а кога е од условеност, создава хаос и несреќа.

Редот може да придонесе за мирот, како надвор, така и внатре во нас, но не секогаш. Кога редот е насилен и противприроден со остра насоченост, тогаш создава многу голема напнатост и не стабилност, која не се знае кога ќе излезе од рамките и ќе се прелее, рушејќи се пред себе. Затоа кога правиме преправка на природата, тоа треба да биде направено со мерка(у-мер-ено), а не треба да дозволиме, мерката да биде лакомоста, туку исполнување на природниот тек таму каде што тој е нарушен.

Емотивната болка е резултат на нашата егоцентричност или алчност да поседуваме нешто или некого. Тоа е различно од љубовта затоа што во љубовта има исполнување и слобода да се сака. Слободата не е во еротската љубов, тоа го прават и животните, а за да докажеме дека припаѓаме на човечкиот род, потребно е да сакаме и на друг начин кој е чувство на потполна исполнетост, поточно прелеаност. Ова не мора да ја исклучи еротската љубов, но таа не е примарна. Со потполна љубов ние ја сакаме природата кога одиме во природа и се чувствуваме исполнети со нешто кое не умееме да го објасниме. Само констатираме дека во контакт со природата ние доживуваме нешто кое е многу тешко да го искажеме. Слично на тоа е кога еден љубител на чоколадо го прашаме што чувствува кога јаде чоколадо, само сето ова зголемено неколку пати.

Едно-ставноста е кога не сум поделен, кога сум Едно. Тоа Е-ДНО, основа, извор на сите нешта кога јас сум тоа што сум оживотворување на природата или исполнување на мисијата која ми е доверена.

Еден мој пријател дојде кај мене и јадејќи од кајсиите му излета од уста:

Види што прави Бог! Чудесии!

Е баш би сакал да видеше какви чудесии беа додека овде растеше пиреј и трева. Кајсиите сами не никнаа, јас ги насадив и тоа ги одбирав какви да бидат.

Ова не е г(о)рдост. Тоа што сум благословен е можноста сам да можам да одберам што ќе насадам. Можноста да го направам тоа ме прави среќен, а го прави и мојот пријател, па секако и оној кој го споменува. Кога правам нешта кои ме прават среќен, но навистина среќен, а не само затоа што имам некаква корист од тоа, тогаш ја исполнувам Неговата волја, а кога го правам тоа се ми се враќа помножено.

Некои вероисповести кажуваат дека Бог е одмаздољубив, љубоморен,

Природата не делува директно и непосредно, туку посредно преку природни појави, растенија, животни и луѓе. Кога ќе ни се случат несреќи, не е тоа Божја одмазда туку најчесто тоа е последица на некое наше неразумно дејство. Кога Бог би се одмаздувал за се што правиме против него, тогаш сигурно не би имало жив човек на земјава.

Некои искривени учења кажуваат дека животот е борба за опстанок. Иако на прв поглед токму така наликува животот, тоа е програм кој ни се всадува уште од бебешка возраст за да бидеме полесно контролирани или дресирани. Најголемиот дел од луѓето токму така и делуваат, како дресирани човеко лики мајмуни. Да се поправам, во човеко ликите мајмуни има многу повеќе човештина од онаа кај луѓето и затоа не би сакал да ги навредувам мајмуните. Поточно луѓето делуваат како роботи. Тие дури молитвата или ритуалите ги прават по автоматизам. Замисли Бог гледа како некој робот му се обраќа. Тоа е како твојот компјутер да кажува молитва, да ти се обраќа и моли за нешто, а истовремено сите влезни порти му се затворени за да ја прими пораката или благословот и што е нај трагично тастатурата му е исклучена.

Се што правиме по автоматизам, без свесност или присутност, будност, немаме никаква корист од тоа, само си го трошиме времето. Тоа е како да мавтаме во воздухот и се надеваме дека ќе фатиме златна шипка. По квантната теорија тоа може да се случи, но можноста е екстремно мала и веројатно така би требало да мавтаме илјадници или милиони години. Ако копаме во земја веројатноста се зголемува, но ако копаме на вистинско место тогаш веројатноста станува реалност. Ако се обратиме на Бог, треба да побараме нешто кое навистина го сакаме, а како може да побараме ако не знаеме што навистина сакаме.

Второ, кога ќе побараме, не треба да поставуваме специјални услови како ќе го добиеме тоа. На пример ако ми требаат пари тогаш не треба да поставувам услов дека сакам да ми падне на лото или на некој специфичен начин. Треба само да бидам буден и да ги следам знаците кои ќе ме доведат до парите.

За време на некоја поплава некој човек кој бил голем верник седел на кровот од неговата куќа и го молел Господ да го спаси. После некое време поминал некој човек со чамец и го повикал верникот да го однесе до некое суво место.

Верникот само се насмеал и рекол дека него Господ ќе го спаси и да си продолжи човекот.

После некое време додека водата надојдувала се повеќе се појавил и втор човек во чамец, но верникот ни кај него не сакал да се качи, затоа што имал силна верба дека Господ ќе го извлече и ќе го спаси.

Водата се повеќе надоаѓала и се појавил и трет човек на чамец. Верникот и понатаму не сакал да се качи на чамецот.

После некое време водата надошла многу и верникот се удавил. Кога се соочил со Господ, во лутина почнал да го кара:

- Јас цел живот ти служам и верувам во тебе, а ти не дојде да ме спасиш!    

- Еј неписмен човеку, иако требаше многу луѓе да се спасуваат, јас кај тебе праќав тројца мои луѓе да те спасат.

Немој да бидеш како овој човек. Следи ги знаците кои доаѓаат како резултат на твоите заложби и користи ја секоја поволна прилика. Имаш право на тоа. Таа чест ти ја укажала природата или Бог затоа што те одбрала токму тебе од милиони сперматозоиди. Ти треба да ја оправдаш таа чест со својата благодарност и стремеж кон повисоки цели

 



Последно освежено ( Вторник, 03 Март 2009 16:31 )
 
Коментари (1)
stres
1 Понеделник, 04 Јануари 2010 08:51
Bici
Jas imav golem stres vo mojot zivot koj se prosledi so ogromen strav deka ke mi se sluci nesto loso......bev i na psihijatar...piev terapija za panicni napadi skoro edna godina.....sega poleka se oporavuvam.....lekovite znacitelno gi namaliv...pijam samo asentra od 50 mg i bedoxsin po potreba.......Sakam da kazam deka golema uloga vo nadminuvanje na mojot strav imase i knigata sto ja procitav " The secret" --Tajnata......i edna misla koja neodamna ja procitav vo eden dneven vesnik......i sekogas koga ke dobijam napadi na panika stres i strav jas dlaboko disam i izdisuvam i si ja povtoruvam slednata misla:
STRAVOT NEMA NEKOJA POSEBNA MOK...OSVEN ONAJA KOJA VIE MU JA PRIDAVATE KOGA MU SE PREDAVATE!!!
NAVISTINA POMAGA!!!
Zasto vo sustina koga ke razmislam stravot nema i nikakva mok!!! Toj ja koristi Nasata mok!!!
Pozdrav!

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: