English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Напатствие за децата и возрасните PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Понеделник, 16 Февруари 2009 00:32

Ова напатствие е посветено на децата и оние кои се чувствуваат како дете. Ова напатствие ако го користат можат нивниот живот да го исполнат со нешта кои се дел од нивниот свет. Исто така е посветено на возрасните да можат да ги разберат децата и себе, да го срушат ѕидот кој постои заради недоразбирањето.

Овде е опишан светот на децата, како тие го доживуваат, кои се нивните проблеми во животот.

 

Возрасните мораат да ги знаат овие нешта за да можат да разберат што е тоа кое го прави јазот меѓу генерациите. Да се потсетат дека и тие некогаш биле деца и дека ги имале истите проблеми. Иако сметаат дека на децата им даваат се најдобро, нека проверат, можеби навистина е така, а можеби само се залажуваат дека ги разбираат потребите на нивните најблиски.

 

Децата добро е да го знаат ова за да можат да сфатат што можат, а што не би требало да прават, за да живеат во овој или во еден уште поубав свет, оној кои тие ќе го создадат. Од овде може да научат како да им биде полесен животот, како да бидат среќни, како да ги постават, насочат и остварат своите желби што поуспешно и за што пократко време.

 

Најпрво да нагласам. Најчесто децата и возрасните живеат како да се од различни планети.

 

Овде напишаното не е приказна која треба да ја прочиташ, да извлечеш заклучок и да ја заборавиш. Кога поаѓаш на пат кој не го познаваш совршено, најдобро е со себе да понесеш географска карта која може многу да ти помогне да не залуташ во непозната земја и наместо да одиш по пократкиот пат и да стигнеш до твојата цел, може да залуташ и да се изгубиш. Овде напишаното е за да ти каже како изгледаат нештата и ако сакаш да ги измениш како да го направиш тоа за што пократко време и со што помалку препреки.

 

Внимавај Се што е овде напишано има и сокриено значење. Освен она што го читаш има подлабоки нешта кои се само за тебе. Само ти можеш да дојдеш до нив ако се потрудиш да ги откриеш. Тие се твоите вистински желби, она што навистина го сакаш, а не другите што го сметаат дека е добро за тебе. Сето тоа е во тебе, но длабоко. Најголемите богатства на земјава се длабоко во неа.

 

Внимавај Се што ќе посакаш на Вистински начин може да ти се случи. Ако посакаш нешто што навистина не го сакаш, туку се плашиш од тоа, може и тоа од што се плашиш да ти се случи. Ако на пример сакаш сладолед и ако се плашиш да прашаш дали може да добиеш сладолед, затоа што твоите родители не ти дозволуваат да јадеш заради тоа што си осетлив на ладно. Ако тој свој страв толку го  потенцираш или нагласуваш, тогаш поголема е веројатноста дека нема да добиеш сладолед кога ќе побараш. Така го постигнуваш она што не го сакаш. Тоа е како река која   не носи таму каде што тече. Ако сакаме да одиме кон изворот, тогаш ќе ни биде потребен поголем напор, затоа што животот ако не знаеме сами да си го направиме таков каков што сакаме, тогаш тој не носи во насока на помал отпор. Ако излеземе на обалата на реката можеме да одиме каде што сакаме. Значи се додека сме во брзата река која тече, течението не носи таму каде што тоа сака. Ако некој те повреди и ако ти каже нешто кое ќе те налути, тогаш ти си лутина, Тогаш лутата река те носи кон тоа и ти да одговориш и да го налутиш или може да заплачеш ако не можеш да му вратиш.

 

Ти си во лутината и таа те носи, а тебе те нема, ти си потопен во лутината, удавен во реката. Не можеш ништо да направиш за да ти биде подобро. Но, запомни, ти  си волшебник кој многу лесно може да излезе од маката, го има волшебното стапче, а не го користи. Тоа стапче е да примети и да излезе од маката. Сега јас ќе ти го подарам тоа вошебно стапче, а ти знај дека секогаш е со тебе. Само од тебе зависи дали ќе го користиш или не.

 

Седи удобно и опушти се. Како да се подготвуваш за спиење, само не легнуваш. Диши рамномерно и што подлабоко, но без напор.

Вдиши и замисли како излегуваш од твоето тело. Како да си еден до два метри над телото. Од тука погледни на твоето тело и види се себе. Издиши и врати се во телото. Со секое вдишување излези и погледни се.

Сега сети се на некоја случка кога некој те повредил или разгневил. Почувствувај го гневот кој расте во тебе и се повеќе те обзема.

Вдиши и излези од телото. Погледни се. Гледај на телото кое е повредено.

Дали додека си вон тело си повреден?

Дали си гневен?

Дали ти си гневен или телото?

 

Најголем проблем не е да се ослободиме од проблемот, туку да се сетиме дека имаме проблем.

 

За да може да живеам посреќно, да можам полесно да ги решавам проблемите кои ме мачат и да можам полесно да откријам дека имам проблем, неопходно е да се сетам кој сум јас. Тоа сум го знаел ама затоа што долго време не ми било важно, сум заборавил кој сум и што сум. Ако не се сеќавам кој сум и што сум, тогаш можам да се давам во проблемите како во базен со вода ако не знам да пливам. За да го задржам животот и да го живеам, секако треба да се сетам што е животот и тоа да го имам на ум. Само така може да ги разберам и да ги сакам другите човечки суштества.

 

Драги мои пријатели. Јас не сакам да ве научам нешто, што вие не го знаете. Јас нема да ви ветам сладолед ако успешно го завршите ова патување. Јас само ќе ви кажам дека ако се сетите кои сте и што сте, може да се сетите на се што ќе посакате. Можете да се сетите на сите нешта кои сте сакале да ги научите од книгите. Сите знаења се во вас. Вие сте како најголемата библиотека во светот и во неа има запишано знаења од историја, географија, да не набројувам, запишани се сите знаења што ќе посакате да ги дознаете. Јас сакам да ве потсетам како да ѓи откривате полесно тие знаења.

 

Во воздухот постои нешто што ги пренесува информациите. Знаете дека воздухот ги пренесува радиобрановите кои носат разни информации од радиоемисии и телевизија, но низ воздухот исто така се пренесуваат и мислите и сето она кое било изговорено во историјата на земјата. Кога ќе воздивнеме во воздухот праќаме порака дека нешто не мачи, нешто за што бараме олеснување. Како да бараме помош од некого и со воздишката ја праќаме пораката. Замислете дека со издишувањето ние издишуваме и некои невидливи за око честички кои излегуваат од нас и носат порака за тоа во каква состојба сме, дали сме среќни, тажни, уплашени, несигурни и т. н. Тие се како слики од телевизијските емисии и тие праќаат слики. Тие слики кога ќе дојдат до некој кој ќе ѓи вдиши, кај него се појавуваат истите чуства. Еден дамнешен мудрец Демокрит од Абдера кажал дека во воздухот има честички кои ги пренесуваат мислите.

 

Човековото тело е како радио приемник. Тоа има можност да се наштима на некој сегмент од животот. Кај нас постои селектор или одбирач. Тој секогаш одбира кон какви чувства ќе се насочи и какви слики сака да прими. Најчесто за жал тоа го правиме несвесно или не сакајќи, затоа што и живееме неосвестени. Поточно ние реагираме на животот, наместо да го насочуваме таму каде што сакаме. За таквиот живот придонесуваат сите. Сета околина како да се труди да ни ја наметне играта која тие сакаат да ја играме за нив. Никој не не прашува кои се нашите вистински желби и потреби. Така сите ние стануваме збир на програми и театарски престави кои треба да ги играме, а кои голем дел не ги сакаме. Се повеќе наместо луѓе стануваме роботи кои меморизираат (помнат) податоци и пресметуваат, наместо да откриваат и создаваат нешто.

Последно освежено ( Вторник, 03 Март 2009 16:33 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: