English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Напатствие за возрасните и децата PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Напишано од Гого   
Понеделник, 16 Февруари 2009 00:37
Индекс на артикл
Напатствие за возрасните и децата
Уч-ил-иште
Сите страници

 

Кога човекот ќе купи машина за перење, со неа добива едно напатствие од стотина страни. Машината за перење има најмногу триесетина програми, главно е неподвижна,  и кога не е во употреба седи мирна.

За разлика од машината за перење кога ќе се роди бебе, неговите родители многу малку знаат и со него не доаѓа некое напатствие туку што треба да се прави главно ни го кажуваат некои блиски кои поiма немаат како работи ни машината на бебето, а камоли програмите.

 

 

Дали некогаш посакувате да бидете дете безбрижно, неоптеретено со проблемите и весело? Да можете да располагате со своето време без обврски и да не се секирате за иднината? Ако го помислувате ова или нешто слично, тогаш време е да сфатите дека сте заборавиле кога сте биле деца и дека сите овие замисли се само бујна фантазија на вашиот некритичен и заборавен ум.

 

Децата имаат многу повеќе проблеми од возрасните и тие ги доживуваат на многу подиректен начин.

 

Основно нешто во што се разликуваат децата и возрасните е во времето. Заради различно доживување на времето, различни се и потребите, доживувањата, а од тоа и потребите.

 

Затоа што децата имаат забрзан метаболизам (тие се во развој), тие го доживуваат времето како да тече побавно. Како човекот старее времето се побрзо му оди или “лета”.

 

За да можете да ги разберете помладите, потребно е вие да влезете во нивниот свет, немојте да се трудите нив да ги донесете во вашиот. Секако вие повеќе се сеќавате на годините кога бевте помлади отколку да барате тие да се сетат како изгледа во вашиот свет.

 

Овде постои една “опасност”. Ако влезете во нивниот свет, ќе почнете да се радувате на многу нешта кои не сте ги забележувале дотогаш, па може да ви се допадне таквиот живот. Ако се случи тоа ништо не губите, може само да бидете посреќни и поисполнети со животот. Може да се случи да ги разберете не само помладите туку и вашите врсници, затоа што вие сте станале побогати.

 

Ограниченоста е сиромаштија или беда и во неа никогаш нема да се чувствувате безбеден.

 

Возрасните одат по шини кои ги поставиле во текот на живеењето и нивниот навидум посигурен живот крие многу опасности за здравјето и среќата.

Несреќата се случува заради грешки во образованието, заради погрешно поставените норми и цели. Ако целта е средство, тогаш нема среќа. Ако среќата зависи од нешто однадвор, тогаш тоа или не се случува или многу кратко трае.

 

Несреќни луѓе решавале за вашето образование и нормално е дека оние кои се полни со живот и среќа се напаѓани и прогонувани од нив. Не заради тоа што тие не сакаат да бидат среќни, не се родени како инвалиди, туку заради тоа што инвалиди биле одговорни за нивното образование. Лоши програмери се занимаваат со програмирање на луѓето. Во дамнешно време само мудреците можеле да бидат учители. Денес само со завршување на програмирањето (факултет), некој може да стане учител и иако тој можеби е еден длабоко несреќен

човек, да му ги довериме нашите деца да ги образува. А што ќе ги научи тој? Дали ќе ги научи како да бидат посреќни во животот? Ако го знаел тоа, зошто не го направил тоа со сопствениот живот? Не драги пријатели, тој ги учи децата како да запомнат или поточно меморизираат некои податоци. Па нели е глупо човековите ресурси да се користат за такви цели? Па нели тоа може да го направи било кој џебен компјутер? Се претпоставува дека во денешно време технологијата е отидена понапред од било кој период во човековата историја, но што со тоа? Да ви кажам една приказна која ја слушнав од чичко Перо.

 

Кај чичко Перо доаѓа човек кој сака да пријави некој пронајдок и сака да го праша како да го направи тоа, а да не му ја открадне некој таа идеја. Перо го прашува за што би служел тој пронајдок и после многу натегања пронаоѓачот кажува дека е тоа машина за поткиселување млеко. чичко Перо го прашува дали млекото ќе биде повкусно?

 

Не одговара пронаоѓачот, како може да биде повкусно?

 

Дали постапката ќе го забрза целиот процес на поткиселување?

 

Не одговара пронаоѓачот.

 

Дали таквиот начин ќе го поевтини производството на кисело млеко?

 

Не одговара пронаоѓачот.

 

Па зошто ти е тогаш машина?

 

Во овој свет се е измислено освен машина блесимер, затоа што блесавоста на луѓето оди до незамисливи и немерливи граници. И најпијаниот човек знае дека цигарата го труе, а нема никакво задоволство од неа, а има многумина кои се обидуваат духовно да направат прогрес, а пушат. Мислам дека е ова највпечатлив пример.

 

Целиот свет е поставен на глава. Луѓето одат со глава а размислуваат со нозе.

 

Целиот свет го поттикнува заборавот и имитацијата. Луѓето го негираат оригиналот кој е неспоредливо повозвишен и од најдобрата копија.

 

Цел свет се обидува да живее некаде, било каде, само не овде. Луѓето забораваат да бидат овде, а без тоа нема радост. Радоста може само овде да ја почувствуваме.

 

Ако се сетиме на некоја случка која ни донела радост, тогаш ништо немаме од таа радост, се додека не ја донесеме овде, сега да ја почувствуваме и да бидеме исполнети со неа. Таа случка е нашето скриено богатство, кое можеме секогаш да го повикаме кога ни е потребно. За да се почувствуваме како во случката, потребно е да се “сетиме” што подобро или да ја проживуваме таа случка што поживо можеме. Така чувството кое сме го имале тогаш кога случката се случувала го оживуваме во сегашно време. Како да влегуваме во некој временски тунел или патека и минатото и сегашноста ги поврзуваме. Немаме никаква корист од случката која некогаш и некаде се случила. Тоа е како богатство кое ги имаме во банка, парите се орочени и не можеме да ги трошиме, ниту пак каматата ја добиваме. Најтажно е кога метежот на животот ќе не доведе во ситуација да заборавиме кои сме и што сме и забораваме дека имаме воопшто нешто во банка.

 

 



Последно освежено ( Вторник, 03 Март 2009 16:37 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: