English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Покана за планетарна медитација PictureFilm Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 
Напишано од Astralwlker   
Среда, 11 Март 2009 14:22

Повик за глобална медитација
 

    Повикот на Astralwalker за глобална медитација ни пристигна пред извесно време и се одлучивме да го објавиме на нашите страници како информација, доколку има заинтересирани да се приклучат и учествуваат.

Кон крајот на 2008 година го започнавме проектот 2012 Нексус – Непознат облик на енергија се наближува кон нас

http://www.projectavalon.net/forum/showthread.php?t=8441

     Главните цели на овој проект се постигнување на синхронизација на свеста на човештвото со Геа, т.е.со свеста на нашата Планета, за да се активираат исцелителски енергии со намера за регенерирање на ДНК на животот и да се подготвиме ние и нашата планета за доаѓањето на Настанот Нексус 2012, кој претставува Супербран од енергетски бранови кои ќе дојдат од правецот на галактичкиот центар.

     The main objectives of this thread is to achieve synchronisation of the consciousness of humanity with Gaia i.e the consciousness of our Planet, to activate healing energies with the intention of regenerating the DNA of life and to prepare ourselves and our planet for the arrival of the Nexus 2012 Event; being a Superwave of energetic waves that will arrive from the galactic center.

За повеќе информации, ве молиме видете:

http://www.healingexperiment.com/

http://www.buycontacthasbegun.com/nexusform.html

http://www.buycontacthasbegun.com/support-files/nexus2012summary.pdf


Најопшто, ова е обид да се синхронизираат колку што е можно повеќе луѓе, особено оние кои веќе учествуваат во духовни групи ширум светот кои практикуваат медитации. Овој единствен проток на свест носи доволно психониска моќ за да повлијае врз основната структура на Матриксот за добробит на човештвото. Според истражувањата на многу уважени научници, но пред сè на почитуваниот Др. Масару Емото, ние денес знаеме и имаме фактички доказ дека човековата вибрациона енергија, мислите, зборовите, идеите и музиката, влијаат врз молекуларната структура на водата.

http://www.life-enthusiast.com/twilight/research_emoto.htm

 natureHexagonal snow flakeMasaru Emoto - frozen water crytals Rusian documentary - Water

     Ова укажува на тоа дека нашите мисли влијаат врз материјата и, колку што нашите мисли стануваат посилни – толку посилно станува и влијанието врз молекуларната структура на Матриксот. Ако веќе мислите на само едно човечко битие може да го направи ова со молекулите на водата, можете ли да замислите какво би било дејството врз фракталната структура на Матриксот доколку милиони луѓе, насекаде низ светот, се наоѓаат себе си во медитативно Единство. Значи, медитирањето со иста позитивна цел и пренесувањето на истата намера води до поместување на реалноста кон подобро.

 Old budist monasteryTaiwan group meditationThe seven chakras in the body, and their colors101 Budda sculptures

Во нашиот денешен свет ние сме сведоци на многу злокобни агенди кои резултираат во негативна насока. Стана очигледно дека ние повеќе не можеме да им веруваме на нашите влади, со оглед на тоа дека тие само ги следат приватните агенди на Елитата и не се грижат за нас и за нашата панета Земја. Затоа, сите ние треба да разбереме дека вистинската природа на нашето постоење, дека ние, всушност, сме свест внатре во физичкото тело и дека ние можеме да влијаеме врз нашата околина. Влијанието на планетарната медитација длабоко ќе резонира во директно и чисто позитивно поместување во нашата реалност.


...Нашата намера е да одвратиме секакво можно катастрофично сценарио кое евентуално би било ставено во дејство. Ние сме уверени дека тие потенцијално катастрофични настани можат да бидат спречени или ублажени со моќта на на нашата свест...“


Сево ова е затоа што фракталната структура на Матриксот може да биде видоизменета со моќта на нашите мисли, само ако тие се доволно чисти, доволно силни и ако се фокусирани на тоа да направат таква промена.


Ова е врховната порака која ни ја кажуваат вонземјаните кои ни пренесуваат знаење и информации преку кроп-формациите. Од нас зависи дали ќе ги прифатиме нивните пораки посериозно или ќе ги дискредитираме. Резултатот од тоа решение ќе влијае врз сите нас.

Crop circleCrop cirlceMayan solar calendarCrop circleCrop circleCrop circle

Во тој дух, ние започнавеме едночасовни синхронизирани планетарни медитации од нашите домови секоја сабота во 21:00 часот средноевропско време (кое важи за Македонија). Секој учесник ја почнува глобалната медитација според Временската Зона во која се наоѓа, во согласност со 20:00 часот Универзално Време. Ве молиме, видете го овој линк долу за повеќе детаљи. http://www.healingexperiment.com/theevents.html

Секојпат употребуваме различна музика која служи да ја стимулира нашата состојба на свесност и која овозможува стабилна врска помеѓу сите и создава позитивен емоционален набој. Откако ќе се создаде позитивниот емоционален набој ние можеме директно да се насочиме надвор од нашите тела со намера да јаподигнеме вибрационата состојба на нашата планета. На тој начин, во исто време предизвикуваме оздравувачки процес за нашата Земја. Со други зборови, конечниот резултат би бил балансирање на секојдневниот емоционален набој на милиони луѓе, што влијае врз сегашната состојба на нашата реалност. Методот на медитирање ќе се менува како што ќе напредуваме и ќе растеме во бројност. Во овој момент, ние го користиме само одновниот медитационен метод:

http://www.healingexperiment.com/theinfo.html

 Meditating person in liquid (apstraction)Energy discharge betwean two hands (apstraction)Earth in nebula (apstraction)Water sphere (apstarction)

Ние фрквентно го надградуваме музичкиот фајл пред секој глобален медитациски настан. За надградбите, ве молиме проверете на: http://www.healingexperiment.com/themusic.html


Исто така, една од клучните цели е да се лоцираат колку што е можно повеќе духовни групи на секој континент и понизно да ги замолиме дали би сакале да се синхронизираат со нас. Секоја помош во оваа насока ќе биде многу ценета. За информации или помош во оваа наскока ве молиме контактирајте на: bergmanmichael@msn.com со насловна реченица: Нексус 2012

Water ice crystalBuda sculpture in the sunsetForest (motion blured in the centre)

Како и да е, сето ова е подготовка за глобалните медитации кои ќе се одржат на свети места, а кои ќе започнат на 09.05.2009. Идејата е да се соберат колку што е можно повеќе луѓе на древни свети места (акупунктурни точки на нашата планета).

http://www.healingexperiment.com/thegrid.html


Ова создава силна интеракција меѓу нас и енергиите кои се движат околу нашата планета. Денес е многу добро познато дека тие енергии се посилни на некои места. Всушност, најдревните свети места се изградени токму на оние локации каде што се пресекуваат магнетните енергии и каде што тие се најмоќни. Ќе користиме гео-музика за секоја локација на планетата, со оглед на тоа што секоја планетарна енергетска точка резонира своја лична фреквенција. За повеќе информации за ова ве молиме видете го Проектот Нексус на Форумот Авалон.


Многу ќе се цени доколку ја разберете и видите нашата визија, дека ова е неопходно да се направи и дека мрежниот резултат е достижен. Доколку веруваме дека ова е можно и доколку ја сакаме оваа промена, ни ќе постигнеме одекнувачки успех. Колку што повеќе луѓе учествуваат толку помоќна станува нашата намера.


Чувствуваме дека времето за конфликти е завршено и дека мораме да се придвижиме кон нова парадигма во нашата еволуција како раса. Ако погледнеме наоколу, ќе видиме дека сè се менува со голема брзина. Нашето Сонце и целиот Сончев систем се менуваат рапидно на секое ниво. Човештвото се менува. Ние се будиме од еден долг и длабок сон и почнуваме да ја гледаме поголемата слика, т.е. дека ние сме само искра на живот во бесконечните пројави на Универзумот.


Ве оставаме, за крај, со една порака, извадена од едно видео кое носи многу мудрост:


http://www.healingexperiment.com/index.html. the video can also be seen on the link below:


Waterfall falling out of a persons opened shirt (apstraction)

Колективна свест


Импулсот те доведе овде; да направиме длабока глобална промена,

Првиот мал чекор е во тебе,

Почитувај се себе си.

Сè почнува со тебе,

Исчекори напред и прифати ги нашите раце,

Мислата води до знаење и знаењето води до мисла,

Да се поврземе со милиони за да ја засилиме нашата енергија и да ја одразиме натаму,

Свеста е Реалност...Реалноста е Свест. Тоа е моќта на Свесната Креација,

Настаните во нашите животи и оние во Светот се одговор на нашите Свесни Мисли,

Отворен ли си за Моќните Можности?

Твојот дух нека се здружи со другите за колективна сила на многуте,

Колективно и како Обединета Сила,

Можеме да ја преобликуваме реалноста и да ги преобразиме нашите животи со Свесна Креација,

Доаѓајќи од Мајката Земја, за доброто на сите,

Почнувајќи одвнатре, одразувајќи надвор,

Дали сакаш да си создател на изобилство, исполнување и среќа?

Што сакате да Излекувате?

Да ја употребиме моќта на нашата Свест, да ја избереме нашата Судбина...

Palm print with a sign in the middle (apstraction)A part of Aurora borialis (apstraction)Energy beeing (apstraction)Elliptical Galaxy (blue)

Осмислиго твоето придружување со нас во градењето процес за нова и подобра Реалност?

Секој кој чувствува дека би можел да го направи ова, молиме да нè контактира:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

 Planet earth held on palms (apstraction)

Да ја преобразиме оваа планета од место на терор, оружје, политики и уништување во место на Светлината.

Дали си со нас?

Мир и Хармонија со сите Созданија

Astralwlker


 



Последно освежено ( Вторник, 21 Април 2009 20:17 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: