English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

ОБВИНУВАЊЕ И ОДГОВОРНОСТ Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Среда, 01 Април 2009 09:13

 

 

„Најдеструктивна мисла што некој мисла може да ја има е дека не го контролира сопствениот живот. Тоа е онаа состојба кога „Зошто јас...“ е песната која постојано се врти.“
- Роџер Досон


Жителите на западните општества се наклонети кон обвинување. Од каде доаѓа таа склоност и зошто модерните општества несвесно го потхрануваат тој менталитет на жртва? Во својата наједноставна форма одговорот се сведува на несвесниот механизам „Ако сум жртва, не морам да поднесам одговорност за моите одлуки и дела.“ Се разбира, многу поедноставно е да се обвинуваат другите, зошто ако се другите виновни нема да мораме да се бориме со тоа непријатно чувство.

Вината, срамот и каењето се дел средствата со кои се служат нашите бројни подличности за да се справат со непријатните чувства со кои неминовно мораме да се соочиме при практикувањето на појавата наречена „нашиот Живот“. Тоа се џокери кои нашето его ги вади од ракавот кога ќе западнеме во ситуација за која не се чувствуваме подготвени за да се соочиме директно и несвесно прибегнуваме кон потиснување и влегување во лажниот идентитет на жртва.

Колку и да е болно да си признаеме, факт е дека до појава на нов квалитет на животот се започнува со процес кој, има правец од внатре кон надвор. Тоа е процесот на (само)набљудување, кој понатаму продолжува со препознавање на фактите, со нивно признавање и конечно, но неизбежно, нивно ПРИФАЌАЊЕ. НЕ помирување, туку ПРИФАЌАЊЕ. Помирувањето е фаталистички пристап и создава голем емоционален набој кој останува потиснат во нашата потсвест и избива во погрешен момент и погрешно место како и секоја траума.

Прифаќањето во себе вклучува РАЗБИРАЊЕ, а кога нешто разбираме, тогаш не останува простор за било каква фрустрација.

Од таа потреба за разбирање, а тоа е услов за движење напред, кога сме во болка, тоа треба и да го признаеме, бидејќи тоа е услов за коректна ориентација КАДЕ СУМ и уште поважно, КАДЕ САКАМ ДА БИДАМ. Кога нешто не оди како што треба, препознај, признај, прифати.

Да направиме една едноставна анализа на секојдневниот модел Повреда – Болка – Страдание.

Дали некогаш си бил повреден, драг Читателу? Се разбира, прашањето е само од реторички карактер! Вистина е дека не можеме да ги спречиме другите да не повредуваат. Не можеме да ги натераме да се однесуваат надвор од она што претставува нивен кодекс, во согласност со нивниот систем на верувања и ставови кои произлегуваат од истиот.

Но, да се биде повреден, дали тоа навистина треба да се претвори во страдание? Никако!

Моделот Повреда – Болка – Страдание е ПРОЦЕС, кој како што видовме, не го контролираме во својата прва фаза – настанок на некаква Повреда. Иако и за тоа постои „лек“, за подобро приближување на поентата, ќе земеме како подлога мислење дека тоа (повредувањето) е само делумно или воопшто не е во владение на нашата околина.

Болката пак, не се јавува секогаш и кај секого. Реакцијата е различна кај секого. Иако исти во својот основен код, како индивидуални човечки суштества ние сме различни и реакциите на надворешните стимуланси ни се различни. Значи и Болката не можеме да ја контролираме, но да се согласиме тука дека разликата во реакцијата (и особено фактот што истата кај добро обучени индивидуи може сосема да изостане), остава простор за дополнително истражување и некаква веројатност дека во оваа фаза може да се интервенира. Да се префрлиме во третата фаза – Страданието.

Дали е Страданието нешто што следствено и неминовно доаѓа на крајот од опишаниот процес? Никако!
Дали нешто може да се стори? Многу!

Добра вест е дека влегувањето воопшто, а особено останувањето во таа фаза на Страдание е комплетно во наш дофат. Тоа е прашање на СТАВ. Но како да се промени тој став? За сите оние кои уживаат во „како“ прашањата лоша вест е дека не постои метод. За да се промени некој став, било кој став, потребно е разбирање. Во нашиов случај тоа е разбирањето на  ланецот.

Сфаќате, нема полесен начин на самозалажување од обвинувањето на другите за нашите искуства. Играта наречена „Јас сум жртва...“ во детали е обработувана во психологијата. Препознавањето на таа игра, нејзиното РАЗБИРАЊЕ не доведува во можност да излеземе од истата која другите, оние кои имаат патолошка потреба да ја повредуваат околината, ни ја наметнуваат и на таков начин ги учат сопствените лекции. Единствениот начин да ги обесхрабриме да го повторуваат истиот калап е да не им го подариме задоволството да не видат во болка и страдание. Меѓутоа, ВНИМАНИЕ! Не велам да се претвораме дека не сме во болка или дека не страдаме. Велам, НАБЉУДУВАЈ, ПРЕПОЗНАЈ, РАЗБЕРИ, ПРИЗНАЈ и конечно – ПРИФАТИ. Конечно, од сите искуства кои НАМ ни се случуваат, единствено кои можат нешто да научат сме НИЕ самите.

Сети се на Исус кој страда пред својата смрт на крстот: „Татко, во твоите раце го предавам својот дух.“. Тоа е чин на крајно ПРИФАЌАЊЕ. На првиот знак на Болката („Боже мој, зар ме заборави?“) Исус ги ПРИФАЌА работите такви какви што се, занемарувајќи ја толпата која се подбива („Ти, кој би го уништил храмот и повторно би го изградил за три дена, спаси се. Ако си навистина Син Божји, зошто не се симнеш од крстот?“) и применувајќи највисок степен на толеранција бара да им биде простено („...бидејќи не знаат што прават...“) и ИЗБИРА да не страда.

Оваа епизода до денешни времиња погрешно се интерпретира. Јавноста, низ многу генерации сметала дека Исус бил во голема болка и страдание. Нема шанси! Без разлика на тоа колку било повредено неговото тело, тој ИЗБРАЛ да биде СЛОБОДЕН, а болката и страданието се ментални состојби. Како што малку претходно избрал да биде заробен, СВЕСНО го избрал  и начинот на кој ќе умре.

Не сакајќи да предизвикувам дебати околу ова МОЕ толкување на Исусовата смрт, ќе го вратам вниманието на Тебе, драг Читателу. Секој од нас си има своја Голгота, свој Бараба и свој крст кој си го носи наоколу и на кој ќе умре еден ден. Истите, меѓутоа, се замаскирани на начин на кој само ТИ можеш да ги препознаеш. Ако јас ти ги посочам, тогаш двајцата ризикуваме да бидеш излажан, бидејќи мојата интерпретација за тебе е информација од втора рака. Зошто да пиеш на устието, кога на Изворот водата е најбистра? Изборот е твој, исто како и оној дали ќе живееш и умреш како СЛОБОДНО суштество. Од таа позиција ги повторувам прашањата:

- Каде си сега?
- Каде сакаш да одиш?

Запомни, на првото ниво – СУМ, ти си во целосна контрола. Оттука можеш да тргнеш во било кој правец и да стигнеш онаму каде што навистина сакаш. Каде?

Ако ги откриеш одговорите на горните прашања, односно оставиш самите да се наметнат, всушност си го открил природното течение на Големата Река на Животот во која си навлезен. Се разбира, можеш да ИЗБЕРЕШ да станеш доктор и покрај неспорниот талент за музика или да се посветиш на сликањето без оглед на фактот што здивот им се одзема на оние кои те гледаат како играш фудбал. И тоа е во ред, човек може далеку да стигне без оглед на тоа во која насока ќе тргне. Но, треба да се има во предвид дека е полесно да се плива во хармонија со ПРИРОДНИОТ тек на реката, отколку да и се противиме на струјата која на моменти може да биде пребрза за да можеме успешно да го контролираме нашиот сплав.

Откривањето на своите цели надолу кон устието на Животот и тргнување СВЕСНО во насока во која неминовно се движиме, претставува задоволство само по себе, а за многумина и обврска која се огледува во МИСИЈА која стои пред секој од нас. За разлика од материјалистичкиот став „Ќе верувам, кога ќе видам“, предлагам нова позиција „Верувам дека можам да видам (и да стекнам, доживеам)“. Со нејзино вградување во нашиот систем на верувања и оставаме простор на потсвеста да пропушта низ филтерот и некои перцептивни дразби и искуства кои се во насока на исполнување на нашите животни цели и мисии.

© Митко Керамитчиев

 

 

 

Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 10:02 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: