English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Неопходност од ПРОМЕНА Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Среда, 01 Април 2009 09:18

 

Пред неколку дена гледав дел од репризното издание на една контактна емисија во која гости беа две македонски естрадни ѕвезди. На крајот од емисијата, едниот од нив вели:
„Јас, на моите 44 години  не се менувам. Јас не сакам и не можам да се сменам...“

Хммм, секогаш кога ќе слушнам изјава од ваков тип, веднаш ми се вклучува црвената сигнална сијаличка. Имено, оваа изјава е во спротивност со основниот атрибут на Животот – Промената.

Дали некогаш сте се фатиле себе си како на свој пријател му велите: „Вечерва нема никаде да излезам, ќе се дружам со моите цвеќиња.“ Да погодам: тешко, веројатно никогаш! Зошто? Па, едноставно! Цвеќињата се можеби само малку позабавен модел од гледањето како расте тревата. Но, останување дома и дружење со луѓе е нешто што многу почесто го правиме. Причината е едноставна, забавата е неспоредливо подинамична. Ниедно дружење со луѓе, па макар биле и истите, не е секогаш исто. А човекот како суштество со вградени глад и жед за нови содржини, копнее по тие промени, често и несвесно.

Доколку сите го имаме ставот на нашата естрадна ѕвезда, Македонија бргу би станала многу здодевно место за живеење, затоа што луѓето секогаш би биле исти. Доколку повторените средби со исти луѓе не би ни носеле ништо ново, заситувањето од истите би се случило како нормална  последица. Затоа изјавите на луѓето кои живеат од забавување на другите дека не можат и не сакаат да се сменат се истовремено опасни (за нив самите, се разбира), контрадикторни, но пред се несвесни. Велам несвесни, бидејќи Промената секако се случува, сакале или не, со отпор или прифаќање, со бегање или пресретнување и предизвик.

Ако на изјава од горе опишаниот случај одговориме со прашање:

1.   „Што те спречува?, Што ќе се случи ако го смениш однесувањето?“, најчесто се добива одговор:

2.   „Не знам што би сторил, тогаш, тоа не би бил јас!“.

Овој комбиниран одговор укажува на ИДЕНТИФИКАЦИЈА на личноста со неговото однесување, што секако претставува пречка за остварување на РЕЗУЛТАТИ. Често се работи и за маскиран страв од УСПЕХ, кој би ја поткопал позицијата која сега постои – не сум доволно успешен, но тоа предизвикува внимание, грижа и поддршка од другите и тоа ми одговара во моментов. Во крајна линија, се работи за одбранбен механизам кој како метода ја користи компензацијата.

Човекот има чудна навика кога нешто не функционира, тоа што го правел дотогаш, продолжува да го прави уште посилно:

1.   Кога копчето на далечинскиот управувач не фаќа, го стискаме уште посилно,

2.   Кога тркалата на автомобилот ни се заглавени во песок или кал, стискаме на педалот за гас уште повеќе,

3.   Кога со некого се расправаме и тој не ги прифаќа нашите аргументи, опстојуваме на нашиот став уште по енергично...

Се разбира, опстојување на досегашното однесување постои и кога нешто функционира. Но упорно држење во Зоната на Комфорот е „убава можност“ за СТАГНАЦИЈА. Проактивните индивидуи со немирен дух и кога се им оди „потаман“ прават промени и ги набљудуваат ефектите. Од тие причини, со векови наназад, напредокот на човештвото се базира на луѓе нон-комформисти, доволно храбри за да го жртвуваат своето удопство или дури и сопствениот живот за НОВОТО. Историјата памети голем број на такви луѓе. Само за потсетување на некои... Сократ, Буда, Џордано Бруно...Исус, Мухамед... На сите оние носители на ненаброени имиња кои имаат „понов датум“, ќе им дозволиме уште малку време...

Промената се случува, сакајќи или имајќи доблест да ја согледаме или не, бивајќи свесни за истата или не. Единственото нешто што можеме да го сториме за да и помогнеме а со тоа, во голема мерка да си помогнеме и себе си е едноставно, да и „дозволиме“ да се случи и храбро да го прифатиме фактот дека сме дел од истата. Уште повеќе, ние имаме моќ да креираме Промени, бивајќи истовремено и Причина и Последица. Одбивањето да ја прифатиме Промената предизвикува триење, а со тоа и болка која непотребно си ја нанесуваме.

Фактот дека утре ништо нема да биде исто како и денес, се разбира, во овој свет на дуалности има и своја добра страна. Тоа дефинитивно значи дека мизеријата во која сум денес можам да ја заменам со задоволство, среќа, благосостојба... И доколку ја научам лекцијата за Промената и се оспособам за држење чекор или уште подобро за предвидување на текот, тогаш таа благосостојба можам да ја направам трајна карактеристика на мојот живот.

Гореспоменатите имиња, како и непознатиот број на оние кои не се споменати, знајни и незнајни, од различни причини зачекориле на својот Животен Пат. Во даден момент, настанал квантен скок  и кај нив се зачнала потребата за преземање на Одговорноста не само за себе и своите животни одлуки, туку многу пошироко. Со тоа тие зачекориле на една друга патека – духовната,а Абрахам Маслов би рекол дека тие почнале да ги задоволуваат своите потреби на највисоко хиерархиско ниво, ниво кое го надминува Животот на оној кој таму се искачил.

Тие храбри индивидуи, за своите Одлуки станале подготвени со подеднаква храброст да ги носат последиците, но и да ги жнеат и да уживаат во плодовите од истите. Тие утврдиле дека со своето делување не си служат и помагаат само себе си, туку многу пошироко, на самото Постоење, на Макроуниверзумот, на Еволуцијата, на Бог, на Бесконечната Конечност или како веќе го нарекувате Тоа Што Е, што нема име и не се изразува со зборови. Со вредното и храбро носење на далекусежни одлуки почнале да ја наѕираат сопствената улога во овој свет, сопствената Животна Мисија, нешто што откако ќе се препознае, станува овоземна човечка должност, која е со радост прифатена и со задоволство спроведувана.

Единствено со препознавање на неопходноста од Промената (за почеток), а потоа и со нејзино предизвикување, човекот може да се престори од тоа што само изгледа дека е (реактивно суштество), во тоа што е – КО-КРЕАТОР на својот живот (креативно Битие).

© Митко Керамитчиев

Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 10:04 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: