English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

АФИРМАЦИИ И ПРОГРАМИРАЊЕ НА ПОТСВЕСТА Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Среда, 01 Април 2009 09:29

 

Поголемиот број на техники за подобрување на сопствениот живот се „дизајнирани“ да работат само со свесниот дел од човековиот ум. На пример, можеби сте слушале некој од оние модерни мотивациски гуруа кои се особено популарни на Запад или можеби сте посетиле и некој од нивните семинари. Резултатот, најчесто е еуфорија која трае час-два или ден-два и потоа следи пад на енергијата и останува само убаво сеќавање, особено ако некој ви го платил патот, престојот и семинарот кој чини неколку илјади долари. Ако тоа не било случај, тогаш сеќавањето и не е толку пријатно. Или, читате некоја книга со содржина која ќе ве држи мотивирани малку подолго, односно додека не ја прочитате и не донесете одлука дека ќе ги почитувате принципите кои таа ги промовира. Наскоро на површина избиваат секојдневните „високи“ приоритети од типот на кафе-пиво муабет, обложувалница, шопинг, Лига на Шампиони, најнова сапунска опера или премиерата на новата претстава на која морам да бидам виден...а и ќе бидам во тренд...ќе можам да се наметнам со мислење на оние кафе-пиво муабети...и така во недоглед, притоа забораваме на нашата одлука за почитување на еуфорично доживеаните принципи за личен напредок од книгата која во меѓувреме веројатно сме ја препорачале на дузина наши пријатели. Несвесно, сме го подгреале сомнежот во Афирмациите или некоја друга алатка за личен напредок.

Ако си започнал да се билдаш со Афирмации, веројатно после некое време ќе си станеш смешен на самиот себе дури и без помошта на „добронамерните“ сезнајковци од твојата околина кои нема да пропуштат прилика за зајадлива закачка на твоја сметка. Ги препознавате ли истите во вашата околина?

Проблемот со Афирмациите не е дека тие не функционираат, туку за да профункционираат со нивно секојдневно повторување треба да потрошиме „неколку живота“ додека „многупати повторената лага (а тоа е секоја Афирмација на почетокот, бидејќи ако не е, таа не би претставувала цел кон која се стремиме) не стане вистина“.

Во борбата помеѓу свесниот дел од умот кому му ја сервираме на пример Афирмацијата „Јас сум богат“, потсвесниот дел се противи со разни симптоми на саботажа кои се манифестација на негацијата „Јас сум голтар, кого ли се обидувам да излажам со ова мантрање?!“ Веќе нагласив дека во таа борба, неминовен победник е потсвеста каде се длабоко закопани сите верувања на кои се потпира горенаведената и сите други негации.

Значи, станува јасно дека за да профункционираат Афирмациите, потребно е отклучување на потсвеста за да може да се „посади“ некоја Афирмација. Да се потсетиме, Колапсот на Брановата Функција настанува со набљудување, но, само преку СВЕСНО набљудување е можно Колапсот да се темпира во сакана временско-просторна локација. Ако ја немаме вистинската алатка, тоа може да се случи без наша свесна контрола, односно на локација за која потсвеста смета дека е ОК. Тоа, по правило е спротивно на свесните тенденции, желби, стремежи, потреби...бидејќи потсвеста е со години програмирана со спротивни ставови базирани на филтрирана перцепција која била во насока на потврдување на истите.

Се разбира, оној момент кога ќе всадиме Афирмација во нашата потсвест и кога ќе го прочистиме плевелот од лажни верувања и убедувања, тогаш почнува создавањето на новата реалност, која слично како и на претходното, сега заменето  негативно искуство, има тенденција да се вкорени и долги години да ни дава плод. Тогаш потсвеста ја започнува истата игра и го дозира свесниот ум со влијание кое е во правец на новата реалност, односно делува кон нејзино зајакнување. На длабоко, суптилно ниво на таа вибрација се прилагодува целокупната наша т.н. објективна околина и почува да се однесува во склад со истата.

„Многу потфати ќе останеле нереализирани доколку се чекало прво да се отстранат пречките.“
- Семјуел Џонсон

 Во согласност со Квантната Теорија, во моментот кога ќе го промениш својот поглед кон околностите и ти и околностите ќе почнете да се менувате. Мислите ја креираат реалноста која ја доживуваме. Негативните мисли делуваат на светот околу нас и ни носат негативни околности. Позитивните пак, ни носат позитивни околности. Целата индустрија за мотивација и персонален развој се базира на оваа премиса.

„Нашиот живот е таков каков што го прават нашите мисли.“
- Марко Аурелиј

Веројатно никогаш не сте дошле во допир со фактот дека најголемиот број на верувања исклучително ретко се доведуваат во прашање и ретко се тестираат во реалниот свет. Сепак, го живееме речиси целиот живот базиран врз премисата дека тие се вистинити. Со години преку перцепцијата, која, да се потсетиме, е ограничена, сме добивале информации за тоа каков е животот. Всушност, сме добивале само „верзија“ на вистината, бидејќи она што го гледаме и слушаме е секогаш е филтрирано од нашиот систем не верувања и убедувања.

Кога сме свесни во ситуација сме да ја разликуваме реалноста од имагинацијата, но нашата потсвест ја нема таа способност. За сонувачот или хипнотизираниот доживувањето е максимално реално. Значи, на потсвесно ниво доаѓа до дисторзија на перцепцијата која претставува основа за формирање на верувањата.

Дури и познавањето на овие факти не нè задолжува со контрола на нашиот систем на верувања. Тие се толку длабоко вкоренети што ги прави исклучително ретки оние што на проверка го ставаат сопствениот систем на верувања. Останатите, во име на сопствените верувања се склони до исцрпување да ја убедуваат околината во исправноста на своите ставови. Треба ли да се потсетиме дека најголемиот број на војни во минатото се случиле заради верувањето дека нечиј Бог е вистинскиот, а нечиј друг некаква имитација или воопшто не постои? А верувањата со религиска основа за веројатно најсилните. Во поново време верувањето во Бог е заменето со верување дека некој има право на поголемо искористување на природните ресурси, па се обидува да ги ограничи или исклучи другите од нивното користење. Во нивното слепило остануваат скратени за податокот дека среќата има нематеријална природа.

Одговорот на прашањето дали нашиот систем на верувања ќе придонесува за нашата среќа и задоволство или ќе биде наше најголемо проклетство е во наш дофат, а одлуката дали ќе се препуштиме да бидеме и понатаму програмирани или ќе се репрограмираме е исклучиво индивидуален чин. При донесувањето на таа одлука, треба да се има следниов факт: Не постои некој кој го сака подобро од тебе она што ти го сакаш за себе. Таков талент немаат ниту нашите родители, ниту дури нашите драги баби и дедовци, ниту пак нашите учители и наставници и особено не нашите работодавачи. На списокот би можеле да се најдат и политичарите и свештениците, а веројатно и други „добронамерници“.

Од почетокот на времето, до денес и понатаму сите големи достигнувања се базираат на верувањата. Тие се господари на нашето однесување и ги диктираат нашите дела. Тие го овозможуваат патот до нашата благосостојба или до нашата мизерија. Доколку е случај ова второво, добра вест е дека тие се сепак променливи и со нивна промена се менуваат и нашите искуства, како и ефектите врз крајните резултати. Секогаш можеме да избереме во што сакаме да веруваме, иако за тоа е потребна самосвест и дисциплина.

Верувањата, може слободно да се каже е најголемата сила која му е на располагање на човекот. Тие се тоа што и овозможиле на Хелен Келер да надмине огромен хендикеп – слепилото и глувонемоста. Верувањата биле тие кои го воделе Ајнштајн да ја открие и постави Теоријата на Релативноста. Но, верувањата во супериорноста на aриевската раса и неподобноста на другите народи го натерала Хитлер исто така на големи достигнувања, кои, за голема жал и трагедија од планетарни размери, биле проклето погрешно поставени. Значи, верувањата се сила која може да ни помогне или уништи. Оттука, не постои дилема ДАЛИ треба истите да се репрограмираат и да ни овозможат достигнување на она што го сакаме, туку КАКО да го правиме тоа. На располагање ни се многу средства. Дел од нив кои се користат во тој процес се Афирмации и Креативна Визуелизација. Притоа, неспособноста на потсвеста да го разликува реалното доживување од имагинарното се користи како предност. Тоа е всушност истиот процес, овој пат реверзибилен, кој се случува кога негативно се програмираме со помош на негативниот внатрешен монолог, кој е постојан и длабоко несвесен процес. Препознаваш ли кај себе си некоја од следниве реченици (или нејзина варијанта)?:

-     „Колку сум глупав/а!;
-     „Зошто секогаш мене мора да ми се случуваат овие глупости?“
-     „Каков баксуз сум, мене никакво добро не може да ми се случи!“
-     „За што и да се фатам, се суши!“
-     „Не удриа гром во коприви, како може мене да ми тргне во животот!?“
и слично.

Просечен човек има неколку десетици илјади мисли во текот на денот и освестувањето на мисловниот процес изгледа како невозможна мисија. За среќа, тоа е само навидум така. Кога еднаш ќе започне, тоа ќе прерасне во добра навика. А резултатите, понекогаш со самиот чин на освестување на негативниот внатрешен поразувачки монолог и негово запирање можат да бидат зачудувачки......

© Митко Керамитчиев

Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 10:05 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: