English French German Italian Portuguese Russian Spanish

“ЕДЕН“ упатува повик за соработка до оние читатели на сајтот кои поседуваат интересни информации, истражуваат и имаат сопствено мислење за теми кои се обработуваат на овие страници или пак имаат преводи на македонски од статии објавени на други сајтови, блогови, часописи... да земат учество во понатамошното креирање и развивање на сајтот. Администраторите ќе ги разгледаат пристигнатите материјали и ќе ги објават оние кои се во склад со информациите кои веќе се нудат, а авторите или преведувачите кои ќе бидат најактивни ќе добијат своја рубрика и статус на уредници на истата. За повеќе информации или испраќање на материјалите контактирајте го администраторот на еден...

Скриено богатство Picture PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Напишано од Митко Керамитчиев   
Среда, 01 Април 2009 09:40

 

Зен приказна

 

Концентрација

По победите на неколку натпревари во стреличарство, младиот и фалбаџиски настроен шампион го предизвикал Зен мајсторот кој бил познат по своите стреличарски вештини.

Младото момче демонстрирал забележително техничко мајсторство кога од голема далечина го погодил центарот на целта, а потоа со друга стрела ја раздвоил на половина првата.

„Да видиме дали можеш да строиш нешто слично!“, му се обратил надмено на старецот.

Без ниту трошка вознемирување, старецот го зел својот лак и му дал знак на момчето да го следи кон планината. Момчето љубопитно зачекорило по старецот. По малку одење стигнале до една голема бездна премостена со едно разнишано дрвено мовче, распнато со јажиња дополу искинати.

Стариот мајстор зачекорил на мовчето, дошол со средината, мирно застанал, посочил едно далечно дрво како своја цел, нанишанил со својот лак и упатил совршен лет на стрелата во целта.

Сега ти е тебе редот.“, му се обратил на момчето.

Ѕверејќи се со ужас во бескрајната бездна, момчето не можело да се примора самото себе си да зачекори по разнишаното мовче, далеку од можноста ниту да се обиде да исфрли стрела кон целта.

„Поседуваш неверојатни вештини со лакот“, чувствувајќи ја нелагодноста на момчето му се обратил стариот мајстор, „но сè уште не си загосподарил со умот кој всушност ја ослободува стрелата“.  

 

 

Како би реагирале доколку некој ви каже дека во вашиот подрум постои ковчеже полно со златни парички? Се разбира, бројот на можни реакции е речиси еднаков на бројот  на оное кои би добиле една таква вест,  вклучително и неверување, но она што никој не би го сторил е – игнорирање на истата, односно секој би се симнал долу, би ја пронашол кутијата и би ја искористил најдобро што може и умее.

Животот на „обичниот човек“ (што ли е тоа???) е токму живот на некој кој го игнорира постоењето на богаството во себе. Длабоко во подрумот на нашиот сопствен ум лежи богатство кое чека да биде откриено и употребено. Вообичаеното име за тоа наше богатство е „потсвест“.

Нашата потсвест е местото каде што се складирани сите наши искуства, сите информации и содржини до кои било кога сме дошле во допир, слично на старите предмети кои кога ќе ни послужат некое време, ги одлагаме во простории кои се само прислужни, за привремен престој на тие ислужени предмети.

Од лично искуство знам дека во огромниот број случаи предметите кои еднаш биле симнато во подрум по чистење и преуредувањер на домот,  НИКОГАШ не се враќаат во употреба, туку само фаќаат место и прашина до моментот кога на подрумот ќе му дојде време за чистење и преуредување. И тогаш тие предмети завршуваат на буниште. Откако станав свесен за тоа, огромен дел од она што го исфрламе од употреба во нашиот дом сега директно оди во или до контејнерите, сметајќи на оние кои од нив можат да извлечат некаква корист. Според новиот закон за хигиена за такво нешто би бил казнет?!

Информациите, искуствата и другите содржини кои се „спуштаат“ во нашата потсвест не се исто што и старите ислужени предмети. Тие содржини и тоа како можат да бидат корисни токму сега и токму овде. Сличноста помеѓу нив и старите предмети не е во употребната вредност, туку во процесот на нивно одлагање. Потсвеста за менталните и емоционалните содржини, информациите, знаењето и искуствата е она што е подрумот за старите предмети.

Науката досега не успеала да докаже дека потсвеста има граници, дека бројот на информациите, искуствата, сликите, мислите, на сè она од што се состои нашата потсвест и што се „спушта“ таму долу е ограничен. Замислете само, дел од нас, всушност дел од она што вообичаено го нарекуваме ум нема граници и го краси неограничен потенцијал!

Како може тоа неограничено богатство да се (ис)користи? За жал, јас не знам за краток пат, а повремените генијалци кои се раѓаат со вродена дарба да се служат со неограничената моќ на умот се сепак вистинска реткост. Ние останатите, ако сакаме да пожнееме по некој клас од богатата понуда, ќе треба да се фатиме барем за срп. За среќа, денес постојат модерни средства за жнеење, па нема потреба да се мачиме. Но напор, макар и мал, секако е потребен.

Прв и најзначаен чекор за откривање и користење на латентните потенцијали на умот е откритието дека тие постојат. Дури потоа следува нивно будење во еден релативно бавен и систематски процес. Велам, релативно бавен, бидејќи тоа е стриктно субјективно, лично искуство. Кога е субјективната реалност во прашање, сè е релативно, вклучувајќи го и времето.

© Митко Керамитчиев

 

Последно освежено ( Среда, 08 Април 2009 10:06 )
 

Додади го твојот коментар

BoldItalicUnderlineStrikethroughSubscriptSuperscriptImageOrdered listUnordered listQuoteCode
Happy smileyVery happy smileyWinking smileyOh my God !Smiley with tonque outHot smileySad smileyCrying smileyShocked smileyBe Right BackAshamed smileyConfused smileyI dont knowThinking smileyEye-rolling smileySleepy smileyDon't tell anyoneBaring teeth smileyParty SmileySick smileyAngry smileyDevilAngelNerd smileySarcastic smileySecret tellingThumbs upThumbs downClapping handsFingerscrossedLeft hugRight hugBoyGirlMessengerHeartBroken heartRoseWilted roseKissGiftBirthday cakeCigaretteHandcuffsBeer mugDry martiniI'mMoonStarSunRainbowUmbrellaIslandRainStormDinner plateBowlPizzaCoffee cupCatDogBatGoatSnailTurtleSheepFilmstripNoteE-mailCameraLightClockTelephone receiverComputerMobile phoneXboxSoccer ballAutoAirplaneMoneyFilmFilm LinkSoundPictureExclamationRss
Вашиот псевдоним:
Вашата адреса за електронска пошта:
Предмет:
Коментар: